имам дечко и идеме 2 год.кога се фативме се беше ок едноставно ми беше совршен..но со тек на време мн се здебели и почна да ми станува помалку привлечен... се обидов во неколку наврати да му указам...но сепак добив само еден одговор-сакај ме каков што сум
ме насмеа темава.наместо да му кажеш директно,терај го да ти прави друштво да трчате на кеј на пример,или ти почни многу внимание да пбрнува на изгледот,за да осети малку инфериорно и сам да се поттикне
се сум пробала...пак она истото Ако ме сакаш ке ме сакаш ваков...Не би сакала да е вака ама се понепривлечен ми станува...дури се загрижувам... Фала на советот...али ете ке пешачиме и после пак на јадење иде... А јас коа ке почнам повеке да се средувам добивас само- За кој се спремаш толку...што се дотеруваш и немозам на крај да искочам
Не сакам улежување и распуштање во врската,истото почна да се случува во мојава врска со солиден стаж последнава година,ама затегнав ременот,не ми се допаѓаш ваков,јас те сакам тебе,ама не ми е привлечно.Јас сум со тебе заради тоа што си,но сакам да го гледам и она кое го гледав пред година дена,ако сакаш да немаме физички контакт,туку само да си муабетиме,во ред гои се,во спротивно дисциплина и ослаби!Се нечкаше,ми рече дај ми време сам да ми дојде моментот и за среќа дојде,диета физика активност и се враќа во форма каква што ми се допаѓа. Не е муабетот демек,ако ме сакаат секаков ќе ме сакаат,па не е точно,а уште помалку е точно пак ако претходно поинаку изгледал,а сега се распуштил.Не прифаќам изговори,пред се говори за личноста,дека нема дисциплина и принципи,што значи има фалинка и во карактерот,а не само во изгледот.Јас не можам да си се поднесам себе кога сум таква,иако имам здравствен проблем заради кој редовно качувам 2-3,а претходно имав и повеќе токму заради тоа,а цел живот сум била претходно сувтарка и едноставно не можам да си се прифатам зошто знам дека јас можам подобро да изгледам од тоа. Сепак,до солидни 40 години (па и повеќе) може да се одржува линија и кондиција,не можеби како во 20тите години,но сепак...ако си здрав,можеш!Ама млади луѓе кога ќе ги видам размешлени,распуштени,ужас!Нe може да одолее на хамбургер од 7ца...ти јади,ама еднаш неделно или еднаш во 3-4 дена,ама вежбај и троши го.Јас имам 54 кг сега...и не можам бре брате кога знам дека 50-51 е мојот број,а сум имала и 62(а може и малце поише да беа,не се сеќавам право да ви кажам,ама 70 не надминав), во тој ризичен период,не се искомплексирав зошто знаев дека не сум јас вновна,ама не оставив на случајот. Ко што сака тој ти да си му миризлива,издепилирана,во добра форма,така сакаш и ти фино за очи до тебе. Нема осетливост и фин начин на кажување на нештата во овој случај,со текот на времето ќе ти стане фрустрација и ќе го отсакаш и да е најсрце човек на светот...кога нешто не ти се допаѓа,не ти се допаѓа и крај...Цели бракови знаат да се распаднат за ваква можеби банална работа ако им е сепак важен елемент...па уште кога си млад и можеш да бираш,да не зборувам...
леле алал да ти е како го напиша ова...Пореално немозеше фала мн сеа дојдов до идеја како да успеам во ова
Темава може админките да ја крстат поинаку, како на пример Опуштање во долга врска или некако слично(не ми текнува ама баш ништо поасално)што ќе потикне и општа дискусија за (не)грижата за себе или на партнерот во долга врска. И јас го мразам ова. Како што јас си водам сметка за себе, истото го барам и од него. Помалку од ова не прифаќам. Среќа он е физички активен, па нема ваков проблем.
