За дечкото и неговите другарки

Дискусија во 'Врски' започната од MelanijaOh, 2 февруари 2011.

  1. MelanijaOh

    MelanijaOh Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Еве веќе некое време се расправам со дечко ми за една негова другарка. Сите ми зборуваат дека можеби тој има нешто со неа ама никој не знае да потврди со точност. Јас разбрав сосема случајно од една другарка а мојот дечко не ми кажуваше дека таа дотична девојка му е другарка. И упорно и упорно ме убедува дека нема ништо со неа ама јас неможам да поверувам бидејќи го гледале со неа на кафе и кај неа на работа а јас за неа незнаев ниту дека постои.
    Дај кажете некое мислење.
     
  2. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Искрено - ако те убедува дека нема ништо со неа зошто не те запознал со неа досега??? Ако му е толку добра другарка требало да ја знаеш до сега :^) Мене ова да ми се случи ја сигурно ќе вратам на ист на начин ама тоа сум јас ...на тебе е да си размислиш... :|
     
  3. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Имам многу машки пријатели и ги знам речиси сите нивни девојки. Ниедна не ме сакала во почетокот, бидејќи ме чувствувала како закана...До некаде е нормално. Ама секогаш, без исклучок сум била претставувана како ДРУГАРКА со која се знае години наназад и јас лично сум била фина, некогаш и повеќе пд потребно за да не се деси тоа што често се случува - оддалечување помеѓу мене и другар ми заради некоја релативно варијабилна категорија во неговиот живот.АМА имам и другари кои претставувале други девојки како другарки, СИЛОМ ПРИЛИКЕ, односно кога ќе мора да ја претстави некако пошто е активна вво неговото секојдневие.....тие девојки не се другарки. Или се потенцијални девојки, или се бивши девојки, или се фак бадис....сеедно. Другарки - не се. И мој совет ти е - ако не ти ја претставил у старт ко другарка, одноно не си знаела дека постои, тогаш земи го нивниот однос со резерва. Јас не би и верувала.
    Јас имам обратен проблем. Девојка што му е другарка на дечко ми, мислам дека го брка. Сигурна сум дека се другари од негова страна, ама нејзиното однесување е симптоматично, дури и кога јас сум таму. И и покрај тоа што знам дека се другари, јас на него му испеав една проповед и расчистивме. Си го спастрив проблемот, и не реагирам веќе од проста причина што јас кажав што имав, ако не го испочитуа тоа ќе има последици кои нема да му се допаднат.
    Не ми се допаѓа чувството на загрозен интегритет на нешто што е мое. И не премолчувам.
    Мој совет - реагирај. Не бурно, туку кратко и јасно. Кажи му дека не му веруваш и дека тоа е голем проблем. Ако планира да го среди вашиот однос, нека ја маргинализира другата девојка, или нека најде начин да ти покаже дека нема никаква емоција меѓу нив.
     
    На SexyPrincess, Hopeful, poison.ivy и 3 други им се допаѓа ова.
  4. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    MelanijaOh
    Колку време си со дечкото?
     
  5. MelanijaOh

    MelanijaOh Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    со дечкото сум нецели 5 години.
     
  6. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32

    И 5 години ти не си ја запознала неговата ,,другарка,, :^) :^) :^) Не ќе да е таа другарка...жал ми е :(
     
  7. MelanijaOh

    MelanijaOh Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Јас знаев само дека е познаничка и ништо повеќе од тоа.
    Тој кажува дека ќе сум се лутела ако сум знаела и незнам веќе што.
    Па сеуште сме разделени скарани заради неа, тој упорно ме бара ми вика да ја побарам неа, ама јас несакам на крај што имам јас да зборувам со неа
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со Дафне, не верувам во машко-женско другарство, секогаш (барем од моето искуство) едниот гаи некакви чувства. А тоа што не си знаела 5 год. дека постои???? Навистина не ми е јасно зошто не се знаете ако му е добра другарка. И јас сум од тие што не премолчуваат, ако навистина ти смета нејзиното присуство кажи му го тоа, а нема што ти да разговараш со неа.
     
