Форумџика на годината

Заљубена во него 3 години

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од mona.com, 2 јуни 2011.

  1. mona.com

    mona.com Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Па вака .. Се заљубив во едно дете кога бев 7 одд , а сега сум 1 година . Го сакам веќе 3 години . Го гледав на полуматура нa едно училиште , го најдов на фб и го побарав за пријател .По неколку часа тој ме прифати .Секој ден ги разгледував неговите фотографии ,гледав кој му пишува на ѕидот и сл. По неколку дена му пишав на чет тој ми врати и си праевме муабет долго време.Истото се повторуваше секој ден , ми пишуваше тој на мене и јас на него . Секој ден праевме муабет ,но никако неможевме да се договориме да излеземе некаде .Поминаа 2 години . Тој ретко се уклучуваше , бев премногу тажна . Видов кај него во информации дека учи во Коце .Еден ден додека се возев во автобус поминав покрај неговото училиште ,каде што случајно погледнав и го здогледав него.Веднаш го препознав . Срцето почна брзо да ми чука ,премногу се возбудив . Но сепак бев тажна што ние долго време не пишувавме и неможев да му кажам дека го видов.
    По неколку време мојата најдобра другарка се фати со негов најдобар другар . Еден ден таа му пишала на тој што го сакам и ме спомнала мене . Тој рекол дека ме знае , но дека не сме пишувале одамна.Таа му кажала да ми пише , но тој ништо не и одговорил.По неколку минути тој и пишал да се договриме да излеземе некаде на кафе јас,другарка ми ,нејзиниот дечко и неговиот најдобар другар кој јас го сакам . Таа му одговорила дека може да се договориме некој ден да излеземе .Toj и кажал дека мора да се исклучи и да ме поздрави мене . И тука завршува приказната .Се прашувам дали тој чуствува нешто за мене ,или пак не .Дали повторно ќе ми пише како што тоа го правеше порано ? Незнам дали да очекувам нешто од него или да пробам пополека да се откажувам од него иако премногу го сакам.
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ова ти е душо,вид на платонска љубов...од едната страна. :D

    Или ој во акција и мувај го,или барај нов! Запни малце,колку толку заинтересиран е,искочете,види како ќе е.
    Може ќе ти се сменат чувствата,сепак не го знаеш добро... ;)
     
    На mona.com му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Како бе вака раскажувате приказна и на крај прашање на до форумџиките дали чувствува нешто за мене,дали ме сака?!Од каде па да знаеме ние,уште пак на 15 години?!Не те сака,сака да те мува и ти него пожелно е така да го гледаш.Ајт со здравје!
     
    На ludoto19 и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Ехх кога ќе ми текне на симпатијата од 7мо :inlove: си се смеам :D
     
    На L0ve и mona.com им се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    А јас па како будала сум се зачитала да ја разберам поентата и на крај пак испадна типична детска приказна. Девојче прашај го него или пак другаркати нека разбере ние неможеме да ти помогнеме не не
     
    На mona.com му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Мона не го прашувај ништо, ќе си помисли некој фрик си. Не сте се виделе долго време и сега еднаш се договривте да излезете и одма ти ќе го прашуваш дали чувствува нешто за тебе... Излези види што е како е, јас така една личност што ја сакав немавме комуницрано предолго и си мислев којзнае што е работава и што-ништо еднаш го видов ме поздрави и толку, ниту се почувствуваш нешто ниту ништо. Ако ви е убаво на излегувањето викни го да се најдете пак по можност сами само спонтано немој веднаш да си ги искажеш емоциите можеби тој сака некого види распрашај се. Ти посакувам среќа, ах колку ми е убаво вака кога ќе прочитам за стари љубови кои сега се враќаат... :inlove:
     
    На mona.com му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Знам како ти е

    јас бев заљубен у девојка 7 год и длабоко во себе знам дека сеуште сум

    али ете некои работи едноставно неможат да бидат по твое

    али има многу машки низ градов кој можеш да се заљубиш :)
     
    На mona.com му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Не ви го сфаќам моментот платонска љубов од 3 години...
    Како ве додржа трпението толку време и хранење со трошки ко едно здраво и poke и like на fb? :^)

    Зборувам генерално, 15 или 25, верувајте имам другарки кои имаат слични приказни.
    Ме гледаше, ама не ми пристапи и така си се шмекаат демек... едно 6 месеци. :^)
    WTF?

    Преземи иницијатива, пронајди начин да дознаеш, те свиѓа ли, не ли.
    Ако има потенцијал, договори излегување, дружба и тоа брзо, не му ја мисли.
    Ако не му се допаѓаш, крај на светот нема да е.
    Барем ќе си знаеш, не троши време и трпение на ништо.
    Ќе си бараш нов.

    Ама која ви е поентата на упорно чекање и таа слатка садо-мазохистичка природа на вечно, исцрпувачко исчекување, не контам.
     
    На mona.com, Marilyn-Monroe и marama им се допаѓа ова.
  9. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Мислам да му пријдеш и да дознаеш дали воопшто он сака да има нешто со тебе... Немој така да се залажуваш, ти зборувам од искуство.. !... Можеби година се мафтав со еден тип, за кој направив многу работи, а не го заслужи ни моето здраво!!.. Го сакав, но сега веќе не.. Затоа колку подобро си ги расчистиш работите, толку подобро за тебе ;)
     
    На mona.com му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marchy15

    marchy15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Преиспитај си се прво ти, дали го сакаш вистински..
    Потоа, искочи и види го шо е, како е.. не е можно само така он да и каже на другаркати да искочите на кафе.. може рекол само така, али сепак- оди и види го, седнете правете муабет и после одлучи дали го сакаш! :)
     
    На mona.com му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Го сакаш, а фактички не го ни познаваш?
    Обичен поздрав преку другарка не значи во превод "те сакам"!
    Сака на кафе да искочите како и сите нормални луѓе па за понатаму ке видите како стојат работите!
    И да да се откажуваш од него?? А што си почнала да правиш па сега да се откажеш?

    Навистина не сваќам какво е ова сакање но на крај краева...фејсбук и се е можно! :headbang: :roll:
     
    На marchy15 и mona.com им се допаѓа ова.