1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Занимливости од медицината

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од anastasija85, 25 декември 2010.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.026
    Музиката го забрзува оздравувањето после мозочен удар

    [​IMG]
    Неодамна спроведена студија покажа дека слушањето на музика е добро за пациентите кои неодамна претрпеле мозочен удар. Со помош на музичка терапија може не само да се подобри расположението на пациентите, но исто така се забрзува и враќањето на меморијата и вниманието, нарушени како резултат на болеста.

    Научниците од Универзитетот во Хелсинки спроведоа анкета меѓу 60 пациенти, кои неодамна преживеале мозочен удар. Сите учесници во истражувањето страдале од различна степена на нерушување на движењето, нерушување на когнитивнате функции, меморијата и концентрацијата.

    За време на истражувањето пациентите се поделени во три групи. Првата група биле пациенти, кои секој ден во период од неколку часа ја слушале саканата музика. Втората група слушале аудио книги, а другите – ништо. Покрај музичката терапија, на сите пациенти било спроведено вообичаено медикаментозно лекување за мозочен удар.

    Резултатите од истражувањето покажале дека луѓето кои слушале музика, биле со значително подобро расположение и биле помалку склони на депресивни состојби. Покрај тоа, кај нив се забележани значително побрзо враќање на меморијата и вниманието. Три месеци по поминатиот удар, вербалната меморија (меморијата, заснована на помтење зборови) се подобрила со 60%. За споредба, кај пациенти кои слушале аудио книги, подобрување се забележало во 29% од случаите. Во контролната група, значително подобрување може да се забележи само кај 18%.

    Способноста за концентрирање на вниманието и менталните функции (фокусираното внимание) се подобрило со 17% кај учесниците што слушате музика. Во другите две групи не било забележено подобрување на овие индикатори.

    Според финските истражувачи, музичката терапија успешно може да се додаде на сегашните методи на рехабилитација на пациенти со удар. Значителни предности на овој метод е тоа што е евтин и широкодостапен, и може да се применува порано во споредба со другите методи на лекување.
     
  2. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Читав и јас нешто слично за музиката

    СО МУЗИКА ПРОТИВ ХРОНИЧНАТА БОЛКА

    Истражувањето на американските научници потврди дека слушањето на музика може да има позитивен ефект врз перцепцијата на хроничната болка.
    Резултатите од истражувањето на научниците од Cleveland Clinic Foundation е објавено во Journal of Advanced Nursing.

    Во истражувањето учествувале 60 пациенти кои со година трпат хронични болки.

    Се покажало дека испитаниците кои секојдневно најмалку еден час слушаат музика имале за петина помало чувство на болка, како и четвртина помали шанси за појава на депресија.

    Со тоа, пациентите кои слушале музика имале помало чувство на хендикеп поради својата состојба.

    Истражувањето покажало и дека слушањето на лесна музика пред спиење може значително да го поправи сонот.
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Ние дишеме, пиеме, јадеме. Но, сепак, во екстремни ситуации може да се увиди колку сме зависни од крв, воздух, вода и сл. Но всушност кои се границите на оптоварување на нашето тело?
    Хирурзи, невролози и психолози ги истражуваат максималните граници на човечкиот организам.


    Колку долго бубрезите можат да работат без вода?
    Низ нашиот организам постојано циркулираат околу 63 проценти вода од нашата маса. Таа е најважнит составен дел на нашиот организам. Причината за ова е во фактот што нашата крв, кога ќе се раствори единствено во вода може да се пренесува низ организмот и во бубрезите со сите нејзини составни делови кои се важни за животот на човекот (меѓу другото протеини, соли, кислород). "Тие наликуваат на лабараторија со висок капацитет", вели професор Герхард Милер, експерт по нефрологија од универзитетската клиника Гетинген. Во бубрезите дневно се преработуваат 1800 литри крв, а исто така и отровни материи како што се урина и остатоци од лекови. И во тој случај на губење на вода од 15 проценти-тоа одговара на 72 часа без течност-сепак бубрезите работат без никакви пречки. "Тогаш срцето испумпува само концентрирана крв со преголем притисок за прочистување во бубрезите", објаснува Милер. Најмногу за пет дена човекот паѓа во кома. Биолошката смрт се случува кратко потоа поради откажување на бубрезите. Дијагноза: Внатрешно труење.

    Колку долго нашиот мозок поднесува студ?
    Доколку телесната температура на човекот се намали под 28 целзиусови степени, тогаш постои акутна животна опасност бидејки, дури и кога човекот ќе се затопли, сепак, и во следните 15 минути телесната температура продолжува да опаѓа. "Фактот што една од трите витални функции во нашиот организам не умира од хипотермија, се базира на тоа што нашето срце ја прекинува работата дури на температура од 24 целзиусови степени", вели др. Кенет Камплер. "Тогаш се стеснуваат крвните садови во кожата и во екстремитетите, така што крвта продолжува да го загрева само срцето и мозокот". "Дури и кога има надворешно загревање, сепак, тоа не е доволно за да се спречи смртта. Но, една девојка од Норвешка, Ана Бегенхолм, успеа да преживее, иако при несреќа при скијање лежеше 79 минути во замрзната река. Лекарите во една клиника во Тромс кај девојката измерија 13,7 целзиусови степени-што е рекорд за минус температура. Таа преживеа бидејки лекарите преку лекарите преку систем за автотрансфузија ја извадија целата крв, ја затоплија и повторно ја вратија во нејзиното тело".

