1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запознавање со родителите на дечкото, но и со вашите

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 14 октомври 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Речиси сите сме поминале низ овој макотрпен процес :rofl: или пак некои двојки наскоро го планираат. Запознавање со неговите но и вашите родители.

    Па затоа кажете ми како поминавте на првата средба со родителите на дечкото? Секако и првата средба на вашите родители со дечкото. Дали сите дечковци сте ги запознавале со вашите родителите и сте се запознавале со неговите или само при долга врска. Колку ваши момчиња запознале родителите?

    Се надевам на позитивни коментари иако љубомората на родителите може да предизвика и негативности.
    Сигурно има и некои смешни ситуации при првите познанства. Споделете ги :$
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Јас сум запознала два пара родители од двајца бивши дечковци.
    Првите беа фини луѓе, жената посебно беше на место. И единствената мајка на дечко што веројатно не ми најде никаква маана за нејзиното галениче. :D
    Вторите беа... |( Едни тивки, мирни демек, лирични, абре како на јајца да газеа. Не можев никако да се опуштам ни за најобичен муабет. Мразев да одам кај него заради тоа, бев постојано како на игли.

    Истите тие двајца дотични господа ја имаа честа да се запознаат со моите родители.
    Они ги бендисаа моите родители.
    Татко ми не бендисува никој од моите дечковци. :rofl: За него се сите лигуши, плачковци, папучари, смотаници и никој не е доволно добар. Нормално. :D

    Јас сум решена до судниот ден да не запознавам повеќе дечко со родители. Ниту сакам да запознавам нечии родители.
    Непотребно ми е, ме заморува, стресно, едноставно не сакам.

    Заедно сме веќе година дена, ниту сум ги запознала неговите, ниту он моите родители.
    Сме разговарале и решивме дека така е најдобро. Засега.
    Сме имале и двајцата лоши искуства од минатото. Можеби утре ќе раскинеме и јас сега треба да се објаснувам кај е , како е , зошто е. Истото правило важи и за роднини.

    Се' на се', свесна сум дека процесот наречен Запознавање со родители е неизбежен, но лично за мене е преценет и не ми значи апсолутно ништо, за разлика од други девојки кои се потресуваат и кубат коси да направат здраво-живо со идните свекор и свекрва. |(
     
    На eloves, Twinkles, nena2010 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас ни еден дечко немав однесено дома пред сегашниов. Го однесов него зашто ни стана сериозна врската и знаев дека тоа е тоа. Си имав речено дека нема да ги мкнам сите дома, туку само идниот маж :lol:
    Сум против такво влечкање на сите дечковци дома и запознавање со родителите.
    Имам една комшика што секој дечко дома го носеше. Ајде овој, па оној и можете да замислите каков впечаток се добива.
    И не сум сакала да одмам по дома кај нив. Се знае кога е време за тоа :)
     
    На Anastasia9228, GirlLove, Quenn и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Прееска почнав да пишувам мислење и го избришав,затоа што мислев ќе се начудите и ќе ме направите пуздер...
    Не го имам запознаено,иако сме во долга врска.
    Се зареков,после случајно запознавање на моите со бившиот,никогаш повеќе освен ако не стане пресериозно и се стави прстен на рака.Моите се такви,мајка ми се врзува за луѓе,сите ги оправдува,мене ме прави лоша (така беше со бившиот,чие однесување најмалку беше за оправдување),а татко ми е шеговит тип,ама од друга страна себичен кога јас сум во прашање.Според него мојот дечко треба да биде атлета,а воедно да има просперитетна професија,да биде фраер у душа,ама нежен со мене,е такво нешто не постои и само маани наоѓа.
    Имаше ситуација на улица Македонија кога случајно ќе го запознаев со татко ми,ама му реков,или фаќај шпринт темпо или мав ти е работа.И човеков убрза пред мене,јас се поздравив со татица и после ми вика,иииј татко ти ама фраерски изгледа,плус крупен човек...се подисплаши...така малку повеќе. :D
    Со неговите се имам запознаено,а исто и со на бившиот и тоа не по моја желба.
    Со на сегашниов случајно,отидовме да учиме во читална,а една жена се дере на шалтер си прави муабет со библиотекарката и човеков само се стаписува и вика мамооо...едно грдо како ми дојде и ај...подај рака.Бев сјајна и бајна додека не сфати дека на долго ја затеравме работата,па почна рогови да вади.А со татко му не се сеќавам како се запознав,ама факт е дека ме сака! :D

