Тогаш пробај, сепак од 7 дена 5 дена нема да се видете, а ако е еден од вас љубоморен.. Не знам пробај, да не кажеш ме убедуваат ова она, пробај ќе си знаеш, сепак секоја грешка или покушај е дел од животната лекција..
А тебе те бендисува девојката???? Ти фати окото и другите органи ???? ))) Не е работата , еве имам девојка, еве се пишам на фб.
Знам на шо мислиш... Ми фати конечно окото ... малце рѓосан сум ама полн со морални вредности кои се нетакнути hehe
Eeee што убава тема ! Јас сум една од тие што имаат врска настаната преку фб, бев скептик на почетокот мнооогу ! Ми беше став во смисла дали е безбедно, дали сме исти како што се претставуваме и сл .. Се каневме се на се 1 год да стапиме на друг начин во контакт ,некако се наканивме , не знам ни сама како , макии беа тоа , па ете од тогаш поминаа 6 год веќе , ништо поразлични не бевме од она што бевме виртуелно .Се си течеше нормано. Пред еден месец врската си ја крунисавме со прстен Да ми кажеше некој дека фб ќе ме омажи , ќе го праевев будала.
И јас имав ваква врска Али мој совет е: Да не верувате во она што го пишува , подобро викнете го на кафе и ке видите колку пари вредит . За џабе пишите на чат со години ако не знаете дали е лазго , преварант, добар , лош и итн.
Се додека не се запознаам лично и персонално може да ми биде само симпатија и ништо друго повеќе од тоа. А запознавањето може да се случи само на јавно место, пример: кафич. И обавезно распрашување кој е што е.
И јас сум од тие што ја почнаа врската преку фб Се допишувавме месец дена отприлика и решивме да се видиме.Искочивме на кафе,поправивме муабет другарски,ама на крај едвај се разделивме.Имало некои симпатии значи помеѓу нас. После месец дена се видовме пак и почнавме врска и еве веќе 3 ипол години сме заедно
А како иначе би се запознале ако не преку фб ? Никој не е доволно храбар за во живо да се запознае. Се знае како одат тие работи. Си пишувате, излегувате на кафе, па ќе си одлучите дали ќе се видите пак или не.
Мое мислење е дека штом се знаете во живо тогаш може да се користат социјалните мрежи за контактирање во деновите кога не можете да се видите . Јас и мм се знаевме во живо кога се фативме , но од одредени причини не секогаш можевме да се видиме иако бевме оддалечени околу 15 минути возење со автомобил . Контактиравме преку фејсбук , смс и повици . Но , едно ќе ти кажам . Работи кои се за разговор во 4 очи , не се прави ниту на фејсбук ниту преку смс . Тој разговор се прави во 4 очи и нема подруг начин . Се додека е така , мислам дека врската ке опстојува . Среќно
Не сум за почнување врска на некоја социјална мрежа, доколку типот ми е тотално непознат и се немам сретнато со него во живо, а ни тргнал муабетот. Меѓутоа, ако се запознаам со некого на Фејсбук и имаме заеднички интереси, пријатели, сеедно, би излегла да го запознаам подобро и потоа би знаела отприлика како ќе течат работите и дали би можеле да се снајдеме заедно. Уште постојат храбри момци, кои пре би ги нарекла мудри, затоа што знаат како да пријдат и да не бидат нападни. Можеби се ретки, ама факт е дека ги има. Како и да е, повеќе претпочитам запознавање на лице место во живо, затоа што првичниот впечаток и енергијата која секој од нас ја шири како поединец ми е клучна за понатаму. Верглање муабети на чет со денови ме изморува. Тоа ми е некако изживеано и бесцелно, плус ме потсеќа на тинејџерските години кога договорив прв дејт на ваков начин.
Јас кога сум во врска, не го менувам животот за 180 степени, па да станам г'з и гаќи со партнерот, а живееме во ист град. Секој си има свои обврски, па затоа се слушаме секој ден, за да си кажеме како сме си го поминале денот. Се гледаме 2 - 3 пати неделно, дали сами, дали во друштвото, и обавезно тоа завршува со секс. @Aleksandar1212 Муабетот ми е дека врската може да успее, ако се гледате барем 2 дена неделно, и имате редовен секс. Слушајте се секој ден, но не се допишувајте само на чет, туку на секои 2 - 3 дена гледајте се и на скајп или на фејсбук, затоа што понекогаш посакуваш да си го видиш партнерот, ама сте премногу далеку, па да се видите. Исто така, преку скајп ќе ти биде и полесно да процениш што и како чуствува девојката, и дали и колку да и се довериш.
Баш убаво,во живо нема да ти пријдат и само ќе те буљаат,мислиш очите ќе им испаднат,а на фејс и светци ќе се прават,ќе ти делат комлименти,и2-3 збора ќе шкртнат,и ај на кафе,и ова најмногу што ме нервира,леле што си убава на слики,ај и во живо да те видам дали си таква,хм,парадоксално,а у живо,те гледа каква си,ама тогаш фатена им е устата да ти кажат нешто,ех,мажишта.
Порано, во времето на баба ми и дедо ми, скоро сите на игранки се запознавале. Сега не познавам машко што ќе и пријде директно на девојката за да се запознае со неа. Се започнува виртуелно, па може и многу машки да се разочараат од девојките, заради тоа што на слики се многу поубави од колку во живо
Ма не ги ни буљам, си се забавувам и баш ми е гајле.Ако ми пријде ќе и посветам внимание, ама нема да и ветам чуда, ако предложи секс нема да и одбијам. Женските треба да го праат првиот чекор, така стекнуваат самодоверба и поголема контрола над машкото.
ако сте од ист град, муабетот тече на фб некои два дена максимум тогаш е веќе време за средба во живо. Повеќе од два дена онлајн муабет е веќе бедно според мене и муабетот преминува во бајка и лаги