1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

За кого ќе гласате?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Gosh, 9 декември 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    1.

    Зошто кога дојдоа на власт се беше ограбено, продадено и пропаднато. Народот беше осиромашен и депресивен. На факултет се запишавме само 5 мина од клас со 38 ученици. Никој од нашите пријатели немаше кола, а фиксниот телефон беше луксуз. Море гледавме само на тв. Ниеден мој пријател не беше возен во авион. Татко ми со приватизацијата остана без работа и цела година немаше пари ни за храна за нас, ни помагаа дедо ми и баба ми. Не се наоѓаше никаква работа, а кога најде (со виско образование), работаше за 9000 цели две години. Имавме само едни патики и по едни фармерки за на училиште. Затоа што нашиот град се продаде на друга нација и ние се чувствуваме небезбедно и туѓинци. Итн.
    Сега, сите пријатели имаат коли, мобилни, изнадотерани се, одат по одмори, се наоѓа полесно работа, студентите имаат привилегии кои за нас беа само сон, Итн. Не е се ова во голема мера или раскошно, ама малку од малку тргнаа работите напред.

    Потоа, најбитното, затоа што се залагаат за унитарност и единство на државата. Нешто што секоја партија пред избори мора да го потпише (или барем да се подразбира само по себе), дека било која партија да дојде на власт, нема да ја загрози безбедноста, унитарноста, интегритетот на државата.

    Паралелно, ги подржувам од Левица, но поради можноста да коалицираат со Сдсм изгубија доста гласачи. Бидејќи Сдсм се синоним за грабеж, сиромаштија во нашата држава.
     
    На okcenzi, Anna-Banana, peperutche21 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Види Гош, уште еднаш повторно да кажам...Сите што гласаат за ВМРО немора да значи дека дека ги сакаат, подржуваат и се согласуваат со нивните ставови, програми итн,туку само одбираме едно мало зракче светлина во темнината во која што сме, а само во оваа партија ја гледаме, друга опција на жалост немаме. Кој сака нека гласа како сака, јас луѓето не ги ценам по партиска припадност, ниту чиви симпатизери се, и никогаш нема да ги навредувам како тебе..имам пријатели во сите партии и непартиски неопределени.
    Темава да можев радо би ти ја шутнала во канта, оти освен омраза, сарказам, не донесе ништо продуктивно, интересно или паметно.
     
    На mode-kristina, realGirl, glosipgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Јас сеуште чекам Субрата Рој да инвестира во Македонија. А? Што викаш? Во затвор е? :lol:
     
    На Cinderfakinrella, Dabria, Читател и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Последен повик!!!
    Младите патници кои НЕ сакаат да се качат на летот за Малта, Америка, Катар, на возот за Германија или Италија, на автобусот за Грција или Австрија кои се во ЕДЕН ПРАВЕЦ, во недела да излезат масовно на гласање и да го заокружат бројот 4!
    Со заокружување на бројот 4, гласаме за живот тука, во Македонија!
    Со заокружување на бројот 4, гласаме за да одиме во овие држави кои ги набројав на одмор или на шетање, а не на аргатска работа!



    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Cinderfakinrella, Adi888, Goody и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Ќе гласам 4- За живот во Македонија.


    1. Сите може да коментираме дека во нивно време пред 20 години со приватизацијата многу луве почувтвувааа загуба. И моите родители изгубиле огромна сума пари. Ама од сегашен аспект не гледам дека некој треба да му се суди од грешките напревени одамна. И дпмне на било тогаш на власт и они ќе заебеле нешто. Кој како му се погодило. Така да секој учи од грешките, и НЕМА ЛОГИКА ако дојдат сега дека пак ќе го направат истото. Така да тоа е лош против аргумент. Ако ги казнувате СДСМ казенте ги тогаш и ДПМНЕ за ова срање што го направија. Имате 3та опција ..

