Седиме денес со саканиот во парк на клупа и кога доаѓа до нас полиција. Ни кажа "Дечки маски да ставите мора." Значи да се бацувавме пример ќе ни кажеше ли дечки тоа не смеете да го правите во парк или пак преку маска да го правиме тоа? Сега на Сител кажаа дека заљубените ќе може да седат заедно без маска само доколку имаат иста адреса на живеење. Доколку немаат иста адреса ќе мора да носат маски. Што мислите за ова? Мене ми е некако смешно затоа и темава ја ставив овде.
Што кажале на сител? А полицијата секаде изврши контрола, па уште паровите во парк ѝ останаа нерешени.
https://sitel.com.mk/policijata-gi-...lovi-e-zadolzhitelno-nosenje-zashtitna-oprema 1:28 па натаму Нема иста адреса нема
Загреота. Не идат таму кај што треба да спроведуваат закон и да зборат за мерки него се фатиле за заљубените. Дали се дрогираат, дали имаат некоја ментална попреченост, не знам не ми е јасно стварно. Господе зашо сум се родила овде бе
Има бе латекс маски за лапање, дури и линк ви пуштив во другата тема. Ич не сте модерни значи, па едуцирајте се да му се сневиди Ова не е проблем ниту предизвик. Поголем предизвик е за тие што не се заљубени, ој сега заљуби се да те видам, појма немаш кој е зад маската
@Biljarkata, предност е за тие што имаат убави очи Инаку, во врска со темата, нелогично и апсурдно, како и повеќето мерки.
Заљубените да носат маска?! А мислат дека само по паркови седат заљубените,нели помислуваат дека си имаат одено по дома па си прават што си сакаат.
Дома нека си прават што сакаат, кога се меѓу народ мора да носат маски. Или шо, заљубените се исклучок од ова Љубовта ги штити
Оти ви е смешно? Логично е. Е сега, дека е тешко... тешко е. Дека нема да се почитува... нема. Ако не, да одам и јас да се исполапам со 'швалерот'.
Кое логично ако цело време се заедно, а и претходно биле, а и да не се пар ако се излапале више бар еднаш, цајканиве регистар на швалери ли да праат
Ова ме потсети на она : Се заразил со Ковид-19 од љубовницата , па сега оди во изолација со сопругата .. Иронија .
Оди, само пази на некое скришно место, подалеку од полициските очи или поарно сега швалерот цајкан да ти се погоди