Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запоставување на грижата за изгледот во долга врска

Дискусија во 'Врски' започната од black-i, 7 јуни 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.501
    Допаѓања:
    201.483
    Пол:
    Женски
    А бе не треба да се запоставуваме ни двајцата, тоа е факт, ама има моменти кога тоа се случува. Кај нас двајца особено зимава се одрази во однос на физичкиот изглед (не само зимата, нервозите, промените, напорната работа по дома со реновирањето и се друго), па како да се опуштивме малку - ама ете, веќе се средува се, лека полека, и се си доаѓа на свое место. Инаку сметам дека и двајцата треба да си се одржуваме, зошто само едниот тоа да го прави? Лично пред се заради нас самите - така ќе се сакаме повеќе, а тогаш и партнерот ќе не сака повеќе :D
    Во однос на хигиената - никакво запуштање не толерирам, без оглед на се! Ама брадичката му ја сакам... море, ја обожавам! :lol: :lol: :lol: Не му се веруваше кога му кажав дека не ми смета, дека, напротив, сакам кога има брадичка (само да не стане како некој поп :lol: ).
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    ЛЕле исто како јас за мојот да си кажувам. Во собата на полици му се наредени сите парфеми и купки и шампони и млека за тело....што се вика повеќе од мене. Си се спрема полека, си ужива... Бог да чува!! :D :D
    Не се запоставил никогаш, ама понекогаш кога ќе видам колку внимание сипосветува, неможам да не се чудам. :?:
     
    На La.Reina.Del.Sur и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  3. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Мојов е тро попраен и ич не ми смета, ама не е до него имаше нешто здавствени проблеми кутричкиот и не можеше да вежба, е сега кога подоздраве гледам пак си се става во ред. А, ако не ми се бања редовно е тоа не сум имала проблем, ама ако осетам такво нешто мислам дека сум во состојба да раскинам, па колку и да го сакам, не можам да гушкам некој и да ми потсмрднува... :puke:
     
  4. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    мојов е спортист,значи секој ден трча по два пати за да одржува кондиција и има совршено тело.
    Проблемот сум јас.Летово еден и пол месец одев на фитнес и ми се здосади,а имам 57кг.Но јас во друга смисла се запоставив.
    Дечко ми не сака да ставам пудра,не дека имам потреба ама јас посигурно се чувствувам со пудра.
    Второ:не сака да си ја пеглам косата сака фатена да ја носам итннн.Не дека не ми годи ама јас сама не се чувствувам понекогаш привлечно а тој ми вели дека без пудра му сум поуба :D
     
  5. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Мојот е речеси секогаш скоцкан не сака ама баш ништо да му штрчи.Спортува за да не се поправи, секогаш е намирисан и среден.Понекогаш само остава малку брадичка ама тоа воопшто не ми смета, така дури некако ми е посекси.Од мене не бара од ништо да се одречам сако кога и јас сум средена.
     
  6. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    иако повеќето истражувања укажуваат на тоа дека луѓето кои се во долга врска без разлика на тоа дали е машко и женско го запоставува својот изглед сепак јас мислам дека не е така затоа што еве на пример по мене си знам баш тогаш внимавам сакам да бидам убава ,згодна а инаку има право кога дечко ти ти вика да го сакаш таков како што е секој од нас може да стави некој килограм повеќе тоа веќе не е љубов туку привлечност утре кога ке се земете ќе почне да старее со тек на време и тогаш нема да ти биде привлечен и ке треба да го оставиш
     
  7. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Ок е ајде, 8) има периоди кога навистина може да варира тежината, ама ОК е кога ти самиот ќе бидеш свесен дека треба да се средиш и да ја намалиш, а не да дозволиш да дојде до ситуација дечкото/девојката да ти укажуваат на тоа дека треба да се средиш.. :tmi: Јас сум прилично во долга врска, до сега такви проблеми сум немала, секој пат сум се средувала, па на крај краева не е работата само за пред дечко ми и за пред другите, си се средувам и си одржавам линија најпрво чисто ради мене :!: И дечко ми секогаш бил среден, со тежината не сме имале проблем до сеа (фала богу) :lol: за изгледот иако неколку пати сакал да се избричи, ја сум го терала да остави малце брадичка, затоа што помаженствено и секси ми изгледа така.. :*
     
  8. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Па може да има периоди на запоставување во долга врска, сепак мислам дека тоа зависи од самите партнери. Ако двајцата сакаат да се грижат за својот изглед јас мислам дека можат и долгата врска не треба да дозволат да си го направи своето. Можеби и мојата 2годишна врска не е многу долга во однос на некои од вас кои имаат подолги врски и не сум компетентна да зорувам за ова :lol:. Инаку досега кај нас не е имало запоставување :D
     
