Запознавање со родителите на дечкото, но и со вашите

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 14 октомври 2010.

  1. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.061
    Допаѓања:
    1.198
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми немаме цел месец врска сеуште јас се запознав со нив случајно излеговме тој требаше да оди во Вип таму се најде и со нив мобилен сакаше да си купи и така, не ми беше непријатно воопшто, не сум како порано, порано бев многу срамежлива. По комплицирано за мене ќе е да го запознам со моите, со мајка ми не ама со татко ми неверувам дека и ќе се запознаат.. :tmi:
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    13.553
    Допаѓања:
    76.913
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми исто немаме цел месец врска, па ми спомна случајно уз муабет дека сакал да се запознае со моите, за да знаат со кого сум искачала. Чисто ради безбедност. Но, мене ми е рано сеуште. Јесте да знаат моиве дома, но повеќе сум за тоа да се оди чекор по чекор.
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.242
    Имав поприлично долга врска со еден дечко, но не, моите никогаш не го запознаа лично од причина што не чувствував потреба да го делам мојот приватен живот со нив. Башка со типот имавме отворена врска, што значи дека меѓувреме имавме и други кратки авантури, а не ни настојувавме врската да ни биде сериозна. Освен тоа сметам дека не е многу паметна идеја партнерите да се запознаваат со родителите се до моментот додека не се сигурни дека тоа навистина сакаат и треба да го сторат (пред брак). И не е ваљда дека секое летенце ќе им го натопорувам мојот нов дечко како што прават некои лигави тинејџерки денес. Па ако во 2011 бил Бојан, во 2012 - Игор, а 2013 - Марио, 2014 - Кашапопара ќе му биде името сигурно, пошто сите останати имиња се веќе пројдени ко од шала. :lol:
     
    На young.lady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    2.819
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам однесено дечко дома. Имав долга врска во средно и татко ми знаеше, ја одобруваше се додека јас бев среќна, ама не сакаше дечко дома. Сестра ми донесе еден нејзин дечко во четврта година на факултет или така нешто и го слушнав како вели дека за неа е океј што го донела дома, за мене не би било бидејќи сум малечка. :D Сигурна сум дека, пошто сум негова галеница, би сакал се да знае, би сакал да го донесам дома бидејќи одиме веќе 10 месеци, но сепак ќе настојувам колку што е можно подолго да се држиме настрана од оние фамилијарните работи. Млади сме и нејќам да се зближувам. Кај мене дома знаат сите, освен татко ми и поради ова се чувствувам малце лицемерно :| ама во најскоро време планирам да му кажам, а за запознавање нема реална потреба. Не кажувам дома веднаш за новиот дечко од проста причина што може и ќе раскинеме за еден месец, нема потреба да им правам главоболки.
    Досега само еднаш бев кај него, неговите беа дома ама не се запознав, можеби и беше некултурно, ама тоа е. И дечко ми е таков, гледа на нас да ни е убаво. :D Мајка му беше многу љубопитна. Де кафе, де некои други изговори само за да ме види, ама дечко ми не и даде ниту да влезе во собата. Ме виделе на слика, знаат дека постојам, дека има девојка, па наредниот пат кога ќе отидам може и ќе пресрамам да се запознаеме.

    За оние тинејџерите секое лето што носеле различен дечко дома, хмм, па јас да имам ќерка тинејџер, значи малолетно девојче, па попрво ќе сакам да го донесе дечкото дома, да видам со што дете си имам работа и да си седат дома кога е ладно да не мрзнат по паркови или да се лапаат по кафичи сите да ги гледаат.
     
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    2.819
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам однесено дечко дома. Имаше еден дечко, одевме може една недела и кафе донел и таму нешто друго и дома сакаше да ми се тупне, со моите да седел, и тоа во 10 саат навечер без претходно да ми каже што планира. Имал он сериозни намери. Како не. :D
    Имав долга врска во средно и татко ми знаеше, ја одобруваше се додека јас бев среќна, ама не сакаше дечко дома. На тој дечко од средно, ги запознав баба му, дедо му, брат му и мајка му, и бев среќна само за бабичката, многу беше срце, таа всушност и ми недостигаше откако раскинавме. Поради оваа причина, дека се приврзувам со луѓе, не ни сакам да се запознавам, бидејќи не се знае до кога ќе оди работава, ама оваа врска е на далечина и нема што да се прави, ќе мора да ги запознавам.
    Досега само еднаш бев кај него, неговите беа дома ама не се запознав, можеби и беше некултурно, ама тоа е. И дечко ми е таков, гледа на нас да ни е убаво. :D Мајка му беше многу љубопитна. Де кафе, де некои други изговори само за да ме види, ама дечко ми не и даде ниту да влезе во собата. Ме виделе на слика, знаат дека постојам, дека има девојка, па наредниот пат кога ќе отидам може и ќе пресрамам да се запознаеме.