    Во секој случај,не сум за иди ми-дојди ми и чмаење по дома фамилијарно...не си одиме на гости еден на друг кога има други по дома.Рака на срце тој кај мене не ни доаѓа,а додека обратно може...
    Не сакам затоплени односи со родители додека навистина не стане многу сериозно.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    нити јас немав донесено некој пред овој :D зашто не сум ни имала сериозна врска!
    леле, првиот пат кога го донесов кај мене умрев од срам :$ се собрале сите мислиш се мажиме хахаха!но, еве колку време помина не можеме да се опуштиме да се бациме пред моите :$ не знам, и на 2цата не ни е пријатно! инаку, мајка ми е многу поврзана со него, си пишуваат пораки, се слушаат по телефон, камера итн... :) не знам, навистина многу го засака, секогаш кога ке се скараме, што е многу ретко, женава повеќе од мене се нервира и секира.... :D ми има кажано дека како тој што ме сака и цени, никој друг не би бил ваков, дека е многу добар, и да пазам да не направам глупост.. а мајка никогаш не греши така да и верувам! е сега, ни јас не сум била предходно кај некој дечко дома, нити сум запознала некои родители...

    мислам дека шок ме мавна, ке се онесвестев на лице место :D ја отворија вратата неговите, и ја :| прво ми беше многу срам, но сега се навикнав... ме имаат прифатено навистина, и мајка му и татко му ми се допагаат многу, со мајка му и пици си правиме, и пити, готвиме нешто експериментираме по цео дан :D фина жена е! ама некако со татко му сум поблиска :lol: поопуштено се осеќам со него воопшто не се срамам, додека пак за мајка му уште осеќам блага доза на срам :$ иако секогаш ми плете плетенки, ми купува поклончиња (тоа е можеби зашто нема ќерка) се уште сум здрвена! сега за сега е вака па ке видиме во иднина
     
    На srcekrsacka, anuskaNESTLE и Lady-Love им се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.424
    Пол:
    Женски
    Многу сум против за она запознавање- ќе дојде дечко ми, да се запознаете или пак да одам јас кај него за да се запознаам со неговите. Мајка ми има запознаено двајца дечковци. Едниот ми дојде на роденден, ама незнаеше кој е , ама другарка ми и го покажала. Другиот ми беше најдобар другар, па го знаеше уште пред да ми биде дечко. Тој со кој што сум сега го познава од дете, а несака да го запознае зошто не бил за мене. Од секој момак што сум и го покажала сфатив немаме ист вкус, а и ниту еден нема да биде доволно добар за мене. Така дури не биде официјално, нема дома :D
    Јас сум ги запознала на двајцата горе наведени родителите. На првиот само мајка му, сестра му и брат му, татко му никогаш не го видов. Им се допаднав многу, ама сепак нивното е подобро. На вториов ги познавав дека пре тоа другари и тие беа најсреќни кога станавме пар, јас бев ќерката што ја немаа. Секогаш за се беа од моја страна, не за друго знаеа што одгледале :D
    На дечко ми ги познавам неговите, од мала. Немам со нив некој муабет, освен добар ден , кога ќе си поминам по улица, ама не биле разочарани од него, кога дознале која му е девојка. Битно нема одење по дома, по слави, ручеци. Кога ќе ми стави прстен, ќе правиме се што сака.
     
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Мислев дека сум една од ретките која успешно ги одбегнува тие средби, ама гледам ве има повеќе. :)
    Одиме скоро 3 години, тој има само 2 пати дојдено кај мене дома, притоа со мајка ми имаат правено здраво, а татко ми е посебна прича, тој нема ќерка, така нема потреба да го запознава. И толку... дека сме мало место често ја среќава мајка ми на улица, ја поздравува онака од далеку со -Добар ден, но ракување и муабети нема.
    Исто и јас го имам истиот однос со неговите, луѓето се многу срамежливи и повлечени, буквално ништо не ги интересира, не се љубопитни ни која сум ни чија, секогаш му велеле - Која и да биде, ние ќе ја прифатиме. Живеат на посебни спратови, со посебен влез, па така иако веќе 2 години редовно одам кај него не се имаме сретнато. Тоа ми е навистина големо олеснување, бидејќи сигурно нема да ми биде угодно секогаш кога одам тие да ме пречекуваат и испраќаат.
    Имаме и двајцата ист став по тоа прашање и се согласуваме дека запознавања, заеднички ручеци, семејни собири и такви други ’’важни’’ манифестации ќе следуваат дури по свршувачка.
     