Znaci deka fizickiot izgled vi e biten,a me ubeduvaa ne e biten neka ima i 120kg,bitno e da e sarmanten,pameten,nezen.inaku se slozuvam so mojata draga pocituvana rainbow deka ako mozes ti da bides sredena i da vnimavas na tezinata moze i toj.taka e
Mene ama bas ne mi e bitno dali se zdebelil ili ne pa pogotovo poradi toa da gubam interes za nego dokolku iskreno go sakam, pa sto ako jas se zdebelam on treba da me ostavi poradi toa???Stavi se na negovo mesto ti da si se zdebelila poradi X pricini, dali bilo od nevnimanie, od nervozi ili ednostavno ti e takov period i sea nemas volja da se vratis vo forma vo koja si bila i on da ti kaze deka si se zdebelila i deka treba da oslabnes, ti kako bi se custvuvala??? Sekoj razlicno, decko mi otkako se zapoznavme se ima zdebelono ne premnogu no ete i jas sum imala periodi koga sum bila podebela, sea oslabnav pak ama nego vo nitu eden moment ne mu precelo toa sto jas bev podebela edno 7,8 kila i isto mu bev i privlecna i se no sekoj razlicno. Moe mislenje deka dokolku vistinski go sakas toa nema da ti preci zasto ako sea ti preci sto ke bide ponatamu, nema vecno ni on pa ni ti da ste ubavi, mladi, zategnati itd.
Е како да не,се здебелил 10 кг па ќе го отсакам ,можеби ќе доведам во прашалник др нешта на пр дали за други проблеми критики од моја страна ќе реагира индифирентно како што би на мојата критика за физичкиот изглед,ама па има мал милион околности нервоза лош период и тн тн па ете ,се случило да не внимава на изгледот некој период....и мене ми се има случено па спомнувал со носталгија за времето кога сум била опасно згодна Е единствено не оправдувам кога една девојка млада што е чест синдром кај девојчињава да ајде по три месеци од врскава ко по некој шаблон ги видиш сите со мевце на бутките и тераат надаље....
се додека изглееда пристојно и е главно онака како што сум го запознала не ми смета,но повеќе од тоа да.и нема врска тука го сакам не го сакам,и тоа како е битно особено во долгите врски да се задржи привлечноста и страста.па не ми е другар,дечко ми е.и не е после ништо чудно кога едниот партнер му шетаат очите.на крајот на краиштата млади сме,па сега ако не се одржуваме во форма кога.барем сега најлесно се оформува телото и не се фаќа така лесно
GO IMAM I JAS ISTOTO ... VEKE PODOLGO VREME SE OBUDUVAM DA STAVAM RED NO POPUSTO INAKU IMA MNOGU VISTINA VO TOA DEKA OTKAKO KE SE ZDEBELI NE TE PRIVLEKUVA ... NE SE RABOTI ZA 5,6,7 KG TUKU KG KOI STO SE GLEDAAT OD AVION . PRIVLECNOSTA SE NAMALUVA , SO TOA SE POTISNUVA STRASTA , OD KADE STO ZAPOCNUVA NEZAINTERESIRANOST ... I TN
не можам да кажам дека нема да ми смета ако дечко ми се здебели или не води грижа за себе, без разлика што го сакам. Незнам стварно зошто машките толку се опуштаат, додека жените постојано водат грижа и нега.Не е фер. А инаку можеш на пример да се оставиш обрасната подолго време и кога ќе ти спомне нешто од типот:оди среди се, ти кажи му дека треба и тој да се среди. јас барем така би направила да го мотивирам !
Го имаме правено овој муабет со дечко ми и тој секогаш ми вика дека откако сме се фатиле сум се разубавела уште повеќе и сум почнала да водам грижа за себе повеќе - што е точно. Е сега во врска со неговиот изглед... јас го носам на фризер и и кажувам на фризерката како да го шиша. Често му купувам лабела, креми за лице и такви чуда пошто го мрзи сам да си купува. Во теретана самиот си оди, никој не го тера, едноставно има желба за такви работи и за спортување воопшто. Некогаш го мрзи да шета, а јас мразам кога ќе ми дојде со мотор или кола место да шетаме пешки. Машките не обрнуваат толку внимание на својот изглед, тоа е факт. Ако ти не го поттикнуваш и ако не го тераш, ништо од бизнисот Затоа биди упорна и искрена пред се дека не ти се допаѓа каков станал во последно време и дека треба повеќе внимание да обрне на изгледот.
