1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запознавање и љубов преку интернет

Дискусија во 'Врски' започната од LAVICA81, 16 јануари 2010.

  1. SouthParkFan

    SouthParkFan Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    24
    на кја страна обично се запознавате освен фб/социјалните мрежи
     
  2. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    eloves Секоја чест за постот!Потполно се сложувам со тебе..И јас сум слична како тебе за вакви работи, ми се допаѓа тоа што си се пазиш и си сериозна браво така треба!Тешко дека денес некоја го разбира ова ама за жал ретки се...Само си се чудам како некои девојки се лажат :x без никаков страв се осмелуваат да се состанат со таквии личности,кои никогаш не ги виделе а згора на тоа како можат да се вљубат во некој непознат(мене и да ми е познат тешко дека можам да се заљубам во секого), не ми е јасно!Искрено мене ми е страв од такви манијаци кои денеска гледаат само за корист да те искористи само еднаш и после тоа не си му потребен,згора на тоа да одам на состанок со некој си од онтернет,па уште да влегувам вкола?!!Нема никакви теоретски шанси!И најмногу мразам кога некој ми досадува на фб,што веднаш му мавам блок!(информации или број давање тоа никако не иде во предвид!) :envy: Јас пак мора да го познавам човекот и да знам се за него каков е, што е и многу ми е битен карактерот како и изгледот :!: А и тешко се вљубувам јас(ама пак затоа кога ќе се вљубам во вистинскиот тој е најубав за мене) а не некој кој се манијачи на фб (ма нее бре кај мене тоа ни пали ни гаси) колку и да е убав кога не го сакам, не го сакам! како можам да се вљубам кога не го познавам! Одсекогаш сум обожавала љубов на прв поглед.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Малку пореално да погледнеме на работите. Кој културен и нормален човек дреми по цел ден на фб и манијачи слики од голи жени на истите коментира и се означува? Никој. Исто така не обожавам кога некој на фб ниту го знам ниту познавам од некое си место да не кажам какво ми пишува ај на кафе, да се запознаеме и уште какви не маабети без врска. Има лажни профили. Има силувања или пак ги тераат на проституација, има трговија со човечки органи. Да ги потсетам сите дека на фб се вртат и луѓе кои се занимаваат со такви работи и бараат жртви. Секој ќе стави убави слики на млад дечко и ќе си бара жртви на фб ќе зкаажува состаноци, кафе ова тоа и уште што не. Може ви звучам како некоја параноична тетка ама тоа е вистината. Затоа и на фб на тој новиот не прифаќам секого. И уште помалку избегнувам давање телефонски број, лични податоци, училиште,место на живеење на некој кој не го познавам доволно. Дојде такво време што ако ти сам не се заштитиш џабе ти е се. Ако некое девојче некој манијак успее да ја прелаже на фб и и го уништи животот се е џабе. Некој рече нели може во живо да ти направи така? Може ама тоа не е исто. Друго е во живо кога ќе видам дека почнува да врти муабети дојди на страна или да останеме насамо фино лепо ќе си се тргнам. А сосема друго е некој од фб да дојде со кола да ме земе и однесе незнам каде демек на кафе. Правете разлика. Во врска со последното неможев никогаш да сфатам како може да се вљубат во некој кој го виделе на фотографија. Да се вљубиш во нечиј физички изглед е само привлечност или симпатија. Додуша дојде такво време што и со години да го знаеш неможеш да му веруваш а камоли во животот да не си го видел.
     
    На mira.mira, Devojka20 и LadyInTheDark им се допаѓа ова.
  4. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Опасност од будали има секаде. Проблемот е што преку интернет..
    -Нема говор на тело. Не можеш да го познаеш дали се топи од срам или смислува на кој му требаше бубрег за пресадување.. :?:
    -Не слушаш глас. А гласот многу оддава, така? Одма знаеш дали е тинејџер што не знае што да ти каже или манијак со опаки намери.
    -Не го/ја гледаш во вистинско издание. Сакам да кажам, не може тука да проработат предрасуди бе.. Се е иделано.. А тие етикетите не спасуваат од еден куп неповолни ситуации, верувале вие или не.
    -Нема место за „шесто сетило“. Тоа е кога ќе видиш некој и знеш дека е опасност за тебе или едноставно „органски“ не можеш да го поднесеш. Нели, зошто би си трошел време со некој :puke: , или би влегувал во непотребна опасност..?
    -Стално може да се ескивира одговор. „Абе знеш, ми падна интернетот..“
    И што? Остануваме само на копираните пораки за добра ноќ, туѓи муабети, лажни слики, ни приближно блиски години и желбата нешто да се улови.. Без разлика за кои намери, а ги има еден куп, и не се сите толку симпатични... ]:)
     
