1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запоставување на грижата за изгледот во долга врска

Дискусија во 'Врски' започната од black-i, 7 јуни 2010.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.391
    Пол:
    Женски
    Имав јас ваков, патиките секогаш прљави, облеката скината. Еднаш го седнав кај мене извадив игла и конец и му ја сошив блузата :lol: после му дадов влажна марамица патиките да си ги избрише. Па се научи и тој и мајка му изгледа како треба. Сега не сме заедно, но го гледам секој ден, па облеката му дошла во ред.
     
  2. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    па и јас зедов му ја перев дуксерицата бела му ја испеглав и му да дадов али да му ги слечам фармерките? хехехе нема логика :lol: ќе му речам ќе појдиме ќе си купи ново џакетче ама со фармеркиве не знам шо ќе прајме . жими се кога ќе се земиме се под конец нема шанси да мрдни :lol:
     
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Фала богу мојот одржува хигиена, дури мислам дека и повеќе од мене :lol: Само кога го запознав имаше 60 кг , сега има 95.Во прво време ми пречеше, едноставно не го акав со таков стомак и во право сте за сексот, не е подвижен како порано. Можеше и 30 минути да издржи, сега едвај 10 :worried: Ама што е тука е , и јас на 19 г бев 56 кг, сега сум 70 , така да се поднесуваме некако. Мислам дека човек со тек на времето се менува, не може цело време да е ист. Убаво ми е кога излегуваме,ќе се издотераме што се вика, па си се восхитуваме еден на друг 8)
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    За хигиена и облекување не можам да му замерам и кога сме кај него дома, носи тренерки или фармерки, свежо перени :D Е малку стомачето почна да му расте, дека ич не јаде, ама не е уште страшно :lol: .
    И јас секогаш пред него сакам да сум средена, дури ретко и без шминка му се појавувам, освен нели кога спијам кај него, кога сме на одмор и слично.
    Кога сме вака млади, грев е да не се оддржаваш, сега немаме ни толку обврски, телото лесно се обликува.Кога ќе видам жена од 30тина години видно здебелена и несредена, а пред 5 години била тип-топ, си викам аман како допуштила.Кога ќе размислам, како старееш така имаш помалку време, телото природно ја губи формата, ама сепак пола саат во денот можеш да посветиш во денот, барем три дена во неделата.Јас не би можела да се истрпам самата себе, така што ќе барам и од дечкото/мажот да се оддржава.Не барам да е манекен, ама да е бањат, убаво да мириса и среден не е некоја филозофија.
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    јас мислам напротив дека ако си во долга врска секогаш треба повеќе и повеќе да се докажуваш а не да се запоставиш барем јас така мислам ако се запоставиш врската доаѓа до поинаква димензија можеби и до пресврт секогаш треба да си уреден и чист па на човек во споротивно можеш да му се одмилиш и облеката да ти е уредна и чиста дечкоми за жал нема мајка но неможам да речам ни збор за неговата хигиена секогаш е чист среден туширан намирисан испеглан сам си ги брка домашните работи пушта машина испружва алишта секоја чест не оправдувам машки кој чекат само на своите мајки па ако си чист и уреден превземи сам нешто мислам дека секој може да се испегла и испере
    секогаш не сум тип и топ дотерана од причина што често излегуваме по тренерчиња спортски сакаме да си се носиме но коса чиста лице заби туширање обавезно мислам дека хигиената е добар фактор во врската
    имав некогашна другарка која секогаш креваше на пот верувале или не и еден дечко што го имаше и се скара поради тоа па и како да не со истите фармерки 2 3 дена на факс истите удолу испотена не преслечена забите изронети мириса на пот а важно шминка 100кила на неа ужас :puke: можам да замислам што трпело детето кога ќе се слечеше кутрата само замислете девојки и со право и се скарал пссс има мн.примери
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    :x :x ова само покажува дека е полн со комплекси, и сака да си ги лечи преку тебе!
    и јас имав еден таков и експресно го шутнав :devil: Мислам кој е тој мене да ми кажува јас како изгледам бе!? тоа може само јас на себе да си го кажам (правам муабет за физички недостатоци, за оние кои не можат да се сменат,(тука не спаѓа килажа) туку евентуално со операција)
    Јас кога сме дома, не сум нашминкана,во пижами седам,ама кога ќе одиме надвор, нема шанса да не се средам и ко утепана да излезам!
    во принцип само накачив килажа во врскава :rofl: зашто си најдов гнетач ко мене :D
    а дечко ми добар е, редовно се бања, мие заби....Секогаш кога ќе станеме јас одма одам заби да измијам,не можам со немиена уста да се бакнувам, шубе ми е.....дури и да не се бакнувам, се знае после станување заби се мијат! и дечко ми насабајле мие заби,ме гледа мене и тој си ги мие :!:
    за бричење се бричи, искрено некад е мрзлив за тоа, ама не му давам да ме баци неизбричен зашто имам чувствителна кожа одма се нафрлам :worried: Ама пред секс, обавезно сам се бричи :lol: зашто ќе ме боцка, таму некаде :wasntme:
    и сум приметила, секогаш, ама секогаш кога ќе се напалиме, станува раце да си измие, нема шанса да ме фати доле без раце да измие! Јас му викам абе ајде па и ти, тој нееее, не те фаќам таму додека не измијам раце
     
