Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запознавање со родителите на дечкото, но и со вашите

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 14 октомври 2010.

  1. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.720
    Јас со неговите се запознав по само еден месец одење. И нормално на почетокот ми беше малку непријатно, ама со тек на време ми помина. Фини луѓе, посебно мајка му. Кога и да сум со нив, сум опуштена, ме сакаат како свое дете :) си правиме муабет за се и сешто, мајка му ме сака за снаа тоа знам :) Тој кај мене дојде после 8 месеци врска, се запозна со моите. Ама не е толку опуштен како јас со неговите. Е сега родителите не ни се знаат т.е татко му ја знае мајка ми ама онака на видување и само со здраво. Мислам дека нема мн да се мирисаат, поради различни карактери :^)
     
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене тука.. :)
    Наскоро ќе ги запознаам неговите и многу сум испаничена :worried: незнам како ќе помине средбата, самата помисла на тоа ме прави немирна. незнам како ќе реагираат луѓето, што ќе кажат.. колку што ми има дечко ми кажувано фини се луѓето, знаат да напраат муабет, да се шегуваат.. ама сепак средбата ми е малку :sweat:...
     
  3. DulceChiquita

    DulceChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Јас неговите родители ги знаев уште од пред да бидеме во врска имав еднаш отидено кај него дома, но официјално откако сме во врска ги запознав после пола месец откако бевме во врска, а тој моите ги запозна после месец ипол затоа што случајно се сретнавме додека се шетавме :D
     
  4. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Уффф многууу мии е сраааам :$ не знам зашто не можам да се опуштам а 1 година сме заедно и се уште немам отидено кај него дома ниту пак запознаено со неговите. Само со сетсра му се имам запознаено на 5 мин у град и толку. Сеа ќе треба да идам кај него-неговите на работа ќе се таман а сестра му ваљда ќе ја преживеаам да отворам уста да кажам нешто :rofl: а иначе уста не затварам вака, а кога ќе ги видам- глас неам :$ Како да се опуштааам, луѓето ме сакаат вика дечко ми, ме имаат прифатено, прашуваат, се грижат ама тее се срамам :$ што да направаам?? :?: :?: :sweat: :$
     
  5. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    И мене истото ме мачи.. Со сестра му 3 пати се имаме видено така само на кафе, ама во друштво и ептен малце муабет имаме направено. Ме викаше за дома му еднаш не отидов премногу ми беше срам. А и мислам рано е, не е поминато извесно време. А ти срценце опушти се , сепак 1 година поминала, нема потреба од срам, а и тој ќе е тука со тебе, па ќе се сврзи некој муабет :)
     
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Јас на мојов неговите ги запознав тек после година-дена (бев кај нив на гости и сосем беше лабава атмосфера, исто како да сум кај другарка дома и со нејзините кога си праам муабет), а тој моите (се сретнавме случајно) некаде после пола година.

    Девојки немајте трема ;) Исто како со секој постар се однесувате. Културно..прашање-одговор,некоја шала ако ве бива (ако не, не експериментирајте), општи теми за муабет и тоа е тоа 8)
     
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Тој моите ги запозна после 4 месеци врска,а јас неговите уште пред да ја официјализираме врската.На запознавањето јас воопшто не се срамев и си бев таква каква што сум,си се шалев,нема што да се преправам,а тој беше малку посрамежлив ама не до толку,си правеше муабет .Она што е смешно татко ми имаше огромна трема,едвај зборуваше.Сега и нашите родители се многу добри пријатели,се надевам дека т :D оа ке трае
     
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.493
    Како се запознавте со неговите/нејзините родители?

    Јас и дечко ми сме речиси комшии :lol: Живееме многу блиску,значи ме познаваат од малечка.Среќа што е така,нема маски,па запознавање јас сум таа и таа,знам речиси се за нив и тие за мене.Ме имаат прифатено и супер се однесуваат кон мене.Тие се многу отворени и позитивни личности,се однесувам најприродно дури и поопуштена сум него со моите :lol:
     
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Како се запознавте со неговите/нејзините родители?

    На слава кај него прв пат се осмелив да отидам и така ги запознав, ми се погоди ситуацијата да не дојдам како ударна вест што ќе се случеше ако дојдев во обичен ден сама. :rofl:
     
  10. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    6.540
    Пол:
    Женски
    Ги запознав на денот на веридбата.

    По 8 години врска, дојдоа кај мене со мм, и се запознаавме сите.
    Ова запознавање беше вооедно и вердба. И после 3 месеци свадба. Толку :)

    p.s. Никој од нас не беше во текот на 8те години во странство. Живееме во ист град.
    Единствено сакавме за време на врската, акцентот да биде на нас. Контактот со родителите да биде откога ке бидеме во заедница. Така и бидна. :)
     
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Уауу, е ова е успех, за 8 години врска да се „скриеш“ од родителите. :lol: Добро јас лично не би ни сакала, во тие 8 години има и слави и свадби на кои можеби ќе бидеш и ти поканет и се тоа, но секој различно си сака секако. :) Плус мене ми е убаво, на почеток се срамев да, но сега муабети со свекрвица, па частење за некоја новост, па и со идните девер и свекор си се сакаме, абе топ ми е си седам со саати кога ќе отидам. Најјако е што кога ќе отидам кај дечко ми не седиме кај него во соба најчесто, туку повеќе во дневна со неговите. :rofl: Веќе и тие ме сметаат за блиска да кажат се пред мене и мило ми е за тоа. :)
     