    Сестра ми донесе еден нејзин дечко во четврта година на факултет или така нешто, одеа 3-4 години и цело време криеше и го слушнав како вели дека за неа е океј што го донела дома, за мене не би било бидејќи сум малечка. :D Сигурна сум дека, пошто сум негова галеница, би сакал се да знае, би сакал да го донесам дома бидејќи одиме веќе 10 месеци, но сепак ќе настојувам колку што е можно подолго да се држиме настрана од оние фамилијарните работи. Млади сме и нејќам да се зближувам. Кај мене дома знаат сите, освен татко ми и поради ова се чувствувам малце лицемерно :| ама во најскоро време планирам да му кажам, а за запознавање нема реална потреба. Не кажувам дома веднаш за новиот дечко од проста причина што може и ќе раскинеме за еден месец, нема потреба да им правам главоболки.

    За оние тинејџерите секое лето што носеле различен дечко дома, хмм, па јас да имам ќерка тинејџер, значи малолетно девојче, попрво ќе сакам да го донесе дечкото дома, да видам со што дете си има работа и да си седат дома кога е ладно да не мрзнат по паркови или да се лапаат по кафичи сите да ги гледаат. Не сакам дечкото да кисне кај нас по цели денови, ама понекогаш би било океј. И баш ме гајле што би мислеле роднините или комшиите или некои небитни. На моето дете убаво да му е.
     
  6. moniii.s

    moniii.s Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    имам еден проблем ..имам дечко еве веќе година и 3 месеци јас се знам со неговите и со баба му а он со моите уште се нема запознаено. ..т.е моите знаат поточно мама ама никогаш се немаат лично запознаено.Проблемот е што незнам како да ги запознаам, татко ми ..како да кажам е алкохоличар глупо ми е што кажувам ама може ќе можете подобар совет да ми датете.. јас и дечко ми сме разлика 5 год. јас имам 16 а он скоро 21 за еден месец..незнам како да го запознаам со моите ,што да речам како да ги спојам некако да се видат. Страв ми е тато како ќе реагира ама јас навистина сакам да му кажам нејќам више да лажам коа искачам кај сум и со кој сум. А и он сака да се запознае со моите. Сакам да можам да кажам навистина кај сум и со кој искачам и да знаат со кој сум за да ме пуштаат покасно ја до 12 мора дома да сум :( на пример лани за нова година морав у 3 саат дома да бидам а сите останувааа до сабајле мн глупо се чувствував. И сега дечко ми ми вика не дека ми е толку да се запознаам со твоите туку сакам да можам некад да му се јавам на татко ти да му речам мони е со мене ќе остане до покасно да не се грижите или сл.Да можам да го викам дома без да се кријам од тато или да идам кај него а да знае..и такви работи.. А тато пак цело време ми вика мала си ваква така нејќам за дечко да слушам ова она и секад коа ќе почнам да зборам за дечко ми се дере ;( незнам како да направам ...совет??
     
  7. moniii.s

    moniii.s Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    имам еден проблем ..имам дечко еве веќе
    година и 3 месеци јас се знам со неговите и со
    баба му а он со моите уште се нема
    запознаено. ..т.е моите знаат поточно мама
    ама никогаш се немаат лично
    запознаено.Проблемот е што незнам како да
    ги запознаам, татко ми ..како да кажам е
    алкохоличар глупо ми е што кажувам ама
    може ќе можете подобар совет да ми датете..
    јас и дечко ми сме разлика 5 год. јас имам 16
    а он скоро 21 за еден месец..незнам како да
    го запознаам со моите ,што да речам како да
    ги спојам некако да се видат. Страв ми е тато
    како ќе реагира ама јас навистина сакам да
    му кажам нејќам више да лажам коа искачам
    кај сум и со кој сум. А и он сака да се
    запознае со моите. Сакам да можам да
    кажам навистина кај сум и со кој искачам и да
    знаат со кој сум за да ме пуштаат покасно ја
    до 12 мора дома да сум на пример лани
    за нова година морав у 3 саат дома да бидам
    а сите останувааа до сабајле мн глупо се
    чувствував. И сега дечко ми ми вика не дека
    ми е толку да се запознаам со твоите туку
    сакам да можам некад да му се јавам на
    татко ти да му речам мони е со мене ќе
    остане до покасно да не се грижите или сл.Да
    можам да го викам дома без да се кријам од
    тато или да идам кај него а да знае..и такви
    работи.. А тато пак цело време ми вика мала
    си ваква така нејќам за дечко да слушам ова
    она и секад коа ќе почнам да зборам за
    дечко ми се дере незнам како да
    направам ...совет??
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    7.951
    Допаѓања:
    40.814
    Пол:
    Женски
    Епа вака, семејството на бившиот не го запознав, но сега новиов сака да ме запознае со нив. На почетокот ми беше незгодно, постојано се прашував како ќе биде, ми се вртеа некои филмови низ глава, што да направам и во какво издание да се појавам пред нив за да не испадне уште при првата средба да речат дека не сум за него. Значи сакам да оставам добар впечаток. Некоја што поминала низ тоа да ме посоветува? Освен мојата појава, да ми каже дали е океј да се однесе бонбониера или нешто такво? :) Фала однапред.
     
