Никогаш не ми е мака или не се чувствувам мрзелива за да се нашминкам и да се средам. Напротив тоа ми причинува задоволство. Секогаш се шминкам за излегување, ако не сум депилирана си ставам долги пантолони или фармерки. Не сум била во некоја многу долга врска ама сепак ќе кажам за шминкање лакирање и такви женски работи никогаш не ми е мака. За косата воопшто не се замарам зошто ми е права. Некои девојки престанале да водат грижа можеби затоа што сметаат дека веќе долго одат со дечкото и не е морално шминкање и дотерување. Бракот е веќе друга работа. Сопругот е научен да ја гледа сопругата и со шминка и без шминка( фала Богу не ќе спие со пудра и други триста чуда). Сепак се грижиме за самите себе не за некој друг. Не е виновен дечкото што не сме издепилирани или ненашминкани. Водењето грижа за самите себе е како рутина, како навика.
ne mislam sekoas da bidam so sminka....ali mislam deka sekogas treba da bides sredena....pa i vo brak poso ti dodeka sedis doma so bluza argeta....maz ti ke se zveri po drugi.....
се согласувам дека сите треба да водиме грижa od aspekt na higienata но природната убавина е незаменлива не велам да не е средена косата забите лицето чисто но јас сум во врска 2 години и скоро секој ден сум со дечкото таман работа дека секој ден нема да се шминкам да ставам маскара да ми пагат трепките или 3 кила пудра,најбитно е да си чист секој ден истуширан коса начешлана средена секој ден некој ако се шминка секоја му чест тоа ниту едно лице неможе да го издржи,кога се излегува се оди на кафе или во др.прилика да се разбира и пудра и руж и креон и све што треба нормално,кога си во долга врска и во брак сопругот и дечкото ќе те видат во секакво светло и секаква состојаба изгледот е битен нормално но доаѓаат на прво место уште побитни работи но има проблеми лоши денови болест и слично каде што ти секогаш не си расположен за средвање и за шминкање некој ако вистински те сака и поддржува во таков момент ќе биде до тебе,и не се занесвајте дека ако 24 часа некој е под шминка или на штикла дека дечкото или сопругот нема да погледне друга ќе погледне и тоа како секогаш има поубав секогаш има поубава тоа е природно но да не е претерано па и јас кога седам со другарки и кога ќе помини некој среден во тело во све онака на прва ми пага погледот кон него но незначи дека дечкоми ќе го изневерам или дека тој е подобар тука веќе настапуваат чуствата и нешто подлабоко што ги поврзва 2личности од изгледот само зато сите рабудетесе...
Нема шанси јас да излезам од дома несредена. Макар и до продавница. Да облечам широки тренерки косата мрсна или бушава. Едноставно не сум тоа јас. Ете кога треба да појдам до продавница набрзински облекувам понови тренерки, ја средувам косата за 1минутка и тоа е тоа. А не пак да излезам некаде па уште и несредена. Значи основно-хигиената. Избањата, косата средена (а не мрсна и неколку дена неизмиена), минимална шминка. Зависи за поводот. Ова зборам средување за 5-10минути пред да излезам. Ништо повеќе. А ако е со повод, вечерно излегување или пак на гости некаде, нормално дека ќе се средам тип топ и тоа за половина час. Брза сум во средувањето и немам никаков проблем. А запоставување-тоа никогаш. Може не би ставала пудри и маскари, но често бањање и добра облека тоа секогаш ќе биде основно правило кај мене. Исто и депилирање, нокти средени и тн. (ова го сметам во основната хигиена!). И да, ова не го правам за никој, туку за себе, подобро се чувствувам така.
јас ни до продавница не би отишла не средена а камо ли да излезам некаде а да бидам не средена која е логиката долга врска и ќе го запоставиме изгледот секако дека не па ние не се средуваме за никој друг туку за самите себе
Ова е една голема грешка што ја правиме сите. И за жал и јас спаѓам тука. Секогаш на почетокот се дотеруваме,водиме сметка...а подоцна ништо од тоа нема. Еве јас без шминка којзнае колку време,(освен ако излегувам)во тренерки.И секој ден така.И мене веќе ми здосади. Се гледам во огледало и не се препознавам.Едноставно не сум таа јас.Не сакам вака да биде и ќе се погрижам повеќе да внимавам на таа тема.
Не се грижи ова се случува кај сите подолги врски како што кажав човек секогаш не е расположен за средување и дотервање периоди се,мене ме фаќа лудило каде што можам да бидам секој ден убаво средена па и кај дечкоми дома да седам ме фаќа период кога сум само по тренерки посебно кога се наближуваат испити и кога треба да се полага луѓе сме сите...
