1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Затворени хашките случаи

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 19 јули 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Со прифаќањето на Предлогот за автентично толкување на членот 1 од Законот за амнестија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ решија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите „Хашки случаи“, меѓу кои спаѓаат оној за командната одговорност на ОНА, затворањето на Липковската брана, киднапирањето цивили од кичевско-тетовскиот регион и малтретирањето на мавровските работници. По затворањето на хашките досијеа единствениот осуден за воени злодела за конфликтот од 2001 година е Јохан Тарчуловски, чиј случај го процесуираше Хашкиот трибунал. Тарчуловски вчера му се обрати со писмо на премиерот Никола Груевски, во кое го повикува да ги „стави во историјата“ хашките случаи и да ги „заврши сите трауми од минатата деценија“.

    Извор: http://www.time.mk/read/b042a499eb/f1ba ... index.html

    Ајде на здравје! амнестирани ќе бидат оние кои масакрираа Македонци во 2001ва :x
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.652
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Да, баш сега расправаат за законот за амнестија на борците од ОНА.
    Да, токму ДПМНЕ кои во 2006 гордо изјавуваа дека нема да прават влада со терористи (а направија), кој цело време не делеа на предавници и партиоти, ДПМНЕ кои брат Љубе го направија сестра и предавник, ДПМНЕ кои толку многу ги погоди веста за затворот на Јохан, сега без грам срам и совест ги амнестираат оние кои масакрираа македонци во 2001 година.

    :x :x :x
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Актуелни политички настани

    Ни одговара да фрламе милиони за одбрана од светски познати адвокати во спорот со Грција кој е неизвесен и дали ќе го добиеме, а преку ноќ исто така почнува да ни одговара кривично да не се гонат оние кои крвнички се изживувале врз Македонците оти биле Македонци... Кај отидовте бре борци за правдината, нели света ви беше татковината и само ја чувавте Македонштината... Е вакви ти биле значи нашите патриоти. Ај да видиме што херојско ќе ни приредат следно.
     
  4. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Актуелни политички настани

    ова пред малку го забележав..Јохан напишал писмо до сите македонци и го објавија..Ете го во спојлер писмото, кој сака нека го прочита,а јас само едно можам да кажам т.е да прашам - Што му ветија инстант вмровските патриоти на Јохан за да го напише писмово или поточно на неговата кафанска певаљка "патриотка" - Соња? Паметам дека ја извадија од кафана и ја запослија во влада, се грижат за неа и децата...За што ли овој пат ги продадоа душите по незнам ти кој пат...???

    Мои браќа и сестри Македонци,

    Размислував долго пред да го напишам писмово. Многу мислев, се преиспитував, ги анализирав работите, се потсеќав на некои работи, мислев на многу луѓе, а најмногу на Македонија. Размислував што е најдобро за Македонија и за народот, и кај сум јас тука во целата оваа ситуација.

    Имавме избори и победи ВМРО-ДПМНЕ. Во суштина победи народот, зашто изборите беа мирни. Груевски покажа дека знае да работи за народот, да има почит за патриотите и дека го сака патриотизмот, дека ја сака и се бори и се залага за Македонија и сега доби можност своите дела да ги продолжи за Македонија да продолжи да оди по подобар пат. Го знам човекот и знам дека кога ќе каже дека нешто ќе направи, ќе направи се за да си го одржи зборот и дека ќе направи се за да го исполни ветувањето. Да се одолжи на Македонија со тоа што ќе ја направи модерна и развиена држава. Исто како јас кога застанав на браникот на Татковината, и кога се одолжив кога и беше најтешко на Македонија, и знам дека постапив исправно. Секој има своја мисија.

    Слушам и читам сега дека треба да се прави влада во Македонија, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Читам дека пак многу актуелни станале Хашките случаи, и јас како човек кој сум еден од најповиканите да говори за Хаг сакам да го искажам своето мислење, затоа што јас сум жртва на таков Хашки случај.

    Во 2001 јас и многу македонски синови и ќерки се одзвавме на браникот на Татковината и ја одбранивме Македонија. Знаевме дека одиме во битка од која може нема да се вратиме и од која ќе имаме последици, многу од храбрите македонски јунаци го дадоа животот за Татковината, ама знаевме и дека Македонија не вика, семејствата не повикуваат, и пријателите и соседите и сите повикуваат на херојство. И ние херојството го направивме, и тоа ќе остане запаметено, и не може никој да го избрише или скрие. Знаевме дека ја правиме вистинската работа и историјата ќе не памети како ХЕРОИ.