  9. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    па ако одеш дома на вечера кај нив може да однесеш чоколади вино и сл.
    јас со родителите на мојот се запознавме сосема неочекувано шеткавме со дечко ми низ парк и оп тие пред нас не бев подготвена воопшто и мислам дека така е поубаво
    инаку ќе мислев цел дел леле што да носам треба дискретна шминка итн
    тоа беше пред 2 години и се е супер
    само опушти се и биди своја и тие се луѓе како твоите родители
    среќно :*
     
  10. MilaP

    MilaP Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.145
    Допаѓања:
    53.022
    Пол:
    Женски
    Odevme 2 godini koga prvpat se zapoznav so negovite.Predhodno imav odeno kaj nego no samo koga bese sam.I taka majka mu 100 pati go molela da me odnesi na kafe ako nisto poveke i se sloziv.Prekrasni luge,tatko mu samo sali kazuvase a jas pocrvenuvav od sram.Toj so moite se zapozna na mojata maturska odevme 4god,nikogas ne osekav potreba deka treba da go zapoznaam.Po 2 meseci raskinavme me izneveri,majka mu nemase den da ne mi zvoni da me moli da se smirime.Prekrasna zenicka.Po 2 god se smirivme,koga se izluftiravme i dvajcata :)
    Zapoznavanjeto na moite i negovite roditeli se sluci koga dojde da me pobara od tatko mi za zena :)
     
  11. MilaP

    MilaP Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.145
    Допаѓања:
    53.022
    Пол:
    Женски
    Drug decko nemam noseno doma i zapoznavano ni pak jas so drugi roditeli.
     
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Имам запознаено само две мајки. (facepalm)
    И да се разбереме, не по моја желба и двете средби беа сосема случајни.
    Со првата се видовме само два пати. Немаше ни најмала шанса да ја избегнам, мислам имаше ама ме виде веќе и ќе беше страшно некултурно и непристојно од моја страна ако избегав, па морав да ја поздравам. Втор пат пат кога се видовме е тогаш ме распрашуваше од кај сум, што учам па за моите па триста чуда. Ме иритираат такви муабети, да признаам.

    Со втората исто така беше случајно. Ми се допаѓа жената, не дека е мајка на сегашниот дечко ама ми остави добар впечаток од тие неколку пати што ја видов, не се меша во врската на нејзиниот син, не ме распрашува за моите кои се, што се, од каде, каде работат и такви прашања, според мене знае каде и е местото или има осет што би се рекло. Фина, комуникативна и што е најважно не го фали и величи својот син.

    Се на се, никогаш не сум била љубител на вакви запознавања, а уште помалку на дружби со идни свекори и свекрви. Иако се согласувам со ставот дека работата ако веќе иде на посериозно, важно е да се запознаат од поблиску и да се знае со кого се има работа. За да нема после жалби вака испадна или така. Се додека да стане посериозно, не сум за зближувања.
    Моите родители знаеа за само еден мој дечко, брат ми им кажа.
    Инсистираше и тој да ги запознае, инсистираа и тие да го запознаат ама никогаш не дозволив такво нешто. Обично знам што сакам и сум доста сигурна во себе, па знаев дека нема да издржиме долго со тој дечко, не бевме еден за друг. И по некоја случајност, се разделивме по некоја недела и ми беше страшно многу напорно да им објаснувам на моите што, како и зошто.
    Дечко кој ќе го донесам дома, ќе го запознаат моите ќе биде тој со кого ќе мислам за сериозно.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    14.095
    Пол:
    Женски
    Се запознав со родителите на дечко ми по повеќе од една година од врската. И тоа ме викнаа на торта за роденденот на дечко ми. И знам дека мноооогу мноооогу срам ми беше и незгодно и седев така како нема стуткана на една столица хаха. А сега се знајме добро.. Многу се фини родителите негови, а и онака да речам приземни. Во смисла кога ќе одам таму пример јадиме со дечко ми или нешто, или го чекам јас да се искапи и да не седам сама в соба в дневна ќе го почекам со нив. И постојано разговараме татко му е психолог имаме на многу тешки теми разговарано хаха јас ко шо ме дал Господ за се си имам мислење и така често дебатираме. Многу интелигентен човек е. Мајка му е срцка стварно е мила и добра. Кога сум болна ми пиши на фб ме прашва како сум дали сум добра, за празници родендени итн. Единствено мана ако може така да се наречи е што многу го разгалва дечко ми. Оди по него расфаќа, му мести, му дипли се таа му прави и тој мрза никаква е. Сфаќам дека е од љубов, ама затоа и мене така ми пребарва понекогаш не мрда со малото прсте.

