Истото прашање имам и за машките. Дали вие знаете што сакате кога ќе налетате на фино девојче? Оти имам еден куп примери каде што и мажи не знаат што сакаат. Не генерализирајте и не ги ставајте сите во исти кош. Лош е начинот на кој се однесувала таа со тебе. Не троши повеќе време на нејзе, тргни се настрана и не ја форсирај за кафиња. Требало да ти биде јасно уште првиот пат кога те извисила. Твојот дел си го направил. Ако сака нешто со тебе, нека се потруди иако јас лично доколку некој ме извиси еднаш без да се извини подоцна и да ми каже причина зошто не се појавиле на дејт тешко дека ќе дадам шанса. А можеби и не и се допаѓаш, само не знае како да ти каже. Не ја оправдувам у никој случај.
Во денешницата недостасува искреност. Тоа не да ми е црвено знаменце, туку јарбол црвен ми е. Абре кажи си што сакаш, не ми го троши времето. Имам јас и попаменти работи од пишување со некој, а да ме војва натаму наваму
А зошто фино не ја прашаш зошто си игра мајтап со тебе Ајде речи и ко ќе се договориш сама со себе што сакаш тогаш пиши ми и барај ме за кафе
Баш така Највеќе мразам кога некој не знае шо сака и ти ги губи времето. Без разлика дали е машко или женско. Толку ли е тешко да кажеш што НЕ САКАШ во животот? Очигледно јас не сум за ова време...
Здраво, ве молам за совет… Пред 3 месеци ми пиша едно машко, не се имаме видено, од различни градови сме… иако два пати ме излажа дека ќе дојде ама ништо од тоа. После ми рече да сме оделе некаде заедно на неколку денови и јас му реков да одиме крајот на месецов или почетокот на декември и за тоа од тогаш ништо нема спомнато. Веќе почна и да не ми пишува и по 2-3 дена да го нема… а пишувавме 24/7 и на телефон правевме муабет… ве молам кажете ми некаков совет дали да му речам нешто и што или веќе и да ми пише да не му враќам… навистина ми е претешко, се навикнав на него…
Ако воопшто досега не сте излегле, не се оди веднаш некаде на неколку денови. Не го познаваш. Човек е едно на Интернет, друго во живо. Прв состанок е за да се запознаете, најдобро на кафе.
Не ми има пишано 3 дена веќе… почна и да не ми пишува, не знам што да правам, претешко ми е… секогаш е вака кога ќе се приврзам за некого…
Еве јас како машко да ти одговорам. Ако ти пишал дека ќе дојде а не дошол (и тоа 2 пати) и ако не ти враќа по 3-4 дена веројатноста е дека или ти пишал од заебанција/досада или пак пишува со повеќе девојчиња истовремено па си "нашол" некоја друга за занимација па се премислил. Добронамерен совет да не се приврзуваш со рандом луѓе на интернет бидејќи веднаш се гледа доколку некој е заинтересиран за нешто посериозно.
Значи сега најдобро ќе биде и да ми пише веќе да не му враќам, така планирам да направам… и тој ако сакаше досега ќе дојдеше еве веќе 3 месеци пишуваме.. саат и нешто има возење од кај него до кај мене… и јас мислам дека си нашол некоја друга од поблиску па се премислил…
@Herraa Мислам дека убаво ти кажа членот погоре. Не би требало да се врзуваш толко брзо со некој рандом луѓе. Веза преку жице не иде. Може на дечкото му е сфатено се ова на заебанција. И точно е тоа дека ако некој сака може се. И 12h да е возење ќе дошол. Така да најубаво е да го откачиш или малку да се изладиш со него, да си играш и ти на мајтап малку.
Не му пишувај и блокни го. Несериозен тип. Сигурно си бара(л) некоја само за забава. Можеби и му упалило кај друга девојка, па затоа тебе не те рецка. И не оди никаде со тип кој не го познаваш.