Запознавање со родителите на дечкото, но и со вашите

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 14 октомври 2010.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми беше еден вид на шок!
    Си се слушнав јас со дечко ми, вечерта дека ќе одам до кај него. И ме собира тој, седиме во кола и наеднаш ми плеснува во фаца дека цело негово поблиско семејство се кај него дома. Е баш тогаш најде да ме викне?! :fubar: И враќање нема...си влегов јас, се запознав со сите по ред, а само Господ знае колку се препотив цела. Во фацата бев патлиџанче! И помина тоа, фала богу, и на тоа си остана. Само фирмалности, за повеќе...има време.
    И тој се има запознано со моите. Најпрво со мајка ми, зошто често е кај мене, порастеретено ми е дома. А скоро го однесов и кај татко ми ]:) И гајле ми е!
    Прв дечко ми е со кој сум посериозна, башка подолга врска...иако не е нешто што мора да се направи, не се каам што се имам запознаено, ниту тој.
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.679
    Едноставно нели... останав без зборови... Браво :* особено за оној луд ген :rofl:
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  3. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    388
    Со оглед на тоа дека сме многу време заедно,ги имам запознаено неговите родители и тој моите.Јас неговите попрво ги запознав,иако кога ги запознав не одевме многу време 3-4месеци.Едноставно тој ми рече сакам да доагас кај мене,зошто да мрзнеме на студено.Прво ми беше незгодно и се срамев но се опуштив.Неговите родители се фини и осетливи луѓе, не се наметнуваат што е најважно.Тој со моите родители се запозна после една година.Јас се плашев како ќе реагираат и како ќе го прифатат,но се добро помина.Има почит меѓе нас што е најважно,инаку не се премногу со родителите оптоваруваме бидејќи и двајцата сме за самостоен живот.
     
  4. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.997
    ...Ако по некое време ти станат свекор и свекрва ке ги гледаш цел живот нема потреба од претходни нервози,поштеди си се:))))

    Јас искрено сум сепак за запознавање со родителите кога навистина би дошло време за тоа,уживајте си двајцата и едноставно оставете ги тие работи за моментот кога ке решите да правите некој позериозен чекор.Јас сум во врска две години,од пред некој извесен период живееме заедно и дури пред некое време ги запознав неговите а планираме да организираме средба со моите наскоро.

    Сепак на некој начин направивме малку поголем чекор и мислам дека беше време да дојде до тој чин,а од претходните врски ни сум сакала ни пак сум се запознала со неговите и од сегашна гледна точка мислам дека сум направила одличен избор. :*
     
  5. Sunshine13

    Sunshine13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Devojki, imam eden problem, znaci so decko mi sme godina i pol zaedno, problemot e sto jas nemam problem da go viknam pa makar i moite da se doma, a toj dosega niednas me nema viknato koga se negovite doma. Ne sum tip na covek sto mislam deka treba da ima ne znam kakva bliskost uste od sega so negovata familija ili toj so mojata, ama sepak ne pravid ase cuvstvuvam ubavo koga me vika samo koga e sam doma...Kazeete mi mislenje? Dali misliste deka treba da porazgovaram so nego na ovaa tema i da go prasam zosto pravi taka?? falaaa :)
     
  6. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто не сум против запознавање на родителите, но да се разбереме јас да се запознаам со неговите и тој со моите родители, но никако запознавање на неговите родители со моите :fubar: нема шанси :x што ако еден ден раскинеме?! и што треба, кога ќе се сретнат неговите и моите да свртуваат на друга страна, да им е срам да се погледнат на улица? NO WAY. инаку јас кога се запознав со неговите уште не ни бевме во врска, а тој моите мислам дека ги запозна во првата или втората недела од врската :lol: и фала богу веќе две години сме заедно.
     
  7. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Не благодарам :!:
    Додека нешто не стане формално,едноставно несакам...ич не ги сакам таквите запознавања,идења на ручеци и правење мили фаци :puke:
    стварно некои не ми с е јасни кога одма ќе фатат дечко се упознаваат и си одат на гости :wasntme:
     
  8. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Мајка ми го знаеше дечко ми од дамна. Вчера го запознав и со татко ми. Супер поминавме, седевме кај мене пивце, муабет и таке. :)
    Инаку и јас не сум за запознавање со родителите и со моите и со на дечко ми, но не на почетокот, веќе кога станува посериозна врската зошто да не. Секој родител сака да знае со кого му е детето, така се помирни. :)
     
  9. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Јас сум многу страомодна во тој поглед :^) ! Нема одење по гости кај неговите нити кај моите! Ни тој пред мене претставувал девојки пред своето семејство нити пак јас сум носела дечковци на гости кај мене! Но во долга врска сме,па тоа ,,запознавање,, повеќе не можеше да се одложува! Нашиот однос (мојот со неговите родители) е сведен на чисто случајни средби,кога само едно здраво ќе се каже и толку! Запознавањето со неговите беше во една неизбежна ситуација,дури како што се сеќавам се испонашавме како веќе да се знаеме па ги прескокнавме тие формалности ,,јас сум Мина и мило ми е што ве запознав,,
    Нити пијам кафе со неговите кога одам кај него, всушност ги избегнувам средбите :lol: Си влегувам во нашата соба а неговите не влегуваат таму! :lol:
    Дечко ми пак има малце поблизок однос со моите, а ги има запознаено случајно уште во почетокот на нашата врска! За разлика од мене тој е во поблизок однос со моите родители, и моите се позборливи луѓе па мислам дека доволно го опуштија!
    Значи класнично запознавање немавме ни двајцата,се беше случајно,и мислам дека така е подобро! Многу напнето ќе се осеќав ако требаше да отидам дома кај него,каде ме чека неговото семејство за да ме запознае! Затоа оставивме на случајност и добро излезе 8)
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.315
    Неговите ги запознав прв пат после година и нешто врска, на негов роденден.Оттогаш ги имам видено уште 4-5 пати и секогаш било по повод роденден, свадба и некој сличен настан.Многу се срамев, особено првиот пат, следните бев поопуштена, ама како и да е не сакам да одам на кафиња, ручеци и слично ако нема повод.Има време за тоа :D

