1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за забрана на сушење алишта

Дискусија во 'Политика и настани' започната од maca99, 6 април 2012.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    ^Е тоа ти е Кравче - Европа! А Македонија е повеќе од Европа. У секој смисол :D

    Иначе, кога сум веќе на темава, не алудирам на никој онака си размислувам, не знам што е толку проблем да сушиш на сушара? Не разбирам. Јас отсекогаш на сушара си ги сушам алиштата пред се затоа што не сакам да ми се усмрдат од тоа смогот, а скопскиот воздух една чистоЌа пола здравје, ахам. Знаејќи дека и во портокалова фаза ќе ми бидат суви за 2 минути на она пеколот, пак си ги сушев внатре. Плус и поубаво ми изгледа на сушара кога ќе си ги наредам фино лепо алиштата.
    Не ме тепајте, имам некојси „фетиш“ што се однесува до пружање алишта, онака под конец сакам да ги редам, и што подискретно. Башка станот убаво мириса потоа, а мирисот на омекшивачот или прашокот подолго останува на алиштата.
    Лично, не гледам проблем во тоа.

    Гледам повеќе проблем во бесмислени закони со цел да се наполни буџетот некако за потрошените пари на брозна, да речеме, тоа да.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lolitoo

    lolitoo Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Едноставно законов е преглуппп !!!!!!!!!! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  3. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Кравче,сите постари згради во скопје имаа сушални-заеднички простории ( пишувам имаа )
    Но како што од дамнина било, видел селанецот неоградена нива, си ја загфрадил и вели оваа е моја нива. Тоа се случи и со нашата сушална, си ја загради човекот-направи стан од 150 квадрати за синот.
    Не ни праша некого, немало каде. Ние се тужиме сега со него,затоа што во имотниот лист пишува дека поседуваме - Стан-Гаража-Подрум-Заеднички простирии, скривница и сушара 10 метри квадратни.
    15 станови во влезот,сите имаат по 10 мк, сега ние сме биле нелуѓе-нехумани-зло сме му посакувале на неговото семејство.
    Зарем кај нас е вината,што неговиот син не е способен да си обезбеди живеалиште?
    Прво тоа нека го реши владата , узурпираните сушални-заеднички простории, па потоа нека носи вакви закони.
     
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    Кога се донесе овој закон многу џева се крена, де вака де така...
    Мене ме интересира дали има закон и за климатизерите што капат?

    Па толку безобразлак немам видено, ваму посебно улицата што е кај Рекорд, на секое поминување се мислам дали да влезам во продавмица да си купам шампон и пешкир.
     
    На kva и Hipica им се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Село гори баба се чешла законот :puke: све средија све напраја како што треба уште овај закон само требаше,незнам како не му е страм,би сакала овде на сајтот да има некоја европјанка да кажи какви се зградите во европа како долу во подрумите имаат и перални и сушални(зборувам од лично искуство сум била и со мои очи видела)како му се куќите средени по сите стандарди,а за зградите овде што да кажам се распаѓаат старите во новите нема никој такви услови а за куќите подобро и да не коментирам,секој ден гледаме на вести како луѓето питачат за помош бидејќи кровот на глава ќе им се струши и уште колку има такви ехеее колку луѓе знам што немаат ни машини за перење а не за сушење или да се луксузираат со вакви глупости...Се надевам дека сопругите на министрите ќе го испочитуваат законот :D
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Уште една глупост. Со кое право ќе му забранат на народот да суши алишта на тераса. Глупаци едни. Што уште ќе им текне? Да забранат да има цвеќиња на терасите? Срам да им е. :@
     
  7. feminka33

    feminka33 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Стварно безвезе.Незнам дали уште ова се применува? :emo:
     
  8. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    :D :D :D

    Слушам и закон за користење на Сонцето ке имало, данок ке сме плакале.
     
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Законот е глупав, премногу глупав. Не гледам зошто би бил донесен таков закон. Сушењето алишта не му пречи на никој, што значи дека нема причина да биде донесен. :)
     
  10. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Ајдееее, бели гаќи, прслуци, пижами...
    Како може да не ви е срам сите да ви ги гледаат? :^)
    Редно беше, не знаеш дали живееш во Шутка или во Центар.

