Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запознавање и љубов преку интернет

Дискусија во 'Врски' започната од LAVICA81, 16 јануари 2010.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Ако има некој канал како Јавна соба, треба секако да пријавиш, би требало да можат да ги најдат преку IP адресите или барем имаат надлежност да бараат.
     
  2. Imanny

    Imanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2019
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Ќе идам утре па ќе видиме што ќе биде
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. **prcla**

    **prcla** Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Mozebi ne e taka tuku tvoja poznanicka sto dava na nejzini poznanici
    Ja posle 20god slusam deka ova cudo e use vo funkcija
     
    На buba4e89 и aleksandrajaneska им се допаѓа ова.
  4. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Хм, таква не баш користена апликација и може да прави смисла да е слично со јавна соба. Или само да се префрлиле истото друштво. :puke:
    Или, можно е некој твој познаник/чка да се зафркава со тебе и намерно да се претставува во твое име за да те бараат.
     
  5. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не сум за.
    Се што е виртуелно може поинаков впечаток да остави од реалноста.
    И карактерно и визуелно.

    Јас бев затрескана во личност која испадна дека е скроз друго од она што се претставува. Многу е поинаку кога некој го знаеш во живо, можеш полесно да процениш каков е и дали навистина ти се свиѓа.
     
    На Nela678, ThiccFit и Konfetka им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.327
    Пол:
    Женски
    Не препорачувам, особено ако живее подалеку. Тешко е.. Во комуникација сум некое време со личност од друга држава, но воопшто ништо не е сигурно. Муабетите ни одат сосема природно и има двострано допаѓање, но тој не седи на Интернет секој ден, за жал или за среќа. Има можност во поблиска иднина да отпатувам до место што е блиску каде што тој живее, па рече дека би сакал да ме види. Но не е сигурно и не спијам на тоа уво, не се надевам на ништо за да не се разочарам повеќе на крај.
    Да не спомнувам и фактот што има голем ризик кога знаеш некој само онлајн да не е баш каков што очекуваш во живо (дури и на камера да се гледате), а и да е и да сакате тоа меѓу вас да успее бара голема жртва и компромис за едниот да отиде кај другиот или заедно на сосема трето место.
     
    На Ceci16, Hisha и sweet dreams ** им се допаѓа ова.
  7. Jane Doe.

    Jane Doe. Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2023
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    926
    На нет се упознавте, а?
     
  8. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Не се упознавме.
     
    На Jane Doe. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Виртуелно ако се заљубиш пред да го упознаеш е многу полошо јас уште пред да го упознаам сфатив дека лажно се претставува што значи бев заљубена у имагинарна личност што не постои. :envy:
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nela678

    Nela678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Не можам да се заљубам во некој без да го видам во живо, да ја почувствувам неговата енергија, да знам како мириса, да знам како размислува, како реагира на дадени ситуации,…
    Некако не ми е својствено да развијам чувства спрема некој што не го знам во живо
     
  11. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Паа заљубување и е малку тешко преку нет...може некоја личност да ти се допаѓа и макар и преку нет да се створи некоја хемија..тоа е далеку од заљубување....заљубувањето доаѓа после сето тоа...
    Така се запознавме ние со мојот преку тиндер...па на инста...па тел бр сменивме и сето тоа се одвиваше еден цел месец ако не и повеќе додека да излеземе прв пат на кафе и да се запознаеме ....и ете не сега заедно уште...
     