    Премиере Груевски, покажи доблест да се затвори ова последно поглавје од 2001 година. Разговарајте за тие Хашки случаи, проверете ги законите, и ако има можност решете го тоа прашање еднаш засекогаш, запрете ги и оставете ги во историјата, завршете ги сите трауми од минатата деценија. Ако бираш помеѓу тоа да ја трошиш енергијата на создавање на нови дела, да градиш и да им помагаш на луѓето, и помеѓу тоа да го оптоварувате општеството и иднината со овие случаи одбери го првото. Знае народот што беше Татковинската војна, знае и историјата. Ако тоа е предизвик за Македонија да оди напред, знаеш дека Македонија мора да оди напред. Овие случаи треба да ги стопираме и пратиме во историјата, и да одиме напред, да градиме наместо да разградуваме.

    Ја имаш целосната моја поддршка за тоа. За мене е најбитно моите деца Мелани и Младен, и сите други деца, да растат во земја во која ќе имаат подобро образование и повише можности, кај што ќе имаат подобар живот, отколку да растат во земја која ќе се замара со трауми од минатото. Нека биде по закон, ако има правна можности ако дозволува правото решете го и ова прашање што се исправува пред Македонија.

    Знам дека болката на сопругите, децата и родителите кои изгубија син е голема, ама јас сум сведок дека јас не сум виновен за некоја болка која што ја имало некое семејство а сум во зандана, и не би сакал и некој друг да ја има мојата судбина иако сум рекол дека за Македонија сум спремен да издржам секаков предизвик. А интерес и на оние кои изгубиле драга личност е да имаат подобра иднина. Ние хероите ќе ги паметиме вечно, и со одење напред најдобро ќе се одолжиме за нивната жртва зашто хероите ја бранеа Македонија за таа да стане модерна и силна држава, а таква ќе биде само ако биде напредна, и ако ги оставиме траумите во минатото. Херојството е веќе запишано.

    Патриотски пред 10 години беше да се одбрани Македонија. Денес е патриотски да се овозможи Македонија да оди напред, ослободена од бремето на минатото, и да стане модерна држава, каде што сите луѓе од разна вера и нација ќе живеат во слога и со добро. Јас и од овде ќе продолжам да се борам за најдобриот интерес на Македонија и македонскиот народ, имам јак дух и волја, и силна верба во Господ. Знаеме дека Македонија не беше крива за 2001. Еден ден историјата ќе си каже, ама денес е најбитно да се избере најдобриот интерес за Македонија да продолжи да напредува. Ако стопирањето и затворањето на Хашките случаи стои на тој пат, тогаш запрете ги, нека оди Македонија напред, ја имате целата моја поддршка. Така размислува патриот!
    Секогаш за Македонија. Секогаш спремни за Македонија. Македонија пред се!

    Јохан Тарчуловски, син на Македонија

    (интегрален текст од писмото на Јохан Тарчулоски)

    Писмото е превземено од сајтот Пресс24 :!:
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.052
    Актуелни политички настани

    Од поодамна Калимеро викаше: Нема правда, нема правда!
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Актуелни политички настани

    Превземено од друг форум...


    Седи еден војник, повреден во војната 2001 и се прашува:

    „Својот живот бев спремен да го дадам за татковината, за Македонија, за да ја спасам од терористи. Сега гледам, ме излажале. Сум се борел за да им дадат пензии на тие што пукаа по мене.“
    ·

    Кога пак ќе пукне, ќе има ли уште кои ќе се подложат на манипулациите на власта и ставајќи ја главата во торба, ќе глумат патриоти, за потоа државата да плука по она што го направиле?

    Со ова денес, државата официјално промовираше една нова професија. Терорист.
    И, за разлика од другите, овде многу брзо се стигнува до пензија. Исплатливо богами, исплатливо.
     
    На esperanca, tanja6, SunFlower94 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Актуелни политички настани

    Баш ме интересира како МСкорпионка и останатата багра од ВМРО -Државни Предавници на Македонското Национално Единство(ДПМНЕ) ќе го оправдаат овој чин? Баш ме интересира што ќе кажат ПАТРИОТИТЕ на ова што толку многу се чукаат во гради?!

