1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животната средина

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ariel, 12 март 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    Темава ја ставив тука бидејќи сметав дека треба да биде во живот. Е сега во политика не е, ама настани - може :D

    Сведоци сме на многу природни катастрофи во последниве години. Земјотреси, цунами, изумирање на голем број видови, озонски дупки итн. Претпоставката е дека тие се јавуваат како одговор на односот на човекот кон животната средина.

    Дали се плашите од природните катастрофи, и дали преземате мерки за заштита на животната средина?

    Јас се трудам да одам пешки кога можам, да не трошам многу хартија, иако морам да признаам дека ова ми оди мноогу тешко, да штедам електрична енергија, иако и ова не е лесно, ама колку - толку. Се трудам да не купувам пластика, ама ова е навистина тешко, би сакала да имам повеќе избор. Ги издвојувам пластичните шишиња од одпадот, за оние што ги собираат за рециклирање да можат полесно да дојдат со нив... Но сепак се чувствувам дека правам малку, треба многу повеќе.

    Во однос на стравот, малку ми е страв, но се восхитувам од моќта на природата. Колку само мал изгледа човекот пред природните катастрофи! Било кој земјотрес, или силни грмотевици ме воодушевуваат. Повеќе од тоа не сум искусила (среќа :D )
     
    На angelche16 и Peppermint им се допаѓа ова.
  2. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    99
    Мене ме воодушеви кога гледав на една документарна емисија како во Холандија 70% од населението возат велосипеди.
    Значи тие прават се што можат за да го спречат загадувањето. Во секоја друга земја се внимава на се, сите се раководат според некој критериуми и тоа се почитува, степенот на култура им е далеку на повисоко ниво од нашиот. Тие имаат посебни корпи за отпадоци за хартија, за пластика, за стакло, а кај нас има едни обични контејнери каде што се фрла се и сешто... но ајде не е тоа толку битно, колку култура на нашиот народ кога наместо во корпа или контејнер фрлаат до него, надвор од него, секаде освен таму каде што треба. И како ние би инвестирале во тоа да имаме здрав живот и здрава околина, кога немаме доволно култура...
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    За велосипедите во Холандија алал да им е. Особено што многу често врне, а тоа не им претставува пречка...
    Тука нема шанси. Прво, нема каде да возиш од паркирани коли по тротоари и велосипедски патеки. Второ, кога ќе заврне лом ќе се направиш од кал...
    А тука излезот го гледам само во казните. Некои викаат дека казните се многу високи, ама што има да плукаш по улици или да фрлаш отпадоци?!? Море камшик само!
     
  4. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    99
    Па да кај нас нема услови за да се спроведе такво нешто, а и да има, нашиов мрзлив народ попрво ќе се качи во тахи или кола отколку да вози велоспиед или па да пешачи. Казните се добри, еднаш ќе се изгориш следниот пат ќе внимаваш, но и казните не играат многу голема улога, ако имаш врски и казна ќе немаш..
     
  5. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Да многу возат велосипеди и велосипедистите имаат предност пред пешаците и пред колите, во сите градиви низ земјата на секоја улица освен коловозна лента имаат и велосипетска патека напоредно со коловозот, но знаеш каде ги фрлаат старите велосипеди???.....во каналите низ градот, бидејќи имаат мрежа од канали еве конкретно во Амстердам и дното е полно со стари велосипеди и секоја година го чистат и вадат огромен број на велосипеди :lol: :lol: :lol:
    кај нас ситуацијата со заштита на животната средина е многу лоша, речиси и ја нема, а свеста на граѓаните е на најниско ниво :? ама секаде во светот има проблеми и пропусти, никаде не е идеално, само што некои земји успешно се справуваат со тоа и ги решаваат, а некои како на пример нашата земја НЕ :worried:ilent:
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Во Холандија, особено во Амстердам, побрзо можеш да настрадаш од велосипед отколку од автомобил. Таму, особено во помалите гратчиња и во предградијата ретко користат автомобили, дури и уличките им се толку тесни, автобус едвај може да заврти. И се е толку чисто, по улиците лисја од дрвјата не можеш да видиш, а камоли ѓубре. А не тука кај нас, секој фрла отпадоци и отпушоци кај ќе му текне. Иако откако почнаа со казниве поретко ги има, сепак се присутни. Еве на пример, пред некој ден одев по главна улица, и еден стар човек се за'ркал од километри да го слушаш и кога фати да плука едно два-три пати со ред, ми се згрози животов. Страшно!!
     