    Колкав притисок можат да издржат нашите вени?
    На нивото на морето владее воздушен притисок од 1013 милибари кој е идеален за нашите бели дробови. Овој притисок му е потребен на нашиот респираторен систем за да може да ја снабди крвта до доволно количество кислород. Опасно е кога притисокот брзо опаѓа: на пример, на Монт Еверест, оваа вредност е значително помала и опаѓа на 267 милибари. Последица: алвеолите во белите дробови речиси и да не можат да ја снабдуваат крвта со кислород. За да може да ги снабдува со кислород мускулите и мозокот, срцето ја врши својата пумпна функција со максимален капацитет, со што практично ги "поплавува" ваните и капиларите. Последица на сето тоа е катастрофално покачување на крвниот притисок. Крвта се истиснува во крвните садови во вид на експлозија, рацете и лицето отекуваат-ѕидовите на капилариите распукуваат. Најчесто се случува крварење во мозокот кое има фатални последици. Сепак постои заштитен систем: Нашите крвни садови од внатрешната страна имаат ендотел кој е максимално еластичен. Овој "оклоп" на крвните садови го пролонгира моментот на распукување на крвниот сад. Сепак, колку трае тоа? Колку минути или колку часови? Никој не го знае точното време, ниту, пак, границата на оптоварувањето. Тоа е како руски рулет.

    Коку долго може да се издржи без јадење?
    Нашиот организам претставува вистинско чудо поради механизмот на силната самозаштита. "Човек со нормална телесна тежина може да преживее 60 дена без храна", вели научникот Олевски, "доколку со вода се земаат и витамини кои се важни за животот". За време на фазата на гладување телесната тежина се намалува за еден килограм дневно, а понатаму за 500 грама. После една недела организмот почнува да ги троши масните резерви, а крвниот притисок и срцевата фреквенција се намалуваат. После две недели почнува да се намалува мускулното ткиво (ова важи и за срцевиот мускул), за да може организмот да се снабдува со енергија. Штом мускулното ткиво ќе се намали, тогаш организмот почнува да го троши и сврзното ткиво, за да се снабди со протеини. Смртта од гладување настапува поради недостиг од протеини. Луѓето со прекумерна телесна режина во експериментот живееја дури 200 дена без цврста храна бидејки од секој колограм од телесните масти се добиваат околу 10 000 килокалории енергија.

    Колкава загуба на крв може да поднесе срцето?
    Во организмот на секој човек течат до шест литри крв. Може да се загуби најмногу половина од оваа коичина, и тогаш постои опасност од циркулаторен шок. Кога хеморецепторите, кои се наоѓаат во ѕидовите на крвните садови, ќе регистрираат поголемо губење на крв, околу 2,5 литри загуба на крв, тогаш се активира т.н. систем за самозаштита. Тогаш организмот се "става" во функција на т.н. зимски сон, а температурата нагло се намалува на 33 целзиусови степени, за да се согорува помалку кислород. Ова е причината што луѓе може да замрзнат и на тропски температури. Во исто време срцето побрзо го испумпува остатокот од течноста во крвотокот. Кога организмот ќе загуби 3 литри, со кислород се снабдува само најважниот орган, а тоа е мозокот. Но, малку подоцна, сепак, крајот е неизбежен. Научниците од центарот за реанимација во Питсбург сакаат да го осигурат преживувањето во случај на екстремно губење на крв: за таа цел, тие целосно ја заменуваат крвта од организмот на човекот со ладен физиолошки раствор. Доколку се намали просечната телесна температура, тогаш се забавува процесот на колапс, иако организмот клинички веќе е мртов. Откако лекарите ќе ја затворат раната која интензивно крвари, тогаш на човекот му се враќа неговата крв која има умерена телесна температура и тогаш тој повторно оживува. Во експериментот со прасиња се покажа дека дури три часа може да се живее без да работи срцето, а притоа да нема оштетувања на органите.

