Гледам темава е нешто light од типот...јас и мојот дечко, позитивности мани проблемчиња.... Епа заедно сме 7 години 2 недели и 3 дена Нормално дека ни е супер заедно, штом сме толку време skupa. Значи се нај нај нај. Како и секој пар така и ние сме имале проблеми,караници,несогласувања....НО компромисот секогаш е тука.Ако нема компромис во љубовта и ако нема разбирање и почитување на партнерот нема ништо од сето ова.
Кратко сме заедно, но се чувствувам како да го знам цел живот. Со него овие неколку месеции поминаа додека да трепнам. Ме научи буквално како дишам и прави се да сме среќни двајцата. Си веруваме, си се сакаме, се почитуваме, а тоа ми е повеќе од доволно.
He's lucky to have me... Шала на страна, убаво ни е. Прво на него мислам кога станувам, и последно пред да заспијам. Ме научил до толку, малку нешто да не ми е по кејф одма ме приметува. Тој е мојата посилна половина
денес со сопругот славиме 8месеци како сме во брак многуууу сме среќни и со нетрпение чекаме да го испратиме овој месец и да го дочекаме доаѓањето на нашето бебенце на овој свет
Епа ај и јас да кажам , со дечко ми сме заедно 2 години , 2 месеци и 8 дена Tој е првиот кој сум го сакала со цело срце ... го обожавам Со него се ми е совршено , се надевам вака и ќе остане Секако дека има и недоразбирања , но за среќа се трудиме и двајцата да ги решиме . Се додека има љубов убаво ќе ни биде
Заедно сме 5 години и 6 месеци. Како и секоја врска, имаме свои убави моменти кои засекогаш ќе ги паметиме и кавги кои ќе сакаме да ги заборавиме. Едвај чекам да поминат уште овие 10 дена и конечно после 8 месеци да го видам и силно силно да го изгушкам. Тој е мојот столб, мојата посилна половина без која не знам како да функционирам. Човек кој секогаш ме подржува и многу ме сака, а јас љубовта му ја враќам дупло повеќе
Многу убави љубовни пораки прочитав, и многу сум среќна што сите сте среќни во љубовта и ви посакувам до 100 години така да се сакате, ајде и јас да се пофалам ... во врска сум 3 и пол години и многу сме среќни и едвај чекаме да помине 1 месец за да се видиме
Не очекував воопшто дека некој ќе влезе во мојов живот, особено не некој како него, но откако го запознав и ги увидов нештата, сфатив дека тој ми дојде по заслуга. Низ многу лоши нешта поминав, а јас секогаш бев добра. Затоа вреди човек да биде добар, добро ќе му се врати Имам проблеми во животов, но тој ми е светла точка и со него покрај мене се е полесно.