  9. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Многу е глупо тоа,ко ја да се средувам и внимавам на својот изглед за да привлечам некој,а кога ќе ми падне во раце,да баталам све и да речам ако ме сакаш,ќе ме сакаш каква и да сум. Јас си се средувам пред се за самата мене,така да не ми е битно дали сум во врска или не,човек секогаш треба да изгледа убаво и средено :)
     
  10. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Ааа јас во летото се фатив дека ептен си дозволувам и се запоставувам, почнав да си дозволувам нокти не средени, коса не средена, си излгував без многу многу гледање во огледало, па на излегување еднаш си најдов и дамка на фустанчето, и така. Според мене девојката-жената треба да е секогаш средена и да изгледа пријатно за гледање. Есенва повеќе обрнувам внимание и се трудам колку можам секогаш да изгледам убаво, и да не се опуштам до толку.
     
  11. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    И во долга врска и во долг брак и во долга старост јас ќе си се средувам пред се поради самата себе :)
    сакам да си бидам убава и средена секогаш и не ми претставува измачување тоа.
    Има периоди на запоставување ама периодот ќе помине и пак по старо .
    И да имам и да немам дечко и да имам и да немам маж запоставувањето на изгледот не зависи од тоа кај мене, зависи од мојата емоционална состојба; пример кога имам ПМС тогаш неможам многу да се спремам неможам да се гледам пред огледало :tmi: не се поднесувам самата себе и несакам да имам контакт со луѓе :lol:
    Без оглед на се секогаш може да се најде време за средување колку толку да не е без ич ...
     
  12. LaRissA

    LaRissA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Па не треба да се средувата само коа имате дечко/девојка.Као прво треба за себе...се подразбира често капење,чистење на лицето..секогаш намирисен/а...како второ и за лугето околу вас..неможе некој да стани до тебе и да смрдиш на пот..или здивот да ти мириса.Треба самиот од себе да се гнасиш ако тие 2/3 работи не ги правиш.Ја неам дечко али..тоа од лична хигена. :)
     
  13. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    Знам многу девојки што се запоставиле поради тоа што се во долга врска или пак во брак. Јас искрено не ги поджувам. Како прво си се средуваш за себе, за ти да се чувствуваш и да изгледаш убаво. Второ и за тој до тебе. Зарем не се чувствувате прекрасно кога ќе ви дадат некој комплимент за новиот фустан, за убаво искомбинираната гардероба, за косата, за шминка... Јас да 8) И сега во брак ниту еднаш не сум се запоставила.. Ако самите не се негуваме па кој друг тогаш..... И уште нешто - Секогаш изгледајте убаво, кој рекол дека љубовта е слепа? ;)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    се гледа и изгледот ама не до толку поарно јас да бидам поубава од него одколку тој од мене.што ќе се свртат по него нека се свртат по мене :D :D не да речат кај иде лепотанов со утепанава,туку види што виде у него каква цура што влече по себе :D :D
     
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Не се трудам премногу, бидејќи не сакам да му изгледам како порцеланска кукла, пред се сакам да си бидам своја, онаква каква што сум -со маните и со доблестите. Ако ме сака таква -тогаш ме сака. Подобро од тоа нема.

    Маскара и малку крем пудра е сосем доволно.
    Ми вика: -Не се шминкај.
    Ама ајде, малку да се средам си викам, не би било океј вака.
     
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Двајцата сме многу по хигиената, секогаш чисти, средени и намирисани...за тоа сме се погодиле. Но незнаев дека имам работа со апсолутно не-спортски тип! Почнува веќе да ме иритира, баш поради тоа што го сакам и сум решила да бидам до крај со него, имаме 6 годишна врска, и неможам туку-така да го оставам поради килажата. Кога го запознав беше 85 кила и многу слаб за неговата висина, но сега мислам ако не 120, фаќа барем 115 кила :@ Буквално ми доаѓа да пукнам! И немам веќе идеи како да го стимулирам да вежба. Никогаш не вежбал, а јас сум постојано физички активна и напорно тренирам. Тој се вади на тоа демек точак возел, а тоа се се на се 5 километри во денот, до работа и назад. Сум му кажала- додека не се испотиш човечки барем саат време 3-4 пати во неделата, исто како да не си направил ништо! Едноставно не иде јас да имам плочки на стомак, а тој пивски стомак, виснати цицки и стрии насекаде :envy:
    Не е работата во тоа дека помалку го сакам, туку поврзано е со сексот! Незнам дали другите сте го приметиле ова? Не само што сексуално не ме привлекува, туку и самиот секс ни пати ради неговата килажа :( Значи тромав е, во секоја поза неможе да се намести како што треба, се тртка, се туфка, се мести и преместува по сто пати, изгубил на брзина и премногу е спор во сексот.

