1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за сметководители

Дискусија во 'Политика и настани' започната од mimiiiii, 9 ноември 2012.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Лиценци за сметководители по симболични цени

    Владата одлучи да определи минимален надоместок за добивање привремено уверение за сметководител и овластен сметководител и трајно уверение за сметководител по симболични цени. Ова следува по реакциите на сметководителите дека новиот Закон е работен во полза на големите консултантски компании и дека ќе ги затвори малите фирми.

    - Пред определен период, во соработка со Kомората на сметководители и на нивно барање се донесоа законски акти кои ја регулираат оваа сфера и даваат дополнителен квалитет и отстранување на аномалиите. Со Законот е предвидено да се издаваат одобренија. Владата одлучи да определи минимален надоместок за добивање привремено уверение за сметководител и овластен сметководител и за трајно уверение за сметководител по симболични цени - изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

    Привремено уверение за сметководител ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од три години, вишо образование и работно искуство од две години или високо образование и една година работно искуство, а надоместокот ќе изнесува 300 денари. Привремено уверение за овластен сметководител ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 10 години, вишо образование и работно искуство од осум години, или високо образование и три години работно искуство, а надоместокот ќе изнесува 500 денари.

    Трајно уверение за сметководител или овластен сметководител ќе им се издава на лица кои имаат 25 години работно искуство во сметководствени работи, а надоместокот ќе изнесува илјада денари.

    - Привремените уверенија ќе важат 24 месеци, а рокот за поднесување барања за добивање трајни и привремени уверенија ќе трае најдоцна до 3 февруари 2013 година - посочи Ѓорѓиев.

    Извор Дневник

    :^) Мене сега што не ми е јасно , како тие што дипломираат би можеле да земат лиценца . се бара 1 година работно искуство за привремена лиценца , сега секоја фирма ке си бара сметководител со лиценца, како ке се стекне тоа искуство , впрочем како ке има нови сметководители освен тие што се сега, ако е некој поупатен нека каже