  9. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328

    Ух оваа реченица е ИЗГОВОР И ПОЛ!
    Многу позната реченица, која се користи кога има нешто! Слободно побарај ја....ако тој вика вака, ти речи му дека ќе ја побараш! На ова реченица, машкото очекува да му речеш....не....како да не јас ќе ја барам неа ( со помисла демек...чим и реков вака, сигурно ќе ми поверува дека нема ништо, и нема да ја побара)
     
  10. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Ах, мистериозна „другарка“, го знам проблемов. Од мое искуство, си одев јас со бившиот мој тогаш и одеднаш доаѓа една го поздравува, го бакнува во образ, не знам што, јас целата бев ваква :?: :?: па откога си замина оваа, го прашувам која е, тој ми вели „другарка“ а дури ни име не ми кажа, па одозгора ми вели „не сум те видел во такво љубоморно издание“. wtf!? :devil: ништо ај, преќутев, да не се расправам, оти мразам да се карам. Ама ме јадеше сомнеж.
    Е сега кога раскинав (од други причини), ме јадеше тој сомнеж и веќе кога ги кажав зборовите за раскинување, го прашав дали во текот на нашата врска одел со друга женска, тој се збрка од таквото директно прашање и почна да вика „не, не“, но јас добро го познавав и по тоа реакција заклучив дека моите сомнежи биле вистинити.

    И така, извлечи поука од моево искуство а и примени го советот на Dafne, реагирај на време и не ќути. Сепак 5 години одење не се малку, морате да го решите проблемов, ама пред се мора да бидете искрени еден со друг.
    Поздрав и се најубаво!
     
    На MelanijaOh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Искрено, јас би разбрала да не сте долго заедно и да не знаеш за другарката, ама 5 годишна врска и ти да не знаеш која му е добра другарка на дечко ти, мене овде нешто не ми изгледа како што треба.
    Оделе на кафе, кај неа на работа, а ти ништо од ова не си дознала од дечко ти, демек не сакал да се налутиш. Па нели долгата врска се заснова на искреност, каде е тогаш искреноста?
    Дефинитивно треба да разговараш со него и одлучи како мислиш ти, сепак не ми се допаѓа оваа ситуација.
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    разговарај и може малку е немилосрдно но речи му дека ако те сака ќе ја тргне неа за секогаш. мислам стварно преку к*р ми се ваквите женски кој упорно сакаат да се пикаат таму каде што не им е место, а машките наивковци и тапчовци им веруваат на другарките. имав таков проблем и јасно поставив граница. треба да знаеш што сакаш и што можеш да дозволиш и забраниш. добро знам дека забраната не е решение но забрана во вид на објаснување и одрекување од многу нешта. ако го сакаш тоа што е твое ќе се бориш. картите се во твој раце само гледај правилно да ги поделиш.
     
    На MelanijaOh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Глупав изговор е дека ти ќе си се лутела ако си знаела - напротив, подобро ќе беше да знаеш, па и пак да се дружеа ти ќе знаеше и можеби немаше да има вакви проблеми. Многу е сомнително што тој крие од тебе дека има другарки и плус одрекува и наоѓа без врска изговори кога му кажуваш дека знаеш, а заедно сте 5 години ( барем јас би се сомневала). Може тој се плашел како ќе реагираш ти ако ти кажел за другарката, па пробал тајно да се дружи, но сепак требаше да ти каже. Не е фер спрема тебе, ти да го знаеш на едно место, а тој на друго и плус да крие за неа ( и навистина да му е другарка штом ја крие секој би помислил дека матка нешто) и не е во ред и што ти рекол да разговараш со неа , што има да разговараш ти со неа, не си со неа во врска - со него си, со него треба да разговараш. Разговарај и кажи му се отворено, дека знаеш за нивното дружење и средби и за на кафе и за на работа и нека ти објасни убаво зошто ја криел од тебе. Размисли и ти убаво, ако сега на 5 годишна врска крие другарки, што ќе крие понатаму ако врската ви стане уште позериозна или пак се земете? Покажи му заби и став и дека не си глупава тој да те врти како што сака и ако пак продолжи по старо, јас би размислила дали би сакала и понатаму да сум со некој таков. Поздрав и се најдобро!
     
    На srcekrsacka, MelanijaOh и SexyPrincess им се допаѓа ова.
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Не му е другарка.
    Јебачица, мувачица, нешто му е.
    Јебига, тоа е. Не ми е чудно што побарал некоја во 5 годишна врска.
    Не е нешто ненормално или психички недостаток што душата му побарала друга, нешто ново.
    Само дај му до знаење дека не си глупава, и дека сфакаш што му е.
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Лакримоса, како вака размислуваш, па дечкото има веројатно над 25 години, не е средношколец па да му треба разонода заради 5годишна врска :x
     