  7. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    На маж ми единствена мана му е што почна многу поретко да се бриче, ама мене не ми смета тоа, си го сакам така небричен.Некогаш знае да ми се избаце без фризура, ама јас одма назад за рака и пред огледало :lol: . Инаку се средува, мие заби, редовен туш, алишта пеглани перени средени (па нели домаќинка сум)
    И јас секогаш гледам да сум средена, се држам до правилото дека облеката го краси човекот, кој што сака нека рече, ама така е. Некогаш се случува да прошетам со мрсна коса низ дома, ама тоа е многу ретко.
    И уште нешто ке кажам. Не ми се јасни оние девојки или жени, што се мажат и одма ке ги натегнат тие панталоните на ластика горе, долу над зглобот, ставаат 30 кила во бременоста и никако после не се трудат да си ја повратат старата килажа. Демек они родиле, се омажиле и ајт доста е. :^) И после маж ми ме вара |( ..Епа вараа сестро, секој си сака средена жена а не зомби по дома..
    Ако јас не се потрудам да си го зеведам сопругот, друга немора ни да се потруди, сам ке и отиде тој.
     
    На ciribiribela и femina90 им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    бев и јас со еден таков несреден(кога ке отидев кај него дома беше ко бомба да паднала во куката)
    (колку пати морав да средувам кај него во соба и по неговата гардероба :^)
    ама со тек на време почна да се негува, да се мириса, и да се грижи за себе-ама забите од секогаш му беа слаба точка,па не сакаше да отиде на стоматолог да си ги поправи :sweat:

    а тоа Марама што велиш дека дечко ти ти викал дека имаш криви нозе, и големо чело
    (и јас имам криви нозе па до сега ниту еден со кој сум била не прокоментирал нешто околу тоа)
    ако навистина те сака, цени и почитува, ке го прави тоа без да гледа какви ти се нозете или челото
    (не ми е јасно како го дозволуваш тоа) :!:
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Како за мажите, за жал така и за жените важи ова правило.

    Чудна работа, баш фактот што сум во врска (брак) со некого кого навистина го сакам ме натера да почнам повеќе да се грижам за изгледот. Јас сум човек кој порано под средено подразбираше само да мириса на чисто, да не си дозволи мрсна коса, нечупана веѓа или недепилирање со месеци. Не ми беше важно колку е модерно она што ќе го облечам, а шминка користев мнооогу ретко.

    Што се однесува до тежината, и онака ради моето понежно здравје, отсекогаш сум внимавала што јадам, така да пу-пу не сум имала некои проблеми, а и не сум некој гоооооооолем гурман. Откако го запознав маж ми, почнав да посветувам посериозно внимание на изгледот, секако сите приоритети од порано во поглед на хигиена и такви ствари се вклучени и сега, мн нормално, шминката и сега е исклучена од употреба, но ете почнав поубаво да се облекувам затоа што самиот факт што ме засака без да го фасцинирам со некоја скапа облека или шминка ме натера секој ден да се трудам да бидам поубава за него. Сите ми велат дека кај останатите жени е поинаку, ама ете, шознам, може јас сум некој фрик :lol:

    А инаку што се тиче маж ми, си остана истиот тој кој го засакав. :D пу пу пу да не го подречам
     
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Туф туф ]:) !
    Времиња се инаетев ( а и до душа така и се осеќав во душа ) дека нема да дозволам маж да ми набие комплекси - НИКОГАШ !
    А мојов не ми прави така , ама од контакт ме вади кога за некоја кажува дека е просто прекрасна , ја гледам се гледам себеси , и после си викам *****но свињо свињо дебела , а замислете имам дури та да - 54 кг :| И одеднаш г'зот ми е мал , цицките најмали.А инаку деколте имам салам да наполнам.Тоа ти е.
    Еден период од врската почувствував дека почнав да се занемарувам себеси и тоа како изгледам.Тој не ја користеше секоја прилика да ме потсети на тоа, меѓутоа самата си се средив на време.Што се однесува на хигиената никогаш ама баш никогаш не сум си дозволила за да запуштам , само помалку се дотерував за разлика од порано.Сега ретко си дозволувам да ме види несредена, дури во задње време почнав да претерувам па си добив опомена.Сега си се држам за нормалното , да изгледам како човек , пред се како жена ....ама не спремна секој момент да замине на бал :lol:

