1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запознавање со родителите на дечкото, но и со вашите

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 14 октомври 2010.

  1. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Јас се запознав со неговите по еден месец од врската беше студено и ми вика зошто да кисниме и да замрзнуваме и така јас во 10 на вечер си одам кај него дома го гледам татко му свири на гитара и јас му викам само здраво и си заминувам :lol: и мајка му влегува и вика здраво па таму имиња не знам што а пак дечко ми вика ајде кој ќе вари кафе свекрвава или снаава и јас вака |(
    хухухух ме устрами тогаш многу
    и до тогаш одевме дома кај него но поретко мене ми беше страм а сега еве одиме 1 и 4 месеци и од зимото скоро секој ден сум јас кај него се чуствувам онака опуштено како дома да сум :) А тој моите ги имаме стретнато и така се има запознаено а кај мене има идено само кога ќе нема никој :D И не сум баш против запознавањето јас кај него можи ама тој кај мене да иди и да седи со мајка ми и татко ми муабети да си права после година две :lol:
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Се знам со неговите, и тој се знае со моите, веќе некое време.
    Кога јас се запознавав со нив, неможам да кажам дека имав трема, не се ни срамев, ни ништо... Често одам кај него и неизбежно беше да се запознаеме. Фини, културни луѓе, можеш да разговараш за се и сешто со нив. Сепак внимавав што зборував, и мислам дека им оставив добар впечаток.
    А кога дечко ми се запозна со моите... Јас им имав кажано за него, и сакаа да го запознаат. И се си течеше најопуштено, муабет, смеење... :)
     
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.366
    Пол:
    Женски
    Па со моите родители дечко ми го запознав во првите месеци од нашата врска . Ми дојде неколку дена на гости . Незгодно му беше премногу , јазикот не ни го разбира кутриот чека од мене да му преведам :D :D :D Ама убаво си помина. После јас ги запознав неговите родители заедно ручавме јас мислам дека понезгодно во живот не ми било ... ама после се навикнав на нив и они на мене и така убаво си комуницираме :D
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Прво јас се запознав со неговите, а потоа тој со моите.
    Се случи спонтано, не беше некое официјално запознавање на вечера или не знам ти што. Едноставно јас додека бев кај него дојде мајка му и се запознавме, а после некое време се запознав и со татко му.
    Со неговите сум во одличен однос, убаво се сложуваме и се фини спрема мене. Не еднаш сме пиеле сите заедно кафе и се ептен опуштени во мое друштво. Дури и кај баба му и дедо му имам одено на гости, па пуста жена гладна да не ме испрати дома, се скапа нудејќи ми колачи и торти :D
    А мајка му е циркузи, некогаш знае да ми се јави на мобилен и да ми рече: Не му кажувај на малиов дека сум ти се јавила, ама он само по џемпер излезе, јакната сигурно му е во кола. Ти земи му ја, и нагрни го демек го гушкаш :D :D
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    во мојот случај немаше потреба од запознавање, од причина што јас ги знаев неговите а и он моите, уште пред да бидеме дечко и девојка
    не дека којзнае колку ги знаев јас неговите, и он мајка ми(бидејќи со татко ми добро се познаваа),ама немаше ништо посебно,освен кога им кажавме дека сме заедно :angel:
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ако негде низ рестораниве или излетничикиве места видите а богами и слушнете 4 човеЦи двајца на возраст од 42/43 и двајца 20/21 во парови, како се дерат пријдете да се запознаеме, нашете викање не е ништо страшно зошто „Ми са Балкана се не деремо, ми тако причамо“ :rofl: .

    Со родителиве на Петко се запознав спонатно, не беше она официјална вечера или слично, туку јас мајка му ја запознав на нашиот прв состанок. Нека не ви паѓаат на памет луди идеи веднаш, бевне на вториот спрат (сега нашиот спрат) каде Петко правеше забава со друштво, јас сакав да се симнам да ја запознаам неговата (сега нашата) лепотица Бела, притоа мислејки дека неговите во 12 навечер спијат па ќе ја избегнам таа средба. Си симнавме а мајка му во тој момент поминуваше низ ходникот си кажавме само „Здраво“ и на тоа остана, немаше поблизок контакт, иако да признаам јас сум и оставила посебен впечаток, онака како појава.
    Но тоа на тоа остана, потоа почнав да доаѓам кај нив (сега дома :rofl: ) како колешка на Петко, за да „учиме“ заедно, работава беше повеќе од јасна дека учиме Анатомија а не политчки предмети, но како год.
    Со татко му исто случајно се запознав со тоа што, јас секогаш кога бев во нивниот (нашиот) дом никогаш не седевме со нив туку кај Петко во соба. На доаѓање и одење имаше само по едно „Здраво, Добар ден и Чао“.
    Потоа почна нашата врска да се уозбилува, а јас се повеќе време поминував таму, па спонтано се случуваа напочеток куси муабети, па кафиња, па ручеци и сл. едноставно тоа не можев да го избегнам.
    Бидејќи одевме постепено, јас бев се повеќе и повеќе опуштена, без срам а богами и влакна на јазикот, од причина што несакав да создавам некоја лажна слика за мене.