    2. Затоа што сегашната влада не направи зависни од СДИ- странски директни инвестиции. Тоа многумина го сметаат како WOW, но не е така. Тоа е вештачки задвижување на економијата но со самиот факт дека не се континуирани и оддржливи на долг рок се многу критични. Замислете во овој момент сите СДИ да ја напуштат македонија, од што ќе живееме ?
    Во овој случај СДСМ има многу подобар план за финансирање на домашни фирми,


    3. Овие дибеци што сега не водат потрошија грди пари на споменици, во еден збор проектот Скопје 2014. Што добивме со тоа ? Некои ке кажат ама види бе како ни заличе градот, странскуи туристи доаѓаат да се смеат и така ни оставаат пари. Лол, ајде да се навратиме на некоја основа. Која е вредноста на тоа ? Знаете ли од кој материјал се тие ? - Стиропор. А во фактурите се пишува како бетон и скап материјал а во исто време се перат пари. Плус тој кич е само за прост народ кој се пали на фасада. Се понашате како да се изгубени во шума и одеднаш ме допира пеперуга и вие како, aaah. ВО наредни точку ќе докажам за нивната неефикасност во контрола на парите и каде може да се искористат.


    4. Подобро е државата да ми даде услови САМ ДА МОЖАМ ДА СИ ГИ ЗАРАБОТАМ ПАРИТЕ па ќе си платам се што треба. Некои ќе кажат ама ние имаме бесплатен превоз за студенти, еве пензионери се возат владава се дава гратис. Само ако си прост можеш да поверуваш на тоа. НИШТО НЕ Е БЕСПЛАТНО БЕ ЛУГЕ. За се има цена, ако ти дава државата да се возиш бесплатно ОНИ МОРА ТОА ДА ГО НАДОХНАДАТ, од каде тоа ? Секако имаме повисоци цени на гориво, леб, цигари, 1000 денари казна ако немаш билет во бус или најверојатно со кредити. Така да бе бидете будали да се лажете како сираци на геврек.
    За ова СДСМ има многу добар план како што е ВРАЌАЊЕ НА ДАНОК на крајот од годината. ВО ПРЕВОД НЕ ПРЕТСТАВУВА ДАВАЊЕ НА 200 евра на крајот од годината. Да не ви предавам економија сега.

    5. Се наоѓаме во ситуација каде што ПАРТИЈАТА е еднакво со ДРЖАВАТА. И сите дпмне го сметаат како ЗАВОД ЗА ВРАБОТУВАЊЕ. Сите се под притисоци. Се е под нивна контрола. Сведок сум на сите извитоперени игри. Не смееш да се будиш, затоа што ти отиде работата.


    6. Од општа перспектива, колку една партија е подолго време на власт они пуштаат се поголеми порени и толку е потешко да ги избркаш, сите медиуми се нивни за перење на мозок, сите судии се е нивно. Овие мора да си заминат, ЗА ДА ЗНААТ ДЕКА НАРОДОТ ГО НОСИ ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР. И СДСМ да дојдат на влат ако не направат ништо и нив ќе ги смениме. НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ МОРА НАРОДОТ ДА СЕ ОСВЕСТИ !!!

    7. Криминалци, нема народот пари за леб они купуваат коли од 600.000 евра, споменици прават, ентериерот во влада можете само на филм да го видите. Кријат убиста како на Мартин Нешковски, 4-те момчиња кај Смилковско езеро од кои едниот е мој личен другар. ама штета не им успева. ЗЛОБА ОД ЛУГЕ,

    8. Некои членови како во самоодбрана ќе кажат. МОРАМ ДА ГЛАСАМ ЗА ДПМНЕ да не ја изгубам работата затоа што знаат. Чекај малце кој знае за кој гласаш на лице место ? Кој те гледа ? На крајот од денот и да знаат за кој гласаш, ако не си за нив по сопствено убедување зошто ги гласаш ? Ако така сите се откажете они нема да бидат на власт, КАКО Е МОЖНО ПОСЛЕ ДА ВЕ ИЗБРААТ ОД РАБОТА : Нема логика. Како и да е народот не е свесен за неговата моќ. Само не знам зошто се однесуваат така кревко ..