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Кај нас нема култура!!! А камоли, свест за заштита на средината...стварно е Ж :devil: ално
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    Јас се трудам да правам мали работи кои можеби се занемарливи, ама ако секој тргне од себе, на глобално ниво промените би се почувствувале за кратко време.

    На пример, наместо гугл коритам блекл, кој ми е и хоум пејџ воедно:
    www.blackle.com

    Или кога купувам хартија за раце, купувам рецилкирана (колку што сум видела кај нас само од палома има). Дури и користењето вакви хартии го сведов на минимум, бидејќи се трудам да користам повеќе кујнски крпи.
    Се трудам и да не штампам се и сешто, туку само она што ми е навистина неопходно. Гледам дека и лани сум го напишала ова, и тогаш ми било тешко, ама сега веќе е многу полесно.

    Се е навика, само треба време и упорност да се создаде.
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    Морам ка кажам дека ужас ме фати од мерачот на квалитет на воздухот во Скопје. Не знам што им требало да го постават, да го немаше може ќе се залажувавме дека ова што го дишиме е воздух, а не прашина.

    Информација за мерачот има на порталот на Град Скопје:
    http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault ... &tabid=574

    Линк до моменталните параметри:
    http://www.skopjecentar.ekoinformatika.mk/
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Заштита на животната средина е голем поим. Имаме Закони кои на жалост не почнале да функционираат сеуште. Сега гледам нешто ги малтретираат фирмите за Елаборати за заштита на животна средина, каде што нашиве умни се повржале со 2-3 фирми од Скопје и работат.
    Заштита не треба да се свати како поединец туку да се дигне на глобално ниво а пред се да се дигне свеста кај луѓето. Џабе што јас садам дрва (па и свети државен празник нека го направат) или делам ПВЦ отпад за рециклажа... кога тој таму газда му текнало да дига фабрика до населено место (за да не плаќа превоз на работници). Да не спомнувам само за индустриски зони кои се веднаш до населено место, е тука Урбанизам е крив, кој за мито се дозволува.
    Од 1,10,2011 имаме и нова давачка од Водовод 8% ако не се лажам + на сметка за прочистување на канализациската вода. Ок бе, ќе плаќаме така ви се може,а каде оди атмосферската вода ???, ѓубрето од улиците итн. се тоа оди во таа канализација и после закукани шахти од што ? и во која состојба е прочистелната станица.
    Точак. Неможам, можам само рекреативно. Како сабајле на -4 степени да ставам дете во корпа и да го носам во градинка па јас на работа или мм кој оди во др. град. Ок, палам авто а нафтата што ја сипувам само тој таму од Окта знае колку е чиста.
    Колку и да сум свесна јас како единка ништо не правам и не придонесувам. Денес дојде време да колку повеќе штедиш (сведуваш користење на ел. енергија на минимум, помалку возиш а повеќе пешачиш, користиш рециклирани производи...) толку повеќе се грижиш за животната средина
    Кога ќе почне нагло топење на мразот на Половите и се дигне нивото на водата и некои земји се поплават, е тогаш ќе биде ептен алармантна ситуацијата овака се уште се спие на увото ,,тоа е далеку не е кај нас,,. Реакции за глобално затоплување веќе почнавме и ние да ги чувствуваме.
     
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    А како помага користење на Блекл наместо Гугл во заштита на животната средина? :)
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    Објаснување има на следниот линк:
    http://www.blackle.com/about/
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    За каква заштита говориме кога сите дрвја ги испосекоа? И после воздухот загаден, епа загаден.
    Што се однесува до мене, не правам нешто многу освен што не го загадувам воздухот и не фрлам ѓубре наоколу.
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sara.Be

    Sara.Be Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Воздухот загаден, дрвјата ги нема, кај и да поминам остатоци од цигари, хартии, шишиња, се шо ќе му текни то. Нема свест појќе!
     
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Македонците немаат развиено чувство за заштита на животната средина. Само еден од петмина граѓани чувствува одговорност за зачувување на животната средина, а 21,3% чувствуваат лична одговорност за нејзина заштита.

    Според податоците од истражувањето, македонските граѓани сепак ги поддржуваат мерките за заштита на животната средина, а големо мнозинство дава поддршка за воведување стандарди и мерки за заштита на животната средина.

