Плати кауција, излезе, дојде кај тебе, почнавте вербално и физички да се пресметувате, јас ве пријавив за нарушување на јавен ред и мир, пак дојде полиција, ве приведе и двајцата, замокот остана мој.
Желбата на другите за замокот го уништи твоето владеење и сега замокот ми припаѓа мене. Замокот е мој!
Но поради тоа што рушиш и градиш на туѓа територија без дозвола завршуваш во затвор и замокот повторно ми припаѓа мене. Замокот е мој.
Судот одлучува дека не сум виновна затоа што земјиштето му припаѓа на моето семејство со закон за денационализација. Мој имот, и замокот е мој.
Но, во затворот кај што беше те труеја со апчиња, не по моја вина и самошто изезе веќе те нема. Замокот е повторно мој!
Истите што ме труеја, те обвинија тебе и невина те сместија во затвор каде ќе лежиш 40 години. Дури вие мислевте дека ме нема, јас се опоравував, се вратив и замокот е пак мој.
За многу кратко време успеав да излезам од затвор, бидејќи те обвинив тебе за клеветите под основ дека сакаш да ми го земеш замокот. Ти плати казна и го изгуби правото над замокот. Замокот е мој.
Поради искрена љубов вие го напуштате удобниот живот и заминувате настрана од сите тие интриги, сами вие двајца, некаде далеку, во колиба на планина. Замокот е мој, хаха.
И баш кога ти мислиш дека сме ти го оставиле замокот засекогаш, ние се враќаме и сфаќаш дека само сме сакале малку да те израдуваме. Замокот е мој.