    Незнам веќе што да направам, све сум му кажала, на убав начин да не го навредам, сум пробувала и разни начини да го мотивирам, па дури и дома заедно да вежбаме, склекови, стомачни да правиме...не сака да чуе! Стално си има некој изговор, дека е уморен од работа и нешто слично. Морам нешто да превземам, но незнам што!? Тоа мора да биде не-вербална мотивација, да направам нешто...Имате ли идеја или некое искуство?
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.426
    Допаѓања:
    91.526
    Пол:
    Женски
    Имам сега и јас после толкава врска ваков проблем. Ме гледа без шминка после спиење или ако дојде кај мене. Кога излегуваме сум тип-топ, па и кога одам кај него. А тој последнава половина година го мрзи да излегува, па ретко излегуваме и одам кај него. Прво секогаш ме пречекува во кревет, по пижами, со неизмиено лице, па и заби. А грешка сум, тој станува час, два пред да одам и се тушира, ама сепак заби ретко мие. Немам забелешки за телото бидејќи има совршено тело, ама ова околу хигиената, па и непочитувањето со тоа што ме пречекува вака ми пречи страшно. Кога одам тој не станува, легнувам до него и почнува сексот, обавезно носам мастики затоа што знае колку сум гадлива, па мора да земе мастика за да се љубиме. Јас сфаќам да спиеме заедно па ај утрото да поминеме двајцата преку здивот, ама па во 14 часот не поминувам. Уште дојде во ситуација да се буни како ни е сексот, бил многу монотон, се исто се случувало. Му одговорив, ако се средиш и евентуално подстанеш од кревет можеби ќе стане подобар. Но, еве од тогаш месец дена и тој не се поправа, а ми наоѓа мене забелешки, како имам криви нозе , големо чело и не знам што што ете не може да се поправи никако, ама неговото лесно се средува.
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.413
    Допаѓања:
    42.211
    Пол:
    Женски
    Имам долга врска но ни јас и ни дечко ми никогаш не сме си го запуштиле изгледот поради тоа.Море тој ми е педантерија жива :D секогаш мириса убаво, крема на фацта обавезно, брадичка има ама малку така да не ми ни пречи кога е подникната и секогаш му велам, а и го мислам тоа, дека иако е пушач никогаш не мириса на цигари, ни алиштата ни здивот, а и за килажата немам жалба, згодно типче :D А јас најправо сакам да сум си средена ради мене, а потоа ради него и остнатиот свет. Имам еден ден во неделата кога целосно си се средувам, маски, пилинг,, маникир и такви ти ствари и после сум како нова, тоа си е лично за мене :) До душа јас малку си го запуштив мешенцето, троа салце имам :$ ...ама ќе го израмнам дека и да е. Мое мислење колку и долго да си со некој никогаш не треба да ја запоставуваш рижата за својот изглед, секако дека нема секогаш да бидеш нашминкана, дотерана, и со средена фризура, но хигиената никако не треба да се запоставува, ради свое здравје најпрво.
     
  19. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    е многу се нервирам вака кога некој не сака да се погледне себеси а наогја забелески,мене ми викасе не прави го тоа не носи го тоа се несто замерки а јас бев единствената сто у целата врска ја одрза свезината секој ден несто ново на себе немора облека коса или несто да си бидам средена тип топ а тој ама воопсто не се гризесе за себе се слуцувало по два дена исто да носи или па и лицната хигиена па има ли несто поубаво од средено маско па парфемце па одма се залјубувам повторно ама не ја и ти се знаеме нема сто да се правиме глупости и мене на неколку пати ми викал зосто се сминкас сега или за кај се дотера епа не викам за него ја тоа за себе го правам,уфф колку се нервирав како да не му бесе битно дали ми смета а 5 год врска епа како мозев ја така и тој ама се е до цовекот.ama nekogas preku glava mi bese ja i na fitnes i telo neguvam mazna sredena toj be brate ne se zamara da napravi nesto novo moze i zatoa raskinavme :devil:
     
  20. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    јас со ова имам еден проблем - облеката . срцево е секогаш средено намирисано со фрузурче (кратка му е додуша сама по себе си е не мора да ја прави) редовно туш , заби мие али изгледа идната ми свекрвица нема мн мн време да ги пери, пегла :@ блузи има нив ги менува секој ден али фармерките :( и плус на сите џакетчина ракавите му се исцепени . ужасно се нервирам цел среден ама кога ќе му видам фармерки и ракави косата ми се крева не знам што да правам :?: