Јас до сега за 10 год сигурно 5,6 пати ги имам со вода чистено, до сега никој не ми кажал друг начин, не знаев дека може и така. Ако избегнуваш поради страв со вода да ти ги чистат, верувај воопшто не е страшно, постапката е макс 5 мин ако е искусна сестра. После постапката кое олеснување е.
Бев кај Маролов, ми кажа оток во нос, синуси воспалени и затоа ми правело проблем и на увото. Терапија не ми даде бидејќи пиев 2 пати антибиотици и немаше исход. Ми стави две инекции во нос и продишав конечно. Најверојатно се намалил отокот, како што бев затната постојано сега сум без капки. И увото ми се смири. Па ќе видеме до кога ќе биде добро
Јас веќе 20 год ги чистам ушите, од 11 годишна возраст почнав да ги чистам и тоа по три пати годишно додека бев во пубертет. Најчесто со вода , а во Грција каде што живеам два пати ми се има случено со еден електричен апарат да ми ги чистат , не можам да најдам слика Ваков долг продолжеток го ставаат во уво и влече како правосмукалка да кажам Ја носев ќерка ми пред месец дена исто кај мене во Грција за прв пат кај еден постар доктор, ми рече уши веќе не чисти со шприц и вода , дека е стара техника и дека до често чистење на ушите до оваа техника ослабувал слухот и може да настане повреда на у.тапанче. Јас иако толку год ги чистам ушиве со вода, сум немсла проблем и да бидам искрена малку ме исплаши. и сега додека сум тука во Мк, сакав да најдам некој што чисти така уши, на другиот начин.
Ауу па и јас многу често ги чистам, ама постапката што ми ја кажа ме исплаши , мене ми е језиво, со такво ми брцаа во нос да видат колку сум затната и фалеше секунда да се превртам на стол од страв Ова во Систина пред некој месец, прашај во Систина може имаат, мене на пример затнат нос кај нас со обичен апарат ме гледа ама во Систина со црево ми ставаше во нос, нели они помодерни се
Вчера прв пат во цел мој живот , се соочив со затнато уво и болки во истото , како последица на компликации од настинка . Па , тоа е најлошото нешто што сум го доживеала . Болка , дезориентираност , повремено пукање и во тој момент уште посилна болка .. да не зборувам за моментот кога треба да свртиш два реда муабет , а слушаш половично . На сите дома им велам викајте посилно , инаку џабе зборувате . Болката беше толку силна што ме разбуди уште во 05 часот , наутро . На доктор отиднав во 8 ипол , добив дијагноза - воспаление на мембрана , како последица од настинка . Веднаш ми препишаа антибиотик амоксиклав 1000 , спреј оперил , парацетамол и витамин ц . Втор ден денес , има подобрување , го нема она страшно пукање , болката исчезна скроз а и по малку слушам . Утрово ништо не слушав , бев 100% глува на десното уво .
Jas otkako slusav edns so slusalki podolgo vreme kako da mi se zatnati ustite neznaev deka slusalkite mozat da vlijaat taka na ustite.
Леле луѓе, јас денеска се утепав кажувајќи “извини,што?” После третиот пат веќе ми е непријатно да кажувам истото. Не знам што да правам, десното уво ми е сосема затнато од xy причини, дефинитивно топ 3 најлоши моменти во мојот живот
Еве јас од настинка почна и уво да ме боли. Пијам амоксиклав и витамин ц. Ноќеска почна да ме боли и чат пат ми се затнуваат ушите. Кога го дувам носот ме боли уште повеќе
Знам како ти е верувај . Јас денес сум на контрола , после една недела сеуште не слушам убаво , но барем болката ја нема . Да се надевам и дека ќе ми ги прекине др лековите , мислам дека и душава веќе на антибиотик ми усмрде . Не е лошо да си појдеш на ОРЛ да те ѕирнат во увото . Можеби имаш компликации од настинката како јас .
Компликации можат да настанат ако имате висока температура. Покрај антибиотикот барајте капки за уво и капки за нос. Можете да пиете и беналгин против болки. Треба малку време за три-четири дена треба да има подобрување. Совет од вечен паталец.
Mene pokraj sto mi se zatna pocna nesto I kako da mi sumoli vo uvoto na momenti ke odam na doktor no sto moze da e veke dva tri dena mi e taka...