    Тој се познава со брат ми и со баба ми се има запознаено. Со татко ми не. Ама добро татко ми не е баш ни заинтересиран за мојот живот во глобала.
     
  14. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Девојки имам еден проблем се надевам дека ќе добијам совет од вас. Со дечко ми сме заедно 8 месеци јас имам 17 години он 16 и нашите знаат дека сме заедно и се тоа. Проблемот е што дечко ми веќе почнува да спомнува запознавање со моите родители т.е кога веќе кроиме планови за летово ќе каже па сигурно ќе те пуштат ќе се запознаам со твоите до тогаш и ти со моите и слично. Што да правам? Моите да , би го запознале, ама друго би било кога ќе видат дека врската ни станува сериозна.
     
    На Milenalena му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    2.819
    Пол:
    Женски
    Може ако ова ти е прва подолга врска сакаат чисто од љубопитност да видат со што човек се дружиш. Знам дека јас ако сум родител би сакала. Не мора ова да станува како врските што секој ден одиш кај него дома и он кај тебе и се слушаш со мајка му на телефон и правиш муабет по пола саат туку може на едно кафе да излезете сите, да си седнете, попрајте муабет и готово. А немој да се замараш со сериозна врска на овие години. Под ова сериозна мислам да не се зближуваш премногу, терај се додека е добро во врската и ако треба да ви стане сериозна врската, коцките сами ќе си се наредат.
     
  16. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Да моите би го запознале од љубопитство но никогаш не ми спомнале онака директно
     
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.716
    Допаѓања:
    22.231
    Пол:
    Женски
    Ти најдобро си ги познаваш родителите и можеш да процениш како би реагирале.
    Јас еве како мајка не би сакала дома да ми ги носат девојките од причина што можеби би се приврзала кон девојчето и би ми било криво доколку се разделат.
    Би сакала кога ќе решат да се женат да размислат дали е вистинскиот избор направен и тогаш да ја претстават.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  18. krofnicka27

    krofnicka27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    6.689
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ја има запознато само мајка ми, а јас само татко му :D Неговите се разведени и мајка му живее во друг град, па се уште не сум ја запознала, ама планираме за брзо и нејзе да и отидеме на гости :D
    Ама затоа со татко му први другари сме :rofl:..Го знаев уште од порано бидејќи сме комшии таму кадешто живеат и чоекот радости бил кога му кажал овој мојов дека сме во врска..Многу сум му била мила затоа што секогаш го поздравував кога ќе го видев :D И ајде официјално како пар отидовме кај него дома на вечера, ама немав некоја трема затоа што татко му е скроз кул тип иако има 55 години, а и го знаев со години наназад..Се изнамуабетивме, си пиевме пивце..А бе мераци :rofl:
    Инаку, мајка ми и дечкото ги запознав после една година од врската..Јас сакав да помине уште малку време па тогаш да се запознаат, ама мајка ми на глава ми се качи да го викнам кај нас таа да го проценела :rofl: Се воодушеви жената од него, одма и свадба ми испланира :rofl:
    А со татко ми не сум ги запознала бидејќи сме од различни држави со дечкото и не сме имале прилика никогаш. Ама ќе биде и тоа за брзо :D
    Се на се, океј помина и моето и неговото запознавање бидејќи двајцата имаме скроз опуштени родители и немаме ич срам ниту јас од неговите, ниту тој од моите :angel:
     
  19. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Семејството на дечко ми поточно мајка му и брат му ги запозна така што пред 2 години на мојот роденден ми ја заклучи вратата од колата и ме однесе кај него (јас сум многу срамлива и во др ситуација не би се осудила или би била многу нервозна).
    А тој Ја запозна мама еден дождлив ден кога се договориме да се видиме ама јас се успав и не сум го чула телефонот, така да тој ја прашал мама ако може да ме викне (си помислил дека сум му лута за нешто) ама пошо врнеше она го покани дома и така... Се гледаме како мачори :D
     
    На Milenalena му/ѝ се допаѓа ова.
  20. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    10.729
    Пол:
    Женски
    Ние пред да почнеме врска бевме другари, па му одев на гости, тој доаѓаше кај мене и така се запознавме со нашите родители.
    Добро сум прифатена од неговите, тој од моите. Мајка ми му купува подароци за роденден, мајка му мене. Се почитуваме, ни оди муабетот скоро 9 години. Е кога ќе дојде време да живееме заедно ќе видиме како ќе биде.