    На crazylady, richgirl998, Monchence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Лелеее, многу ми беше срам :$ . Со дечко ми одевме 4-5 години пред да се решам да одам кај него да ме запознае со неговите. Јас сум си срамежлива по природа, и кога ќе се усрамам, се блокирам и не знам да гукнам. Така и тогаш, па и тој уште и’ вели на мајка му: „Многу се срами“ - и јас уште толку :$ .
    Ама добро, после се опуштив, сега правиме нормален муабет, без да црвенеам... многу :D
    А тој со моите се запозна порано, и поприродно беше, дојдоа кај мене во друштво, па и тој беше претставен како другар :)
    А тој уште ме зафркава за мојата претстава, ми вели „Е никогаш нема да заборавам како ти се затресе гласчето“ :D
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ау не волку далеку :D моите родители се немаат запознаено со неговите... 2-3 пати преку тел се слушнале.. но верувајте мојата ситуација е многу подруга, и неизбежно беше да дојде до овој степен :worried:
     
  10. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    јас се знам со неговите,а и дечкоми со моите,пошто сме заедно 6год...се секавам како се запознав со мајкаму....не беше нешто планирано,онака прв пат отидов кај него..она беше на тараса и дечко ми и вика "мамо ова е девојками" :$ ја умрев од срам :$ и оваа онака ладна не се ни поздрави вика "ах баш да видам до кога,или утре ке донесеш некоја друга"....аууу во тој момент незнаев кај да се свртам :x со татко му не се секавам како се запознав,ама знам дека не беше "официјално" туку сигурно вака се случило "несакајќи" :) ...ее дечко ми долго време мислеа дека ми е "другарче од средно" :lol: ама кога видов дека ја затеравме работата кажав дома дека ми е дечко...и така...сега јас си живеам со неговите и кога одам,се најнормално здраво здраво,а сепак срам ми е и глупаво ми е така например заедно да јадеме или некаде "фамилијарно" да се собираме...ако јадеме кај него си јадеме сами у соба...он со мама така повеке си се "сака" и си праат муабет и се кога ке дојде кај мене,а со тато многу многу не се "мирисаат" :lol: ...а лично родителите меѓусебно не сме ги запознале и нема санси да ги запознаеме,здравје на свршокот :lol:
     
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    било је некад, не дошло до семејни ручеци и тн. ама беше претставен ко другар, ама со тек на време се сфати шо како, официјално запознавање и претставување немаше....
    Во скоро време неќам дома дечко некој да донесам... баш поради прашањата кај е, што е, што се случи од кога ќе го снема
    еднаш згрешив, вторпат дури коа ќе знам дека ќе се мажам за него ќе го запознавам со моите дома и ја со неговите
     
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас сум многу против запознавање. А исто и моите. Мој бивши, имаше доагано кај мене дома, моите и тогаш беа против, а зошто дознав кога се скаравме. НЕ треба многу запознавања, идими-дојдими, и слично за се си има време. Мојот сегашен дечко, во кој премногу сум заљубена, се има запознато со мојата мајка, и тоа од потреба, неминовно беше, и кај мене дома има дојдено само еднаш кога моите не беа дома тој ден. Јас со неговите се имам запознато, и се имам видено неколку пати. Воопшто не ми е пријатно, се срамам, и не сакам такви средби иако лугето ми изгледаат многу кул и пријатни. Не мислам дека им имам оставено убав впечаток, зошто гледав многу да не отварам уста, само ако ме прашаат нешто (можеби грешка од моја страна, кога веќе дошло до тоа) Воопшто не поддржувам такви работи, ако е пишано кога тогаш ке си дојде и до тоа. Доагања дома и официјални запознавања, само со прстен на рака. Мислам дека така е подобро, и дека важни е ние да си се допагаме и сакаме, отколку да не одобруваат родителите.
     