    Имам уште многу да ви докажам ама веќе го изгубив редот, ако рамзислувате малце со своја глава ќе согледате. Ама затоа што лугето имаат краткорочно памтење а тоа психолозите советници на партиите добро го контролираат можам да налетам на дпмне-овци кои ќе кажат дека битно се гради. Лесни се за потпук, размислуваат краткорочно моментално да им годи за нешто ситно. Ама не ги обвинувам нив.. тоа се е комбинација од капацитет и надворешно влијание. FUCK IT

    YOU CAN DO WHATEVER THE FUCK YOU WANNA DO !!
     
    На Priroden, Sky-butterfly, Jenniffer и 26 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.263
    Не требаше мислењето да иде како цитат на твоето, затоа и го избришав, ама веќе си ме цитирала...

    И јас имам пријатели, и членови на семејството од двете партии ( јас не сум партиски определена ), ама односот со нив не ми е ни најмала пречка, да им кажам што мислам за оние за кои гласаат, а уште помалку каков впечаток ми оставаат според тоа за кого гласаат. Баш поради ваквиот полтронски став, ни пропадна држава...
    Е, сега, ако тоа некој си го смета за навреда, не е мој проблем...

    И за мене е навреда на мојот личен интегритет, и на интегритетот на државава, што се ВМРО прави, а вие пак ги гласате, ама гледам ич не ви е гајле...

    И те молам, ти си последна која треба да коментира за квалитетот на било која тема на форумов.
     
    На Cinderfakinrella, Victorian, Pinky97 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Немој да ме молиш за ништо, обиди се малку таа твоја арогантност и нељубезност да ја сведеш на минимум,ти квари лепота.
     
    На teddytea и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.989
    Допаѓања:
    166.685
    Пол:
    Женски
    Батхрт зашто се отворила ваква тема во предизборен молк???
    Хахахахахахахаххх
    Па молкот важи за политичари и учесници во кампањата а не за обичниот народ по социјални мрежи, дај информирајте се!

    Да се потсетиме на "светлите" точки на вемеро, и како Ирена што кажа, читајте во себе...дека молк! Ел оу ел
    Ма да за плачење е...

    IMG_1882.JPG
     
    На black-angel, Monna.Monna, calliope и 28 други им се допаѓа ова.
  9. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Јас не би сакал да се мешам. Но ова се крајно ниски удари и недолично однесување на една постара "ѓоспоѓа".
     
    На Cinderfakinrella, Pinky97, Baby-bubu и 3 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Кој удар бе дете, кај го осети, тоа беше само еден добар совет за неа...а ти што се мешаш каде што не ти е место?
     
    На stilas7 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  11. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Само го потврди тоа што го кажав. Благодарам.
     
    На Cinderfakinrella, Pinky97, Baby-bubu и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Се зезаме со предизборниот молк, веројатно не е никој до толку да не знае дека по соц. мрежи и форумиве може слободно да се коментира. :D
     
    На Victorian и biGirl им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.989
    Допаѓања:
    166.685
    Пол:
    Женски
    Знам дека се зезавте, и јас се зезав за молкот исто така. :) Ама еден член коментираше како бил баш испровоциран како ние сме се дрзнале да пишуваме во време на изборен молк за политика, па поради тоа отворил некоја тема. Мојот коментар беше реплика на неговиот. Сега гледам дека е баниран и мислењата се избришани.
     
