Да видам дали се придржувам до правилата. 1. Секој ден шетајте 10 до 30 минути. - Го правам тоа, уживам во шетањето. 2. Седете во тишина најмалку 10 минути. - Мм... зошто? 3. Спијте 7 часа. - Секогаш спијам повеќе. 4. Живејте со полна енергија. - Аа, нее... -.- 5. Прочитајте повеќе книги од минатата година. - Не читам книги. 6. Појадувајте како крал, ручајте како принц, а вечерајте како питач. Појадувам, ручам и вечерам како принцеза. 7. Повеќе сонувајте будни. -Даа, ова го правам кога можам. 8. Обидете се секој ден да насмеете барем тројца. - Зошто? 9. Не ја трошете енергијата на трачарење. Трачарење-тренслејт, плз... 10. Не размислувајте негативно и за работи кои не можете да ги контролирате. Наместо тоа вложете ја енергијата во позитивните моменти и сегашноста. - Не е секогаш лесно да се остане позитивен. 11. Поминете повеќе време со луѓето постари од 70 и помлади од 6 години. -Брат ми има 4 години, и доста време поминувам со него, дедо има... 83 и не слуша убаво, а мразам да викам. 12. Животот е прекраток за да го поминете мразејќи некого. - Никого не мразам. 13. Заборавете на минатото. Не го потсетувајте партнерот на неговите/нејзините грешки во минатото. Тоа ќе ве направи среќни во сегашноста. - За ова не гарантирам. 14. Сфатете дека животот е училиште и сите сме тука да учиме. Проблемите се едноставно дел од тоа учење кои се појавуваат и исчезнуваат исто како учењето алгебра. Но, лекциите кои ќе ги научите ќе траат цел живот. - Да, секогаш сум желна за повеќе знаење. 15. Не се споредувајте со другите. Не знаете каков е нивниот животен пат! Не го споредувајте својот партнер со друг. Себе се споредувам со други, а партнерот не би го споредувала. 16. Вашата работа нема да се грижи за вас кога ќе се разболите. Вашите пријатели и најблиски ќе го прават тоа. Бидете во контакт со нив. Доволни ми се домашните, сеедно ми е за другите. 17. Што другите мислат за вас – не е ваша грижа. -Не, ни најмалку. 18. Заборавете на се' што не е корисно, убаво или забавно. - Во ред. -.- 19. Без оглед на тоа како се чувствувате – станете, облечете се и излезете. - Се облекувам според расположението, така да, секогаш се знае кога сум мрзелива. 20. Најдоброто допрва доаѓа! -Чекаме нестрпеливо.
Сето ова е многу лесно и изводливо. Но има еднонепишано правило кај нас народот, зошто просто кога може комплицирано
сето тоа убаво би било али и вака како ова . Без оглед на тоа како се чувствувате – станете, облечете се и излезете. и потоа готова сум
Многу ми се допадна реченицата- Појадувајте како крал,ручајте како принц а вечерајте како питач. :up: :up: Се е многу убаво кажано.
Прекрасно УПАТСТВО!!! Браво LejdiSuit :up: . Сите 20 точки се прекрасни, но најдобра е последната Најдоброто допрва доаѓа!
Сфатете дека животот е училиште и сите сме тука да учиме. Проблемите се едноставно дел од тоа учење кои се појавуваат и исчезнуваат исто како учењето алгебра. Но, лекциите кои ќе ги научите ќе траат цел живот. Ех, сите да би живееле според ова правило би немало несреќни луѓе.