    Моите го запознаа на мојата матура и оттогаш го немаат видено, а и нема да го видат додека не стане посериозно.Не сакам воопшто такви зближувања он со моите, јас со неговите или уште полошо моите и неговите :x
     
  11. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    Тој моите ги нема сеуште запознаено,и не планирам во скоро да ги запознаам иако одиме година и осум месеци.Но јас неговите ги имам на минатата нова година.Си немаме кафина,седенки.Само ко ке се видиме дали случајно или кога ке одам кај него здраво како сте и тое.Така планирам и да остане за скоро време.
     
  12. Devojkataaa

    Devojkataaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Средба со мајка му

    Сакам да ве прашам за совет како да се постаам правилно пред мајка му утре треба да се запознаеме.со оглед на тоа дека тааа е од друга националност и малу повозрасна жена помошш
     
  13. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    65
    Средба со мајка му

    едноставно...биди тоа што си... ;)
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    6.195
    Средба со мајка му

    E да бе, ако прди и ако плука кога е сама,ако е малку налудничава,таква ли и пред мајка му да биде? :D
    Пример давам само.

    Е сега...биди така поприродна,немој да и глумиш фина,златна,да и се смешкаш и да бидеш цветич.
    Ако те праша нешто,одговори,па допрашај и ти нешто,да не бидеш ептен молчелива.
    Немој многу нападно да се облечеш,или шминка да лупнеш,помалку е повеќе. :)
     
  15. Devojkataaa

    Devojkataaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Средба со мајка му

    хаха благодарам баш ме насмеам не лудувам кога сум сама поентата беше дали да се опуштам предвреме да не ме свати погрешно бидејки по природа сум муабетчика се надеам нема да и досадам
     
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    6.195
    Средба со мајка му

    Ти прво молчи си,од кај знаеш таа каква е :lol:
    Ако ти почне муабет,почни си и ти,па муабетете си,може ќе ви се погоди разговорот. :lol:
     
  17. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    291
    зборувам за сегашниот: кога требаше да дојде кај мене да се запознае со моите а вооедно и да каже дека сака да почнеме заедно да живееме ми рече дека е возбуден и му е срам ама сака да го направи тој чекор од поштовање...откако дојде после 15 мин.го осетив дека е опуштен веке и стварно така бидна на крај со тато и до пивце стигнаа ( дека пред тоа сокче си рече детево ) и до сериозни теми за разговор...

    После еден месец ред е на мене да се запознам со неговите...но како? Срам до нема каде...иако секој трет ден звонеа да не повикат на ручек и да не прашат како сме ние само велевме ок ке дојдеме и така цели 30 дена само идевме а никако да стигнеме....кога стигнавме пред улазна врата ја му велам на мојот: златце сеа ми е јасно како ти е било тебе хихихи влеговме се запознавме и кога после пола сат слушнав од татко му: снајке? Ке се онесвестев-ама од срам


    Дечко ми убаво им кажал намерите какви му се,а човекот одма си се стави во улога на свекор...уште не ми е а секогаш ми се обрака со снајке :) мајка му почесто на име ама е прекрасна жена...е додека брат му е таков опуштен тип кој пред друштво ништо чудно да каже: снајчиче....
     
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Ако за нешто се каам за мојата мината врска, тоа е моето запознавање со родителите на бившиот.Лугето беа супер нема што, ама се каам затоа што не сакав да го направам тоа, (знаев на каде води нашата врска), а пак го направив за нечиј ќеф. Така да ако не сте спремни и сигурни женски немој да го правите тој чекор, ќе си се спасите од многу непријатни средби во иднина. Ко моите денес :lol:
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    566
    ауу, па тоа било срамење......Хахах како само слатко ми се смешнуваше, ова гушкалово мое. Лелеееее....Здраво ја сум таа и таа и ајт у соба. Ми беше срам до ве це да отидам да не ме видат. Тој се знаеше со мајка ми од предходно. И да ви кажам, многу ми е мерак, ептен е опуштен, ко со своја мајка да си збори. Па уште и двајцата против мене се здружиле..Абе да ти е мерак од страна да ги гледаш.
    Е сега и ја полека почнав да се опуштам. Последниот пат, мајка му вика иди избричи се, он вика не...Му викам не те сакам ваков, и нема да те бацувам додека не се избричиш, и тој се смее ме гушка и ме бацува...тука пред мајка му. Уф маки мои, ама мене ми се допаѓа така.
     
  20. annatundzeva

    annatundzeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Girls heeelp :( ..... so dechko mi sme zaedno veke 7 meseci no jas nemam kazano doma na nikomu i resiv da im kazam no stom padne tema za toa moite uporno mi velat deka sega ke odam 2 godina gimnazija i seuste treba da se obratam na ucenjeto :sweat: i nikako nemam prilika da im kazam a veke i neznam kako :^) ..... ve molam dadete sovet kako da im kazam (potocno da i kazam na majka mi)
    [mod-kirilica:z75mgjkw][/mod-kirilica:z75mgjkw]