исто и во мојот случај...веќе 2 години сме заедно но со тек на време се здебели и му кажав дека така не ми е привлечен...подобро да му кажам отколку да пречутам нели... и океј по толку молење конечно почна да вежба...се надевам дека ќе има резултати И никако не го поддржувам мислењето дека ако си во врска не треба да внимаваш на својот изглед...а имам забележано кога некои биле во врска и ќе се скараат...тогаш почнуваат да држат диети,да вежбаат и слично.
На оние кои го запоставуваат изгледот во долга врска - по една клоца. На оние кои се сингл, се жалат и тужакаат како не можат да си најдат соодветен партнер, а во изгледот замонашена калуѓерка е посредена од нив - по 15 клоци у сукало в газ! Изиритирана сум максимално. Девојки, треба да имате толку пријатен лик и харизма на тони, па да привлечете некого така од прва. Вистината е таа, за да некој ви се приближи, треба да сте минимално дотеранки... да дефинираме дотеранки, зашто е прилично субјективен став. Јас сфаќам дека е време на сиромаштија и немање, ама денес има толку евтина облека, малку имагинација па и барање помош не е на одмет. Ќе си скоцкате 3-4 парталчиња и тие ќе ви бидат за дотерување. И нема со нив - на факултет, на кафе кај другарка во маало, на ајвар лупење... звучам можеби како баба, ама знам дека сум во право. И чиста коса, уредни нокти, исчеткани заби, избањати, зачупани, а и тие стапчињата за уши не се скапи. Фрапирана сум од нивото на нехигиена, па од смислата за (не)дотерување во сабота невечер... се испрчила момата, мука нема, пут под ноги, те сече со поглед, а мрсна, валкана, и парталава... јас така не би се облекла ни за до продавница, а не дека се занесувам и имам плакар ала Кери Бредшо. Осет бре, осет. Варирањето со килограми искрено ми е последно на листава, кога си дозволуваат да се доближат до некого (симпатија, дечко, маж) со немиени заби и смрдлив здив и очекуваат филмски бакнеж. Dream on baby, DREAM ON !
Јас не можам да си го дозволам тоа. Ако не се грижам за себеси, знам дека може да ме остави. Колку и да е долга врската, нема гаранција дека нема да и се стави крај. А доколку тој се запушти, навистина не знам, сепак јас сум повеќе вљубена во неговата внатрешност отколку во надворешноста и не верувам дека ќе го оставам заради нешто такво. Сепак убавината е пролазна, но карактерот останува.