1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за забрана на сушење алишта

Дискусија во 'Политика и настани' започната од maca99, 6 април 2012.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.685
    :o Ваква бев кога слушнав,мислев дека е зафрканција .
    Навистина не ми е јасно каде ќе ги сушиме алиштата?
    Јас живеам во постара зграда ,која нема ни тераса :fubar: ,гарсоњера и каде би имала простор за сушење? Имам една соба дневна и кујна,и нема место нити за најмала сушара ,значи треба да ги обесувам постелнината и другите алишта низ кујна,по висачите,ете така му доаѓа!
    А да имаме заедничка сушара,во зграда, се знае момче Македонче-пола алишта нема да си ги најдеш. |(
     
  2. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    1.050
    И јас сум исто така непријатно изненадена од тие нови предлози за измени на закон,мислам дека ни налагаат европски правила и норми,а немаат создадено услови за истите ние граганите да ги спроведуваме,и јас немам тресална,сушална итн. Е сега конкретно за алиштава колку што разбрав од една статија во вест дека смееш да сушиш на тераса но не од надворешна страна да висат.
     
  3. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    102
    Да ве прашам дали ова важи само за зградите или и за во куќите?Инаку..ГЛУП ЗАКОНОВ АМА АЈДЕ... :^) :^)
     
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    22.108
    Пол:
    Женски
    веста ме заЧуди прво кога ја проЧитав .
    Јас во германија кај што живеам во зградата си имаме посебно соба доле во подрумските простории каде секој станар си има стаено машини за перење и сушење алишта . И навистина супер е немам по дома по терасите алишта распослаано . :)
    Ама во Мк кај мајками стварно немаме каде да ги ставаме алиштата да се сушт освен на тераса .Пошто и немаме машина за сушење па да не се замараме со тоа. Просторија посебно за тоа немаме во домот , зимото ги суши мајками во соба , ама па се стара Влага во собата. :^)
    да ги симне во подрумот 2 на 2 метри па да ги суши |(

    Сакаме да тераме по европски норми а немаме услови за тоа :(
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.204
    Допаѓања:
    41.487
    Хахаха, колку само ова е неверојатно!

    Прво и основно, во Скопје, нема една асална перална за алишта - впрочем, колку што сум јас информирана, нема ниедна. Освен хемиско, што не се ни смета за перална. Апропо тоа - нема ни сушари за да може просечен граѓанин на земјава, или градов, сеедно, да плати за перење и сушење.
    Друго - инфраструктурата на градов е таква каква што е, и поголемиот дел од зградите се со мали тоалети, натрупани бањи и балконите какви такви се единствена опција за сушење алишта!
    Мизерен закон, кој на драго срце сакам да пропадне.
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.066
    Допаѓања:
    117.934
    И јас сум против законот и не ми с е верува дека некому успеало да му текне да важи вакво нешто во Мкд :^)
    Па и на ТВ вчера гледам одма интервјуа со сопственици на салони за бела техника-Како им одела сега продажбата на машините-сушари....Оф,мори мајко :|
    Јас културно си ги пружам алиштенцата :wasntme: и никогаш долен веш не ставам во преден план.Познавам некои-меѓу нив и моја свеки-долниот веш е прв на мегдан :lol: Статијата со новиот закон и ја пуштив на ФБ во инбокс,ама ја нема да врати :lol:
    Се надевам ова нема да функционира,всушност не може и нема логика.Смешно интересно е |(
     
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    47.658
    Пол:
    Женски
    Не, ова не ми се верува.Мислам КАДЕ ке сушиме алишта сред лето.Каде ќе луфтираме некои алишта,јакни,јоргани.По дома ако ги пружам ,само влага ќе ми се налепи по ѕидовите.И што ќе дишиме,мувла!?
    Машина за сушење не планирам да купувам.
    И од каде тоа дека во Европа бил важечки законов.Па сега скоро бев во една европска земја,алишта надвор се простираат.
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    12.401
    Допаѓања:
    83.637
    Пол:
    Женски
    Сушењето алишта на терасите нема да се казнува, се работи за препораки

    Министерството за транспорт и врски во петок ги демантираше написите во некои медиуми, дека ќе се казнуваат граѓаните кои ќе сушат алишта на терасите во зградите.Според Министерството, станува збор за препораки за функционирање и одржување на станбените згради.


    „За неисполнување на овие препораки не се предвидени казни и санкции за граѓаните, туку тие се дадени со цел да претставуваат упатство во одржувањето на станбената зграда и нејзино подобро функционирање", изнформираат од Министерството за транспорт и врски, при тоа додавајќи дека заедницата на станари може и не мора да ги прифати овие препораки. /крај/со/ст





    Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
     
  9. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    499
    Поголема глупост од ова - АМИН!
    СИТЕ проблеми во државава ни се решени, па дојдовме до степен Закон за забрана на сушење алишта надвор да воведуваме. :fubar: Сите наопаку ние терсене.
    Луѓето немаат каде да живеат, се стискаат во 50 квадрати 5-6 души, па уште и да сушат алишта дома? Некои и терасите ги преградуваат за да си створат поголем простор за живеење и автоматски мора да ги сушат алиштата од надворешна страна. Е сега и мене ми боде очи ако гаќата е у први ред, ама па затоа пружи го позади други алишта и решен проблем.
    Се прашувам: Каде живеам и што уште не ќе доживеам???
     