    СРАМОТА! Најголемиот срам го доживеавме!
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.652
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Незнам дали некој би имал смелост и совест да застане во одбрана на ова што пратениците на ДПМНЕ го изгласаа денеска. Посебно ако се земе во предвид дека во Хашките случаи за исчезнатите и малтретирани работници(цивилно население), за работниците дигнати во воздух врзани за столбови(повторно цивилно население), за масакрираните луѓе, кои исто така не биле војници, туку цивилно население, станува збор за кривични дела против човештвото, дела за кои кривичното гонење не застарува! Малтретирање, мачење и убивање на цивилно население за време на војна е дел од меѓународното хуманитерно право. Цивилното население за време на војна е заштитено со четирите Женевски конвенции кои нашата држава ги има потпишано и ратификувано. Овие прописи се јус когенс норми т.е норми кои задолжително се применуваат и ниту една страна не може да ги менува. Тие задолжително ја обврзуваат секоја држава потписничка. Всушност, ако вака се амнестираат воените злосторници кои за време на војна се изживувале врз цивилно население, тогаш која е поентата на меѓународното хуманитерно право? Која е поентата на Женевските конвенции?
     
    На esperanca, nesa, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    2.454
    Актуелни политички настани

    страшно, жално, ужасно ! не можам да поверувам какви работи ни се случуваат во државава :x :x премногу права им се дава на албанците, премногу им се простува.. нашиве политичари само ги слушаат нивните наредби и се обидуваат да им угодат само колку да бидат во нивна коалиција :x
    искрено нема да ме чуди ако по 10тина години максимум се преименува нашава држава од Македонија во држава во која живеат луѓе со 2 националности.. (како порано што беше СХС кралство на срби хрвати словенци)
    мислам дека имав некаде прочитано дека оваквите злосторства против човештвото никогаш не застаруваат и во најлош случај ако оваа влада го изгласа овој закон за амнестија на овие луѓе, наредната влада може да го укине законот и да ги најде и соодветно да ги казни, иако се надевам дека нема да ја направат и оваа глупост.. мислам стварно претераа толку глупости, толку закони за толку малку време..
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Актуелни политички настани

    Законот е изгласан веќе...

    Со 62 гласа „за“ пратениците на ВМРО - ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и НДП ги затворија хашките случаи.

    Автентичното толкување на законот за амнестија помина по целодневна дебата, на која опозицијата ја обвинуваше ВМРО - ДПМНЕ дека се пазараи со човечки судбини, со лузните на малтретираните мавровски работници и со солзите на семејставта на 12-те киднапирани во Непроштено.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Актуелни политички настани

    Кај сте бе вмровчиња да се јавите на темава...??? Вашиот пастир ја продаде државата на терористи...Типично за вас, кога немате во своја одбрана нешто да кажете или велите дека Бране е крив за све или вака се повлекувате и ќутите...
    Кажете нешо за ова мегаломанско предавство на Македонија, да ве видам...
    Или попаметни сте вие кога молчите... |(
     
  12. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Актуелни политички настани

    Колку и да се обидувам да не се замарам - не можам. Ниту вести ми се гледаат ниту весници ми се читаат :^) |(
    Состојбата во државата е никаква и што е нај трагично никаде не гледам излез.
    Замислете само како се чувствуваат македонските бранители и нивните семејства.СТРАШНО.

    Е ова е патриотизмот на вмр-овците :puke: :puke: :puke:
     
    На esperanca, BoaVista, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Актуелни политички настани

    Текстов е малку вознемирувачки, ама морав да го постирам, во име на големиот срам да не биде заборавен никогаш!

    "Не постои ништо што може да ми ги избрише сликите од Вејце и од Радуша. Длабоко во мене се уште ми е мачнината од Вејце, кога си ги видов измасакрирани другарите и кога прстите ми пропаѓаа во нивните јагленосани тела, додека ги качувавме во возилата. Кога Вејце понекогаш ќе ме остави на раат да отспијам малку, тука е Радуша да ме стресе и да ме потсети на 40-часовните рафали врз нас".