Леле мене многуи ме нервира кога е неизбричен, аууу ужас.... вика демек сите машки ги мрзело, нема везе бе, има машки што никад не сум ги видела подниканти... во оваа тема највеке се запоставува, и на други полиња, ама за брадава...
да ви кажам каков е таков е мој си е за 5 години од врска човек неможе да биде ист. и јас и он ќе качиме некое килце, па ќе намалиме, па еј де ако некое време го одмори лицето и да е не бричен голема работа, али тоа е ретко работата не му дозволува да е несреден. мислам дека не се запоставуваат туку човек со тек на годините се менува. никој не е ист ко лани. а јас бар иако секогаш ми е убав и среден и да не е си го сакам, а и секогаш ми е битно тоа што карактерно се сложуваме него ли убавината. па убавината е минлива работа нели .... па ај запрашајте се зар нема да го сакате кога ќе остари??? зар вие секогаш ќе бидете млади и убави ???
Па не беше работата во стареењето и менувањето, туку во негрижата. Тоа се сосем различни работи. Друго е да се остава нон стоп небричен, да не води сметка за хигиената и сл., а друго е да добие брчки и да обеле, нели?
да ама машки ко машки неможеме да бараме од нив да бидат 24/7 средени ко нас. мислам и човек се менува и ако не му е месецов до бричење ај не го сакам. море каков таков и немиен мој си е си го сакам. бар мене лично не ми смета иако кажав дека дечко ми е пицајзла се средува али и да не се средува ќе си го сакам тра ла ла ла ла
Пишав за тежината,а за хигиената воопшто немам замерки,ама баш никакви.Многу е педантен и секогаш среден.Подшишан,избричен,парфимиран,антиперспирант редовно,крем после бричење...секогаш,ама секогаш рацете му мирисаат на чисто.Тоа ми е многу важно,иако е чудно,ми останало од мала,на татко ми рацете секогаш му мирисаа(т) на сапун кога ќе го гушнев,кога ќе ме погалеше или имав навика да го држам за рака кога гледаме телевизија,па после кога ќе ја мириснев мојата рака ми мирисаше на убаво.Чудно е,знам,не ми е критериум,ама ете се погоди да ми е тамам. Постојано се бричи,ама јас повеќе си го сакам со брада...помажествено е ми е,особено брада од неколку дена...ммммм...
Еј ама ме погоди, и јас премногу сакам малку брадичка, вистина е посекси а за дебелеење се сложувам, само што моментално јас сум таа што е малку здебелена цело време ми зборува дека треба малку да си посветам внимание, да пазам што јадам, да вежбам и слично.Многу се нервирам и вреѓам кога ми го зборува тоа ама знам дека е во право страв ми е да не му станам непривлечна ама пусто ме мрзи да почнам да вежбам.Почнав прво со исхраната да избегавам фаст фуд, да пијам чаеви против целуит, многу течности, креми...ама да се убедам да вежбам...послабо... знам дека тоа е многу важно ама ајде де.
И мојот .. се тушира секој ден , не сака коа е неизбричен ама многу ми е згоден така . А мене па ме нервира кога ќе се избричи и ме боцка , или кога ќе се бацуваме подолго и ме пече околу устата Води грижа и за хигиената и за изгледот , еднаш немам осетено дека не ставил парфем .. Порано го чекав многу да се спреми , да се истушира .. му викав до кај си со шминкањето ало Го ценам тоа што не се запоставува а е долго време со мене . Заедно си бираме шампони , гелови за туширање , парфеми ова она