    Околу 72% од испитаниците се изјасниле позитивно за исклучување на патничките возила кои не ги исполнуваат стандардите за издувни гасови, а дури 93,5% се за подигање на стандардите за градба заради заштеда на енергија и исто толку за обезбедувањето делумна поддршка (субвенции) од страна на Владата за примена на повисоките стандарди потребни за заштита на животната средина.

    Повеќе од 80% сметаат дека на фабриките загадувачи треба да им се забрани работата додека не ги исполнат еколошките стандарди. Овој процент значително се зголемува во вардарскиот регион (96,2%) каде граѓаните на своја кожа ги чувствуваат последиците од работата на фабриките загадувачи.

    Најголем дел од испитаниците околу 80% сметаат дека задолжителното селектирање на ѓубрето од домаќинствата заради рециклирање е оправдано, а мнозинство граѓани ги оправдуваат забраната на употреба на пластичните кеси и нивна замена со хартиени и платнени и строгите казни за фрлање ѓубре на места кои не се определени за тоа. Но, малкумина го оправдуваат плаќањето кауција за амбалажа која ја загадува животната средина.
    (превземено од Македонски центар за меѓународна соработка)

    Колку сте вие еколошки освестени? Колку би жртвувале од својот комфорт за унапредување на животната средина? Кои мерки вие ги превземате за намалување на загадувањето во вашата животна средина? Селектирате ли отпад за рециклажа? Носете ли облека од природни материјали? Употребувате ли прибор за јадење кој се користи повеќекратно место пластичен за еднократна употреба? Би носеле ли платнена торва во маркет место да земете кеса?

    Модератор: Споена дупла тема
     
    На Ariel, Ketchup и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Ние сме си изгледа силни на зборови како што гледам по процентиве.Секако,секогаш е виновна Владата.But,guess what:не ни е потребна Влада за да фрламе ѓубре во канта.Толку ни е културата што апсолутно секаде се фрла.Пример,празникот што мина ги покажа граѓаните во вистинско светло.Буквално хаос од ѓубре.Дали тие се свесни колку е потребно да се разгради едно ќесе или лименка и колку е тоа токсично?Секако дека не.Во однос на прашањето,одговорот за мене е едноставен-пресебични сме.А знаете ли што е најжално?Оние што фрлаат ѓубре по улиците го прават тоа со ептен фраерски израз (facepalm).
    Јас секогаш се трудам да фрлам во канта,возам почесто (сега за рекреација) велосипед.Одбегнувам да се возам со такси.Ретко купувам кеси.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Потребно е да се работи интензивно на подобрување на колективната свест и култура кај граѓаните. Секој поединец да внимава на хигиена и заштита на животната средина. Да се искорени фрлањето на отпадоци на секој чекор, а ова може да се постигне само преку поставување на камери на јавни места и заострување на казнената политика. Понатаму, државата да преземе сериозни мерки за превенирање на загадувањето на воздухот, да се среди проблемот со кучињата-скитници итн.
     
    На pdb123, Lovelybaby<3, Недопирлива5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    Уфф, многу стара и важна тема, но сепак многу малку развиена :(.

    Не знам ни дали некој воопшто ќе прочита, но сепак ќе одговорам, (многу) надолго и нашироко :D.

    Од природни катастрофи не се плашам од ништо, бидејќи од сè најмногу имаме шанса да нѝ се случи силен земјотрес, меѓутоа тие не се случуваат така често, а и имаме стандарди по кои сме граделе и сè уште градиме. Мислам дека најизложени на ризик се надградбите, бидејќи не се води посериозна сметка за тоа како оваа комбинација од стара (оригинална) и нова градба ќе се однесува при дејство на земјотрес.

    За воздухот не ни коментирам, на сите нѝ е јасно, доволно е дебатирано, полемизирано итн.

    Би напишала повеќе за некои маааааааалечки промени. Ова што сега ќе го напишам не е ништо ново или револуционерно, сите поразвиени европски држави одамна се држат по овие принципи, а и ние ги знаеме тие принципи, но некако мислиме дека е премногу заморувачки. Па еве, имав прилика да поминам некое време во Германија и би дала некој коментар, како некое потсетување (и hopefully мотивација) за сите нас.

