Имаше многу постови за лекови и антибиотици кои некои би ги пиеле (или веќе пиеле) за секој случај, т.е. за превенција. Факт е дека тоа е опасно, и може да се направи повеќе штета отколку корист. Реално, единствена можна превенција како и полесно справување со короната е појак имунитет. Да споделиме што ние правиме, како да го појачаме имунитетот, и колку толку да се заштитиме од короната. Седењето дома ни го намалува имунитетот, затоа што свеж воздух, сонце и прошетки се многу важни за човековиот организам. Сега кога тоа го немаме, како да го одржиме имунитетот во домашни услови? Јас би рекла, задолжителни витамини кои ни се најпотребни сега се витамин Ц и витамин Д. Сонце немаме, а витаминот Д е многу важен за имунитетот. Јас секој ден земам витамин Ц од 1000мг, сега сакам да си купам и капки Д3. Исто пијам капсули спирулина секој ден, и на сабајле по една ракиена чашка алое вера гел од ESI (од Зегин го земам). Децата исто пијат алое вера ама од Forever Living, малиот прима бебивит капки, а големката мултивитамини од Јаmieson. Секој ден им давам многу овошје и зеленчук, а реално треба и јас повеќе овошје да се натерам да јадам (да намалам од чоколадата и грицките, хаха). Исто гледам често да јадат и супи и манџи. Мислам дека е добро тие што имаат статични велосипеди и орбитреци да престанат да ги служат како закачалки Кардио вежби и општо физичка активност се супер за поздраво срце, и воопшто за подобар имунитет. Може не можеме да го запреме вирусот така лесно, ама полесно би се справиле со него доколку сме со добро здравје и во добра форма. Слободно споделете кои се вашите рутини за јакнење имунитет, па макар и еден човек ако одвратиме од пиење сумамед превентивно, би било успех
Која цена е алоето на еси и колкава грамажа? Јас пијам на форевер ливинг но некако скапо ми доаѓа , а има само за 18 дена.
Поефтино е од ЕСИ. Од 1 литар околу 1000 денари беше, плус минус, а Форевер Ливинг е 1500. Го земам тоа со боровинка што е, ама мислам истата цена е и за обичното.
Квалитетна храна од животинско потекло (телешко месо, риба, свинско месо, јајца, полномасни млечни производи, на пример путер, квалитетно сирење). Витаминот Д може да го добиете и од храна, претежно од животинско потекло. https://www.healthline.com/nutrition/9-foods-high-in-vitamin-d#8 Што е можно помалку житарици и шеќер во која било форма, па дури и природниот шеќер. Убиец на имунитетот и предизвикувач на секакви воспалителни процеси. Јас не успевам да се откажам од него, но се трудам барем да намалам деновиве. Ако сакате витамин Ц, подобро земете пиперки или зелка, отколку да цедите лимони и портокали, или кое било овошје. Спиење до 8 часа на ден. Што е можно помалку стрес, што значи, исклучувате телевизор и вести и го пуштате мозокот на пасење.
@magnolija09 еве д-р Бушљетиќ на "Само Вистина" кажа дека некои коктели од витамини можат да му наштетат на организмот, кажа дека за покренување на имунитет важно е да се јаде добро, да се вежба, да се спие и намали стресот. И збори колку е важен сонот од 7-8 часа и менаџирање на стресот. Што на сите ни недостасуваат посебно периодов.
Кои коктели витамини, не кажа?Да не направиме полошо сега со витаминиве. Јас пијам д3 1 капка вигантол, олигосел витамини со цинк и селен, и магнезиум со Б6 комбинација и ацерола. И провен пробиотик повремено. Ко се прочитав многу ми се чини.
nisto, ke fatam utre da zemam nekoi sumlivi tableti , kolku da se zalazam deka nesto pijam e za drugoto tesko, da mu se snevidi i virus i ovaa kriza sto proizleze od nego a tso ubavo si imav isplanirano za od april sto i kako da pravam i se mi propadna
Па до таму каде што гледав не кажа ептен почна да се расплинува за сонот и за стресот. А искрено кога ќе почнам да слушам да зборат за стрес коса ми се крева. Не е тоа нешто на дугме, притисни па ќе го прекинеш. Сите знаеме у какво време живееме каде што сонот е сведен речиси на минимум, а стресот на максимум. Мислам иако дел од работата ми е менаџирање стрес и самоконтрола морам да бидам реална и да кажам дека тоа е најтешкиот дел посебно во брзо општество каде што и децата се изложени на стрес и е континуиран и долгогодишен процес. Во овој период само вежбање по дома може да делува најпозитивно. Ако некој го изгледа до крај нека сподели. Инаку и јас пијам секој втор ден д3, секој ден вит. Ц, селен и алое вера. Понекогаш ашваганда и на секој 4ти ден масло од оригано. Колку ќе биде успешно поим неам.
Овие ги има и во таблети . Не знам во ампулата по колку мг има од све. Али во форма на таблети се околу 15 ден таблетка. Пиев и јас од нив. Нон стоп менвам суплементи. Дај сликни го составот точен, па да барам да видам таблетите што и колку точно имаат. ДаУштедимеАкоСеМоже
Мене ептен ми бркаат работа. Откако почнав лани да ги пијам, не дека не настинувам, ама мн. побрзо и со поблаги симптоми се опоравувам. Баш после дома ќе ти сликнам кутијата.
@Bubce38 еве ги споредба. Мислам ја капсулите мислиш м? Оти се они повеќе пробиотик. Spoiler: Ливсане Првата слика е состав на ампулите. Втората се капсулите. Јас не сум фан на Ливсане. Еднаш пиев од пробиотикот и не ми се допадна. Инаку пиеме дома Синерџи Ц 1000, Вит Д и Цинк исто на Синерџи. Ама имунитет не се јачи во 5до12.
Мене ми одговара што е течност, имам проблем со голтање таблети, а капсули пак воопшто не можам да голтнам...
Кој Вит Д земаш? Мислам за возрасни, јаз земав чист Цинк и пиеме со обично вит Ц на алкалоид, децава зрнца рибино, вит Ц , горе доле толку
На Синерџи Д3 2000 . Ќе ти сликнам после од дома ако сакаш. Иначе има многу видови во форма на таблети. На многу фирми.
[QUOTE="duffi] Ама имунитет не се јачи во 5до12.[/QUOTE] Е ова, не знам дали успешно цитирам од тел @duffi Сакав да речам дека џабе пиете сега ако со месеци претходно не сте зимале препарати или не сте јаделе салати. (знам, знам, досадна сум со зеленчукот) Афкорс, пијте за добра психа и ментално здравје, да не ви биде шубе, ама имунитет се гради со месеци и месеци. Добар сон, регулирање на стрес и прошетки во природа/чист воздух, покрај здравата храна, се клучни. Исто така, гледам дека се потепаа луѓе за лимоните... луѓе, во една чинија зелка салата има повеќе вит Ц неголи во сок од лимон. А да не зборувам дека е поевтино, пак се заебаваат со лимоните
Станете вегетаријанци. Јас не јадам месо често,речиси многу ретко. Јадам вегански плескавици,веганско “месо” веќе месеци наназад. Потреба за месо не сум осетила,а за јајца да не зборам.