    Полицаецот Саше Гилевски од Битола вака го почнува секое негово сеќавање на 2001, не можејќи да избега од она што им се случувало на бранителите. Денес се уште е во МВР, а истовремено е претседател на битолскиот полициски разгранок на здружението "Достоинство".

    Гилевски, меѓу колегите и другарите познат како Качо, учествуваше во конфликтот во 2001 како командир на вод во битолската посебна полициска единица. Тој е првиот македонски бранител кој пристигнал заедно со своите колеги, со "волците" и со "тигрите" на местото на масакрот кај Вејце во 2001. За него Вејце е најужасната работа што му се случила во животот, а по неа се борбите кај Радуша. Качо е силен грамаден полицаец. Кај него не може да се види ни малку страв. Ама, вели, очите го издаваат, во нив му се сликите од загинатите другари.

    "Во МВР сум од 1992 година. Уште од првата година сум припадник на битолската полициска посебна единица. Во конфликтната 2001 бев вклучен од самиот почеток, од случувањата во Танушевци, кога на трети март 2001 бевме мобилизирани. Патролиравме 14 дена по целата околина на Танушевци, а потоа, во координација со 'Тигрите' имавме организирани упади во потрага по униформирани припадници на УЧК. Во април бевме преместени во Тетово каде што ја заменивме прилепската посебна единица. Патролиравме низ тетовските села, во координација со армиските 'Волци'. Немавме командир на единицата туку јас и уште еден друг командир на вод ја водевме целата единица", се сеќава Саше. И тамам помислиле дека се брзо ќе се среди, дека конфликтот ќе помине само со дотогашните ситни инциденти, се случи масакрот кај Вејце, кога беа убиени, измасакрирани и запалени осумтемина македонски бранители.

    На 28 април 2001 патролите од тетовската касарна ги добиле задачите која каде ќе оди. Едната патрола требало да патролира од 10 до 15 часот од Бродец до Шипковица, а втората патрола на релација Селце - Вејце од 17 до 20 часот. Утрото добиле информација дека некој рибар тоа утро пријавил оти видел 20-ина припадници на ОНА над Бродец.

    "Јас со уште седум мои полицајци и командирот на 'Волците' со седум негови специјалци околу 10 часот се упативме кон Бродец. Го проверивме селото, дури и зборувавме со мештаните дали некој ги малтретира, дали имаат некоја мака. Се беше најнормално, дури бевме и во две чајџилници и најнормално разговаравме со луѓето. Особено прецизно го проверивме делот над Бродец каде што рибарот, наводно, видел униформирани лица. Немаше никакви траги. Се беше во ред и отидовме и до Шипковица. И таму се изгледаше најнормално, па некаде по 15 часот се вративме во касарната во Тетово каде што бевме позиционирани", раскажува Саше.

    Во касарната ги наполниле возилата со гориво за да бидат подготвени за следната патрола која оди кон Селце и Вејце. Во 17 часот патролата тргнала. Во првото возило биле "волците", во второто полицајците од посебната единица, во третото пак "волци" и во последното полицајци.

    "Замина патролата. Во 17.45 добивме повик од полицаецот Илче дека се нападнати меѓу Селце и Вејце. Веста за нападот ме затече на јадење. Оставив се, го ставив панцирот, го зедов автоматот и веднаш ја активирав единицата. За пет минути бевме спремни за тргнување. Кога излеговме во дворот на касарната, 'волците' беа веќе тргнати пред нас. Постојано на линија бевме со командирот на 'Волците'. Тие ја фатија горната позиција од кај сртот на планината, а ние од долната страна од кај длабината. Додека одевме кон местото на нападот, им јавивме и на 'тигрите' и на околу 500 метри пред местото на крвавиот настан стасавме заедно со нив. Претпазливо се приближувавме кон местото бидејќи не знаевме што навистина се случува таму. Имавме само штури информации дека има ранети и ништо повеќе. Јас и уште еден колега одевме први. Кога наближивме до местото, прво што видовме беше нашата полициска 'лада нива'. Дојдовме до неа. Таа беше издупчена целата. Баравме ранети колеги да им помогнеме. Продолживме повнатре, кон свијокот каде што беа другите возила", со мачнина раскажува Саше, чкрипејќи со забите и стегајќи ги тупаниците од лутина и бес.