    Најосновната навика која ја научив е носењето на платнена или поливинилска (мислам дека така се нарекува) торба. За мене лично не е проблем да си носам торба кога купувам, на почетокот ја ставав на повидно место и научив да ја земам со себе кога купувам. Сега, иако кај нас не се продаваат во маркети како на пример во Lidl, мислам дека не е толку тешко да се најдат. Би ви предложила да купите некоја која естетски повеќе ви се допаѓа, бидејќи повеќе ќе сакате да ја користите и така се намалува веројатноста дека би ја заборавиле. А ако не сакате ова, можете дури и да земете обичен подебел најлон (како на пример оние што ги добивате од продавници за облека и сл) кој можете да го користите повеќе пати, во маркет или каде и да ви треба :).

    Многу ме радува што македонското dm конечно ги отфрли пластичните кеси и продава хартиени по 10 ден., како и платнени и поливинилски торби. Многу им е добра „промоцијата“ за платнените торби: ако купиш еднаш од кај нив, можеш доживотно бесплатно да ја менуваш ако се скине, избледи, се исфлека итн. Баш ме „измамија“ да купам и користам дури и пред да отидам во Германија (каде btw не важи оваа промоција бидејќи таму е развиена свеста :rofl:).

    За жал, во маркетите во Германија сè уште се користат обични пластични кеси за овошје и зеленчук. Меѓутоа, има еден маркет Rewe кој исто воведе мрежести кеси кои се реупотребливи (можат дури и да се перат в машина, пробав), кои се продаваат 2 кеси за 1 евро. Успеав да си донесам неколку тука, ама ми требаат уште :lol:. Истражував малку, и наводно и Interspar во Австрија почнал да има такви кеси. Ова го кажувам во случај да одите таму да знаете каде да побарате, или пак ако имате некој кој може да ви донесе. Не сум побарала, но можеби може да се најде нешто и на Aliexpress :?:. Еве ви некое сличе ко за пример:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Одма следната навика која ја научив е селектирањето за кое мислам нема потреба од објаснување. Единствено кое можам да го кажам е дека барем направија и кај нас посебни контејнери за пластика/лименки, хартија и стакло, па можете да почнете со селектирање на отпадот и навистина планирам да го применувам тоа.

    Не знам колку сте запознаени со оваа страна: https://recikliram.mk/. Тука баш убаво објаснува што и каде треба да се фрла. За жал, мапата не им е ажурирана, недостигаат многу контејнери, но мислам дека можете да ги прашате и директно Пакомак на Фејсбук каде има некаков вид на контејнер во ваша близина.

    Е сега, кога ја посетував Фејсбук-страната на Пакомак, читав доста поплаки од луѓе кои се жалеа дека иако постојат посебни контејнери, сепак камионот собира сè заедно :worried: ... На ова Пакомак им одговори дека тие не се одговорни за собирање на отпадот, дека тоа е задолжение на ЈП-Комуналец и дека кога ќе види некој како се случува тоа, да сликаат и да им пратат слика. Претпоставувам потребен им е доказ за да можат некако посериозно да реагираат.

    Патем, при рециклирање на пластика мислам дека некако сите ги забораваме пакувањата од сјај, детергенти, омекнувачи, средства за чистење итн... Мислам дека сè ова може да се селектира, само важно е да е се исплакне претходно. На страната рециклирам пишува дека тетрапак пакувањата може да се фрлаат во контејнерот за хартија, меѓутоа не сум баш сигурна дали „контаминирана“ хартија може да се рециклира (треба да се провери). Мене лично ме интересираше за пакувањата на пример на смоки, чипси и сл и открив дека всушност не може да се рециклираат бидејќи се комбинација од повеќе материјали кои не можат да се одделат.

    Верувам дека доста сте слушнале, ама од март во Центар – Скопје ќе постават вендинг машини за собирање на пластични шишиња. Секое шише ќе е по 1,5 денар, ќе се собираат парите на една картичка која ќе може да се користи во некои маркети (не знам сè уште во кои). Конечно и кај нас! Малку е трагикомично што дури сега се случува ова, но барем се случува некогаш :clap:.

    Што се однесува до шишињата, имав еден обид порано да најдам некое стаклено шише кое ќе можам постојано да го користам секој ден и за вода и за на пример, цеден сок, но и двете кои ги купив протекуваа од под капачето кога ќе ги завртев и некако се исфрустрирав. Еден ден забележав едни метални шишиња во една книжара (Thalia) и заклучив дека се многу подобро решение од било кое стаклено шише бидејќи беа ПРЕЛЕСНИ, па се опремив со нив. Ако некој го интересира, се работи за 24bottles, иако има многу различни верзии и од други фирми. Ми се допадна и тоа што садат дрво за секое купено шише. Малку се посоленки, но верувам дека ќе траат долго време. Јас ги купив на промоција од real (друг германски маркет).