  5. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Да така е!Ама има манијаци и кои не ставаат воопшто свои слики на фб а и презиме им нема а информации ич николку ни од кој град е апсолутно ништо!И мене еден таков ми пишува ај да се сретнеме на кафе,ова она,со колата ќе те земам..Абре мрднат!Со кој памет она го прави мисли дека секоја лесно се лаже?Епа си се заебал ГАДНО БРАТ!Јас не сум ни глупава ни лесна како што напоменав погоре..И не само тоа ми пратил негова безобразна слика на чат,лелее кога видов другатаа ден :o Абре го отерав упм :x Потоа почна и да се заканува МАНИЈАК!Го блокирав и еве го нема повеќе а и несмее да ми пишува,а и јас му се заканив дека го чувам разговорот и можам и во полиција и на кого сакам да го покажам за доказ :!:
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Добро, сеа вие сигурно нема да се запознаете или заљубите со некој што нема ни слика, ни ништо. Јас пред да се запознав, уклучив кам, и они мене, онака да видам дали е женско или некој си манијак:) И не е толку страшно да се најде некој на интернет, само треба малце пазливост
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Tи си машко и затоа збориш вака.
    Ама јас сум женско. И да видам дека од другата страна е личноста која се прикажува на фотографиите пак нема да отидам ниту на кафе ниту никаде, а уште помалку да му давам лични податоци. Лични податоци не мислам на тоа градот на живеење да го кажам неколку пати имам спомнато дека сум од Штип и тоа и не ми е толку битно Штип е толкав град, но да давам број телефонски, населба, улица, да кажувам го знам овој оној тоа е доста поопасно човекот и дома да почне да ме вознемирува, а јас нема да смеам да кажам од страв да не си имам проблеми и со моите. Не сум параноична ама пак ни несакам самата себе да се ставам во опасност оти дојде такво време шо ако сам незнаеш како да се заштитеш друг не очекувај да те заштити. Најреално може и дечкото од другата страна нема лоши намери пример ќе излезе на кафе, ќе позборуваме и тоа и тоа. Но поголеми се шансите тоа да биде некој манијак кој може да ми направи се и сешто, и на крај јас ќе излезам виновната оти самоволно сум отишла со него. И знаејќи го тоа не би го преземала тој ризик да излезам со некој од интернет посебно не на само.
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас околу мене имам повеќе примери за успешно воспоставени врски а потоа и брак преку фб конкретно. Секако дека треба да се внимава со каква личност се почнува комуникација ама ако добро му се анализира профилот ( датум на отварање, чек ин,пријатели, евенти) може да се заклучи дали се работи за фејк профил и нестабилна личност. Првата средба да биде на јавно место преку ден и во друштво, сами никако.
    Еве како една комшика се запозна со сега маж и: и стасала некоја порака со безвеза текст и му пишала на типот да не и праќа такви работи, овој само и вратил дека најверојатно е вирус ( или финта било:) ). После некој ден и пишал дали добива вируси уште, дрн дрн и почнале да пишуваат секој ден- 8 месеци. По долгите муабети утврдија дека втор братучед на дечкото е школски од средно на девојкава. Да не должам сега чекаат бебе:)
     
  9. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Никад не излегувај со некој што си го запознала на нет. НИКАД: Викни некоја другарка, и во некој пун кафич идете.
     