    "Следната глетка беше ужасна. Возилата се уште гореа, а насекаде се ширеше неподнослива смрдеа од изгореното. Кога влеговме во засекот каде што беше извршена заседата, ги видовме трите возила. Цело време бевме на штрек. Полека дојдов до второто возило каде што беше сега починатиот Илче од селото Породин. Беше под 'хамерот' и само нозете му се гледаа. Го фатив да го повлечам, да го извадам, надевајќи се дека е жив. Кога го извлеков, видов дека еден дел од неговото тело му го нема. Наеднаш исповратив. Брзо се созедов и, полн со бес и гнев, гледав каде да го допрам да му го опипам пулсот. За жал, беше мртов. Едвај се созедов. Тогаш забележав неколкумина од 'волците' кои се собраа кај второто возило и отидов и јас таму. Тоа беше возилото на полицајците. Имаше тројца полицајци на земја. Двајца беа блиску еден до друг, а третиот малку понастрана. Беа целосно изгорени. Ништо не им се познаваше на нив, ни лицата. Уште гореа и тлееја. Од оклопното возило со кое дојдоа 'тигрите', извадивме противпожарни апарати за да гасиме. Почнавме да ги проверуваме и полицајците и 'волците' дали има некој жив. Беше ужасно. Беа изгорени, измасакрирани. Се гледаше дека беа бодени по главите, им беа гмечени лицата како sверови да ги нападнале. Целото место смрдеше на изгорено месо. Таква слика не се опишува. Тогаш ги паркиравме возилата за да ги качиме нашите мртви другари. Не знаете каков гнев имаше кај сите нас тогаш. Бевме бесни како никогаш дотогаш. Слушнавме рафали кон селото Вејце. Веднаш му се јавив на колегата од 'Волците' и тој ми кажа дека од висината на која беа тие забележале униформирана група и запукале по неа", се обидува Саше да најде зборови да го опише, како што вели, тоа што не се опишува зашто само душата му знае што видел таму и како му било да си ги гледа другарите sверски измасакрирани.

    "Веќе фати мрак. Имаше уште четворица мртви колеги. Не можевме да ги препознаеме. Знаев кои се осумтемина колеги во патролата, ама кои се тие последните четворица кои ни останаа да ги качиме, не знаев кои се. Беа гламјосани. Се сеќавам дека едно само кажав тогаш: 'На раце ќе ги носам другарите до Тетово, ама не ги оставам тука да ги јадат животните'".

    Кревањето на загинатите другари за Саше и за неговите колеги бранители било најтешко. Се чадело околу нив, смрдеа ги дамлосувала, а над глава им висела опасноста дека sверовите кои им ги измасакрирале колегите можат да запукаат секој момент и по нив.

    "Тогаш ни беше најтешко. Се распаѓаа телата на загинатите. На еден, кутриот, кога го кренавме, му отпадна ногата. А бе што sверови ќе беа тие што им го направија тоа. Додека кревавме, утробата ми се превртуваше, што од ужасната глетка што од бес поради мртвите колеги. Како ќе го фатевме некое тело да го кренеме, а тоа жешко, тлее, прстите ти се пикаат внатре во гламјосаното месо. Рацете како веќе да не ги чувствував. На прстите снемав осет. Нешто после 20 часот ги товаривме и тргнавме. Таму беа телата на нашите колеги. Дури отпосле ми идеше мислата како ќе си идам дома во Битола, па тоа ми се колеги, другари, а едниот од нив Марјан ми е прв комшија во мојата зграда во Битола живее. Се слушнавме со мајка ми да и кажам што ќе слушне на вести и да и кажам дека јас сум жив, а таа испаничена ми вели: 'Навистина ли си жив, синко'. Како да не веруваше дека разговара со мене", раскажува Саше и ги мести рацете како да ги крева мртвите другари. Му се враќа сликата од Вејце, од гарежот, од масакрот.

    Гилевски се сомнева дека неговите колеги биле наместени, ама е гневен што тоа не може да го потврди, да докаже, може само да се сомнева.

    "Имав силно чувство дека сме наместени. Јас дента бев со првата патрола и можеше и мене да ми се случи истото. Кога тргнаа возилата со загинатите кон Скопје за на Судска медицина, на мене беше да ги смирам колегите кои беа гневни и сакаа одмазда. Едвај ги смиривме и кон четири утрото беа во кревет. Тогаш останав сам буден. Тогаш ми пукна се. Признавам се изнаплакав, испуштив од мене да излезе се што дента ми ја исцрни душата".

