Птичји грип, свински грип, ха1ен1, западнонилска треска... Што е следно? Јас се прашувам што следно ќе измислат. Секое лето нас не’ напаѓа нов грип, нова болест. Не мислете ли дека е перење мозоци ова?
Не паничи одма, мислам дека само ако е заразен го пренесува, сигурна ли си дека не бил обичен комарец? Зашто јас на работа секојдневно гледам по стотина комарци кои се така мали ситни и имаат како ригички едвај забележливи, мислам дека тие се обичните комарци
па незнам дали сигурно беше тигрест незнам како точно изгледа тој вид,ама имаше риги,надвор бев на сијалица го видов,на рака ми стоеше го осетив кога ме боцна....лелее многу ми е страв
не разбирам, ги има посебно таквиот вид комарци што пренесуваат или може да пренесе и обичен комарец?
значи може да се познае комарецот што ја пренесува болеста а како изгледа го имаат ли откриено или постирајте слика некој
Колку ме сакаат комарците тоа не е можно,многу ми е страв ама тоа е се мачкам со Аутан и добро е дај боже така и да остане.Навечер се ми е затворено и изгасено светло и плус намачкана. Кога бев на одмор со моите јас станувам како бумбар и преку пижамите имав убоди на стомак и на бутови,а на нив ништо не им беше,а јас сирота како магнет да имам за комарци...
И што само тигрестите комарци ја пренесуваат болеста?!?! А како ќе го приметиш комарецот дали е тигрест или обичен, стварно не знам... толку се мали и ситни. А паника голема е крената низ Скопје, баш поради трескава и стомачен вирус кој во моментов е актуелен во Скопје. Сиптомите се многу слични.
Лелеее луѓе паника ме фаќа. Не ноќеска, туку претходната ноќ ме касна комарец,ама дента само плик голем ми се појави. Сабајлево кога станав, пликот стана црвен и околу како модрица темно.
Вчера видов еден, не сум сигурна каков беше, дали тигрест или обичен, битно го утепав, душата му ја извадив он мене ќе ми лета тука Не дека ми е страв, туку само претпазливост Туку јас мислам дека и нема врска шо кажуваат за трескава шо ја пренесувал, не се од сега комарците Може таа жената починала од нешто друго, па викаат дека е демек од ова.Ма, ајде, само да заплашуваат луѓе, така беше и со свинскиот грип, сигурна сум дека само заплашуваат.Којзнае дали воопшто ова има врска, никогаш не се знае што може да има позади тоа што ни го кажуваат.Затоа без паника.
Аман бре луѓе, ја па уште со ова не се замарав, сега кога ја видов темата и оваа фотографија сабајле ќерка ми кога стана имаше исто такво до устата Аман од тие комарци, нека фати ладното да испоумрат веќе
неможе да не го приметиш еве сликите сноу што ги постирала првиот е обичниот а другите се лошите значи разликата се гледа ќе приметиш бело а и доста се поголеми од обичните
Денес нов случај. http://senki.mk/content/vesti/%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D1%98-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0
Болеста ја пренесуваат и обините комарци. Кај нас мислам дека кажаа дека го нема тигрестиот комарец, туку обичен, заразен комарец ја пренесува болеста. Сноу ако си го добила вирусот, симптоми ќе имаш најмалку за 3 дена, така да сега и да те каснал заразен комарец неможеш да знаеш. А и убодот не се разликува од останатите. Креваш непотребно паника.
иии лелеее колку е полошо обичните комарци да неможеш да ги препознаеш кој се преносливи вака барем се тешев ај ќе го приметиш тигрестиот ама вака што да приметиш
И на мене ми е страв, ете се опремив со Аутан, се испрскав. Освен да се заштитиме друго нема. Со паничење нема да направиме ништо. И работете на имунитетот. Болеста може да мине и без симптоми ако имате јак имунитет. А може да помине и во форма на настинка. Јас летово бев целата искасана од комарци. Еден период дури имац диареа, малаксаност, поспаност, главоболки. Кој вели дека веќе не сум го прележала вирусот. Ова ми се случуваше кога бев надвор од земјава, на море. Или пак, сега го има, а летово кога вриеше од комарци го немаше вирусот. Ама летово се молчеше баш заради паниката која е неминовна, а честопати и непотребна и само создава потешкотии. Затоа купете си Аутан, овошје и зеленчук, па може и чајче .
луѓе само босилок во собата каде што седите и не се секирајте нема да се приближи ниту еден комарец. поздрав
Го има и кај нас тигрестиот комарец, читав во весник а и на вести кажаа, дека пронашле 11 легла на него, кај Смиљковко езеро, Топанско поле и пазарот во Чаир е браво бе од сите страни ја опкружена со него вечер и во наредните два дена ќе се прска ама не од воздух туку од земја за скрос да се уништи Јас денес утепав еден ама не го згмечив скрос, и видов дека имаше како ептен ситни црно-бели црти , па дали беше тој кој знае мене ми делуваше како и сите други комарци Се прскам како ненормална на секој саат, корнам на тоа средството нека заладува веќе !!!