    За него:
    Тој си е срцка , секогаш е среден ;) Замерки немам!
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Дечкото со кого одев 5-6 години, пред да си се омажам за моево либе, беше ко мало дете. Постојано морав по него да одам и да му велам: смени си ги чорапите, избричи си ја брадата, смени си ја блузата ти мириса, истуширај се, смени ги фармерките, купи си нови овие ти се тесни (ти се оцртуваат таш*ците), дај да те исчупам (имаше мнооооооооогу густи веѓи), среди си ги алиштата, испеглај ја маицата... А бе што да ви кажувам, мислиш 10 години има а не 20+.
    И така јас се си бев по него, си го чував како детенце да ми е.
    Можеби голема улога имаше тоа што мајка му почина, па не беше навикнат на тој живот, сам да средува се. Ама сепак 4 години поминаа откако почина мајка му, а тој сеуште си беше тој истиот.
    Па така и јас почнав малце да си се запоставувам со изгледот, ми беше сеедно дали ќе сум нашминкана или не, бидејќи тој тоа не го приметуваше.
    Дома јас им средував најчесто зошто дома се само мажи-тој,брат му и татко му ( и мајка ми постојано ми кажуваше ако јас прва влезам снаа во таа куќа ќе бидам куќна помошничка т.е слугинка).
    Како и да е, преголемите разлики меѓи нас си го направија своето, се разделивме за среќа.


    А со мажето на почетокот се гледавме еднаш до два пати во месецот, така да секогаш кога ќе дојдеше беше спремен од петици до глава. Но, прв пат ги забележав неговите манири кога бевме заедно заминати неколку дена на викенд. Си станува насабајле, се мие веднаш (уста,очи, нозе, уши), си ја прави косата, си облекува нова долна облека (секој ден менува мајца и гаќи), си облекува тренерки (не повеќе од 3 дена носени).
    Сега во брак си е пак иститот, на работа е секогаш среден (бидејќи е во костум и бела кошула секој ден ја менува кошулата), кога си дојде од работа веднаш на миење нозе (добро де со ретки исклучоци кога е преморен и само што ќе седне на кревет заспива, па си го трпам така смрдливко неколку часа :D ), преку 2 дена се бриче (и си ја средува брадичката што му е оставена на муцето :inlove: ), НИКОГАШ не излегува од дома без средена коса, постојано користи крема за лице и раце. А бре што да кажувам, повеќе од мене си внимава на изгледот.

    А јас? :x Кога сум дома ич не ми е битно каква сум, си се шетам по тренерки, со коса така исчешлана и врзана во репче, НИКОГАШ со шминка не сум по дома, понекогаш може некој ден да го поминам со мрсна коса (ако не одиме никаде тој ден). Си велам дома сум си, нема кој да ме виде :lol: . Но, кога сме излезени (било на прошетка или на излегување) си се спремам максимално.

    Сума сумарум, да скратам оти се заборавив во пишувањето, НИКОГАШ не треба да престанете да се грижите за себе, било да сте во долга врска, брак и сл.
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Колку што се запуштаат мажите, толку и жените, дури и повеќе би рекла.

    Аааа го фатив! Мој е! Хамбургери - here I come |(

    Не ми се допаѓа тоа, затоа што тоа укажува колку некој се цени себеси. Ама ич! Па чекајте, треба да сме убави, средени, стегнати само заради тоа да „фатиме“ некој?! Не верувам, барем кај мене тоа не функционира така. Дури и да сакам да си дозволам неколку дена немислење што ќе облекувам, дали сум ги исчупала веѓите или не, дали сум стегната или не, ќе го направам тоа затоа што самата сакам така, но врската не би требало да има никакво влијание.
    Од друга страна пак обично се вели - аха гледај го, добро му е изгледа со неа штом малку се поправил ;)
    Така да се додека ги гледате мажите убаво напапани, задоволни и дека не се замараат со тоа дали им се малку поголеми стомачињата или не - добро е. Во моментот кога ќе ги видите како одеднаш водат необично многу грижа за надворешниот изглед и повеќе се во теретана отколку дома - не во сите случаи но во повеќето, cherchez la femme ;)

