Не гледам јас воопшто низ розови очила и мене ми е јасно дека многу од мажите изневеруваат ако им се сака без разлика дали се зафатени и колку време. Само не знам каква утеха би и било на девојкава или на било која друга дека тоа било природно и нормално.Па и мене можеби ќе ми се здосади па ќе сакам да пробам нешто ново?И тоа значи дека ќе треба да го изневерам или да му речам да оладиме малку? Да е за една вечер па и да се потрудил да скрие ќе разберам, ама толку долга врска, се допишувал, па и луѓе знаат...Голема утеха и е дека се е до разонода. Меланија, додека не седне и ти признае ич муабет не му прави.Дури кога ќе биде спремен да ти признае заслужува да разговараш со него и да смислиш што понатаму.
Меланија, јас еве одамна ги фрлив розевите очила и можам да ти кажам дека штом тебе нешто ти смрди, нешто мора да има. Кај што нешто гори - таму има и чад, знаеш како се вика. Како второ нешто ми е веќе сомнително со твоите другари. Сите нешто ти зборуваат ама не знаат да ти потврдат. Е ова ме изнервира! Епа или знаат или не знаат?! Џа или бу! Прашај ги јасно и гласно - ако знаат, нека кажат а ако не нека ќутат. Рекла казала, само ќе ти го потхранат сомневањето а никако да ти помогнат. И да, се согласувам со Лакримоса. Девојки зарем вие навистина мислите дека колку се постари луѓето - толку се автоматски попаметни и посмирени? За жал не! Кај мажите да не зборувам. А баш долгогодишни врски се најрасклатените, затоа што периоди на криза доаѓаат дали кај едниот или кај другиот. Е сега прашање е кој е колку силен карактер да не потклекне. И за крај, повеќе пати сум кажала и ќе кажам и сега - зошто мора жената да е виновна секогаш? Абе се случуваат работи во животот. Еве другар мој во 8-годишна врска со девојката негова. Пред 3 години почнува да се однесува чудно. Бил на службен пат, сите фирми собрани на едно купче, се среќава со девојка со која одлично им оди муабетот и се спријателува со неа. Кафиња и бесконечни муабети. Едноставно се случуваат некои работи. На мажот е секако да одлучи дали врската во која е - е идеалната и во неа сака да остане, или ќе се осврне на нешто ново, нешто што штотуку открил. Ниту е она кучка која намерно го „украла“ ниту е он гревче без памет, со само неколку хормони во ракав и долно главче со кое размислува, па и се препуштил на оваа кучкава која го хипнотизира и заведува Меланија, нека ти е јасна една работа, да му забраниш не можеш ништо. Ако му речеш дека не сакаш тој повеќе да се среќава со неа, ќе изнудиш контраефект и верувај ти ќе бидеш таа „најлошата“ тука и секако посесивната и љубоморната. Тоа оди во пакет. Можеш отворено да му речеш дека не ти се допаѓа што тој факт дека тој има другарка го криел од тебе. Ќе го прашаш дали има некаква друга причина за тоа? Ќе му кажеш дека за тебе е деградирачки да слушаш странични муабети и дека претпочиташ тој да ти каже отворено доколку нешто има или пак не. Според реакциите ќе оцениш самата за што се работи. Или ќе реагира нервозно и нема да сака ништо да ти објасни. Или ќе те смири и ќе ти рече дека немаш зошто да се плашиш и дека тоа е едноставно пријателка и ништо повеќе Мој искрен впечаток? Можеби навистина ништо нема со неа - туку само си го храни егото во пријатно друштво со неа каде можеби максимум паѓа по некој флерт евентуално двосмислени муабети. На некои мажи и тоа им е доволно. Верувај ми, знам за што зборувам
Меаланија, душо, мора да расчистиш што се случува и дали се случува. Или ќе те изеде и тебе и врската сомнежот. Не се согласувам дека е нормално да му здосади и да побара нешто на страна. Јас сум прилично наивна можеби (и покрај годините, за жал) ама тргнувам од себе- ако ми здосади, тогаш барам нешто да ми стане поинтересно со него, не со некој од улица. И јас сум во ситуација да се прашувам што се случува, не со другарки, туку со колешки кај маж ми. Знам дека нема ништо со нив, ама мене ми пречи (и тоа многу) што односот кон нив му е некако полу-флертувачки. Значи, не флертува тој отворено, апла, ама мене ми пречи што дома не да не е таков, туку чиста спротивност. Дома, како да кажам, е прилично -досаден. И јас некако се научив да го прифаќам тоа, иако сум муабетчика по природа (и по општество ), ама кога пред некој ден ја видов оваа негова страна, се најдов многу повредена. Не затоа што со нив е таков, туку затоа што со мене не е. Да не речам, ја открив Америка (како што ми се смее една другарка), дека дома и на работа не се однесува исто. Тој ми тврди дека не направил ништо лошо, само бил љубезен со колешките и дека дома не бил таков оти „па не можел на работа да се однесува како дома“ . Прво, нормално е и за мојот случај и за твојот да тврди така-па не е ненормален да каже „Да бе, флертувам/бркам/сакам друга“. Нормалната првична реакција е негирањето. И мене ме налути што јас не сум слушнала дека колешките постојат (од скоро е на тоа раб. место) а тој ги знаеше, барем по име, сите колеги со кои се дружев. И отворено кажуваше дека му пречи ако тие со мене се однесуваат како што сега тој се однесува со колешките (ама не било исто сега, според него). Сакам да ти кажам -ако е таков сега, таков ќе си биде. Ако ти пречи, реагирај на време. Помали се нервозите сега, отколку после. Размисли, слушни што ти вели срцето и така постапи. Може сега ќе ти биде тешко, ама еден ден, ќе си бидеш благодарна сама на себе.
