1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на косата од сонце и солена вода

Дискусија во 'Коса' започната од rajna-vojvoda, 5 јули 2011.

  1. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    како да ја заштитам косата од солената вода и сонцето на одмор !!!!! има некои спрееве ...бла бла ..ама некако од тие што сум користела до сега ефект слабо :(
     
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Јас најчесто ке ја сплетам во плетенка и плетенката во капа ама целата коса внатре во капата и немам гајле
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не мислам јас на тоа. Обично ја врзувам во репче и онака малку шлакнам заштитен фактор на врвовите, не дека специјално нешто туку да ги ставам во ред ако некое влакно штрчи или ме нервира. Ја мијам секој ден со Дове шампонот и обично после одмор т.е Септември ја шишам ( не дека е некое правило ама јас така си правам за скратување на врвовите на косата)
     
  4. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    кој заштитен фактор ставаш?? јас неколку години ставав од авон ..ама нисто , многу многу не ми помогна ми гори косата и ми ја менува бојата, не се фарбам и за тоа ми пречи кога ми се менува бојата!!!!
     
  5. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Јас порано на косата и ставав 30-ка фактор , но сега кога ќе одам ништо нема да и ставам дека почна многу од топлово да ми се мрси и сакам малце да ја изгорам за да ми стане по сува , а што се однесува до тоа што ќе ми се сменти бојата немам гајле.....искрено многу повеќе ми се допаѓа кога е малце така оплавенка ;) а понекогаш знам да ставам и сок од истискан лимон за боичка на косата
     
  6. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    За да ја заштитиме косата од штетните УВ зраци најпрво што треба да направиме пред да заминеме на одмор е да ја скратиме неколку сантиметри.
    Не смеете никако да ја фарбате или да нанесете бланш,тоа уште повеќе ќе допринесе за оштетување на вашата коса.
    Сеуште не постои официјален заштитен фактор за вашата коса. Не постои производ кој 100% ќе ја заштити косата. Сепак сега за сега најдобрата заштита се шеширите и марамите за коса.
    Друга варијанта е користењето на препарати со СПФ заштита,исто така можеме да нанесеме и силиконски капки на косата кои го спречуваат пукањето и оштетувањето на влакното.
    Најчестата грешка е нанесувањето на маслиново масло на косата.Маслиновото масло врие на 80 степени Целзиусови, а летно време температурата на косата достигнува околу 40-45 степени што значи дека маслото е прилично загреано и наместо да ја заштити косата уште повеќе ќе ја исуши.
    И се разбира користење на добри шампони и регенератори за косата. :)
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ја скратив неколку цм косата, ништо драстично, затоа што уште малку заминувам на одмор и сакам да ја заштитам.
    А кога сум на плажа си носам капа или марама и за среќа не ми се оштетува многу. Секако користам и квалитетен регенератор, силиконски капки...
     
  8. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    а не е подобро ако врвовите ги скратиме после одморот бидејќи колку-толку ќе се оштети косата од сонцето и водата колку и да ја штитиме :|
     
  9. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    По сончањето, на косата и треба целосна нега и внимание. Навечер темелно измијте ја со шампон, а потоа нанесете хидрантна маска. Нека отстои десетина минути, а вашата коса повторно ќе биде цврста и сјајна.
    Но доколку косата е премногу сува на врвовите и е оштетена тогаш задолжително треба да отидеме на фризер бидејќи ни најквалитетните маски нема да влијаат во опоравувањето на веќе оштетеното влакно.Треба истотака да се избегнува врзувањето на косата во пунџа или реп,избегнувањето на феновите/пресите и миењето на косата секој ден.Бидејќи и на косата и треба одмор 8)
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    50-ка Нивеа или Каротен, а Дове шампонот баш затоа го користам бидејќи има крема во него (бар така кажуваат на реклама :) )
     
  11. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    околу силиконските капки, ми има кажано доста познат стилист дека на плаза НИКАКО се пржи влакното!!!! постојат креми за врвови со заштитен фактор .
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Стандарден начин на заштита на косата од сонце не постои. :wasntme:

    Сериозно. Порано ке ја соберев во репче и на репчето ставав восок на Субрина (од восокот за моделирање на косата), ми се увртуваше во главата дека не знам колку ми помага.
    Ама не било така.
    И ставав до годинава и капки пред секое излегување од дома, ама само ми се мрсеше, а ефекти посебни немаше.
    Што и да употребував, на почеток на есен - правец фризер.

    Е годинава немам услови за репче зашто ја скратив, па освен што и ставам силиконски капки после миење, односно и прскам Глис за оштетена коса, за на плажа на овој начин ја заштитувам [​IMG]

    А задолжителното кратење пред одмор е само еден мит, го отстранувате оштетениот дел, за инстантно да создадете нови оштетеници? :^) |(
     
  13. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Јас секогаш кога ќе излезам од вода ставам прво силиконски капки па потоа од кремите што се со заштитен фактор и обавезно носам шешир 8) досега ми се нема никогаш оштетено влакното.Мислам дека не е точно дека капките ја пржат косата бидејќи секогаш кога ке појдиме на фризер да не фенираат/пеглаат фризерот става капки пред да започне со работата,за да не се оштети косата од топлото кое го дава фенот или пресата.Така е исто и кога ќе сме на плажа,колку што знам напротив капките помагаат во спречувањето на оштетување на косата,но сепак сето тоа зависи пред се и од самата коса,засега мене ми делуваат баш супер.Но секој може да си проба како што сака тоа е индивидуален избор ;)
     
  14. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9

    Точно дека ни ставаат ама ние со таа нова фризура и препарати во косата не одиме на плажа да се печеме неколку саати на сонце и да се бањаме во солена вода туку си одиме дома евентуална кратка прошетка сонце/сенка. Така да тоа се две сосема различни работи кои не можат да се поврзат. Сега има неколку препарати на пазарот кои се специјално направени за на плажа со УВА/УВБ заштита. :)
     
  15. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Па знам дека има препарати за заштита од сонцето |( Ако сакаш ставај силиконски капки ако сакаш не,тоа е една работа која ако се сака може да се укопча ;)
     
  16. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9

    Има има знам баш купував 2-3 години по ред на Каротен мислам во црвено стаклено шишенце. Али баш е за на плажа. Коа ке го испрскаш на сува коса е масно но потоа се упива и ја штити. Е сега колку стварно ја штити поим неам :lol:
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Некој препарат за заштита на косата на плажа да ми препорача некој ?? :)