    На Victorian и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  14. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Еден голем БРОЈ 4:!:
     
    На Читател, biGirl и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Јас сега засега сум неопределена. За малку не можам да гласам на овие, ама и да можев тешко дека ќе се одлучев за кого ќе гласав. Зошто барем од моја гледна точка не ги бива ни едните ни другите.
    Ама за вмрОВЦИВЕ имам многу повеќе што да кажам реално.
    Да се надоврзам на мислењето на @Читател
    Упропастија здравство, образование и се. Со парите што ги дадоа за тој кичерај во Скопјево 2 клинички центри ќе изградеа, 100 болни деца ќе спасеа. Болниците како од хорор филм излезени, се се распаѓа, кој бил приморан да лежи таму знае подобро како е. Колку грешки дури и убиства, да да, убиства, се случија , виновниците кои таму биле да спасат живот а го одзеле, само така поминаа. Во други земји министри си даваат оставка ако еден објект закасни една недела со изградба, нашиот Тодоров уште без срам се прчи пред камери со не знам некој нов уред, што сигурно го има еден во цела Македонија. Заборавивте што се случи лани Фебруари? Нивната бесрамна неодговорност и неразумност чинеше еден детски живот. Едно дете кое 2 ипол години чекаше некој да го слушне. А кога веќе беше касно, им остануваше само да се оправдаат дека направиле сè што било во нивна моќ. Во нивна моќ е да направат кичерај од градот, а не да дадат проклети 30 000 евра за детски живот...
    За образованиево - ми викаат некои имаш бесплатен превоз, бесплатни книги ова, она, што ти фали? Е да имам, ама извинете една ластовичка пролет не прави. Пак многу работи не чинат, почнувајќи од екстерното, кембриџ програмата и состојбата на некои факултети. Јас уште не знам што ќе студирам. Знам со што сакам да се занимавам, ама кај нас скоро и да го нема тоа за работа после. Крај крајова ќе морам нешто што не сакам, само колку да има после леб како да заработувам.
    Да, исто и правдата. Убиството кај Смилковско, убиството на Фросина, Мартин Нешковски, Никола Младенов..
    Дедо Љубе повеќе мака виде од нашава проклета правда, отколку тие вистинските убијци кои сега слободно си шетаат зошто некој им го чува грбот.

    Како беше она Архимедов закон? Ама во македонска варијанта-Еден политичар потопен во држвата истиснува 200 студенти годишно од неа...
     
    На Cinderfakinrella, anel, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  16. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    12.567
    Пол:
    Женски
    Морам оф топик, се извинувам ама не можам ова да не го искоментирам... Значи февруари*.. Месеци со мала буква и не феБруари..Рече дека не знаеш каде ќе студираш, мој совет никако на филолошки.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Неκој членови на фоρумот отвоρија болни ρани епа κога почнавте веќе ваκа: во 2001г κолκу луѓе загинаа и за што загинаа за неκој двојазичност да пρави таκа па и Вмρо-Дпмне да го κажеше тоа пρотив κе бев за неκој Голема Албанија да пρави а наши пρедци гинеле за МАΚЕДОНИЈА јас не саκам да си го изгубам идентитетот па маκаρ и за леб да умρам и дај пρеκинете со политичκа пρопаганда утρе се избоρи наρодот ќе одлучи ДАЛИ МАΚЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ЗБΡИШАНА
     
    На The Saturdays, joy1, baba Rada и 3 други им се допаѓа ова.
  18. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    8.173
    Пол:
    Женски
    Како шо кажав и во другата тема- јас сум за Левица (лично ги познавам и Мариглен и Здравко и повеќето од листата ),но затоа што, мојот глас во ИЕ 5 нема многу да смени(нема шанси),така да,ќе си гласам за СДСМ и да помогнам да падне режимот. Вие во ИЕ 1 слободно гласајте си за Левица:) Ни требаат многу повеќе луѓе како Апасиев и Гени (така си го викаме Мариглен). СРЕЌНО!(highfive)
     
    На Goody и Читател им се допаѓа ова.
  19. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за ова,делам мислење!
     
    На Читател му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168


    Двојазичност??
    Па сега за време ВМРОвско во парламент се збори на албански, и сите сообраќајни знаци по патиштата се на макeдонски АЛБАНСКИ и англиски. Во западна Македонија прво се албански па македонски..
    И СДСМ ќе воведувал двојазичност?? Озбилно со своја глава го мислиш тоа, или така ви кажале па сте се фатиле за тој еден и единствен контра аргумент ко слеп за стап ?
     
    На iloveyou29, Goody, hermosa и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.