    Јас досега не сум го имала проблемов. Последните двајца ги научив на убаво облекување, и така разубавени, средени и со стегнати стомаци ги пуштив кај други девојки, и сега после толку време признавам, онака скромно, дека поубави беа кога беа со мене :D Или се премногу среќни па ептен пуштиле стомак :lol:
     
    На Divinebutterfly и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Ова не се случува само со машките подеднакво важи и за женските.во окoлината гледам и многу женски кои се опуштаат-не само за дебелината,туку и изгледот.демек-го уловив,мој е и нема тука што ме засака и ќе ме сака |( немам потреба од средување :lol: е ова многу ме нервира,јас сум со долга врска од 7год,и секогаш кога искачаме сум-колку толку средена,во рамките на можноста,со шминка,коса,гардероба...ај сеа со мрсни коси ќе искачаме и дечко ми кога ќе ме погали по коса-нема да се гади-оти он ме сака :lol: убава сум му и с о таква коса....,пффффф ма ајде :|
    Јас кога се фативме бев 3год средно- 47,48 кг,абе стапче шо да ви кажам,кога се запишав на факс полека ја зголемував тежината,и сега имам 10кг повеќе...но исто и тој се здебели беше многу слаб,ама не е екстремно дебел,си има мешенце мало,а мене ми е посекси откога беше слаб,сега дури повеќе ме привлекува ;) јас сега сум онака таман ама ми фалат 2-3 кг помалку за да ми го снема стомачето :(
    Инаку и тој е нонстоп среден секој ден се тушира,се бричи со фризурче топ ми е ;) мислем дека кога едниот е среден другиот нема шанса да не се труди да се среди,а најдебилно е кога и двајцата се опуштаат....сепак неможам да не го сакам ако тој качил некое кило,дебелината некако не ми оди со љубовта,само со привлечноста...уствари зависи какви машки сакате-јас не сакам екстремно слаби како што реков...
    еве сега и двајцата се сложивме дека треба да симнеме 2-3кг,доручкуваме овошје не јадеме леб си купивме двопек,секој ден бар по пола саат пешачиме....мислам дека и партнерот треба сам да изрази желба,оти пред се тежината смета :!: еве јас со мало стомаче па се нервирам кога ќе седнам,а не пак мажишта со големи стомаци :doh: ако дечко ти се опуштил и не води сметка за себе,ва само ти дава прмер дека и спрема другите работи во животот би можел така да се однесува.
    мој совет ти е да му кажеш-ама со арно,убаво,-ќе го тераш на пешачење еве нека си игра фудбал со друштвото и исхраната ако треба заедно сменете ја.треба само да добие желба,се друго е лесно,good luck ;)
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас признавам, се запустев во текот на една година, колку толку. Знаев ме сака и гајле ми е. Без шминка шибав надвор. Претходно демек за да ме засвиѓа повеќе ќе се дотерав, кој и да ме види на г*з да падне. :D Качив некое килце, 4 поточно и во лето паника дигнав. Диета, вежбање, симнав тоа што имав и сега пак си се вратив на старото, откако еднаш се запустев, нема да дозволам пак. :)
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    За некој месец ќе правиме две години и се' уште си немам дозволено да се појавам со мрсна коса и ненашминкана пред него.
    И нема да дозволам.
    На повеќето им е чудно, мене не ми е, не е дека јас се гипсирам пред него со пудра, до точка на непрепознавање, просто ми е удобно кога си имам тенок слој на себе, малку маскара, моливче и лабело ако ништо друго.

    Не се раководам по познатата - ако некој те сака, ќе те сака каков што си, во ситуации кога се' зависи од тебе.
    Зошто некој би ме сакал со нефарбан корен, мрсна коса, и подочњак до земја кога ни јас самата не се сакам таква?

    Веќе им прејде во навика на сите да ми кажуваат дека сум over dressed на некои излегувања, а нема воопшто врска.
    Ама кога ќе се споредите со некои во тренерки, излезени буквално како да станале од спиење, целиот свет е предотеран за таквите.

    А за него, никогаш сум немала, ниту ќе имам замерка, секогаш е среден, намирисан, суреден и одбегнува да се гледаме после работа, зашто слично како и јас - веднаш си оди дома и се треснува под туш.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Леле колку ми се чудни оне девојки ќе си фатат дечко ќе се заодат со него и ама ни малку не се грижат за својот изглед. Напротив излегуваат без грам шминка, алиштата како мижејки да си бираат што прво им се фати на рака тоа |( и главен спорт им е јадењето. А има такви познавам многу!