    Што се однесува на мајка ми и брат, морам да признаам дека Петко е втор дечко кој воопшто дошол кај мене дома и се запознал со нив. За запознавањата иницијатор беше мајка ми, со бившиот од причина што тој беше 3 скоро 4 години постар од мене, а јас имав некои 15-6 години и одевме веќе неколку месеци и сакаше да види со каков човек имам работа.

    Инаку мајка ми е многу чуден човек, можеби и не е многу образована, културна и сл. но има таква способност да процени човек и карактер по само видување. После половината час кој бившиот ги помина кај мене ми кажа дека јас со тој нема да издржам подолго од година до година ипол, и дека не е за мене. Беше потполно во право.

    А со Петко сакаше односно инсистираше да го запознае зошто јас сепак кај него поминував цели денови и ноќи, и беше јасно дека не учиме и сакаше да го запознае тој фамозен колега. Дојде Петко се запознаа испија по едно кафе и некоја ракија, доволно за мајка ми да донесе заклучок дека е супер, и физички и карактерно што со бившиот не беше така ниту во едното ниту во другото.
    Со брат ми се запозна нешто подоцна, и морам да признаам дека нивната комуникација сега е поинтензивна и поблиска отколку нашата сестра-брат, но ако тоа ми прија.

    Што се однесува на запознавањето на родители со родители, брат и претходно ги запознам родителите на Петко, но мајка не сакаше, се до почетокот на 2011 кога ми кажа да им пренесам покана за ручек, дојдоа неговите, после неколку дена и моите дојдоа кај нас и уствари тогаш беше вечерата на која јас и Петко им соопштивме дека сакаме-планираме да се вериме.
    Сега си имаат иди ми-дојди ми но е оправдано, сега се веќе сватови :rofl: .

    Искрено сите останати врски што ги имав без разлика на времетраењето, кое морам да признаам беше многу кратко сепак по секоја цена избегнував такви блиски познанаства со мајки, сестри, стрини, вујни.
     
    На richgirl998, HeelsLover и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.985
    Секогаш сум била против запознавање со родителите, од причина што ниедна врска не била толку многу стабилна (сум имала долги врски, но годините си го носеа своето), но последниот дечко, јако ме намести, иако одевме до тогаш само еден месец.
    Бев фина културна, Здраво, здраво, прашања од типот каде учиш, што учиш, каде бевте вечерва каде шетавте.. и оп по пет минути- ШТО работат твоите?! ?!
    Кажав, што кажав, (иако мислам тоа немаше потреба уште на прво запознавање да се праша, али ај) но многу ми смени тоа. Ако дотогаш ги гледав како Родители на мојот дечко, со кој сум кратко време, сега ги гледав со немир некако, зошто тоа ме прашале?!, зарем им е битно?! За тоа треба време а не пет минути после запознавање... Денес не сум со тој дечко (имало среќа, се испостави дека тој воопшто не е за мене, и дека истите тие што ми створија немир ми ствараа немир подолго време), но мислам дека ќе помине уште долго време пред да направам такво нешто (запознавање) со нареден дечко!
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Запознавањето родители треба да биде кога сте во зрела и цврста врска а не одма се бакнале и родителите да ги запознаат |( . Јас ги запознав родителите негови и тој моите па ми изгледаат фер луѓе , не ме мразат , ме сакаат исто како да се мои родители :talk:
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Јас моите родители ќе ги запознаам само со мојот иден сопруг ако некогаш се мажам, иначе нема шанси |( |( |( уште се во дилема дали се имам залапано со некој |(
     
  10. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Девојки ми треба помош.Како да му докажам на дечко ми дека моите не сакаат од сега да го запознаат.Значи не е до него проблемот,туку не сакаат јас на 18 години да им носам дома дечко.Со него одиме скоро две ипол години.Јас неговите ги знам и се тоа,али со моиве оди потешко. Тој има сватено дека не сакам со него озбилна врска и дека не сакам да го запознаам со моите. Ги разбирам и моите по што не се некој современи родители па секој кој стасал да им ко носам дома како мој дечко.А до негде и него го разбирам...ауу не знам више што да правам....
     
