1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заушки

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Belen, 23 јули 2010.

  1. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Се решив да ја отворам темава, зашто од вечерва приметив топче под увото (што е познат симптом за заушки). Многу се исплашив, зашто за некој ден одам на одмор... Други симптоми немам, освен што сабајле кога станав, грлото ми беше суво... Утре одам на доктор, но дотогаш ве молам, ако некој знае нешто повеќе, да ми помогне!

    П.С. Вакцинирана сум за заушки, меѓутоа познато е колку денешните вакцини се ефикасни, поради тоа не се намалува ризикот од ова заболување. :worried:
     
    На AStojanovska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Ако имаш заушки само од едната страна ќе отечиш, меѓутоа не само топче туку голем оток под вилицата па се до зад увото. Пропратни симптоми како температура, главоболка, малаксаност скоро секаде ги има, но не мора да значи дека мора да ги има.
     
  3. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Јас сум само од едната страна, меѓутоа само топче... тоа значи дека немам заушки?
     
  4. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Според мене, немаш.
     
  5. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Ме боли увото од едната страна и тоа е така малце..исто ме боли вратот.Прееска мислев да не ми расте умникот пошто осетив болка при џвакање ама сега се сомневам дека имам заушки..исто имам и температура.Не ми е добро за некој мислев да отидам негде на страна да се одморам со дечко ми.Дали се работи за заушки?Што мислите? :puke:
     
  6. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Незнам колку години имаш, но доколку си околу 20 и ги имаш сите вакцини примано, немаш потреба од грижа. Сега е сезона на грип и настинки, па така болката во врат не е нешто необично. Колку време ти трае ова? Кај паротитот е карактеристично тоа што по 2 дена од симптомите се појавува отокот. Истите симптоми кои што ги опиша можат да се јават и при отечени крајници, види дали ти се отечени. Но како што кажав ако се заушки сигурно ќе отечеш за два дена, меѓутоа мое мислење е дека не се работи за нив.
     
  7. AStojanovska

    AStojanovska Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво Девојки сакам да прашам искуства од прележани заушки каде се боли, дали има оток и како да препознаам дека имам заушки? Имам 24 год. И немам прележано ни заушки ни сипаници до сега, зошто имам псоријаза и сите викаат дека поради псоријазата немам прележано ништо.Имам болки позади ушите каде што е коската и ми зуе константно едното уво и се повеќе и повеќе ме боли.
    Страв ми е зошто имам слушано дека колку си по возрасен толку е потешко да прележиш заушки или сипаници.
    Би ви била благодарна ако споделите со мене искуство околу заушките.