  16. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Потполно истата ситуација кај мене се случи :@
    Одевме 9 години, се изгледаше перфектно, без кавги, љубоморни испади... Отиде во странство и дознав дека си има другарка за која што јас не знаев, и ми го даде потполно истиот изговор, знаев дека ке се лутиш, затоа не ти кажав. Јас беснеав, му се лутев, се каравме, да беше овде може и полошо ке беше. Се чувствував толку повредено, но сепак ја одржав врската, за на крајот кога си дојде да ми каже дека од сите тие карања со мене, сватил дека тој не е за мене и дека не ме сака веќе. Немал ништо со неа, но таа беше стартот на нашите проблеми. Јас мислев дека кога ке си дое, ке ми каже извини за се, јас те сакам. А добив само НЕ ТЕ САКАМ ПОВЕЌЕ, ни извини не добив.

    Мој совет за тебе, размисли си убаво за вас двајцата, како ви било до сега, дали можеш да поминеш преку таа негова скриена другарка, т.е дали вреди тој, за да му простиш.
    Од кавги нема фајда. Размисли си многу убаво. Ако не вреди, пиши пропало и продолжи со животот. Ако вреди дечкото, прости му, ама кажи му дека сега е ОК, ама ако се повтори такво нешто КРАЈ е. Ако можеш, дознај што е можно повеќе за неа, прашај некој близок за да се увериш дали имало нешто или не. Ако сте од ист град, барем тоа е лесно, не се крие лесно тоа.
    А под ОК се подразбира, и при најмала кавга да не ти биде таа првото нешто што ке му го кажеш. Едноставно заборави ја, ако не сакаш да го изгубиш како јас мојов.
     
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Изгледа вие појма немате што све се дешава во светов. Значи имам муабет со многу женети, мажени... Сите ама сите изневериле барем еднаш! Некои само еднаш, а некои си продолжиле и понатака.
    Така да, такви работи се дешаваат баш во долги врски и никој не може да ме убеди дека не е така. Не зборувам на памет значи, сум гледала, сум видела и сум слушала.
    Нормално дека на човек му треба разонода кога една работа се дешава цело време, дали станува збор за врска или нешто друго, во се е така. Реално е така.
    Што повеќе стареат, тоа повеќе се збудалуваат. И мажите и жените. Гледав и се чудев. Сега не ми е ни чудно повеќе.
     
    На mims-89, Bozica1980, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Колку само се согласувам со Лакримоса :x Без разлика колку години има, зарем не сме сведоци на брачни неверства во нашата околина? Тие луѓе имаат и над 25 и над 30 години но сепак изневеруваат како што рече Лакримоса некои еднаш некои продолжуваат. Типов најверојатно си имал паралелна врска, не гледам негативно и барам влакно во јајцето, туку реално така и си е. Кога во нешто се сомневаш и имаш повеќе работи да не речам докази кои те наведуваат да мислиш дека не е само сомнеж, тогаш не е сомнеж туку е нешто повеќе, нешто што навистина се случило. После тоа што сум го доживеала веќе ништо не ме чуди, па и да е 5 годишна врска и 15 годишна врска. Сеедно е, незнаеш кога ќе ти збрчат будалите во главата. На некои им збрчуваат и после 25 години врска/брак сеедно. Не верувајте слепо, кога ни сами во себе немате доверба :hai:
     
  19. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764

    Повеќе од јасно е дека тука има нешто, но тоа не значи дека девојчето треба да му даде аплауз и да му речи "знам што правиш, ама 21 век сме, браво продолжи така". Ставете се на нејзино место,сигурно нема толку ладно да изреагирате, нели?! :^)
    МеланијаОх, јас би те советувала да му поставиш услов, или ке ја прекине таа врска со неговата "другарка" или ќе ја изгуби 5 годишната врска, засекогаш.Па ако него му значат 5 год. и ако те сака нормално ќе стави крај на таа 'другарска' врска, ако не фино лепо отерај го УПМ, не те заслужува чим дозволил трета да се вмеша во таа врска.. Имај свое јас и главата горе, животот продолжува запомни :!: :*
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Потполно се согласувам! Без навреда, ама имам читнато дел од форумџивките, буквално ...упорно гледаат со розеви очила! Како дечковците биле верни...бла бла бла! Некои се, не велам не.....ама факт е дека 90 % од машките се преваранти! И да ти се прае светец, тој уствари е најгад што можи да постои! Погледнете малце повеќе во својата околина, светот не е розов, а машките не се цвеќиња за мирисање! А ако не верувате во ова, тогаш подружете се со машки ( во смисла на другари), па ќе сфатите на што алудирам!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.