    Друг начин со кој се обидувам колку-толку да го намалам (штетниот) отпад, а истовремено и многу ми се допаѓа е преку користењето на менструална чашка. За ова нема да раскажувам многу, бидејќи веќе напишав еден ваков реферат во соодветна тема, па кој е заинтересиран нека прочита: https://forum.femina.mk/threads/Менструална-чашка.27604/page-3.

    Последно, би кажала нешто за тие што читаат повеќе книги. Мислам дека е многу добро да се вложи во е-читач, бидејќи е најеколошката опција. Знам, знам, и јас го обожавам чувството кога држиш книга, кога ја мирисаш, кога ги вртиш страниците... Меѓутоа за тие книги се сечат огромен број на дрвја и колку и да сакаме да избегаме од ова, тоа е факт ;(. А во време кога имаме сè помалку дрвја, секое едно дрво значи и вреди многу. Жално е и трагично, но тоа е реалноста.

    Мислам дека веќе многу сте запознаени со нив, но за тие што не се: е-читачите се таблети наменети претежно за дигитално читање и се разликуваат од останатите таблети по тоа што не зрачат, односно не го оштетуваат видот, како на пример обичен таблет, телефон, лаптоп. Буквално кога читате, изгледа како да има лист хартија внатре во таблетот. Ако ја исклучите сијалицата апсолутно ништо не се гледа во темнина, како да не е електронски уред со екран. Може да собере буквално илјадници книги.

    Ова е нешто што одамна го меркав и сакав да го купам, но цената ме одбиваше. Кога собрав пари, заклучив дека вреди да вложам во нешто вакво што знам дека ќе ме служи долго време и преку што и онака ќе ги преплатам сите книги што инаку би ги купила, а за кои би немала простор. Плус, каде и да патуваш, со себе носиш илјадници (клучен збор за мене: бесплатни, т.е. спуштени од интернет) книги во уред од 200 грама.

    Без да навлегувам во причината зошто (тема за друго место), по долго проценување на предностите и недостатоците на секое од нив, одбрав Kindle наместо Kobo, Tolino (германски производ, мислам дека Kobo ги откупи) или Pocketbook InkPad (има и други, но овие ми беа најпознати). Kindle е производ на amazon и мислам дека не може да се порача од amazon до Македонија, но има препродавачи на ebay, и за нов, и за користен уред.

    На крај, би ви рекла да правите сè што можете, без разлика колку е мало и без разлика колку другите чудно ве гледаат (пример: Шок! Шок! Со торба/кеса дојде во маркет! ХАХАХАХХАХАХАХАХА), вие ја правите подобрата работа и нема апсолутно зошто да ви е незгодно или срам. Трендовите и свеста се менуваат, можеби вие ќе му дадете идеја на некој да го следи вашиот пример, можеби пак ќе му дадете храброст, дека не е нешто чудно или срамно. Еве јас убедив едни колеги од факултет кои живеат заедно да го селектираат отпадот тука!

    Поздравче, луѓе! :inlove::*
     
    На Ariel, nevermet18, Bibliophile и 3 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Не фрлам ѓубре наоколу, не плукам по земја, не палам оган, не возам кола....Преферирам секаде да одам пешки. И со автобус ретко се возам. Се плашам од пожари. Од земјотреси не. Исклучувам се од штекер пред да излезам некаде.
     
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    П. С. Не ми текна веднаш бидејќи сѐ уште не плаќам сметки, но знам дека може сите (или скоро сите) сметки да ви ги праќаат на имејл, наместо по пошта и може да плаќате електронски наместо во пошта/банки (многу се заштедува време) .
    Мајка ми е на постпејд на T-mobile (не знам дали погодив, никогаш не ги научив кое е кое, важно плаќа на крајот од месецот телефон) и кога плати електронски, преку нивната апликација, ѝ дадоа плус 500 MB интернет. Е сега, не знам дали дека првпат плаќаше електронски, па затоа ѝ дадоа, или секојпат кога ќе плаќа електронски ќе ѝ даваат :).
     
    Последна измена: 19 јануари 2020
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.