  13. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Јас сум во многу долга врска така да тоа запознавање со родителите се случи многу одамна.Порано дома никогаш не ни зборував за дечковци,ама кога тргнавме со овој тој дојде кај мене на гости со еден заеднички пријател и нормално само се поздравија со моите,од култура само.И после ме прашаа дали тоа е дечко ми и се беше јасно.А исто и јас неговите ги запознав при обично одење на кафе кај него,така да немаше некаква драма околу тоа.Но немам некоја голема близина зашто сум таква по природа,тешко се зближувам со луѓето,така да кога одиме еден кај друг поздравуваме само онака со здраво,како си,а потоа најчесто не седиме заедно со нив.
    Едноставно мене не ми пречи што одиме еден кај друг и тоа често се случува :)
     
  14. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Родителите ги имам запознаено само со сегашниов дечко , а тогаш одевме само 4 месеци. Прво јас отидов кај него бидејки сме од различни градови, после он сакаше да дојде кај мене. Не ми беше тоа многу по кеиф , од проста причина што татко ми е строг родител, ама на мое големо изненадување, се помина во најдобар ред. До ден денешен идам кај него и тој кај мене, за разни семејни собири, иако сега живееме во трет град заради работа, смешно е малку што и по 8 години моите и неговите не се познаваат и со нетрпение го очекуваат тој ден. Се надевам дека наскоро ќе се случи :)
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Запознавање на моите со дечковци? Никако! Исто како што ни јас не сакав да се запознавам со родителите на дечкото што ми беше во моментот.
    Прв дечко што сум го донела дома е мојот сопруг, затоа што знаев дека тој е ТОЈ, и не мислам дека имало потреба со бившите да ги запознавам (како што ги менував на периоди :wasntme: ) и да им правам збунки на моите. А знам дека мојов сопруг сите девојки дома си ги носел :lol:
    Неговите родители ги запознав на слава, само после 10 дена откако почнавме да излегуваме, а тој моите ги запозна после пет месеци (после периодот што го поминавме разделени). А моите и неговите се запознаа на денот кога дадовме збор.
    Не оправдувам запознавање уште од почеток на врската, кога ни самите не знаеме што сакаме и што очекуваме. Сепак, нема смисла да ги запознавам со некој со кој што не знам што ме очекува во иднина, а нема ни смисла да си создавам и себеси и на моите дополнителни нервози.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717

    Анна не можам да ти пратам ЛП?Ајт зиртни во темата seks/dali-sum-bremena-t424/780.html#p221722 и одговори..
    Сори за офф топик


    А за темава, запознавањето со неговите родители и тој со моите беше спонтано, непланирано, но се беше во најдобар ред.
    Моите родители и неговите се запознаа случајно, најнормално се поздравија, се претставија..
    Наредното видување ке им биде во блиска иднина :)))
     
  17. lolilolitta

    lolilolitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    jas isto taka se sramev prviot pat ama pomina se vo najdobar red
    [mod-kirilica:2wj58bbt][/mod-kirilica:2wj58bbt]
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Не мора да се правдаш за работите кои ти се случиле во врската само затоа што поголемиот број феминки размислуваат спротивно од тебе ;) Секоја врска е различна и посебна на свој начин, уживај си во својата и немој да се каеш за некои свои постапки само затоа што другите не размислуваат како тебе!


    Инаку ај и јас да се изјаснам на темава.
    Па значи по природа сум ... ДИВЈАК :rofl:
    Ми требаа години за да ми се намали срамот од неговите родители. Идев уште првиот месец кај него дома, не често ама сепак влегување од влезна врата и како најголем руски шпиун директно во негова соба и никако неговите да влезат, не смејат :lol: . После 2-3 години убаво се запознав со неговите, посебно со мајкаму, сега доаѓа кај него во соба си муабетиме, ама ништо посебно, ни ручам со нив, ни седам со нив, ни помагам... а со татко му едно здраво си имам, многу мирен човек е, сеедно му е вајда за мене :D Иначе 6 години идеме значи други познанства со родители немам.
    А со мајка ми се знае од неколку години, али почесто почна да ни доаѓа на гости последнава година и супер е. Моите се позборлести, се зезаме, некад и седиме заедно, еднаш бевме и заедно на ручек, ама како и да е татко ми не го мириса многу :lol:

    Пред година дена му беше роденден на брат му и сега послужуваат дечко ми, брат му и мајка му а јас си седам со друштвото и ич не ги рецкав и само една од девојките на другар кога тресна пред сите ,,А ти зашто не им помагаш или барем кафе да свариш 100 години доаѓаш тука?" Ја у земја пропаднав, |( aли дечко ми ме извади на зафрканција дека има време за тоа. Ми доаѓаше да и речам ај глеј си твоја работа. Се знае кај нас он вари кафе кај него и послужува јас кај мене. Ама што да објаснуваш на луѓе кои мислат дека како што тие постапуваат треба и ти... ама тоа ти е. Секогаш се вадат мубаети за се и сешто.
     