Па не се запоставувам. Јас сум таква карактерно без разлика на дечко или долга врска преферирам да сум средена. Во глобала под средена мислам чиста,намирисана,со минималма шминка.Не дека немало периоди кога ме гледал и по тренерки и патики,имало периоди кога сум била типи топ,ама па во долга или во кратка врска мислам треба прво за нас самите да сме средени ,а потоа за дечкото. Обожавам да се тинтрам,е сега некогаш ко ќе ме фати мрза за шминкање,ставам само крем на лице и облечена во хеланчиња.
Не се запоставувам иако сум 10 год.во брак-гледам да сум секогаш средена во коса,лице намирисана,да не мирисам на готвено и манџи тоа највеке го мразам-уредна па макар и во тренерка нормално кога заедно живееш сите мани ке си ги видиш,али се на се задоволна сум од мојот изглед и секогаш ке се трудам да го негувам,пошто гледам дека има успех....
хахаха, за ова си во право баш купив едни тренерки пред неколку месеци, верувајте повеќе отцртуваат отколку тесна панталона материјалот е како ликра, мек. Не знам како поинаку да ви го опишам, ама не знаете луѓе колку се удобни. И затоа ги имам облечено може 3-4 пати. Ама ќе си ги носам, баш ми е гајле.
Јас не разбирам каква врска има запоставувањето на изгледот со врските,ама стварно Ако се сакаш себеси,ќе се дотеруваш за себе,а не за тој да те сака Ако тој навистина сака,ќе те сака и чупава,и скапана и мувлосана и секаква...а ако не те сака во тренерка не те ни заслужува во венчаница,ама реално
Носењето тренерка нема врска со запоставување. Изгледот не е само облеката што ја носите. Нормално е да облечете тренерка и да не сте некој спорстки тип, ама пак да сте средени. Под тоа подрзбирам хигиенски, чиста коса, средено лице, негувани раце и нокти, депилирани секако, и све остало што оди нормално... А ако тоа сте го запоставиле, однак стварно имате проблем. Сепак тоа се основни навики на човек, а да ги запоставиш заради друг човек, тогаш немаш ни самопочитување.
Мислам дека темава не е соодветна, никаква ама баш никаква врска има едно со друго. Јас имам долга врска и во ниеден момент не сум помислила дека се или треба да се средувам за тоа да го види партнерот. Башка овој мојов ништо не гледа. Ако се средував за него, досега ќе без катастрофа и за неживот. Не знам,или јас не ја разбирам темава, или погрешно е поставена истата,а ме мрзи да се враќам низ мислењава и да читам.
Пфффф... Оваа тренерка боље им одговара,билив ми,испробана работа! Омилено *запоставување* на изглед е! Не мора да исцртуваат!
Абе не темава туку-така ставена...има нешто у том.. Не шала на страна пола вистина има . На пример ако уште си се шмекате си се удварате и ти сакаш да бидеш најубаво облечена , најубава во секој поглед за ако не на друг начин вака да те примети. И на пример сеа си сте заедно и одите долго време и природно е да си се однесувате лежерно и удобно е сега некои има си се опуштаат, со мислата - Е сега е мој , го фатив ! Пошо ме сака и ваква ќе ме сака. Само немој да пртеруваш да не те отсака
И после 5 години, пак ми е шубе да ме види со мрсна коса. Еве денес сум по пижами цел ден дома, ама да треба да се видам со него, па макар и дома да ми дојде, би се потсредила малце. Дури и да сум по тренерки (кои не ми се многу тесни, да речам провокателни ) ќе облечам нешто интересно под тренерките, па нема да ми се пожали
Па не знам како некој се запоставува , јас во врска баш повеќе се средувам па нели има за кого и по скоро 4 години врска јас не би сакала тој да ме види несредена секогаш се трудам нему да му бидам убава зошто да не бидам средена , ме сака и ај не ми е гајле ке одам во партали нема да се средувам лакирам депилирам глупости па за него секогаш сакам да изгледам најубаво и секако комплиментите од него ми значат најмногу
Па не се запоставувам,ама па и глупо е да се шминкам или дотерувам кога доаѓа кај мене дома.Кога е кај мене,тогаш сум во тренерки,најнормално ко за по дома.А кога искачаме негде нормално дека ќе се дотерам. Инаку познавам девојче што воопшто не внимава на изгледот,кога и да ја видам не знам дали оди на пазар или оди со дечкото да се види.Е ова е стварно запоставување.