    Следното утро, нова мака за бранителите. Требало да се товари опремата на загинатите другари. Во ранците имало само малку алишта, а на полицајците и на "волците" тие торби од загинатите колеги им се виделе како да се нешто најтешко на светот.

    "Никој не може да ми ја избрише сликата од тоа што го видов кај Вејце, како што никој не може да им ги врати синовите на родителите. Имам трауми, не се видливи, ама длабоко во мене уште тлеат телата на другарите. Првите две години по настанот не можев да спијам. Се будев со скокање на секој саат и палев цигара. Кошмари, потења, мирисот од Вејце уште ми е во носот.

    Два месеца по Вејце паузиравме, и пак не активираа. Не можам да тврдам дека бевме предадени кај Вејце, ама тоа ни го рушеше моралот, а за тие деца по 20-ина години бев спремен да гинам. Ама пак после отидовме на терен", вели Гилевски.

    Кога се вративме од Вејце, Битола почна да гори. Битолчани сакаа одмазда.

    "Ниеден од моите колеги не учествуваше во палењето оти знаевме дека тоа нема да ни ги врати колегите. Јас до ден-денес велам, да знам кој ми ги намести колегите, ако ги наместија, ќе му вратам со оружје, па и затвор да лежам не се жалам. Мене тоа Вејце ми го смени животот, внатре душата ме боли. Мојот чичко загинал во Втората светска војна и татко ми ми велеше: 'Синко, братот си го изгубив во војна, не сакам и тебе да те изгубам'. Не ме премисли, му велам, тато, ако сите се откажеме од ова држава, што ќе ни се случи со Македонија. Свесни бевме за се, ама искрено, колку и да звучам патетично, тоа го правевме за Македонија, за моите деца, за децата на сите. Јас не сум плачко, ама во мене се е измешано после Вејце, и бес, и сила, и солзи, и мака, и гнев, и инает, ама не се откажувам од татковината. А бевме со мисла дека после Вејце се е против нас", бесно говори Саше, ама не го крева гласот. Зборува смирено, ама нервозно ги крцка прстите. Очите му се полни со солзи кои никако да потечат и со гнев што не може да го скрие со повремена блага насмевка што ќе му се испушти кога ќе се присети на секој убав миг поминат со сега загинатите другари.

    По куса рехабилитација, 30-ина полицајци од битолската посебна полициска единица пак биле мобилизирани. Радуша како нив да ги чекала. Саше не кажува колкумина биле македонските бранители, а колкумина непријатели. Ама неофицијалните податоците велат дека во Радуша имало околу 600 припадници на ОНА и КЗК, наспроти сосема мал број македонски бранители, на почетокот на борбите едвај 35. Припадниците на ОНА и на КЗК во бранови доаѓале од правец на Крвеник од Косово. На помош на бранителите тогаш им беа испратени хеликоптери и "сухој", а од кај Чашка и Радуша инфилтрираните припадници на УЧК биле засипани со гранати. Македонските сили тогаш имаа петмина ранети. Бројот на загубите на ОНА, наводно, бил огромен.

    "Во август заминавме за Радуша. Првиот ден помина најнормално и мирно. Вториот ден почнаа дејствата. Со мојата смена бевме кај нашиот бункер, кога почна нападот врз нас. За среќа, тогаш дојде армиски авион и припадниците на ОНА го свртеа огнот кон него барем за момент. Пред тоа 20 часа полицајците беа засолнети во три квадрати бункер. Се таму, и јадење и мокрење во шише или во ќесе. Ужасно. Кога не нападнаа дожд секакви проектили истураше врз нас. Бев залегнат долу, а авионот прелета на моја висина. Не престануваа да пукаат. Си реков готово, тука ми завршува животот, на 33 години. Тогаш, на 10 август мојата ќерка полнеше 7 години. И само господ не спаси тогаш. Се погодија трите празници Света Петка, Света Ана и Свети Пантелејмон. Тие светци не чуваа. Под силен напад, некако успеав да стигнам до бункерот да им помогнеме на колегите кои останаа внатре. Да не дојдеше и авионот, ќе останавме таму за навек. После Вејце, со Радуша пак ми се вратија сликите. Пак стресови. Замислете, да гледате обичен филм од саат и пол со пукање, па ќе ви се здосади или не знам што, а кај Радуша ни се фатија 45-46 часа пукање, борба. Почна повлекувањето, и за мене немаше место во другите возила бидејќи имавме петмина ранети, од кои еден критично во грлото. Јас се качив во еден камион и со него се вратив во штабот. Немаше одмор, активностите продолжија", со грч на лицето раскажува и погледнува нагоре, небаре и во тој момент над глава му прелетува истиот авион од кај Радуша.
     
