Е значи ич ги нејќам тие запознавања...знам дека сето тоа е фино од култура и поштовање ама ич ги нејќам.... Додуша моите ги имам запознаено само со еден дечко (веќе бивши),и одма тука имаше мангупење од страна на татко ми (глупост до глупост) жими се,нели нормално за да се покаже дека неговото ќеркиче е само негово ама прошло....... А неговите не стигнав да ги запознаам,пошто пред да се случи тоа,почнаа муабети,ама мајками сака вака,мајками сака онака, а ја нејќев и тоа е...
Ние во недела ќе ги запознаеме нашите родители едни со други, зашто досега не се виделе никогаш. Да си удрат едно здраво-живо, им организиравме целодневна дружба, со посета на историски знаменитости, доручек, ручек, ужинка, десерт, оти со јадење се' е полесно подносливо. Доаѓаат и други пријатели, за кои подоцна откривме дека уствари - им се заеднички. А они не се знаеле, ниту некогаш се виделе, ја богати, и тоа е можно во Скопје. Одиме и ние со нив, што да пукаме сеир, што да им вртиме очи од страна. Такозвана damage control.
Право да ти кажам Лилитко, сега сме и двајцата невработени, ја мислам време ни е... Моментот е погоден. Условите за нешто сериозно - исполнети.
Ти не знаеш дека љубовта може да победи се?! Или дека е посилна од се?! Или дека ако се сакате се е можно?! Дека можеш да чекаш да ти се средат коцките?! А?! Дека можат и вашите да ве помагаат?! Дека поубаво е да ти биде одма до тебе цело време за да можете да си се гушите до крајот на животот?! Знаеш или не?! Се зезам жено,не ме сфаќај сериозно,ама у иднина кога ќе бидете ВРАБОТЕНИ ви посакувам да ви се случи.
Мајка ми и мајка му први другарки станаа Случајно се запознаа, па сега тераат кафиња и шопинзи, ако, фина е жената многу, и мене ми одговараат и двете за друштво. Татковциве уште не се знаат, ама ќе биде и тоа, и двајцата се кул Инаку долги години ги знае тој моите, а и јас неговите. Фино се согласуваме сите.
Мајка му уште пред да бидеме заедно ме запозна, па така веќе и кога oфицијално бевме во врска немаше зошто да ја мислам каква е , дали е добра и итн а инаку тој мајка ми на мојот роденден а татко ми на матурската и добро им тргна муабетот Тој е единственот што сум го донела дома а и на него јас )
Мене он ме запозна одма со неговите, немаше ни месец дена, ама до него е таков си е човекот слободен, а јас пропаѓав во земја
Досега не сум била во сериозна врска,но запознавањето но двостраното запознавање на родители го сметам за нормално ако веќе планираш да си ја тераш врската сериозно... Мајка ми секогаш гори од желба да ми ги запознава дечковците иако се нема запознаено со никој не за друго туку жената сака да види со каков пилиштар е незината керќа пошто таа досега за никого нема погрешна проценка по очите ке го познае каков е
Jас воопшто не ги сакам средбите со родители, чудна сум, мејби. А и моите се такви, никогаш ми немаат речено „ајде сега Мишела, донеси го дечкото да го запознаеме“, или слично. Конзервативни се по малце и имаат други сфаќања околу врските, одењето по дома, па и запознавањето со родители. Сè во свое време нели, дојдоа прилики како матура, роденден, па некако незгодно ми беше да не го поканам, па и не бевме малку време во врска и сметав дека е сосема во ред. Чудна сум, како што спомнав, и многу ми е незгодно при ваквите средби, поготово ако се работи за прва. И џабе стискав заби како ќе биде, сè си помина во одличен ред, им се допадна „зетот“ на моите, а дури се изненадив како татко ми само си муабетеше со него, чиниш се знаат цел живот. Па и мајка ми, смешка жива, повозбудена беше од мене и не знаеше што попрво да го праша. Јас се запознав со неговите нешто подоцна, прво со татко му и баш бешем рандом средба, дури немав време да почувствувам срам, а мајка му ... е она ти е една од оние женчиња што уште од далеку зрачат со позитивна енергија. Сепак ја би да се држам на дистанца, зашто ич не ги љубам овие семејни средби. Мислам дека нема да има потреба да ги запознаваме родителите меѓусебно, излезе дека уствари си се знаат од порано. Наместено е ова нашево, гарант! - нема логика за толку случајности на куп.