    На richgirl998, LightBlue и girl1985 им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас досега сум запознала 5 дечковци со моите родители. А се имам запознаено со родителите на повеќе. Незнам колку точно. Секогаш имав подолги врски и некако неизбежно ми беше, а и искрено не се заморувам, што ќе мрзнеме надвор некаде ќе дојде кај мене или ќе отидам. На моите ништо не им менува, ниту пак ми забраниле.

    Кај дечко ми почнав да одам дома уште од првиот ден. Се договоривме да излеземе и дека требаше многу доцна, ми рече да дојдам кај него па ќе излеземе. Истиот ден почнавме врска.
     
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Понекогаш стравувам дека мајка ми го сака повеќе од мене :?:
    Тој е тип кој секоја девојка би ја однел во постела , кај него дома ..но не и кај неговите.
    Уште пред врската да ни стане доволно сериозна , инсистираше да ја запознае мајка ми , јас да бидам посредник , или работата ќе ја земе во сопствени раце , како што ја земаше одговорноста кога одевме некаде подалеку без и кажам каде сум и со кој сум се додека здраво не запне па се вадам со бедни излитени клише изговори.
    Не станува збор за свечена вечера со предходно непотребни подготовки , нервози и кубење коси пред средбата , скриени стравови и стрес.Бевме на поминување , го грабнав за рака , го пикнав кај неа на работа и му реков тоа е , еве, се помина добро.Недела дена подоцна си викаа зете и бабо , по еден месец беше полошо тој беше сине а таа мамо. Која иронија, си велев |(Не е таа виновна едноставно тој лесно се пика под кожа , сон е на секој возрасен , ќе ја изеде цела супа , ќе има добри оцени , не се нервира во друштво на пензионери и редовно одговара на прашањето - А ти чиј си |( ?! Вреден и чесен , на мрава не гази , културен и со селектиран речник во друштво на"туѓинци". Тоа иди ми дојди ми си го имаат скоро секој ден. Збор два или само два за татко ми ( не се запознаа ) : изолиран од светот |-)
    Јас со мајка му ненамерно и непланирано се запознав уште првиот ден. Типката е откачена до даске. Не глуми тинејџерка со задоцнет пубертет , едноставно е тоа што е , искрена, фер , забавна , строга , луда, на моменти невозможно и е да го сокрие детето во себе. Нема предрасуди и не се држи строго кон традицијата . Тоа беше љубов на прв поглед :D Како што врвеше времето се повеќе се зближувавме. Некое време и викав мамо ама и на двете ни стана досадно и ја научив да се одзива на сите вариации на нејзиното име за пример : Росалинда , Роуз а после си пуштив душа и безобразно ја нарекував со порно имиња - секси , дун*е ,лолита :rofl:
    И таа не е ништо подобра ниту покултурна , ама ја сакам таква мајке ми :rofl:
    Брат му е срцка , очувот исто едноставно се пронајдов покрај нив , се чуствувам како да припаѓам таму , моја раса луѓе. Сите сме благо ретардирани на свој начин , јас не познавам семејство со двајца возрасни синови по дваесет и Х години , мајка и татко по четириесет кои играат криенка во двор на полноќ . Кога сме на плажа тоа е приказна за себе , сите зјапаат во нас. Излегуваат на пица и се кладат по десет евра кој ќе прдне во јавност . Не ни е целта да сме новата генерација хипици ниту пак сакаме да сме центар пажња , едноставно не глумиме снобови , ниту пак ги сакаме оние што сакаат да бидат тоа што не се.Во кланот со тек на време ја прибравме и мајка ми , сега сме големо издувано семејство :tmi: :rofl: Не се црни овци , целото нивно пошироко семејство го носи тој луд ген!
    Животот постојано не тера да сме сериозни , и треба да се придржуваме до неговите правила и норми но понекогаш вистинско задоволство е да побегнеш од секојдневието ..со нив :lol:
     
    На richgirl998, vlubena, hunny-bunny и 2 други им се допаѓа ова.