Ако му била навистина толку добра другарка немало да ја крие и до сеа ке си знаела за неа како што (претпоставувам) знаеш за сите негови другари. Обиди се да дознаеш повеќе ...
Честитки женска, 98 посто се шансите оти веќе те суредиле, во најмала рака со бакнување, за повеќе...ај да не ти праам лоши филмови. Колку повеќе молчиш, толку помалку ќе те почитува. Удри ми трајна клоца и живот иде даље...
Другарките негови ги почитувам и пијам кафе. Другарите мои ги почитува и се поздравува,не пие пиво. Женските на моите другари,ме мразат,без исклучок. Заклучок,жените се кучки,вклучувајќи се и себе.
Има другарки, некои се фини некои ку*ви, мање битно. Не се чувствувам загрозена кога е со нив но не ни им верувам дека не би направиле ништо со него. Понекогаш оние за кои најмалку се сомневаш завршуваат полнејки му ја главата, бидејки нели му е другарка и му мисли се "најдобро". Бјач
ако му е другарка барем еднаш ке ја имал спомнето....верувај ми.. Мојот има другарки и уште на почеток на врска се дешаваше да ги спомне и одма-другарка ми е да знаеш толку год ово оно...јас имам најверен другар-го знае од старт на врската....така да ако нема ништо лошо нии сумљиво ке ти кажел на време...не би да ти кршам филм ама мене оваа не ми мириса на другарка...
Искрено боли ме ***ац дали има другарки или не, и дали му се стварно другарки или ме мота. Не се замарам. Чао
Досега сум немала вакви проблеми бидејќи во исто друштво сме .. ма да сумљам дека има нешто со една девојка која у друштвото дојде пред 1 месец а сите ја знаеме од порано ..сите ми велат дека она не би направила ништо такво и дека он ја смета само за другарка дека мене ме сака и такви ствари .. иначе ако нема ништо со нејзе зошто да го крие пријателството ?
Има другарки, од кои две му се така поблиски и баш ми има кажувано за нив. Не ги знам лично и не дека не ми сметаат баш, ама ајде.. Не ми е сеедно кога ќе ми каже дека ќе оди со другарки на кафе и малце паничам и он знае и намерно ме зафркава со тоа . Знам и сама дека без везе паника, ама ете.. Да праеше нешто со нив немаше да ми кажува така..
Јас би се гордеела со тоа мој дечко да има другарки. Од искуство машките што имаат другарки подобро знаат да се однесуваат со девојката. Имам еден ептен близок другар секогаш ме прашува за некоја девојка што да направи, како да постапи, 1000 пати сум му ја спасила врската со сегашната девојка. Никогаш со мојот другар не сум помислила да имама нешто. Нормално дека секоја негова девојка на почетокот се сомнева во нашето пријателсство но со тек на време гледа дека била во заблуда. И не сваќам зошто да има љубомора ако се работи за повеќегодишно пријателство. Некоја може му е другарка 10 години. Ако сакале да има нешто меѓу нив што е повеќе од пријателство ќе имале уште пред јас да се појавам во неговиот живот. Единствено би се налутила ако подолго време излегуваат тие заедно аа мене ме нема запознаено со неа. Тогаш ке ми стане сомнително. Ако му е таа вистинска пријателка ке сака што поскоро да ме запознае.
Дечко ми си има другарки, познавам неколку од нив, другите само онака од видување два-три пати. Искрено, немам ништо против тоа, па нормално е да има и другарки, и не се замарам со тоа воопшто. Му верувам, сега за сега.
Распрашај се и дознај колку време се познаваат, од кога се дружат и сл. Предложи да излезете ти тој и таа и види како ќе се однесува и дали ќе флертува со твојот дечко.....на тој начин ќе видиш каква личност е и дали претставува опасност или не