  12. паралелограмче

    паралелограмче Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Пред неколку месеци запознав еден дечко од друга држава овде на Балканот, не е важно хаха. Се запознавме преку видео игра и почнавме да зборуваме на voice call кога игравме заедно. За брзо време станавме пријатели и скоро секоја вечер се слушавме. Почнавме да гледаме филмови и серии итн. Не го правевме ова со цел да стапиме во врска (барем не јас, не знам која беше неговата прва цел), но често флертуваше со мене и ми кажуваше дека сака да се запознаеме лично. Се уште не сме си размениле никакви социјални мрежи или слики од нас, комуницираме главно на Discord.
    Пред неколку дена се договоривме да се вклучиме вечерта пак и да ја догледаме серијата. Му заѕвонив, не ми одговори. После неколку минути тој ми заѕвони и кога се вклучив прозорчињата од мојот и неговиот профил беа црни, наместо да ги имаат нашите профилни слики. Се зачудив зошто е така и видов дека тој всушност започнал видео повик. Среќа што мојот лаптоп има вграден покривач на камерата. Ја исклучив камерата и тој се закашла. Ми остави тоа некако непријатно чувство. За прв пат го завршивме повикот многу брзо.
    Имам проблем со верување на други луѓе и тешко се отварам кон нив. Не знам дали претерувам со реакцијата, но лично мислам дека е многу непочитувачки што се обиде да ме вклучи на камера без да ме праша. Се чувствувам како кловн што потрошив толку многу време овие месеци на него.
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.496
    Допаѓања:
    165.948
    Пол:
    Женски
    Обично пишува дека е видео повик само не си забележала. Можеби спомни му дека сакаш да знајш кога би се виделе на повик прв пат, а да не е рандом видео повик од негова страна, или дека можеби покомотно ти е прво да размените профили и дека не сакаш "изненадувања".
     
    На паралелограмче му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    12.990
    Пол:
    Женски
    @паралелограмче да, глупо е што така без да те праша и да се договорите почнал видео повик. Требал да пише и да те информира дека веќе е време да се видите па да дозволи и да ти даде простор и ти да се изјасниш дали си океј со тоа, a не да избрзува. Вака ко да те изигрува се испонашал, колку добра и чиста намера и да има, и ти и он треба да го сакате истото.

    Сега ме интересира дали уште ќе се дружите или ќе прекине контакт со тебе после ова, или ти ќе прекинеш.
    Фер би било да си кажете дали сакате да продолжите со ова или не и што и како понатаму.

    А дека поминале доста месеци ко што викаш, си стои тоа, он мислел дека треба следен чекор да направи и да се видите кој сте и што сте, што нормално е но пак ќе кажам и ти истото да го сакаш и да си подготвена.
    Иначе за ова, па сеа, не те терал со сила он да се дружите на тој начин, и тебе ти годело очигледно.
    Да сте сакале, ваљда до сеа би се запознале подобро и би се виделе уште одамна. И ти свесна и реална треба да си каква е ситуацијата.
     
    На паралелограмче му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    Си пишуваме веќе еден месец. Константно, по неколку часа. Одговараме веднаш на пораки и двајцата. Јас 30, таа 32 години. Спомнувам културно дека е време да се запознаеме. Еднаш прифаќа да дојде на театар. Не доаѓа, и притоа не пишува ништо. Пред неколку дена ми најави кафе за вчера. До вчера до 15 часот ми вика: Да да, се гледаме вечер. И ѕвонам кај 6 часот, за да одиме на кафе од 8 (како што бевме договорени), ми спушта телефон. Сакам да прашам - дали девојките, кога ќе наидете на фин дечко, знаете всушност што сакате?
     
  16. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Машки
    Да не се налутиш, ама... резерва си и` на таа.
    Од искуство, гарант пишува со уште неколкумина, интересно и` е, и бира со кого ќе излезе.
    На твое место, нема што да продолжувам комуникација.
     
    На Billy Idol, Tanjamm и Jordanco Smart им се допаѓа ова.
  17. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    Тоа е повеќе од јасно дека нема што да се продолжи комуникација. Само интересното е - ќе кукаат оти „никој не ги сака“ и после ќе завршат со некое говедо ко ќе наполнат по 35-40 години :D
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Знаеме што сакаме. И не сме сите исти, фала Богу, еве и јас како женско не го сфаќам таквото однесување. Јас си кажувам, ако сакам - сакам, ако не сакам - не сакам, не трошам ничие време, да се договорам со некој и да не се појавам е многу незрело и лошо. А да не е случајно лажен профилот? Или лажен профил или девојката тера мајтап.
     
    На Gosh, theowndemon, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    Не е лажен

    Почитувам девојки што знаат што сакаат во животот
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам дека пишува со повеќе па сака да си и резерва. Моментот е нејзиното игнорирање тогаш кога треба да дојде до средба, веќе договорена. Ако има повеќе додворувачи и не знае кој е најдобра опција, нема ни да се договара, само ќе се допишува додека не одлучи. Како што пишав, ако не е лажен профил, тогаш се зеза. Барем мене така ми личи ова.
     
    На eliesaab, Billy Idol и Jordanco Smart им се допаѓа ова.