Amen sister. Прееска се објаснував за ова со другарка. Значи, витаминот Ц НЕ СЕ СКЛАДИРА ВО ТЕЛОТО. Витамин Ц е растворлив во вода што значи телото може да ви апсорбира само одредена количина на витамин Ц. Што му е вишок, како да ви кажам, ќе си го измочате. Не се клукајте со големи количини витамин Ц, во било која форма, дали суплементи, дали лимони. И олабавете со лимоните, пиперки имаат многу повеќе од лимони витамин Ц. Ќе си направите проблеми со желудник, посебно и на мали дечиња многу ако им давате. Дополнително, само витамин Ц не ви гради имунитет. Треба избаланзиран внес на витамини и минерали кој како што веќе рекоа, треба време да се изгради. Клукање со суплементи сега како да нема утре, посебно ако не сте упатени во тоа што ви треба може лошо да ви направи.
Јас си јадам нормално со витамините што си ги клукате незнам колку е добро,трееба на природен начин преку исхрана.
Јајцето го викаат мултивитамин на природата, и не за џабе. Жолчката содржи се' што му е потребно на имунитетот за да биде во ,,најдобра форма''. Секој ден по две до три жолчки. Идеално е ако е варено јајцето, нормално. И онака оди со се', можете да ги додавате во салатите. Црвеното месо е богато со цинк (клучен за имунитетот) и железо. Растителните извори на железо не ве спасуваат (на пример, грав, леќа). Потешко се апсорбираат. Б-12 имате само во производи од животинско потекло. Витамин Д исто така (освен во печурките). Затоа не се согласувам со @buba4e89 за вегетаријанството. Ај тоа и ќе помине некако, ако консумирате јајца, сирење итн. Ама веганство никако. Избегнувајте растителни масла и користете путер или свинска маст за готвење. @Doozy, и мене не ми е јасна манијата по лимоните. Пиперката, зелката и јагодите (за кои, за жал е уште рано) се шампиони за витамин Ц.
Сирење не можам тука да најдам. Има ама не е тоа тоа, не е кравјо она што јас си го јадам. Јадам се освен месо,некогаш ако ме фати криза отворам туна конзерва. Веќе месеци наназад сум вегетаријанец. Веганството е убава работа, јадеш здраво,се храниш здраво. Исто не пијам чисто млеко,пијам од соја. Прво и немав намера да станам вегетаријанец се почна од кога купував месо и имаш рок една недела да го зготвиш а јас и немав време да зготвам и така престанав да купувам. Ќе напоменам никого не терам нешто да станува. Сега да речам мајка ми да ми стави на маса кокошка јас ем од жал ќе се мислам дали да ја јадам од почит кон животното,ем ќе ја изедам сигурно. Ама друго ми е кога знам дека татко ми правилно ја избрал во продаавница во ек на пандемија,а друго е кога јас овде ќе ја купам од Лидл со потекло од Италија.
Не го разбирам феноменот да се клукаш со "витамини" кои веројатно имаат солена цена кога со истите пари ќе изнакупиш витамини и ќе си ги конзумираш како храна.
Најисправно е кој има чист мед дома или ако може да набави од некој пчелар што го познава да си земе некоја тегла.Медот е најздравото нешѕо во него има се витамини минерали се што е потребно за добар имунитет ;
се сложувам мед маџун цедени портокали лимони се идеални за имунизација. Од синтетички витамини всушност јас консумирам минерали. Магнезиумот Селенот и цинкот се клучни за здравјето.
Да можеш од есен или од пролет да измешаш тазе коприви и мед една тегла и да отседат.После доволно е по една лажица на ден да јадеш и имунитет многу јак
Чорби скоро секој ден. Вчера правев од телешка коска, со сите зеленчуци и повеќе лук. Н амалата толку и се бендиса што и за вечера слапа една чинија плус. Секој ден смути - една банана еден портокал едно јаболко, лажица мед. Пред спиење компот од сливи и вишни со мед и линекс. Појадок јајца, варени, пржени... со многу краставица, патлиџан, маслинка, сирење. Д3 пред спиење. За ужинка по едно јаболко зелено. Или портокал. Секако месено, брашно 5 кила, мора да се троши, скоро секој ден месам, па се трудам да е со месо и тоа и зеленчук. Или десерт со овошје. За вит Ц само зелка. Пиперот е прескап, лимонот исто, макар цедам сокче повремено од пола лимон. Вештачко ништо. Само мнооогу е лошо сонце што немаме тоа крева имунитет многу. Теоријата за вештачките имуно стимулатори и витамини ми е следна - телото не ги прима витамините повеќе од што му требаат, а телото не создава клетки за борба и не создава имунитет оти си има вештачки. После без нив... тешко на телото, нема извежбан имунитет. Лошо... дома сме цело време и ќе се здебелиме. Затоа симнав видео и вежаме по 15тина минути заедно... да не станеме слонови у јули... ако одиме на плажа и преживееме.
Мие секое сабајле пиеме свежо цеден сок, портокал, лимон, мандарина, киви, компот пд кајсија ими праска. Во сокот ставаме мед, и пиеме вит Ц. Се храниме строго дома, и свежо зготвено. Јадиме супа, сезонска салата. Вака е веќе со години, не само овој период.
Здрава исхрана + витамини. Ние дома зимски период пиеме или Олигосел, или Бета глукан ќесички од Натура велт + витамин Ц настрана, или сите наеднаш јбг некогаш се мора. Така да ви препорачувам барем Олигосел да земате (микс од антиоксиданси е), и нормално ќе се согласам со @Doozy - зеленчук. Сега одма можи и нема да фати ама према мене подобро е да земате него да не земате воопшто макар и покасно ако е. Зимно време се осеќам како стара жена со ќесе апчиња кога ќе излезам ама па сериозно за добро е.
за таков начин на комбинација мед со коприва исто имам слушнато за семе од коприва со мед. Семе има во билни аптеки. Ние и чај пиеме. Зимно време многу добро ни користи. Денес читав дека седењето во затворена просторија го намалува имунитетот. Значи излегување во двор-тераса е многу препорачливо
Прво и основно, колку сакаш имај јак имунитет, за короната-немаш, пошто е нов вирус... а и ништо поврзано од фамилијата САРС немаме прележано. Што значи, конкретните леукоцити кои се потребни, ги немаме. Од друга страна, проблемот со белите дробови е што кога телото пушта наплив од бели крвни клетки, со нив и вода се полнат авеолите. Тоа е она што ги колабрира плуќата, па после има потреба од респиратори. Добар имунитет ќе ти помогне да не се искомплицира проблемот со други инфекции, кои би се развиле паралелно, а за самата корона, додека си заразен телото 'ќе учи' РНК-код и ќе прави тогаш соодветни леукоцити.
Најдобро е сега да се соберат коприби по што почнати се да излегуваат тазе млади..Само треба да се соберат од некое чисто место каде што нема загаденост...
Јас пијам секој ден -Витамин Ц од 1000 -Детрикал 2000 -Вит Ц и Цинк заедно во прашак -Б12 Некогаш ако ме фати параноја пијам плус уште некој Витамин Ц. Овошје зеленчук секој ден обавезно, надвор тазе бањата не искачам, убаво се облекувам, пазам ни да не настинам буквално. На тераса цигара пушам заблиндирана. Пазам да не пијам многу ладно. И тоа..
Месото се распаѓа во огранизмот и не се вари, а тоа е увод за многу понатамошни болести, како може да се зајакне имунитет со тоа?