1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заљубена во дечкото на својата најдобра другарка

Дискусија во 'Врски' започната од sonce87, 22 февруари 2011.

  1. sonce87

    sonce87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Се случува сосема случајно и секако ненамерно да се заљубите во дечкото на својата најдобра другарка. Тие се во врска веке долго време но дознавате дека и дечкото има силни чувства кон вас. Што би направиле? Дали би се препуштиле на чувствата иако знаете дека тоа е тотално погрешно или би продолжиле да живеете како ништо да не се случува?
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    заљубена во дечкото на својата најдобра другарка

    Јас би рекла дека темава ти е направена со цел зашто го имаш тој проблем.
    Така?
    Дечковците се пролазна работа, другарките се оние кои вредат.
    Мене ми е многу грдо кога ќе видам дека девојки се прават лом за дечко.
    Ако одат долго, ако се сакаат која си ти да им пречиш? Не смееш да си дозволиш да го засакаш! Ќе си ги потиснеш чуствата, мора да трпиш, ти си крива што си дозволила чуства да прераснат кон него.
    Има граници во се, има и во љубовта.
    Не смееме да си дозволиме грешки, а грешка е заљубување во дечкото на најдобрата другарка.
    Игронирај го, не излегувај со нив еден период, не комуницирај, секако да не биде тоа апла воочливо, а воедно барај си нов тип, слободен! Ги има ехеееее илјадници.
    Не вреди да се расипува другарство за пролазен дечко.
    Прво што може и тој не те сака, си ја сака неа, друго што ќе те мрази другарката ако признаеш, а трето што ќе добиеш ужасно голема етикета неповолна во друштвото за тебе. Кој сака другарка што ги сака нивните дечковци? Никој :)
     
    На Samara Morgan, srcekrsacka, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    заљубена во дечкото на својата најдобра другарка

    Прво ме интересра ако ова ти се случува тебе, како случајно и ненамерно дозна дека и тој има силни чувства? Јас мислам дека ништо не е случајно и ако подобро проанализираш некои ситуации со тој дечко претпоставувам дека ќе пронајдеш некоја причина, нешто на пример во твоето или неговото понашање што навестувало дека ќе се случи такво нешто. Дечковците на моите другарки се само тоа и ништо повеќе, дури имало случаи кога некоја другарка ќе се фати со некој заеднички пријател, и не дека тој веќе не ми е пријател, но односот кон него сега е поинаков, како кон дечко кој сега има девојка и плус тоа таа е моја другарка. Јас мислам дека треба малку да се тргнеш настрана од нив двајцата, да си ја оладиш главата и да почнеш да размислуваш на некои слободни дечковци. Ако тој има силни чувства кон тебе, значи нешто не е во ред во нивната врска и не ја сака неа доволно. Ако е така тој самиот нека си одлучи дали ќе остане со некоја што не ја сака или не. Ако раскинат тоа нека биде затоа што нивната љубов ја нема повеќе а не заради тебе. А и да раскинат не е добро веднаш да започнеш нешто со него, а уште помалку додека се уште се заедно.
     
  4. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Девојче ти да не си ја оплескала работата со дечкото на другарка ти??
    имаш отворено тема за лажно позитивен тест за бременост...
     
  5. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    250
    musko ljubish proze i ostati a na kraju ostati samo mi (незна убо српски така да нз колку ми е точно напишано ама мисла дека ова мојт да ти го кажит другаркати и во право ке си бидит на крај.. :D