Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запознавање со родителите на дечкото, но и со вашите

Дискусија во 'Врски' започната од rossonerka, 14 октомври 2010.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Не знам како до сега не сум пишала во темава :D јас со родителите на мм се запознав на прилично смешен начин . Тогаш мм држеше билијард клуб а јас и бивша другарка бевме на спиење кај мајка и во станот . Додека попраќавме другарка која живее во соседството на мм , не пречека тој пред дуќан ( на недоговорено беше ) . И си направивме муабет и вели ај ќе пиеме кафе . Викам да ја испратиме другаркава и за назад ќе застанеме и така досадно е дома . Така и би . Кога се враќавме , сеуште имаше батковци во дуќанот кои играа билијард па поседовме малку и одигравме партија и ние со другарката , потоа тие си заминаа ( поточно мм им рече затварам , ми дојде женска ми ајде утре ќе продолжите :D културно ги избрка :^) ) . Останавме 4-ица . Тогаш се јави на мајка му да стави 3 благи кафиња и едно средно . И рече да му ѕвони кога ќе бидат готови за да ги земе , ама свеки љубопитна да види за кого толку кафиња , слезе ни ги донесе сама . Потонав во земја :$ овој без гајле и вели жена ми , нејзина другарка .. јас се препотувам , срамежливо се представувам , и велам не требало да се мачите да ги носите кафињата вие до овде .. вика а нема проблем , сакав да видам за кого се :D . Седенката се оддолжи . Смеење до немај каде и после кафето се фрливме на пиво :lol: и доаѓа свекорот :| бидејќи тој вози такси , како што се паркираше , светлата право на нас во очи :sweat: вика мм а еве го и чале :D и вика стари ( со ова сакаше да се напрае фраер пред нас :rofl: ) дај клуч од колава да купим нешто .. и он иди со скутерот |( и на нас здраво деца .. јас пак се препотувам и едно срамежливо здраво кажав . После му се јавува на мм на тел и му вели кој са дејчињава и мм па смеѓата ми е женска а другата и е школска .. ја го помодрев од штипење :tmi: доста викам ме испосрами :$ на мајка ти и велиш жена ми на татко ти женска ми .. речи им другарка смотан еден (facepalm) вика а ти се срамиш :wasntme: е не бе само потонав :tmi: со сестра му се сретнавме во двор . Требаше да гледаме филм и се разминавме таа за у школо јас за горе :wasntme: исто и со баба му :lol: дедо му никогаш не го запознав . Тој период бил тешко болен , а потоа и почина ..

    Тој со мојте се запозна на културен начин :D дојде кај нас и се запозна со мајка ми и сестра ми таа вечер пиевме кафе во двор и муабетевме . Со татко ми се сретнале по улица во 5 ипол наутро и си кажале добро утро дури :lol:
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Мојот партнер дојде кај мене на гости после десетина дена откако почнавме со врската и така се запознаа со моите. По неколку дена и јас отидов кај него и така ги запознав неговите.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Не сум носела дома дечковци, нити ги познавала со моите.
    Порано имав малку поразличен став на оваа тема, сметав дека е сосема непотребно да се запознаваат родители ама со тек на време секако го сменив мислењето.
    Ако со дечкото планирате сериозно, иднина, брак деца и те како е битно да го запознаете неговото поблиско семејство, без разлика дали ќе живеете заедно или не.
    Знаете како велат "крушата под круша паѓа". Секако дека секаде има исклучоци ама тие се еден во милион.
    На еден мој бивши, неговите родители беа премногу културни, пристојни, фини, мирни, добри луѓе. Па и самиот тој беше таков. Мирен, повлечен, никогаш не навредуваше ниту пцуеше. Ама раскинавме од сосема трети причини, небитно.
    На друг бивши пак одевме неколку месеци и навистина не забележував ништо чудно во неговото однесување. Една вечер ме запозна со неговите, па после тоа ги видов уште неколку пати. Самиот ми призна и се отвори дека татко му бил алхоколичар и порано кога тој и брат му биле мали многу ја малтретирал мајка му. Иако истиот тој дечко не го оправдување однесувањето на татко му, сепак со одењето кај него сфатив дека тој (можеби несвесно) се однесува исто ко татко му. Тоа ми беше доволно за да ја преќинам и таа врска.
    Запознавања и одења по гости кај вујковци, тетки, стрини не ми се допаѓаат ниту мене и сметам дека се сосема непотребни. Мојот љубовен живот не сакам и не планирам да го делам со никого ама сметам дека поблиската фамилија (татко, мајка и брат/сестра ако има) е важно да се запознаат.
     