  11. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Моите ги немам запознато со никој мој дечко,па не ни знаеле.Само сегашниот ми дечко го знаат,онака од слика и од далеку го имаат видено.Иначе јас се имав запознаено со родителите на бифшиот,за жал ме изневери и се скаравме.А имаше толку добри родители што премногу ме сакаа,мајка му само бара начини да не смири,ама тоа помина..Со сегашниот ми дечко одиме сериозно и се имам запознаено со неговите родители.Кога појдов бев уплашена :lol: А мајка му кутричката спремала вечера и 9042384913 чуда,и кога појдов ништо не каснав од срам а и немав апетит,ама кога ме носеше со колата дома ми закркорија цревцата и мораше да ми купува сендвич. :lol:
    Цела фамилија му нема мана,од добри предобри се.Ептен си ги сакам,особено мајка му,абе сонцка е.Татко му сериозен,озбилен човек ама со мека душа,потсеќа на татко ми.Сега одам барем еднаш месечно и си немам срам,со мајка му си правиме разни муабети,си се смееме,шала све бидува,а кога зборувам со татко му сум сериозна :geek: . И така :)
    Јас не сакам да иди дома,срам ми е од моите.Татко ми рече ќе го донесиш само тогаш кога ќе те запроси :lol: Така да ќе си чека.
     
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.759
    Пол:
    Женски
    До сега имало вакво запознавање само со родителите на еден бивши, и на сегашниот дечко.
    Со тој бившиот бевме мали, 3та година средно кога одевме, и тоа не многу долго. Се знаев јас со мајка му уште од претходно, онака на здраво. Жената кога дозна дека одам со син и, се израдува. Со татко му се имавме видено само 2-3 пати. За жал, човекот ненадејно почина додека одевме. А тој никогаш не се запозна со моите, иако имаше доаѓано кај мене дома.
    Со сегашниот дечко, сакале-нејќеле, моравме да се запознаеме со родителите од причина што сме од различни градови. Па така, кога ја славевме првата заедничка НГ, после само 3 месеци од врската, јас отидов кај него дома, и се запознав со неговите и сестра му. Пропаднав во земја од срам, целата бев црвена во лицето. До ден денес се смееме за тоа :D
    И потоа, секој нареден пат кога одев, бев се поопуштена и послободна. Фини луѓе се неговите, си живееме така :) Не ми срам да одбијам некое јадење ако не го јадам и сл. На мајка му и се допаѓа тоа што не се преправам пред нив, а и јас немам намера да се правам нешто што не сум. Сестра му е лудница, во позитивна смисла нормално. Постара е од нас 4 години, и секогаш ме смее :D
    А дечко ми, се запозна првин со брат ми и мајка ми, на која веднаш и се допадна. Па после некое време и со татко ми. Сега доаѓа кај нас понекогаш на викенд, не мора да има повод. Си седиме, ручаме дома заедно, и сите сме опуштени. :)
     
  13. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    :lol: ;( е баш така . Јас уште на почетокот кога се фативме се запознав со мајка му првите 3-4 месеци и цеело време ќутев таква сум на почеток и дури и ми се лутеше зошто не правам муабет со мајка му и јас таква :!: чекај малку да земам да правам муабет за како по дома или за некоја работа а ниту ја знам жената ниту таа мене ама нема врска она збореше и за двете :lol: не сакав одма да почнам со зближување и слично нооо после година дена сакаш - не сакаш дојде и до тоа многу работи се поправија сега си пиеме кафе си збориме засега е топ женичка многу ме сака ( понатаму не знам :lol: ) . Е со татко му се запознав малку подоцна помина година и тогаш предходно ми беше срам ептен од него а сега .. супер е се . Неговата фамилија многу си ја засакав тетки , вујни , стрини сите ме фалат и убаво ми е на душичката но не може да е толку секогаш супер затоа што тој никогаш не дошол кај мене дома и не се запознал со моите тоа нааајвеќе го сакам на цел свет ама не знам толку човек да се срамел не знам што е работата ама ај мајка ми го видела на слики и се ама не е тоа тоа нАли ? :) Ми има кажано ќе дојдам кај тебе дома со моите кога ќе те барам за жена :lol: што има и големи можности да не се случи тоа ох мори мајко мила 8)
     
  14. plavi-oci

    plavi-oci Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Јас искрено да ви казам прво се запознав со јатрвица моја бесе спонтано мајката на децко ми бесе во болница и јас бев кај него си седевме и оп некој влегува кога јатрвица иако они се на 2 спрат досла да ги стави завесите дека ги перела .... тоа бесе супер средба која трае до ден денес знаци цели 5 ипол години колку сто сум и со децко ми идното ми мазе мое :inlove: .А со свекрвица се запознав сосем слуцајно бевме искоцени и после тоа отидовме кај него и кога вратата заклуцена сто никогас не се десава тоа али ете се деси :lol: и она ни отвори и јас :emo: фино лепо добровецер мило ми е Т... И и зената си свати зосто пред мене не носел дома девојки.И он се има запознаено со мојте супер однос си имаат .... Јас сум поцесто кај него насите односи со неговата фамилија се доста блиски ме имаат сите убаво прифатено немам никаков проблем се надевам така и ке остане :P Кога требасе да патувам надвор од насава дрзавицка на гости идев кај роднини на 3 месеци ме испракаа на аеродром и после фино лепо си отисле на кеј со мајка ми татко ми сестра ми и мацето мое си се друзеле со зетко :rofl: позз
     
