Ушите ви се затнуваат затоа што настинувате, ушите се поврзани со носот и со останатиот дел од главата. Секогаш ми се затнуваат кога настигнувам. Лек нема освен кога ќе оздравите сами ќе се поотпуштат и откукаат што се вика. Постапката за чистење уши се интервира само кога вашите уши се валкани внатрешно при што не можете да го остраните со чепкалки за уши. А капки се ставаат за да испира нечистотијата. Исто така капки се даваат и доколку имате некоја инфекција на увото.
Феминки, дај кажете некој "природен лек" за одзатнување на уши. Често пати ми се случува да ми се затнат ушите и ништо неслушам. Посебно со десното уво. Бев на доктор, чисти се нема потреба од чистење ама мене зуењето никако не ми поминува. Предложете ми некои капки или било што!!! Ставав хидроген 3% ама џабе, не ми помога.
Леле луѓе што да правам десното уво ми е затнато тинтак.Настината бев ама со носот уште не стојам добро и дував кога рече пука и се затна.Мајка ми е по алтернативни медицини и ми капна неколку капки од едно цвеќе-чувар куќа ама џабе,само ми се дозатна..Сега што да правам?Ич не слушам на тоа уво.Да одам на доктор или да го оставам само да си пукни пак и да се одзатни?
Најдобро оди провери си, може од настинката ти е,може ќе ти дадат капки, а можеби и за чистење се, го прават со шприц и вода, ниту е страшно, ниту боли. Мачно е кога се затнати .
Затнато ми е десново уво веќе неколку дена и сега за несреќа почна како и ова другово да се затнува. А знам дека ми е од настинката од која ми остна само носот и ушиве затнати. До пред некој ден двојно намален на десното па сега и на левото. И исто така кога ќе се задишам го слушам срцето како ми лупа преку увото и некое зуење. Навистина веќе не можам ова да го поднесам, притоа да напоменам дека немам никакви болки, тоа беше претходно.Сакав да ве прашам да не знаете некои капки за чистење на уши. Секој одговор е добредојден
ее имаш иссттт случај како мојот иначе јас почекав да ми се пушти самото уво но не затоа ќе одам да ми ги исчистат,,
A каде можам да ги истистам ушите ? Веројатно мислиш на ушно, слушнав тоа не помагало па мислев со некои капки да пробам
На ушно ќе си појдеш, за тоа служат специјалистите таму. И помага како не. Ќе ти го испере ушето и ќе ти даде антибиотик и капки кои ќе ги користиш како ти е препишано.
Имам слушнато дека се ставале топли облоги на увото ... И да не се чепка со чепкалици за уши и да не доаѓа во допир со вода, колку што знам јас. За постручно види на интернет
Денес гњурев во длабоко и ми се затна ушето.Пробав скоро се, рипав, топло ставав, мастики џвакам, џабе ништо не ми помага и не знам веќе што да правам, а во странство сум.Многу ме нервира зошто ништо не слушам, а болка фала богу немам.Не знам дали да пробам да купам хидроген од 3% да ставам?
Ништо, не ми помогна.Бев на чистење на уши, сега се е во ред. Значи најдобро решение на ова е чистење
Женски, дaли имaте прoбaнo aпaрaтче зa чистење уши ? Ми се чини имaм гледaнo тaквo нештo нa тoп шoп пo телевизиите, дaли знaете кaј мoже д се купи?
Во последно време имам проблем со ушите,имам страшни болки.Бев на доктор и ми рече дека проблемот е во носот и е од алергија. Ми даде таблети и спрејови за нос и да правам инхалации.Ми рече после спрејот во нос, да го дувам носот за уштите да се отворат,десното се отвори,ама левото никако. Ако имал некој вакво искуство,нека помага.
Zdravo na site.Jas imam eve dve tri nedeli maka so desnoto uvo kako da mi e zapuseno bolka vo slepoocnicata i okoto i kako da me streka mnogu sum zagrizena pomagajte
@VIRAGO Две-три недели имаш проблем, зошто не одиш на лекар?? Може имаш некое воспаление, може нешто друго е проблемот, но тука ние на форумот не можеме ништо да ти помогнеме, не си играј со здравјето оди утре на лекар, не чекај.
Mila, bev na usno kako nekoe vospalenie mi stavija kapki no nisto ne mi pomogna od vreme na vreme imam poteskotii neznam sto e no ke pojdam povtorno fla mnogu pozz
Може и од алергија или синуси да ти е се тоа...секако се е поврзано. Појди пак и убаво објасни му на докторот. И мене нешто слично ми се случува кога ми се воспалени синусите.