    На wildpunk и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  4. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Офф... Кога ќе ми текне...
    Целиот дејт асоцираше на one night stand, само што знаевме дека тоа е тоа и сме еден за друг, али секако кој би знаел кон што води?
    Во дејтот што се состоеше од рекордни 19 саати, нормално вечерта ја преспав кај него спонтано (ради некои причини кои ќе ги спомнам у друга прилика)...
    Нејсе, станавме и ми направи кафе. Пред да ме однесе на работа, отидов да ги поздравам неговите. Кучето лаеше (и ден-денес не ме сака), па не ни им ги слушав имињата.
    После веќе се е историја, хаха... Од гајле ми е до: Како реагираа твоите на оноа?

    Он со мајка ми се запозна после некоја недела ми се чини, со татко ми после година и пол на автобуска. Официјално го запозна на денот на свадбата на брат ми пред 2 месеци... :D
     
  5. Tejjy

    Tejjy Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2018
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Само на сегашниов дечко ги имам запознаено родителите, а и тој ги има запознаено моите. Се запознавме кога сфативме дека врската ни е сериозна и дека имаме заеднички планови. Ден за паметење е кога ги запознав неговите, јас црвенеам, тие уште повеќе. :$ Ама сега еве јас одам на гости кај нив, тој доаѓа кај мене, исто како дома си сме.
     
  6. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Не сме се запознале со родителите сеуште.
    Не знам како ќе го преживеам тој момент, ден, година :D
     
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Се имам запознаено со 2-3 мајки на бифшите.Сосема случајно.
    Ама доста од нив ме знаат дека постојам, која сум и што сум.
     
  8. Roxy1991

    Roxy1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Vaka nz vise kaj koj i za voa da ve prasam jas spored mene mislam deka zapoznavanjeto so roditelite okey e samo zaradi pocit no kajmene se sluci nes mn cudno so bi napraile vie da ste na moe mesto se gledavme so eden decko kratko vreme koa go zapoznav so moite se bese okey no po razgovorot so moite roditeli otkriv deka negovata sestra e mazena za moj vtor bratucet dali nie sme vo nekakva rodninska vrska ili nema precka sa takvo nesto ?
     
  9. FireSagittarius

    FireSagittarius Нов член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Колку ми е тешко од темава.
    Имав дечко со кој што раскинав заради неговите родители.Не секогаш запознавањето гарантира успех на врската.
     
  10. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    6 i pol godinu vo vrska, se imam zapoznaeno so negovite i toj so moite, uste na pocetok, sega skoro so celata familija sw imame zapoznaeno i toj i jas.
     
  11. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Моите го имаат запознаено поради тоа што беа "присилени". Дојде кај мене бидејќи ми беше партнер за матура, а јас кај него сум често. Де на поминување, де да однесам нешто, де да сликаме. И пријатно ми е таму. И јас сметав дека е апсурдно да се запознаваат фамилии, да се оди дома и сл. ама како што врват годините сфаќам дека самото си доаѓа, а и кога почнавме, тој имаше сериозни намери па и на тој пат ја доведовме врската, а јас бев скептична. Сега можам да кажам дека станав посигурна во нас и нашата иднина, повеќе од тоа што беше тој некогаш.
    Инаку...моите се со конзервативно мислење дека треба да го земеш само тој што ќе им го донесеш дома и со тој со кого ќе те виделе луѓето, онака официјализирано да речам. Според мене, чиста глупост. Ама затоа не го носам дома, а и не кажувам за моите посети кај него. Со двојниве стандарди, машкото може да си носи дома и пет различни, ама женското мора да е чесно, глупости.
    Само, оставам резерва, да не биде после дека сум избрзала.
     
    На candy.cane, GirlLove, T.e.d.d.y и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Feminka88

    Feminka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2019
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Оф топик..
    Дали ги носите дечковците на свадба кај роднини, братучеди пред целото семејство?
    Малку е незгодно..:$
     
    На Packka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Ако е поканет, секако.
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    Имав дечко од 8 години, кај другарки бил на свадба, кај роднини не. Исто и јас само кај негови другари.
    Со маж ми, кога сеуште беше дечко, бев на свадба кај брат му, ама се веривме 4 месеца после таа свадба, така да во тој момент бевме доста сериозни во врската и затоа прифатив да одам.
    Иначе сум против носење дечковци по дешавки кај роднини.
     