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    жалосно ептен најмногу ]:)
    до кога бе ? до кога?

    каде сте вмровчињаа каде сте патриотчиња?
     
  15. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Актуелни политички настани

    Ете така и сега тие што ги убиваа масакрираа и палеа нашите браќа, татковци, роднини ќе уживаат со слобода и пензија. За што? За да седнеш на фотеља? Жално е ова што се случува ми се повраќа кога ќе помислам :puke: .
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Актуелни политички настани

    Ги знаев условите кои ги зададе Дуи за да коалицира со Вмро, веднаш после изборите и не верував дека ќе постигнат согласност, односно дека Вмро ќе прифати да коалицира по секоја цена.

    Ова е срамота, навистина е безобразно и дрско но и премногу деградирачки, со ова само уште еднаш се покажа како луѓето се однесуваат кога парите и интересот ќе им мавнат во глава.
    Се покажа и нашето достоинство ако сеуште може така да се нарече, самите не се почитуваме а бараме некој друг да не почитува епа за тоа мало морген.
    Сето ова многу лошо ми мириса, чекам само да дојде денот кога Грција и ЕУ ќе не притиснат за да си го промениме името, а ние т.е. нашава Влада слабаци кои незнаат да кажат не, и кои за своите драги фотељи ќе прифатат и да ги е*ат на сред плоштад со насмевка ќе прифатат се што другите ќе кажат.

    Дефинитивно политичката култура е отидена во минус, одамна веќе не постои политика во вистинска смисла на зборот, сега се е во знакот на нечии интереси, а државата и нацијата полека тонат.
     
    На BoaVista, SunFlower94 и Offspring им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Актуелни политички настани

    Јас неможам да се помирам дека згазија на достоинството на нашите Бранители! Ги удостоија учките оние што масакрираа, какви се не слики имам гледано за тоа, какви се не видеа! Срамно и жалосно е ова, згазија на славата на Бранителите и на достоинството на нивните семејства. Ако некогаш бев загреана да одам во војска, сега одговорно тврдам дека НЕМА да згазам во касарна, НЕ ВРЕДИ за оваа непрокопсана држава за која не сум сигурна дали утре нема да згази и на моето достоинство! Уште фали во химната да ги опееме покрај Гоце Делчев, Питу Гули и.т.н. да стојат и учките, се да биде по правила и прописи! Ми се гади, неможам цел ден да се помирам дека им го простија тоа што не смее да биде простено! Знамето, јазикот, ова со амнестијава, се со ред ни дадоа по капата, да неможеме да се освестиме што не снашло, Господе мој, Армијата ја држат бре, утре ако пукне кој по ѓаволите нас ќе не брани? Албанците 70% пријавени на воен рок? Поручниците Албанци? Министерот за одбрана Албанец? Кој ќе не брани? Кој ќе биде тој што ќе се нафати да го даде животот за државава? Дали ќе постои таков, знаејќи дека утре можеби честа ќе му биде згазена!

    Очекувам масовни протести, очекувам цел народ да се излее по улиците, но знам дека нема да е возможно... Овој народ како прво треба да застане рамо до рамо заедно како браќа Македонци, а потоа како вмровец и сдсмовец,а тоа нема да се случи, се додека се партијата и личните интереси поважни од иднината на целата држава во која се чепкаат болни рани!

    Само уште ќе додадам дека покрај револтот што го чувствувам и ми доаѓа да пцујам како пензионер пред кооперација, ќе се воздржам од тоа на форумов, и тивко во себе ќе се прашувам што не снајде и што ќе не снаоѓа во иднина!