    Колку енергија може да обезбеди организмот?
    Во полн капацитет нашиот организам работи како турбо мотор со директно вбризгување. Неговото гориво се јаглените хидрати. Колку што може може повеќе организмот во форма на гликогени во неговите мускули и хепарот, толку повеќе се зголемува неговата продуктивност. За да може овој "акумулатор" целосно да се наполни, врвните атлетичари пред нивните големи натпревари јадат храна која содржи многу јаглени хидрати (шпагети, мусли и сл.)-околу 9100 калории! Сепак, и при спортско оптоварување, резервите од гликоген во мускулите се доволни за најмногу 90 минути. Тогаш организмот го активира последниот склад на енергија: хепарот. Тенкото црево ја концентрира енергијата од храната која е консумирана и хепарот го притиска "горивото" директно во мускулите. "За време на најтешката трка во велосипедизам-Тур-де-франс организмот обезбедува до 4550 калории на час во форма на гликоген", вели научникот др. Вим Сарис. Тогаш е крај! Без да земе храна од која ќе добие енергија, организмот ја губи силата.

    Колку долго може да се преживее без воздух?
    Дишењето е поважно од секоја друга потреба на организмот. Секој оној кој барем еднаш го задржал воздухот, го познава тоа чуство: по само 60 секунди организмот веќе бара кислород, срцето бие посилно. "Во екстремни ситуации, кога на пример сме притиснати од бран со вода, сепак организмот може да работи повеќе минути без воздух", вели професорот по биологија Стивен А. Финк. "Во одреден момент срцето ги испумпува последните резерви на крв која содржи кислород до секој мускул на нашиот организам". Штом ќе се потрошат резервите, организмот мора да обезбеди енергија без кислород и ја бомбардира секоја клетка на мускулите со неговите последни резерви на гликоген како извор на енергија. Но, при ова се создава киселина која е многу опасна-млечна киселина. "Најмногу во рок од 150 секунди без воздух организмот ќе миде преплавен со оваа киселина", вели Финк, а недостиг може да се избалансира единствено со чист кислород. Организмот колабира.

    Извор: Списание за здравје и едукација-"Здравствен код"
    Превземено од германското списание: Welt der Wunder.
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    Родена со две вагини или „uterus didelphys“

    Прво имав збунка во кој форум да стаам дали тука или во љубов и секс. :lol:
    Сепак ајде... да започнеме значи читав за некоја Хазел Џоунс која имала 2 вагини :^) еве цитат
    и од сајтот и од википедија (за тие што ги интересира повеќе)
    Отварам цитат . „Hazel Jones секогаш се прашувала зошто патела од големи грчеви и тешки менструации за време на пубертетот. Но дури кога наполнила 18 години и била дадена неверојатна дијагноза - таа имала две вагини, пренесува Daily Mail.

    27 годишната девојка од High Wycombe и билa дијагностицирана состојбата uterus didelphys, што значи дека таа има две посебни матки и две грла.

    Но таа изјавила за ITV1 во емисијата This Morning дека не и пречела оваа состојба, и покрај фактот што морала невиноста да ја изгуби два пати."Откако дознав им кажав на сите" изјавила Hazel. "Јас мислам дека тоа е неверојатно и дефинитивно е добра тема за почнување на разговор, ако некоја девојка сака да види како изгледа со задоволство ќе и покажам, нема причина да се срамам од тоа" додала таа.

    Hazel отишла на доктор откако нејзиниот долгогодишен дечко и кажал дека таа била "различна" во пределот на гениталиите.

    Докторот Dawn Harper објаснил: "На почетокот девојчињата се развиваат во матката со два канали. Потоа тие се спојуваат и септумот се распаѓа и се формира една матка".

    "Во еден од 3.000 случаи септумот може да остане во матката но да се има две одвоени матки е многу ретко".

    Hazel кажала дека на почетокот сексот и бил непријатен, но сега нема никакви негативни ефекти.“ затворен цитат .. :!: сега мал коментар.. сите знаеме дека ни паѓа една конфузна слика во глава?! како е можно и како вообшто изгледа тоа.. девојкава вели дека би покажаала но фото материјал нигде нема.... дека навистина постои нешто такво постои доста веродостојни податоци за тоа има како на пример ова „ Uterus didelphys (sometimes also uterus didelphis) represents a uterine malformation where the uterus is present as a paired organ as the embryogenetic fusion of the mullerian ducts failed to occur. As a result there is a double uterus with two separate cervices, and often a double vagina as well. Each uterus has a single horn linked to the ipsilateral fallopian tube that faces its ovary. “ ...Дали можеби сте запознаени дали некоја во Македонија има нешто вакво?! Пред се за машката публика е доста конфузно но има различни и јасни објаснувања во врска со тоа па дури и друштвен веб-сајт за меѓусебна соработка на жените со истиот синдром (мада преку веб многу ќе си помогнат..пичку матер 8) ) ...
    Но ова повлекува многу прашања поврзани со анатомијата и гинекологијата сепак свесен сум дека не сме развиени толку до овој степен да си дозволиме некакво проучување на оваа тема ..
    да скратам : Што мислите во врска со синдромот генерално ?!Дали се убедливи сите информации приложени за тоа?!Зашто нема слика како практично изгледа тоа?!До каде мислите дека е развиена анатомијата на овие простори (очекувам дискусија од искусните форумџики со големи стажови овде)
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.