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Bokchee искрено да ти кажам најдобра другарка немам ама другарки вака ги имам многу. И неможам сеа една да викнам ако одиме веќе ние одиме во пакет сите едно десет души така да човекот и да има некои нечесни мисли со мене верувај во таа гужва нема ни да може.
    Шега настрана доста од вас овде ме направија заостаната сеедно и јас имам отидено во кафич со машко не е тоа проблемот и тоа сами двајцата на другарки начин пиевме сокче си седевме муабетевме и толку. И со него не бев којзнае колку блиска туку онака само се знаевме од видување оти училница до училница бевме и ко губевме час еднаш рече ај со мене таму и таму викам ајде. Тоа е веќе друга работа. Сакам да ти кажам ако одам јас со некој да се видам безразлика дали е на другарски начин или нешто повеќе јас не водам другарки. Но целиот проблем овде е што јас не одам со секого да се видам, посебно не со некој кој сум го видела на слика ваму таму.
     
  11. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.937
    Пол:
    Женски
    Можно е да се заљубиш во некој преку нет, ви тврдам од искуство. Нашето почна сосем случајно, од досада, но интензивно, по 8 часа дневно, година и пол. Мислам дека со никој во животот не сум имала толку теми за разговор, дека никој не ме разбрал повекје од него, после некое време и мислите почнавме да си ги читаме. Можеби е само занесеност, но чувството е многу силно, иако никогаш не сум го видела мислам дека го познавам секој cm на неговото тело, секое бело влакно, можам да погодам што мисли секоја секунда. И после толку време веќе воопшто не е битно како изгледа и дали ви пратил туѓа слика, вие се заљубувате во личноста, не во надворешниот изглед. Верувајте година и пол никој не може да се фолира. Јас одлучив уште на почеток никогаш да не се видиме зашто и двајцата сме во брак, имаме семејства, ова да трае додека трае и додека имаме потреба еден од друг и тој прифати. Значи не беше дека тој сака само секс со мене. Се поврзувате со личноста, на некој начин станува дел од вашиот живот, постојано ви се мота низ мислите, секој збор што ви го кажал го анализирате, во секоја ситуација го замислувате. Вложувате многу, време, мисли, го запоставувате семејството, се однесувате како да сте во вистинска врска, очекувате многу, а немате храброст тоа да го направите реално.Сега веќе не е како што беше, почнавме да се караме како маж и жена во брачна криза, секако дека ќе престане еден ден, ама никој не може да ме убеди дека тоа не е љубов.
     
    На Marossa и Devojka20 им се допаѓа ова.
  12. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    53
    Да не се лажеме значи. Прво машко-непознат кога ти приоѓа на фејс,пишува на чет и слично, неговата замисла и помисла се знае која е. Луд секс, авантура, секс и само секс. А дека ќе се вљуби тој во тебе некогаш на невидено? Никогаш. А единствената причина што останува со тебе на чет е неговиот очај и надеж дека ќе те заведе за да излезете. Тој и по толку години се надева, од искуство зборам. Се допишував и бев неразделна по 3 години со истите и си пишував со нив истовремено, а истовремено и си зборевме по телефони, си пуштавме камери. Нормално, за мене беше зезање, но за нив поинакво нешто. Ми кажуваа нон стоп, ми симињаа ѕвезди, као демек ме сакале, навака натака, никогаш немам поверувано во тоа. На оваа тема можам долго и долго да пишувам, особено за оние постарите што се. А од нет се немам запознаено, ниту пак планирам тоа во иднина. :) Пишувам инаку со еден дечко моментално непознат, другарски и тоа се знаеме како дишиме иако не се познаваме лично, ама ете одлучивме да си останеме во еден таков контакт, што на него тоа воопшто не му смета,прифаќа никогаш да не се видиме, пошто сум му била ептен интересна, а и он мене додуша. Ми се сфиѓа неговата некоја скромна искреност да речам. Секоја вечер било да дојде од забава, дискотека, секс-состанок, ми се доверува, исповедува и не знаете какви мисли перверзни и лоши мисли има кон девојките -наивни, со тие што си пишува, ми копира муабети, пошо многу им се смеам ја на девојките што паѓаат лесно на тие муабети од непознат коа ќе им рече дека ги сака. Ми дава слики да глеам, на скрин :) Бидете девојките со отворен ум кон нив машките непознати на чет и сл. Поставете се онака како што они сакаат да ве видат потајно, па ќе дознаете што мисли имаат и какви и најдобро ќе го запознаете машкиот ум. А за да поверувам јас инаку во ова пошто знае дека ќе се сомневам, дека не се само негови зборови, ми праќа нивни профили, муабети, абе се - буквално се. Како им закажува :) Ептен е луд. Затоа велам, мушко као мушко, цели кон една цел. ТОЛКУ!
     
