1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Западните сили ја нападнаа Либија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mayyya, 20 март 2011.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    "САД, Британија и Франција интервенираат во Либија. Се стрела со ракети од бродови и подморници. Акцијата ја почна Франција чии авиони нападнаа цели во Либија.
    Американскиот Претседател Барак Обама одобри ограничена воена акција врз Либија, затоа што, како што изјави, Моамер Гадафи продолжи да го напаѓа својот народ. Со тоа, според Обама, на САД и на сојузниците не им е оставен избор освен воено да одговорат.
    Пентагон веднаш потоа соопшти дека 112 ракети се истрелани од американските и британските бродови и подморници врз вкупно 20 цели."

    "Француските авиони ја започнаа воената акција против силите на Гадафи. Авионите погодија либиско оклопно возило, а потоа уништија уште 4 тенкови. Во нападите учествуваат 20 француски воени авиони. Веднаш по нив, американска подморница од Средоземното море испалија 110 томахавки во околината на Триполи. Погодени се стратешки цели, а според Американците ќе се напаѓаат 20 цели.
    Францускиот претседател Никола Саркози рече дека нападот е насочен за да се заштитат цивилите, бидејќи Либија е земја на либискиот народ. Иако, Гадафи се обиде да ја стави во замка меѓународната заедница, сепак вратите му се отворени."

    " - Вратите на дипломатијата повтрно ќе се отворат штом ќе престане насилството. Франција одлучи да ја одигра и потврди својата улога во историјата, изјави Саркози."

    " - Не можеме да стоиме настрана кога тиранин му соопштува на сопствениот народ дeка ќе биде безмилостен и кога неговите сили ги интензивираат нападите во градови како Бенгази и Мисрата, каде жителите се соочуваат со бруталност и умираат во рацете на сопствената влада. Постапките имаат последици и одлуката на меѓународната заедница мора да биде охрабрена. Тоа е каузата на оваа коалиција, рече Обама."
     
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Овој конфликт мислам дека ќе потрае и многу невини луѓе ќе си го извлечат подебелиот крај. Гадафи не планира да се предаде, а не е доволно моќен со оружје и со војска да им се спротивстави на западните сили, кои веќе започнаа со воени напади над Либија...Некако ми се чини дека луѓето што работат за Гадафи ќе прават самоубиствени терористички напади во Америка, Франција или Англија (слично на настанот со кулите близначки, каде што загинаа голем број на недолжни цивили) На друг начин не гледам дека Гадафи би интервенирал, освен со вакви ниски удари...Од друга страна пак, се плашам дека доколку би се вмешала Русија во сето ова би дошло до Трета Светска војна...Не сум баш оптимист за оваа ситуација.
     
  3. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Мислам дека нема потреба од ПЛУС коментари
    само се чудам зошто некој би се бунтувал ако
    го има сето ова??????


    Subject: Libija

    > Par cinjenica o zivotu u Libiji pod Gadafijem:
    >
    > -beskamatni krediti
    > -u toku studija prima se prosecna plata za to zanimanje
    > -ako ne nadjes posao nakon zavrsenog fakulteta, drzava placa kao da radis u struci
    > -po stupanju u bracnu zajednicu,drzava poklanja stan ili kucu
    > -kupovina vozila po fabrickoj ceni
    > -nikome ne duguju ni centa
    > -besplatno zdravstvo i obrazovanje
    > -25% ljudi visoko obrazovano i nema nepismenih
    > -40 hlebova kosta 0.15$>
    >
    > Dovoljan razlog da se takva zamlja unisti???>
    > p.s. Poredjenja radi u Srbiji je 40%stanovnistva funkcionalno nepismeno a drugih 40% misli da je pismeno.
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Се бара полковник Моамер Гадафи


    42-годишното владеење на либискиот лидер Моамер ел Гадафи, по се изгледа дека е на работ на колапс откако бунтовниците навлегоа во срцето на Триполи. Жестоки борби се водат околу комплексот на Гадафи, Баб ел Азизи, откако неговиот син Хамис, нареди тенковите да излезат на улица и да почнат да гранатираат. Бунтовниците тврдат дека контролираат 95 проценти од градот, но ситуацијата на терен е конфузна. Комплексот на Гадафи е чуван од снајперисти, а бунтовниците освојуваат улица по улица.

    - Игра со последните карти во играта која повеќе ја нема...Ја губат контролата дури и со големата армија, зашто се борат без никаков ред, изјави Надир Кубар, командант на либиските бунтовници

    Во меѓувреме, уапсени се тројцата синови на Полковникот – Мухамед, Сади и Сеиф ал Ислам за кој се веруваше дека ќе го наследи својот татко. Наместо тоа, се водат преговори со Хашкиот трибунал да му се суди во Меѓународниот кривичен суд, но бунтовниците бараат да му се суди во Либија.
    По големата вест, дека завршена е ерата на либискиот диктатор, Либијците кои живеат надвор од својата татковина, почаа да слават. Во Вашингтон излегоа пред Белата куќа, веејќи го знамето на опозицијата. Во Лондон, илјадници луѓе го славеа падот на режимот.

    - Неверојатно е што сторија Либијците, без никаква обука, без никаква тактичка предност во војната, без ништо во споредба со она што го има Гадафи, без пари, без оружје...искрено без зборови сум.

    Слични беа сцените и во Египет, каде поддржувачите на бунтовниците славеа пред либиската амбасада во Каиро.
    -42 години владееше против нашата волја..42 години бевме присилени да молчиме.

    Каде се наоѓа Гадафи, никој не знае. Би-Би-Си шпекулира дека диктаторот е веќе во Алжир, зашто неговото семејство во последните два дена префрлило огромна сума пари во оваа држава. Западните разузнавачи, пак, велат дека веќе го напуштил Триполи, но дека се уште е во Либија. Вчера на аеродромот во Триполи слетаа два јужно-африкански авиона, но од Африканската унија демантираа дека некоја од земјите би му дала азил. Независната либиска телевизија наведува дека „Гадафи побегнал како кукавица“, додека британските медиуми пишуваат-„Полковникот како стаорец се крие во својата последна дупка“.

    Извор - Алфа.