Немам никаков проблем мн сум отворена за разговор а и дечко ми е таков па знаеме да се снајдеме во ваква ситуација ....прекрасно го поминавме запознавањето...
Ги запознав неговите родители,а и тој моите. Засега се сипер,фини се,може да се направи муабет со нив но нормално дека не се гледаме многу често
Сум била против такви работи од проста причина што сум гледала како некои мои другарки ги запознавале па откако ќе раскинеа незнаеја на кого попрво да му објаснат. Па си ветив дека тоа фамозно запознавање ќе биде кога стварно ќе знам дека тој е тој. Ама работите некако убрзано почнаа да се одвиваат. Најпрво брат му го запознав ама исто како да се знаевме. Он уште кога се запознавме со дечко ми знаел за мене зошто дечко ми му зборел за мене дека сака да му бидам девојка исто и јас го знаев него од зборење така што нашето запознавање беше чисто колку ете да се помине по редот. Инаку брат му е легенда дечко многу е интересен си имаме муабет, многу е комуникативен и опуштен. Татко му на дечко ми го запознав уште првиот ден од врската иако јас бев за тоа да помине подолг период. Случајно излезе така, и тоа на Нова година. Добро вечер - Добро вечер. Среќна нова година и толку. Насмеани двајцата иако човекот сигурно не мислел во тој момент дека јас сум му девојка на син му, затоа што се враќавме од нова година и беше прилично касно, а и бевме со уште двајца другари. А со мајка му исто така случајно, после еден месец од нашата врска. Бевме излезени на кафе и она му се јави за ако може да оди да ја земе од работа (она незнаеше дека он е со мене). И јас си сфатив дека сега е the moment. Се бунев малце, ми беше срам ама си реков тоа е, сад или никад, мечка страв мене не страв. Па после почнав почесто да одам кај нив и така си се опуштив. Сега не ми е воопшто срам си имаме муабет опуштени, фини луѓе. Си се слушаме со мајка му на телефон. Блиски сме. Ми беше најбитно да не се намќори, да си се комуникативни, да се културни, и да се луѓе со осет и ми се исполни желбата. Ма стварно се супер. А дечко ми моите ги запозна после 10 месеци од врската. Татко ми отсекогаш бил против и ми викал дека дечко дома несака. Ама кога веќе почнав со дечко ми почнаа и моите кој е, што е, каков е итн. Почна да ги интересира, и нормално нивната ќерка беше веќе 10 месеци во врска со некој, а они незнаат кој е. Па така и татко ми ја сврте политиката. Јас сакав спонтано да ги запознаам па дојде дечко ми кај нас на слава и така и тоа бидна. Не е сеуште многу опуштен со нив ама дека не доаѓа кај мене премногу често зошто е зафатен, иако од моите има дозвола кога сака да доаѓа и им се допаѓа како личност, го сакаат. Не ни можат да му најдат мана. И цело време ми зборат дека бил премногу добар ама дека јас сум била лошата, што нема врска и секогаш се од негова страна. Ама тоа е. Инаку дечко ми е првиот дечко што го донесов дома и воопшто првиот кој знаат дека сум била со него. А неговите со моите родители сеуште не се знаат и тоа дефинитивно нема да биде се додека не ја официјализираме врската. И моите се со такво мислење, а и неговите иако мајкиве знаат да си пратат по некое јајце или бои за фарбање за велигден ама тоа се е така на незапознато. Заклучок: Сега за сега сите сме во супер односи и не е глума или дволичност, навистина е така. И мислам дека и моите со неговите би се сложувале многу затоа што како што гледам имаат доста слични сфаќања и по исти принципи се водат во животот. Така што понатака би биле big happy family.
