Брав но не најдов ваква тема, ако е дупла слободно заклучете ја Девојки ми треба совет, навистина сум загрижена... Имал неуспешна врска и поради тоа се казнува самиот себе, живее во свој свет, околку него изградил ѕид и не дозволува никој да допре до него, ептен е рзочаран, додека бевме заедно супер ни беше, али ете сега се промени, Знам дека ме сака, го сакам и јас али тој не верува, ептен е разочаран и мисли дека пак ќе му се случи истото, пак ќе биде повреден и изневерен, Неможам да го гледам таков, како самиот себе се уништува, се обидов да му кажам дека сите девојки не се исти, но тврдоглав е, вели дека за да биди со некоја прво треба да заслужи, беше искрен и рече дека сум заслужила дека сака да е со мене, али сепак страв му е... Го прашав до кога ќе го држи сето ова, како одговор добив се додека не го истерам сиот гнев од себе, се додека не го направам она што мене ми го направија, беше навистина искрен и ми кажа дека не сака јас да бидам таа на која ќе и го истури сиот гнев, рече дека сака да сме приијатели, но дека ме сака, од друга страна сега се е како и пред тоа спиеме на телефон, до 5 сабајле секоја вечер на скајп, зборуваме за се и сешто, се се врати како и пред тоа али он... Го сакам дечкото што го познавав насмеан, весел, а не вака разочаран... Дајте некој совет како да го натерам да се премисли и да го извадам од тоа разочарување
Еленускаа во некоја слична ситуација бев и јас со последнава врска. И знам дека не е до несакање раскинувањето. Али со самото тоа што он нагласува дека сака да е пријател со тебе, значи дека не те сака доволно ко за девојка. И јас на мојов му бев и драга и мила и паметна и убава и ме сакаше и све све... уште месечинава фалеше да падне. Сакам да кажам и јас имав дечко кој беше весел расположен и врската ни цутеше, па наеднаш некако за месец дена олади работата. Добро е да му оставиш до знаење дека го сакаш и сакаш да си со него, дека му даваш подршка и време, а останатото препушти му го на него. Признавам и јас со бившиов праев муабет многу често и башка муабетите ни беа така искрени и отворени и длааабоки (ако ме сфакаш) но неможев да заклучам дали со тој контакт што остана помеѓу нас он сакаше да се увери дека јас неповредена излегувам од врска, или може сакаше да остави некоја жичка што пак би не поврзала. Мене мојот бивш ми кажа во муабети дека ете сакал уште малце да проживее без некоја обавеза (како девојка или врска) па можеби тоа е и кај твојот причината што се оддалечува. Му треба малце време да се опорави од претходната врска. Советот би ми бил да одржуваш контакти, да бидеш весела и ведра за да може и неговото расположение да го поткренеш, да бидеш самоуверена и со крената глава (не нос), немој да бидеш многу горда и дај му на знаење кои се твоите чуства и ставови (но да не изгледа тоа како лигавење и молење). Колку и да го сакаш немој да го гњавиш и тормозиш со приказни емоции поврзување и слично. Би требало да му помине периодот од разочарувањето и ако те сака навиииистина (како девојка, а не како пријателка) ќе увиди дека ти си таа со која треба да е. Се надевам дека со убаво ќе се среди вашата ситуација. Мојата нажалост заврши со раскинување. Тоа е.... поздрав
еленушке немој да ме сватиш погрешно, тој е таков тип на човек денес се плаши од тоа, утре од нешто друго, едноставно мислам дека премногу се сака себеси, и не сака да ризикува да биде повреден пак, а и зошто ти е некој толку разочаран, што не верувам дека во блиска иднина ке заборави што му се десило. Не завршија мажите на овој свет има и други, најди некој нормален, весел, позитивен, се бара личност покрај себе што и кога ке ти биде тебе тешко да знае да те утеши, а не и тој да плачи. Од жалење, кукање, затварање во себе, нема добивка. таквите луѓе како што го опиша дечкото се луѓе со тежок карактер и желба за одмазда, верувај дека такво нешто не сакаш покрај себе, поздрав и размисли дали некој и нешто вреде да се бориш за него.
Е, да...советот мој практикувај го откако ќе го исчиташ и сфатиш и размислиш околу постот од сењорита погоре. Најбитно е да видиш што ти сакаш!!! Ако вреди, ок, бори се. Ако не, тогаш речи си дека така требало да биде и дека има некој и нешто боље што те чека, отколку оваа тензија сега
Ваквите личности ептен тешко се мењаат , ако сакаш да му се приближиш првин постави се другарски према него,за да стекне одреден степен на доверба во тебе , па после отом потом
Убаво од твоја страна што се обидуваш да му помогнеш и да го смениш, но не верувам дека ќе ти биде лесно. Тврдоглав е, тежок карактер, ти носи повеќе нервози отколку среќни моменти, па затоа размисли дали вреди сето тоа. Мое мислење е дека ако те сакал навистина, немало да раскинете. Само смислува изговори, затоа што очигледно е плашлив и не е спремен да се бори. Ако сакаш одржувај пријателски однос со него, но не се надевај премногу, и не се преокупирај со помислата дека треба да го смениш. Тој самиот треба да одлучи и да реши дека сака да промени нешто, а вака... тешко.
Многу е затворен. Сакам да се отвори и се да ми кажува... Се што го мачи, се што размислува, а не кога ќе прашам што ти е, да добијам одговор -НИШТО! Не можам така. Како можам јас се да му кажувам а тој мене не. Секогаш одговорот е -НИШТО, а знам дека има нешто што го мачи... Сум зборувала сто пати со него и таман ќе помислам дека се сменил, дека се отворил, тој пак по старо тера... Не го разбирам, толку ли е тешко да ми верува, да ми каже како се чувствува. МНогу ми смета и ме повредува тоа и размислувам цело време и тешко ми е кога знам дека нешто не е ок. А колку го сакам ни самата не сум свесна. Повеќе од себе! Повеќе од сите на светот! И не знам што да направам.....