  10. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.024
    Пол:
    Женски
    Еден ваков би бил добар кога би постоеле услови за негово спроведување.
    Ама во нашава држава НЕ. Кога еден просечен граѓанин, или еве еден брачен пар со просечни плати се бори да купи стан од 40-ина квадрати за кои треба да отплаќа кредити 30 години, каде во тие 40 квадрати да обезбеди простор за сушење алишта? Или каде да се постави машина за сушење алишта во WC од 2 квадрати за која треба да се издвојат дополнителни средства?
    Ако веќе решиле да спроведуваат ваков закон требало да се донесе и закон секој новоизграден станбен објект да треба да обезбеди просторија за перење и сушење алишта, а за веќе изградените да најдат решение.
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.496
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.254
    Допаѓања:
    122.888
    И да е закон, а не препорака, не би ме засегал затоа што секако алиштата ги сушам дома, во спална и ходник, веќе 7 години, колку што живеам тука. Машината за перење што ја имам исто така суши, ама многу ретко ја користам за сушење - едно нема пореба да трошам струја за тоа, а друго, многу ми ги гужва, па после пеглањето е мачно.

    И кај моите во зима ги сушевме внатре, а во пролет мајка ми пред секое мое пружање алишта ми држеше лекции како треба да се пружени алиштата, дека долна облека не смее да се гледа ни од внатре, ни од надвор, итн...

    Искрено, мене страшно ме иритираат пружени гаќи во центар. Порано работев ептен во центар, и спроти канцеларија имаше станбена зграда. Лушето од зградата задолжително имаа пружено бела машка гаќа од винка - виница број 56, оптегната на жица. Башка што комшијата си искачаше по синдикалка и гаќи на тераса, да се излуфтира. Лепи, ако сакаш да шеташ надвор по гаќи не купувај стан во центар, има други места кај што можеш да уживаш во такво задоволство и никој да не го фати ужас. Претпоставувам дека целна група на препораката се вакви случаи.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Добро што е само препорака, стварно апсурдно би било кога би го донеле како закон. :x
    Нормално дека долниот веш не треба да се гледа, ама алиштата нема каде да ги пружаме ако не на тараса или на таван оние што живеат во куќи.
     
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.576
    Јас колку што знам ова важеше само за долна облека.
    И нормално е.
    Мислам без разлика закон или препорака треба малку да се внимава.
    Мене долниот веш секогаш ми е на првата жица најназад, а останатите ги редам секогаш пред нив зошто никој не сакам да ми гледа какви гаќи или прслуци носам.
    Тоа е до свеста.
    Ќе рече некој, па сите носиме. Да, носиме...ама зошто да знае секој втор што долна облека навираме на себе, дали домаќински гаќи за кобили или тангици тигрести,зебрасти,со патент,со чипка, корсети.
     
    На Hipster и maca99 им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.006
    Пол:
    Женски
    ^знаејќи наш народ, ако нема макар и блага казна, нема да почитува...наш народ од збор не се разбира.
     
  16. EVA19

    EVA19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
    ова е најголемата глупост што ја сум ја слушнала значи крај се нашиве политичари :)
     
  17. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    467
    Сосема е нормално и прифатено правилото на Запад. А и што сте се фатиле толку за ова, јаката ствар.
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.685
    Па ако ете сега било препорака,јас незнам зошто овие медиумите се дрзнуваат да шират невистина,па уште и снимаа наредниот ден по терасите со алишта,демек луѓето не биле сеуште информирани за законот!!! Па и уште една жена рече дека ги покрила алиштата со чаршаф одозгора :tmi:
    И никому ништо медиумите -како и се друго само да си направат вести,а кој ќе ги казни за такви дезинформации?
    Искрено се израдував дека е препорака :lol: ,зошто ми е НЕЗАМИСЛИВО внатре да сушам цела машина :o Па и парно плус и алишта,кој воздух ќе го дишеме жити се :^)
     
  19. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.764
    Ваму и перални и сушални се на едно место од зградиве си има, мераци. Ама па некогаш мораш да зашушиш нешто и дома на пр некои поосетливи алишта, а надвор на тераса да висат во никој случај, или па да ти текне нешто на тераса да извадиш како на пр постелнина или чаршав? Одма пријава. Си има едно вратило надвор па треси колку сакаш. А зиме, најубаво дома една празна соба имам и таму на сушалка ги ставам, па после сушење оставам врата и како убаво мириса.
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.281
    Toчно кога веќе е ова закон т.е препорака по западњачки терк дал европски дал американски сеедно тогаш треба и да има како што има во странство перални и сушални.
    Не постојат само во македонија скромни станови и семејства.
    И на запад имаат луѓето станови од 40 метри квадратни како и кај нас и тие немаат место за сушалка и тие немаат тараси за сушење ама имаат затоа во близина перална за некој цент и сушална да си исперат и исушат облеката, па ем да го почитуваат тој закон, ем да немаат проблем како да го испочитуваат без да го прекршат.
    Апсолутно се согласувам дека многу поубаво е да не ги гледаме алиштата на тараси обесени.
    Одам по Рекорд пред некој ден и фрлам поглед на една тараса обесени танги фатени со едно штипче. Убаво да не е тоа?
    Да повеќето од нас позади ја ставаат долната облека, ама некои баш ги брига и навистина не изгледа убаво.
    Ама за да е секоја тараса средена и без алишта кои се сушат или па дувнало ветре и ти стоиш на Рекорд и ти паѓа пешкир врз глава, евентуално боди или уште полошо танга. Бљак.
    Ама затоа направете ќе повторам перални и сушални! Евтина инвестиција е, далеку поефтина од парите што ги трошите да речеме за осветлување на 1 споменик, 2 споменици се многу тоа се веќе милиони и милиони.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.