  12. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Леле дури и од насловот на темава почнува да ми се повраќа на нервна база :D
    Го мразам ова, од секогаш сум го мразела ама најискрено е ужасно битна ствар, особено ако веќе сте повозрасни и врските се колку- толку сериозни. Се имам запознаено со семејствата на двајца дечковци и ситуациите беа скроз различни. Првиот пат беше после година и нешто од почеток на врската, бев поканета на еден нивни семеен настан и не можев да одбијам бидејќи ќе беше страшно некултурно од моја страна, тогаш ги упознав сите и тетки и баби буквално цела фамилија, а помина нормално, културен однос. Никогаш не станавме нешто блиски, не дошле кај моите нити моите кај нив, иако со дечкото бевме заедно ужасно долго. Едноставно останавме на тоа да кога ќе се видиме имаме нормален разговор, но да не инсистираме на средби специјално организирани за да се „дружиме“. И јас бев одушевена од тој однос, затоа што за мене тоа е односот кој сакам да го имам со родителите на кој и да е мој дечко, во иднина и сопруг.
    Вториот случај беше поинаков, после 2 недели од официјализирање на врската јас го запознав цело негово семејство, уште одма ме поканија на кафе/ручек - не отидов бидејќи врската заврши брзо :D И не сакам да кажам дека тој однос е лош, не е, ама јас не сум љубител на таква блискост.
    Сакам само да кажам дека без разлика каков однос ќе имате со родителите на партнерот, ако планирате нешто сериозно преминете преку срамот и запознајте ги, мнооооогу е важно да видите со какви луѓе израснал тој човек, макар и само еднаш да ги видите ќе добиете некаква претстава. Сакале, нејќеле, еден ден тие ќе ви бидат фамилија, ако работите одат во тој правец, и дури да живеете во различни држави пак ќе бидат тука. Ако ви остават лош впечаток, верувајте и дечкото во одредени ситуации ќе ве разочара, крушата под круша паѓа!!! Околината во која растеме не прави тоа што сме, без разлика дали сакаме или не. Јас лично пораснав во лошо опкружување и имав слика постојано како едно семејство НЕ треба да изгледа, и да, моето нема да функционира исто, ама како што созревам гледам дека некои работи кај мене не се менуваат и постојано ќе си ги носам. Истото е и за другото делче од слагалицата.
     
    На eloves, WarriorAngel и Daydream им се допаѓа ова.
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Се согласувам со тебе дека е ужасно битно да знаеш со кој ќе си имаш работа, како и во какво семејство ти израснал идниот сопруг. За тоа во какво семејство си израснала можам да кажам дека е истата ситуација и кај мене :D но затоа пак фала му на Бога имав со другово среќа, родителите на дечко ми се семејството кое сум го посакувала и замислувала цел живот. :wasntme:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Ги имам запознаено неговите , и тој моите. По цели денови е кај мене , како и јас кај него. :)
     
  15. goddess1337

    goddess1337 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Па скоро 4 месеци сме заедно, моите и неговите се запознаени за нашата врска но сеуште не сум се запознала со неговите (ако сакале да ме видат), ниту тој со моите :)
     
  16. zaljubena.do.ushi

    zaljubena.do.ushi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Ме запозна со мајка му ( а татко нема,починат е :( ) по 22 дена врска. Јас со моите го запознав по 1 месец некаде.. ;)
     
  17. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Долго време ја избегнувам темава :tmi: и не само оваа општо сите теми поврзани со неговите/моите родители..

    Ги запознав неговите вечерта пред нова година и како што очекував не беа одушевени, поготово мајка му..почна муабети од типот јас не сум за нејзиниот син, има подобри од мене, тој заслужувал подобра, никогаш немало да ме прифати...жената за жал и ден денес си стои на тоа :| не сака ни да слушне за нашата врска, татко му и брат му се супер прифатена сум од нивна страна, често додека збориме на телефон ако некој од нив е до дечко ми знае да ме поздрави..

    Моите т.е мајка ми и брат ми го запознаа 2 месеци од врската и никогаш не се побуниле, го имат прифатено, татко ми се уште по малку мрчи ваљда затоа што сеуште не го познава лично, ама го гледам и тој полека си легнува на брашното :D гледа дека ќерка му е среќна и сакана и тоа ваљда треба да му е доволно..
     
  18. Rashel

    Rashel Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Јас искрено бев она под стрес малку и нервозна :D Си правев триста филмови во глава ... Но штом стигнавме самата себе се изненадив колку бев комуникативна и фина :D се си помина во најдобар ред. А он со моиве прв задодуша се запозна али од него учев боже се однесуваше како цел живот да ги знае... Моиве го обожаваат посебно мајка ми а има и зошто :inlove: :D
     
  19. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    242
    Знам дека нема правило,но ме интересира после колку време од врската би требало дечкото да ве запознае со своите родители? Значи прашувам за сериозна врска.

    П.С. Како се става сликичката над корисничкото име? Се надевам нема да ми замерите,бидејќи сум нова!
     
  20. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.493
    Јас цел живот ги познавам родителите на дечко ми,тој моите,но сепак си оставивме време додека тој официјално дојде кај мене,јас кај него.Тој на ручек кај мене дојде после 9-10 месеци,јас кај него нешто порано.Искрено не ни се брзаше.И сега тие посети не се така чести,иако неговите посебно,инсистираат.Не сакам да бидам нападна,има време за заеднички кафина и муабет :D
    Како што кажавме правила нема,зависи од врската.Има врски кои после месец девојката дење ноќе е таму,па останува и на спиење.Значи зависи од карактерот на двајцата.