  15. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Јас со дечко ми се запознав кога бев на одмор со мајка ми.
    Всушност се спријателивме уште на одмор,а после неколку месеци се фативме.
    И така да,тој ја знае мајка ми,мајка ми го знае него.
    И кога официјално стапивме во врска,тој оти е од друг град,дојде кај мене дома и со мајка ми муабети,муабети и опп и татко ми дојде се запознааа и така.
    Мораше така да биде.
    Јас немам против доколку врската е озбилна да се запознаете со родителите.
     
  16. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Оф јас со негоивте се запознав уште во третата недела откако се фативме и да ви кажам не ми беше тогаш страм бидејќи и се испадна спонатно, не ни очекував дека ќе ги видам. А, инаку дечко ми кај мене дојде дури по една година дека јас намерно го плашев дека татко ми ќе го седнел па ќе го испрашувал што како, и мојов се спремаше цела година за да дојде :D
    Денеска си имам супер однос со неговите, а и он со моите дома :)
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    до сега имам запознаено на двајца бивши семејствата, а на другите двајца(на едниот мајка му, на другиот сестра му) а само првиот има дојдено кај мене дома-дури мајка ми и палачинки му правеше :D
    на сегашниов мајка ми го запозна пред да славиме нова година(мислеше дека ја лажам) и му се допадна
    а јас уште на почетокот ги запознав неговите, и татко му повеке ми се допага мајка му не толку(и мачкам очи со подароци :rofl:)приметив дека типчево сака да дојде кај мене дома, официјално да го запознаам и со татко ми и брат ми, ама скоро разговаравме на таа тема со мајка ми, и ми рече дека за тој првиот што беше еднаш ја направила грешката и дека ке има запознавање за тој што ке ми биде избраникот-а и состојбата е комплицирана оти ако вториот родител ако биде да речам во не толку трезна состојба има да се избрукам па во очи нема да можам да го погледнам :worried: му објаснив дека кај мене дома владее матријархат и мислам дека ме свати, а не сум во најдобри односи со брат ми :wasntme:
     
  18. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Мислам дека запознавањето на родителите е кога врската ќе стане доста сериозна а пред тоа нема потреба
     
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Бидејќи со мојот дечко сме од различни градови, мо чичко ми и стрина ми(живеам со нив бидејчи моите се починати, но ме имаат како своја) го запознав на денот кога дипломирав,односно по една и пол година откако бевме заедно и со стрина ми уште одма разврзаа муабети,а чичко ми е малце поконзервативен и беше ваков :^) ама сепак ок беше средбата, заедно и славевеме после дипломирањето мое и брачедите мои кои што ми се како браќа бидејќи го знаеа претходно ја разбиа тремата и се си течеше ок. А,јас со неговите иако претходно се имавме слушнато телефонски со мајка му и сестра му се запознавме исто кога тој дипломираше, односно две недели после мене :lol:.Тоа беше вака: Јас седам во неговата соба во студентски,си ги пеглав алиштата што ќе ги носев за неговото дипломирање и ми вели стигнаа мојте и јас |( :$ кај да се кријам си реков и влегува мајка му и ми вели здраво како си мила ме гушна и бакна,исто и сестра му, а татко ми дури и ми персираше и ден денес ми персира :lol:. Моето страмење од неговите траеше една минута бидејќи се толку пријатни луѓе што веднаш ме опуштија, дури и се шминкавме со сетра му и и така пеглав и ги изпеглав и нејзините алишта значи се покажав како домакинка :rofl: . Од тогаш со мајка му се имам видено повеќе пати бидејќи доаѓаше во мојот град додека дечко ми живееше и работеше овде и стварно чувствувам дека ме сака и почитува,како и јас неа,дури и палачинки заедно праевме :rofl:. А моите со неговите ќе се запознаат кога ќе дојди големиот ден, до тогаш ќе се стрпат :lol:
     
  20. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    52
    јас се имам запознаено со неговите, исто и тој со моите. Кога отидог прв пат кај него воедно се запознав и со мајкаму... знам дека многу се срамев и ништо не зборев со неа...туку со сестраму... А со таткому се запознав друг ден и многу се имаме.