    Имам долга врска и никогаш не сум си дозволила за се запоставам да излезам во било што ради реда или не ненашникана, а косата врзана како за чистење по дома. Јас не се дотерувам за дечко ми тој во овие 6 години ми има видено во секакво издание со мрсна коса, со подочнаци, со херпес, јас си се средувам лично за мене.

    Познава многу девојки онака си биле секогаш средени, дотерани нон-стоп тип-топ средени ќе си фатат дечко ќе се запистат буквално како онаа добро познатата: Кај те најдов кај се запустив? :D
     
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Со дечко или без, девојката секогаш треба да се грижи за својот изглед :!: без драстични промени во однос на облеката, хигиената и тежината. :!:
    Ако живеете со дечкото нормално е да ве има видено во сите изданија, и болни и мрсулави и со подочњаци... ама тоа е само период кој трае неколку дена, после пак цакум-пакум.
    Не поради дечкото туку поради себе, не сакам дечко ми да ми каже дека сум убава, сакам да поминам пред Тутунска ( кај Рамстор ) и тие стаклата да покажат убава, згодна, средена девојка, па да си се загледам во својот одраз, да забавам за да се гледам подолго, малку да ја поткренам едната веѓа, и задоволно да го напрчам носот. Не за друго , туку затоа што сама на себе сум си убава. :$
     
    На Queen-Nefertiti му/ѝ се допаѓа ова.
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Никогаш нема да си дозволам да се запустам и да не се грижам за себе и за својот изглед, без разлика дали имам дечко или не.

    Пред се тоа го правам заради себе, затоа што јас се чувствувам убаво така, убаво ми е кога ќе застанам пред огледало и сум задоволна од тоа што го гледам.

    Дечко ми ме има видено ненашминкана, ништо страшно, ама јас не дозволувам тоа да ми помине во навика. Пред се треба да се внимава на хигиената, која е најважна. Не дозволувам пред него да се појавам со мрсна коса, нечиста облека итн. Едноставно не ми е пријатно така, без разлика дали сум во долга или кратка врска, дали сум сама...
     
  19. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Хмм, и мене лично ем нервираат девојки кои се запуштаат, и не водат грижа за себе. Дечкоми досега ме има видено во секакво издание, ама да се запуштам, да не водам ред што ке облечам, да излегувам со масна коса |( , мхм, не доаѓа у обзир ...

    Можеби не ставам секогаш козметика на мене, ама редовно косата ми е чиста, свежа, убаво ми мириса, не излегувам без крема за тело, дезодоранс, или антипреспирант, како прво јас не се осекам убаво, а како второ сакам да му бидам секогаш убава. Алиштата шо ги носам секогаш ми се чисти, нотите редовно средени :) ...

    А за накачувањето килограми, па... се имам малце здебелено , ама коа ќе се осетам си се ставам на диета, не некоја строга, туку само да го симнам недостатокот од мене... Па несакам да се направам каца од 100кг :D .

    А пред да се фатам со моето момче, морам да ви кажам дека кај него прво што забележав е тоа дека : - редовно му се скратени ноктите, средени рацете, измиени забите :D ( тоа прво секогаш го примеќам кај било кое машко хаха ) ... Косата секогаш му е скратена, секогаш, со крема, со антипреспирант, така да ... ајде тоа си е и олична хигиена без тоа незнам како некој може ... Секогаш му е средена брадата, не сакам мажи со подникната брада :D ...

    И да , да кажам дека исто така и ме нервираат жени кои после бракот се запуштаат, одаат „рошави„ с, се фарбала претходно секој 3 недели а од коа стапила у брак, на секој 2 месеци |( , одржувала линија а од коа се омажила се угоила да не личи на човек, еве јас имам една комшика така таа се омажи на 17...18 години, сега има 21 , има две деца, дебела е не личи на ништо има 100кг, јаде како ненормална... И за нејзината тежина се облекува ... мхм како да кажам, од сите страни и џврка сало ... стрии ... веги не средени ... Хмм .. и таа имала маж !?!?!?

    А на што тој нејзин маж се пали!? На вреќа од сало !?!?!?!?!?

    И што е нај трагицно таа не се замара и личи на бабааааа ...

    Е јас лично тоа никогаш нема да бидам, барем така мсилам , дека секогаш ќе си водам ред лично за мене, а после за другите околу мене !!!
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Другарка ми :o Најголемата шмизла у Скопје, од штикли што не се симнуваше и ден и ноќ се запрепастив кога ја видов. Мрсна коса со црн корен, шминка 0, лицето и светнало, фармерки 3 броја поголеми :o
    Не ми се веруваше, и кажав, морав.
    Се заљуби се запусте :x