    Срамота, овој срам никогаш не смее да се заборави! Ова ќе остане запаметено како најголемиот СРАМ во историјата на Македонија! И ќе се фалиме дека имаме антички корења? Немојте ве молам, смешно е!
     
    На esperanca, Blanca, milky-candy и 4 други им се допаѓа ова.
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Актуелни политички настани

    Потполно те подржувам Офи, но јас и ти неможеме ништо да промениме освен (се извинувам на израз) да јадеме г*мна на форуми.
    Народот треба да реагира, но кажав и по 100 пати ќе кажам во Македонија не постои политичка култура, ај да беа барем аполитички да немаа никакви допирни точки со политика, да не се интересираат...баш напротив на митинзи се во први редови, во гради се лупаат за партијата и државата а кога ќе се најдат во ваква грда ситуација молчат како п*чки под кошула(уште еднаш се извинувам).
    Не напаѓам ниту бранам некој, само сакам народов да си ги отвори очите и да види што прави Владата со државата, дека секој глас кој го дале е само уште еден чекор кон колапс, кон самоуништување на кое му се гледа почетокот.

    Сега ќе им овозможат и 50% застапеност во државна администрација, а илјаднци фамилии ќе останат без приходи, само за да Грујо и пријателите ги задржат драгоцените фотељи.
    Многу мек народ сме, премногу ... Работава е молчи-толчи, дозволуваме во нашата матична земја да бидеме деградирани и непочитувани а бараме од меѓународна заедница да не почитува. Незнам со кој образ Груевски ќе каже НЕ за промена на името, кога веќе пола и повеќе од државата продаде на Албанците заради една кожна фотеља, и Грциве би ни понудиле некое милионче во знак на спогодба ама неможат сега во рецесија е земјата.

    И јас сум за протест, но кој ќе излезе се прашувам, кога на 70% од луѓето работното место им зависи од партијата, и оние Вмровци кои се против ваквите постапки ако се појават на протест знаат дека по автоматизам го губат работното место.


    Еве ми го постот од 07.Јуни ден после изборите, кажано е се, само останува уште неколкуте други барања да се решат :x .
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  19. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Актуелни политички настани

    Што и да кажам веќе ќе биде сувишно...Ова е најголемиот срам во историјата на Македонија...Текстот на Офспринг, каде македонски бранител сведочи за војната во 2001 ме доведе до солзи...Иако бев свесна за тие случувања, али кога ќе прочиташ вакво сведоштво во тебе се буди вулкан од негативни емоции...
    Ние ќе плаќаме даноци, за шиптарските терористи да земаат пензии, да работат во администрација полуписмени да живеат ко богови...Им ги дадода министерство за правда и одбрана...све им дадоа и газот им го продадоа вмровските патриоти за да ги задржат фотељите и од мултимилионери да станат милијардери...Не знам за вас, али јас се срамам што сум од Македонија...Се тешам со тоа што презимево барем не ми е македонско...Ова со Јохан ја прели чашата...Испадна дека и он е продаден газ...И да ви кажам најсикрено нешо, може? Не ми е гајле што е затворен...Нека скапе доживотно во Хаг, штом знае вакви пореметени работи да прави...

    Онакви масакри врз луѓе можат да прават само ѕверови, кои во себе немаат грам човечност, шиптарски кучиња, смрдливи...Каде одат шират одвратна неподнослива реа...Во генот им е тоа запишано..Нивната нација светот го засмрде, кучешка нација, проклета...

    А вие вмровки кај сте да се јавите со некој пост овде да ве видам...???
    Ајде кажете нешо да ве видам? Шо ќутите?
     
    На faye, Offspring и enca.69 им се допаѓа ова.
  20. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Актуелни политички настани

    :x :x
    Жално, го уништија и тоа малце што го имавме, и не ни остана ништо, немаме храброст сите да се собереме и да речеме доста беше, нема кој да го слушне гласот на народот, патриотите ставија сол на најболните рани на македонците со нивната коалиција. Им ја пуштија одбраната на Македонците на Албанец, ако пукне како во 2001 ќе нема кој да застане да не брани, веќе видовме што направија патриотите за бранителите од 2001.


    Големиве ПАТРИОТИ само едно прават, ги убедуваат младите што попрво да го фаната возот за надвор од државава.