И сигурно инфо не е секогаш сигурно. Битно,сметај дека си се спасила од уште поголемо разочарување кое би те погодило подоцно. Биди силна и терај понатаму!
Овој е добар, само се верил. Јас знам за случај каде типот се ожени после "месец дена" Приказни за мали деца, 20 дена бе... Си се спасила девојче
20 дена се ти што ги знаеш. А уште колку месеци биле претходно. Еве јас се кладам дека не се 20. Единствено ако не е некоја богата,и свртел филм и тоа е тоа наседнала. Ќе и ги лапне паричките и после ќе плаче девојката. Знам такви наивни девојки,и такви хоштаплери. Таков ,,Љубовен" чекор за 20дена познавање не постои.
Не е невозможно и 20 дена да се. Пошто познавам пар, кој е веќе 15 години во брак, а во врска пред да се верат, биле само 10 дена. Beat that Иначе, муабетот за втора и тие работи.. Мноооогу им фали искреност на луѓето... значи многу.
Што има врска, ние бевме во врска само 30 дена кога почнавме да живееме заедно, па еве 3 години веќе функционираме. Некогаш доволен е и еден ден да видиш дека со некој сте сродни души додека па некој со векови се заедно и се шокираат кога на крај ќе дознаат дека воопшто не ја познавале особата што спиела до нив. Многу фактори влијаат, може да останала трудна во меѓувреме, може си пронајде многу работи што ги немал претходно па брза за да не ја изгуби, може си го слуша срцето, може оваа оставенава се спаси од него зошто со неа би се понашал како идиот пошто бил незадоволен, а оваа си доби премија маж што ќе ја сака и почитува до крајот на животот, може и неа така ќе и прави којзнае се е можно....
На жалост тоа мене ми се случи (нешто слично)... После раскинувањето он автоматски се ожени за некоја што велеше дека му е другарка и ете случајно и трудна била ...не дознав колку време ме варал со неа , но сега и не ми е галје , животот си тече све се менува ,нови дружби ова она , и фала му што се отарасав од таков морон недај боже можеше уште полошо во брак да ми го направи истото ... Бидете што подалеку од ваквите идиоти , за љубов доволно е само разбирање,почит,и да е добар а љепотата е пролазна
А зошто мора да биде бремена за по 20 дена да ја запроси? Јас мислам дека таа му била девојка за јавност, а со prevarena се гледал само за задоволување на нејзини потреби. Типот си одел со таа што ја запросил, а со prevarena си сакал забава пред да заплива во брачните води. За брзо и развод ќе биде, не се замарај.
Дефинитивно девојче си се спасила, машко што се одлучува на таков чекор или таа останала бремена или сака на некој да му докаже и покаже. А исто така може он да бил веќе со неа повеќе време но тајно па сега јавно станало, а се друго исто така му било тајно..
А можда су лабудови! Најубо е, да не си прајте работи зад грб, и да не чмаете, ако некој испадне безобразен.
Според мене изгледa се гледал парарелно со двете и дали другава затруднила па решил да ја венча.. Не знам стварно, има некоја причина сигурно, а сигурна сум и дека повеќе од 20 дена се знаат. Ќе се дознае со тек на време
Ние може да даваме предпоставки а само они си знаат како навистина било. Не е исклучена можноста паралелно да се гледал со двете но и немора да значи оти реално постојат многу ситуации каде некои се решаваат на брак по многу краток заеднички период. Можеби во неа си нашол нешто посебно па затоа се решил на тој чекор така брзо.
Види не е невозможно да оделе и 20 или 30 дена, јас познавам два парови кои по 2 месеци се верија и започнаа да живеат заедно, а не беше во прашање бременост. Само ти знаеш дали ти беше дечко или личност со која одвреме навреме се гледавте и дружевте. Ако било само гледање повремено голема е веројатноста веќе да бил во врска со неа или паралелно се гледал и со двете. Ние можеме само да претпоставуваваме времето ќе покажи.
Не биле 20 дена ,он паралелно се гледал со двете само не се знае која била девојка а која сајд хо,ехе колку парови познавам такви што биле во паралелни врски па таа што се гледале на страна затруднела па морале да се венчаат.
Како па да не.. Тргнете ги розевите очила, животот не е Дизни филм. Понекогаш и со свои очи да видите, ќе негирате.
Моја тетка се омажила посче една недела гледање со еден човек.Ниту трудна ниту ништо.Така да прифатете ги сите опции
Јас не мислам дека тој е идиот.Едноставно му е битна неговата среќа пред сите други.Камо и јас да бев така
Ако некој навистина може за само 20 дена да процени дека личноста е онаа со која сака да го помине остатокот од неговиот живот, секоја чест за храброста би рекла.