Вирусот го пренесуваат и обичните комарци, со оглед на тоа што дел од нив се паралеле со тигрестите и сега и тие го имаат вирусот во себе. Али прашањето е, дали стварно постои „болеста“? Јас искрено не верувам, а и не знам зошто дигате толкава паника кога прво многу убаво е нагласено дека критична група се пациенти со нарушено здравје и млади со недоволно развиен имунитет. Ако така гледаме годишно умираат илјадници луѓе и од обичен грип поради компликации, дали од старост, младост, друга болест. И не знам зошто воопшто се коментира за починатите, ниеден од нив не бил здрав и смртта е резултат на компликации. Жената која почина била дијабетичар.
еве ви линк за западно нилска треска http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmedhealth/PMH0004457/ симптоми, ризични групи и лечење. How Soon Do Infected People Get Sick? People typically develop symptoms between 3 and 14 days after they are bitten by the infected mosquito. http://www.cdc.gov/ncidod/dvbid/westnil ... tsheet.htm
Приметувам и јас комарчиња, ми леткаат низ собава, ама што знам... Не сум нешто испотресена, можеби оти не гледам вести. Кога беше свинскиот или птичјиот грип, некој од тие два беше, мислам свинскиот. И јас требаше да патувам преку цела Европа, на ТВ паники, вака-така, по весници само тоа, на интернет само тоа, па и уште ми се јавија од Хрватска дека близок човек починал од тоа, сите ми викаат откажувај патувањето и седи мадро. Се мислев искрено, дали да одам или не, и мечка страв, мене не страв, се вакцинирав и отидов. Се запрепастив колку само нашиве ТВ дигаат ука и бука за НИШТО. Влегов во три земји, и во ниедна немаше таква паника како кај нас. Немаше луѓе со маски како се шетаат по телевизија, немаше типови замотани од горе до доле што дезинфицираат. Животот си течеше најнормално. Афкорс, јас се вратив жива и здрава, пу пу... Ама многу, многу, не верувам оттогаш на телевизииве. Посебно не на нашиве кога нема што друго да известуваат, сакаат гледаност и мора да паничат. Абе ако треба да те апне ќе те апне и додека одиш на лекар да те вакцинираат. Не може дома да се затвориме и никаде да не одиме... Како баба ми што вика, леле, ако испаднеш надвор, ќе те ограбат. Епа ај да не испаѓаме и дома да си седиме сите.
Аахххххххххх, имаше вакцини за ставање, мораше некако да се исперат пари...! И стандард, телевизиите им се надобра алатка за паника меѓу народот. Па и тоа старите, а бе уште од 6 пред ординација, ти се чини ако не ја стави сега вакцината готово, до пладне мртов ќе го најдат! Ама тоа е....ќе веруваме на вакви глупости се` додека не` контролираат медиумите.
Во текот на есенските денови комарците се посебно напорни, а вирусот од Западен Нил сеуште ни се заканува. Комерцијалните средства за заштита од комарци можат да помогнат, но можете да делувате и вие превентивно-покривајте ја кожата и не излегувајте на изгрејсонце и зајдисонце. Ако сепак ве најде некој комарец и ве касне, не заборавајте дека не треба да се чешате-чешањето може само да ви одмогне.
Симптомиве се исти како и на обичен грип, што е различно овде? Начинот на пренесување. Ризична група се луѓе со хронични болести, исто како што беа и од свинскиот и птичјиот загрозени лицата со слаб имунитет, но никој не кажува дека за лицата со ослабен имунитет и хронични болести и еден обичен сезонски грип може да е фатален. Што ми е поентата - Исто с*ање, друго име. Илјадници луѓе низ светов умираат од веќе споменатиот обичен/сезонски грип, но тоа медиумите не го пренесуваат,веројатно не им е доволно интересен,а и плус каква паника на глобално ниво би било тоа...
Ме фаќа некоја паника во врска со ова.Ама па од друга страна коа ке ми текне за свински и птичји,значи преку ноќ ги снема.Тупеа на тв секој ден,се тресевме и одеднаш ги снема. Не знам зашто ваква паника прават кај народот.Можеби луѓето што починале,веќе имале некој проблем со здравјето,па пошо ова со грипот е актуелно кажуваат дека од тоа починале. Не знам што добиваат ако предизвикаат страв кај народот. Не ми е јасна цела оваа работа.дефинитивно!
ОФ ете мене ме искасаа комарци не еден,не два туку на секој дел од телот осум касната по два,три пати,малку почнав да кашлам само,но немам температура и некои други симптоми и не паничам дека знам само еден обичен грип е.Како што веќе кажавте и вие како и на секој друг вид на грип се исти симптомите,нештата се преувеличуваат,а место за паника нема.Како што ги измислија птичјиот грип и свинскиот за да се перат пари со вакцините таков е и овај грип.За жал ние луѓето сме наивни и веруваме на се па така и ова,ама верувајте као и секое чудо и ова за три дена ќе го нема.
Јас мислам ова е некоја лага како со свинскиот и птијиот грип. Изгледа пак треба да се перат пари па лажат народ.
Мислам дека треба да работиме на тоа да го зајакнуваме имунитетот, и да не креваме паника. Со тоа само полошо си правиме. И мене ми е страв по малце, па и како да не ми е после сето тоа што се кажа на телевизија, користам Аутан, Раид и слично и внесувам повеќе витамини. Добрата страна е тоа што доаѓаат поладни денови, па нема шанси комарците да бидат активни.