    Дискретно, на тераса на таква масичка со жици (стварно не знам како се вика тоа*), сушете си слободно ама не покажувајте кој што гаќа носи. :tmi:
    *
     

    Прикачени фајлови:

  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Сериозна си со муабетов?
    Кој нормален би застанал да гледа туѓа тераса и мери број на облека?
    Колку треба да немаш свој живот за да му се радуваш на овој слабо образложен (безмислен) закон?

    Знаеш дека многу луѓе имаат мали станови и ограничени денови за перење алишта?
    Каде на таа 60 сантиметарска сушалка би прострела голем број парчиња гардероба?!

    Големо не за законот. Трагикомедија.
     
    На Rama, christinnn, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    ете си кажа сама дека таа гледа...

    бог да чува е муабетов, на моја тераса ако сакам гола ќе шетам. крај на муабет.
     
    На Feminka22, Rama, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Ова исто како едно време што збореа ракија да не се печело дома, свиња да не се колело, ајвар да не се правело. Ајде бе, шо има некој да ми гледа шо правам у двор, мој двор си е. Ако сакам ракија ќе печам, ако сакам ајвар ќе правам, свиња ќе колам.
    Ако не ти се свиѓаат моите гаќи твој проблем, нема ти да ги носиш јас ќе ги носам.:D
     
    На Feminka22, joy1, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    За свиња е ок ама само ако имаш ветеринар дома, зашто реално треба проценка на стање кога ќе се отвори. :?:
    А за другово... види, ете, разни људи разни чуди. ете има луѓе што сакаат да воајишаат туѓи гаќи. самиот факт дека погледнале и им смета го кажува тоа (facepalm)
     
    На Abeja и DAngel им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Не сушам алишта надвор затоа што смрди. А за гледање, кому му сметаат нека не гледа.
     
    На Feminka22, Abeja и LiliBoz им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Не ми се мешај у чварки, молим те. Можеш да дојдеш да пробаш ама без цепидлачење. :D

    Стање нека проверуваат у месарницине кај што смрди месото.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    ајде добро не ти се мешам :D викај за ајвар онда и ако не ти се опрчени гаките на жица ич не доааѓам (highfive)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека сликата за простран веш по тераси и импровизирани жици во централното градско подрачје е грда слика. Настрана што воздухот е ужасен и алиштата попримуваат од миризбата.
    Нигде во Европа, во било кој град, нема да видиш обесен веш на видлива јавна површина, и сум за законов, али од друга страна во иста таа Европа, зградите имаат своја перална и сушара, па законов и не им претставува проблем. Кај нас пред се од финансиска гледна точка, не секое домаќинство може да си приушти машина за сушење а и се повеќе се крати на терасниот простор.
    Пак ќе кажам сум за законов, ама не е сега моментот, има други ствари за средување прво, па отпосле.
     
    На Feminka22, cresa-jagoda, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Бог да чува . Јас дома на мојот кат немам тераса , ама доле имам . Сега за сега ги сушам алиштата во соба , ама за некоја година ќе се преселуваме на долниот кат , каде да ги сушам јас алиштата ? Ќе ја кријам сушалната по соби ако ми се најават гости ненадејно ? Балконот не е толку голем за мојата сушална , ама ете ќе најдам помала ако треба , ама ова е апсурдно . Луѓе што немаат простор , треба да седат со извалкана облека до лето ? Додека да дојде ред да се сушат алиштата за 5-6 саати за да си ги исперат ? Нека инвестираат прво во колективни сушари , каде ќе се плаќа за сушење и перење облека , па да можат сите луѓе да си приуштат да не пружаат облека на тераси .
     
  20. makedon81

    makedon81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Машки
    Овој закон е одамна донесен во европските земји.Не смее да се гледаат алиштата повисоко од балконот.Секој треба да внимава на тоа или се казни за непочитување.
    А за кај нас незнан дали уште до ваков закон е дојдено, по што се друго ни е средено, па сега остана уште за алиштава да се среди.