Порано викав дека не сакам такво врзување, ама со тек на време сменив мислење. Ги знам уште од сам старт, а и тој мајка ми(уште пред да ми бидне дечко). Сега пак викам дека на оваа возраст, нормално е да се запознаеш со родители, зошто треба да знаеш во каква куќа ќе влезеш ако планираш сериозно се разбира. Него, друго ми беше муабетот. Леле луѓе, која грешка ја напраивме со дечко ми. Не знам како ни падна на памет за дипломската негова да ги запознаеме на вечера. Аууу....луѓе, вие не знаете, двеве сваќи ко со години да се знаат, фатени под рака, одат муабетат, нас кој не рецка, седнале заедно, јадење по пола нарачуваат. Исти у тоа фризурите. На кафе имаат дојдено, отидено..Си се слушаат, си се советуваат за рецепти, си честитаат роденден. А ја и дечко ми ко да не сме тука. И ништо не ни кажуваат што зборат. Абе најверни другарки мислиш се.
Јас досега ниту еден дечко го немам запознато со татко ми (живејам со татко ми и двајца помали браќа а мојата мајка е одамна почината откога имав 13 год). Имав претходно долга врска од 2 год но не го чувствував тој дека е чивекот на мојот живот, дечкото со кој сум сега го сакам премногу и знам дека тој е тој заедно сме една год и врската е сериозна. Јасѓнеговите ги запознав по 2 месеци оф врската сакам да го запознаам со татко ми но татко ми е многу затворен човеек никогаш во животот не се спомнало за дечко мој не ме пррашал со кој сум ни кој е ни што е делува како незаинтересиран за мене :/ што мене ми паѓа тешко.некочлу паги се имаат начекано кога ме носи пред куќа ни здраво ни ништо како прво тла јад не го сметам за ок баррем од култура треба да се поздрави... но то е то како да постапам за да ги запознаам совет некој сакам татко ми да се опуштии поубаво ќе ми биде 25 год ке правам лани беше на слава ама татко ми не седеше со нас . Дајте некој совет сакам да ги запознаам
Јас се запознав со мајкаму на 30 декември 2010 отидов за прв пат кај него да се спреми за да излегуваме за дочек на нова година и мн бев срамежлива а со татко му после неколку месеци... а сега сие се знаеме јас одам кај нив на гости тој кај мене и така
Ние многу брзо си ги запознавме родителите дури после 3-4 недели ако не и порано. Но, кога јас ја запознавав мајка му, му го згрешив името пред неа .......... секако еве после толку време сеуште се смееме на тоа. И покрај тоа нашите односи се супер.... Не неможам да Ви опишам какво е чувството....
Прво мајка ми го запознала него без јас да знам, бидејќи бев тинејџерка и ја интересирало каков е дечкото со кого се гледам неколку месеци веќе, за тоа памтам дека ѝ се подналутив ама не многу. Со татко ми и брат ми се запозна спонтано, а јас со неговите официјално се запознав после дури 1 година врска, на неговата слава, пред тоа не сакав бидејќи сум срамежлива, само еднаш кога бевме собрани друштво кај него се видов со татко му и го прашал која сум, ама му рекол дека сум девојка на другар му. И подобро бидејќи бев со големо шише пиво во рака, кое само го пренесував, да се знае. Мислам дека нема потреба од запознавање со родители додека не стане озбилно, освен ако не испадне некоја спонтана ситуација, според мене.
Мајка ми го познава т.е има моабет ( здраво како сте.... таков моабет) асо татко ми само добар ден и толку. А јас неговите ги знам ( за велигден ги запознав) фини луѓе (засега)
Нормално е да ја запознаам неговата мајка кога веке одам во таа куќа, но тоа се деси чисто спонтано, се сретнавме во ходникот и тоа беше тоа. Не сакам да стварам некоја близина, доволно е нормален муабет да разменам, ако се сретнеме. Со моите ниеден дечко немам запознаено, ниту доведено дома. Тоа ке се случи со оној со кој ке се земам. Не ги свакам девојките кои ги запознаваат родителите со секој дечко и го доведуваат дома. Едноставно непријатно ми е и глупо. Воопшто не сакам да се чуствувам како свадба да се спрема. Така да од врзување од една или друга страна сега за сега нема потреба.