  13. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.937
    Пол:
    Женски
    Се огласувам, 98 % од мажите сакаат секс и се ке направат да ве придобијат, но јас кога велам љубов мислам на она што јас го чувствувам, не она што тој ми го кажува и она што очекува или не од мене. Едноставно можно е да се заљубите во нечија душа без оглед на надворешниот изглед. Сум имала и јас нет пријатели, некои очекувале нешто, со некои сме правеле само муабет, и мене ми праќале разговори, слики од други жени, докази дека многу од нив го прават тоа за пари, и сето тоа смешно изгледа. Но неможеш да знаеш се додека не го почувствуваш тоа чувство, а тоа реков, никој неможе да ме убеди дека не е љубов.
     
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Е, ама ја отеравте. Ко виртуелна љубов да е посилна од вистинската.
    Посилна е, али само во ваши очи т.е. мисли. Дава простор „партнерот“ да го идеализираш и калемиш според твои замисли.
    Тешко ти било и нервозен си - ќе ти каже што сакаш да чуеш и готово, летај со мозокот колку е совршен.
    Реалноста со истиот може да е дијаметрално различна. Многу е подруго кога твојата нервоза влијае и во неговиот живот, ќе се нервира и тој, ќе тагува, ќе му скурчи од жалење, па ќе се скарате.
    Делите кров, финансии, тага и радост...сето тоа си носи сосема различен товар од гугуткање емотивни причи преку монитор. Нормално дека второво е полесно пошто другиов ќе те опсипе со вниманието кое ти фали, ќе се исклучите и продолжува реалниот живот. И што сменило тоа во реалноста?
    Ми се десило и мене де да ми се свиди дечко од пишување, ама да трошам месеци, па дури и години на некаков онлајн живот - не. Се знае - се запознаваш, даваш шанса, гледаш колку ви оди во реалноста и после или си останувате или секој по свој пат.

    Не се глупирајте, секс, мекс било само, може за такви сте магнет...а попалењаци и по дискотеки се лепат за тебе ако им е тоа намерата. Иначе нетов крие и фини луѓе што ете, ти пишале и може не сакаат ништо или се чисто за дружба. Некои од моите најдобри другари почнале од мсн и форуми, па не можам да си го замислам животот без нив сега. Ете, нит ме силувале, нит органи ми фалат.
    А тоа што многумина не можат да проценат лажен профил, задни намери и сметаат дека стварно им пишал нигериски принц за помош, е нивен пропуст.
    Пу, пу...испаѓа ко интернетов само ментални случаи, наркодилери и неебитис случаи да го користат. :worried: А и ние сме дел од него.
     
    Последна измена: 2 февруари 2015
    На КикиМаус, Priroden, ku4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Pluskoska

    Pluskoska Нов член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Мажот ми го запознав преку фб. :D Ама после неколку дена се договоривме, излеговме, се видовме, па по некој ден пак, и пак.... и така додека не стекнеш доверба полека-полека.

    Нормално ако сакате да се видите, ќе се договорите да се чекате некаде каде што има луѓе, и ќе одите во прометен кафич или ресторан. Ваљда одма дома не им се пикате па да ве силуваат манијаци.
     
  17. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    ke te nosim doma bre hej :bandit:
    po skopje zimet zeni :rofl:
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Може да се случи иако е ептен глуп начин.
     
  19. MilenkovPetar

    MilenkovPetar Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    imam 33 godini i sakam da najdam ozbilna zenska za brak jas sum od kavadarci
     
  20. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.499
    Пол:
    Женски
    пријави се во Домакине ожени се :lol:
     
    На КикиМаус и t-sweet им се допаѓа ова.