    На candy.cane и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Јас со неговите се имам запознаено. Бев против зближување, но постојано сум кај него и нема смисла да ги одминувам луѓето и здраво да не им кажам. Тој со моите се нема. Од причина што никогаш дома не сум го донела.
    Ме канеле и на родендени, слави, матурска на брат му.. ама не сакам баш на тапет да бидам пред сите гости. Кога ќе биде време за тоа, радо бих.:D
     
  16. Ljubopitnataa77

    Ljubopitnataa77 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2018
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Со дечкоми сум во врска не повеќе од 3 месеци. За овој период се запознав со мајка му и баба му... Кога се запознавме кафенцее,муабетии, па случки ми раскажуваа од ко бил мал, и така многу ги засакав а мислам дека и тие мене. Со татко му така само еднаш оддалеку се видовме и ништо. Инаку со мајкаму сум родена во ист ден и ист месец :D.... е сега ко станува збор за моиве :whew::worried:.... Вака значи таткото и мајата на мојот дечко се разведени. Семејството од страната на таткому се роми а мајкаму православни христијани. Е сега ко требало да се венчаат мајка му и татко му татко му ја пригатил христијанската вера, а и дечкоми е крстен во црква така да и тој е православен христијанин. Ноо кога моите дознале за тоаа почнаа да ми викаат остави го додека е рано, тој е друга вера, и уште што не... А јас толку многу го сакам. Дечкоми вели дека ќе им објаснел декаа не е така ко шо мислат и дрка не е друга вера, само сега било уште рано. И сега тие знаат дека имам дечко но повторно треба да се кријам кога се гледам со него. Дајте ми некој совет? Како би постапиле вие да сте на мое место??? Дали мислите дека со време ќе прифатат??? ;(;(;(;(:(
     
  17. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Со што си ги губиме луѓето.Како прво тој не е од друга вера.И покрај тоа што јас имам дечко од друга вера ги сваќам тие кои не сакаат.Не ги сваќам само тие кои навредуваат.Луѓето умираат,се губат незнаеш до кога си тука и ќе ти дојде некој ваков.Абе...остави тоа дете да биде среќно.Зошто си родител ако не можеш да бидеш?
     
    На anggell и Ljubopitnataa77 им се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Речиси 2 години сме заедно. Ги има запознаено и моите братучеди, и кумови, и брат ми, сестра ми, и мајка ми, само со татко ми уште се немаат запознаено. Не би го запознала со татко ми бидејќи е доста строг и заштитнички настроен спрема мене, па може да го исплаше хаха.:worried: Инаку тој знае и нема ништо против дечко ми, напротив, многу го сакаат сите дека многу се грижи за мене и секогаш е тука за шо и да е. Со мајка ми и брат ми буквално најдобри другари се, брат ми цело време сака да доаѓа за да се дружи со него, ја небитна. :^):D
    Јас со неговите се немам запознаено, додуша само баба му знае дека сме во врска, ама не ми пречи тоа.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    После 2 месеци врска, од прилика, прв пат го однесов дома.
    Пошто бевме од различни градови и до тогаш, исклучиво тој идеше за викенди, па спиеше во хотел... еден ден ги седнав моите и им реков: Ова нема смисла! Не може секој викенд да труска пари за хотели. Од сега, кај нас ќе спие.

    Кога одевме накај куќата, 50 пати направи тргни-застани.
    Умре од срам, кутриот :lol:

    Иначе, не правев драми за запознавање со родители.
    И претходни дечковци сум носела и ме носеле дома. Најнормално, ко другар/ка да иде.
     
    На candy.cane, Dust и Milobebence им се допаѓа ова.
  20. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Пред да се запознаам официјално со неговите имав само едно добар ден како сте. Официјалното испадна многу спонтано, јас и мм бевме излезени и неочекувано се сретнавме со нив па не поканија на вечера и испадна и подобро од очекуваното. А мм моите официјално ги запозна на денот кога ме запроси, после просидбата која беше околу полноќ дојдовме кај моите беше скоро 2ч пополноќ а мајка ми во меѓу време спремила трпеза со јадење и пиење да си го пречека зетот. :hug:
     
    На candy.cane, marija1907, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.