Од Виши има специјален шампон за опаѓање на коса и е стварно предобар..Сега се околу 730 денари ама се многу концентрирани и траат навистина долго...али стварно се одлични...единствен козметички препарат од кој сум стварно воодушевена..Се надевам ке ти помогне...
http://www.vichy.com/hr-hr/flash/ Вака најдобро ке се информирате , колекцијата на шампони им се вика деркос...има различни видови па најдобро е да си видите за што ви треба, а ги има во зегин , така да не е лошо и на лице место да си прашате...јас последно користев шампон против првут и против опаѓање-таква комбинација...
Сите се викаат Dercos Technique (Vichy) само на нив пишува за која намена се,дали за опаѓање,за против првут итн...еве линк за шампоните http://www.vichy.com/hr-hr/dercos/flash/index.html
Како до погуста коса? ајде некој совет како да дојдам до погуста коса?косата ми е ретка и без волумен+тоа и брзо ми се масти..
Како до погуста коса? Најчесто тоа е генетски предодредено, ако цел живот си имаш ретка коса тоа мислам дека неможе да се промени. А друга работа е веќе ако ретката коса е резултат на зголемено опаѓање. Во тој случај може да се спречи опаѓањето и да се поттикне раст на нови влакна. Исхраната, богата со протеини е многу важна. Исто така постојат и шампони против опаѓање, разни апчиња и препарати. Исто така и стресот многу влијае на опаѓањето, па обиди се да го сведеш на минимум.
Да, вистина е. Јас веќе со години го правам тоа, ја плакнам косата со чај од коприва и стварно многу ми се згусна и има прекрасен сјај. За тие што имаат светла коса и камилицата има добро дејство за сјај.
Густината на косата што ја имав како помала и густината сега, се два различни поими. Тогаш од толку многу коса до челото едвај успеваше мајка ми да ми ја среди, густа, густа. А сега 1/3 од тоа што го имав го снема. Порано се фарбав, ама кратко де, 2-3 години и тоа на неколку месеци. Драстично и ослабена сум, сега сум па ептен слаба, може да е и од тоа. Трето, дали од шампониве никакви со хемикалии, косава ужас ми стана. Ниту пак можам да ја средам како што сакам. Би сакала некој да ми каже првин преку исхраната, што да се внесува за повторен поттик за раст, и дали еве некој природен третман би помогнал исто така како поттик за раст? Со коприва или било што? Ве молам да пише некој што знае, а не вака од рекла-казала. Тенк jу ин адвенс.
emma sekoja promena vo organizamot vlijae najmnogu na kosata bidejki velis deka si imala mnogu gusta kosa i pocnala da ti paga a i deka si oslabnala moze i od toa da ti paga ili ako si anemicna.ako sakas da si ja podobris strukturata na vlaknoto ima ampuli protiv opagane na kosata.a i ne e tolku strasno sega e period na site paga kosata.a ako sakas mozes da napravis i maska so maslinovo maslo,limon i med.mozes da zemes i sampon recept na subrina ili fitoval
Здраво еве би сакала да споделам со сите вас многу корисни совети за спречување на падот на косата (кој како резултат носи ретка коса). Практикувајќи ги ќе успеете да го задржите квалитетот на косата. Значи како прво нешто и најважно би ја споменала исхраната и тоа храна која содржи многу Б витамин. Избегнувајте бел шекер и заменете го со мед или кафеав шеќер. Исто така треба да се избегнува и конзервирана храна. Од огромна важност за правилен и здрав раст на косата е масажа на темето. Верувајте ми ова ви го кажувам од искуство затоа што го применувам. Масажата на главата ја поттикнува циркулацијата и со самото тоа и обновата на клетките. Уште поефикасна ќе биде доколку главата ја масирате со етерични масла (секако растворени не деректно на кожата) како рузмаринот или лаванда. Рузмаринот е одличен за поттикнување на циркулацијата. Јас лично правам вака. Еднаш месечно во времетраење од 7 дена ја масирам главата околу 5 мин.наведната надолу (2 дена со маскла останатите на суво, за да не ја мијам пречесто косата). На тој начин видно се подобрува циркулацијата која придонесува дури и за побраз раст на косата. Не претерувајте доволно е еднаш месечно затоа што во стпротивно косата ќе се навикне и нема повеќе да има ефект. Редовното кратење на врвовите придонесува за убава коса меѓутоа нема никаква улога во растот или пак згуснувањето на косата. Косата расте од темето така да тука треба да се работи. Доколку краевите се оштетени секако дека треба да се скратат меѓутоа само поради естетика. Во спротивно оштетените врвови само по себе се кинат како и да е и се чини дека косата не расте што не е точно. Таа расте меѓуто стигнува до одредена висина каде испуканите врвови се кинат и вас ви се чини дека косата ви е постојано иста. Видов дека имаше прашања и за чајот од коприва. Да функционира го имам користено подолго време, меѓутоа не очекувајте чудо одеднаш. Потребно е време. Јас освен чајот ја масирав косата и со сварената коприва (користев секогаш билка од коприва а не филтер кесички), меѓуто а престанав затоа што ми ја затемнуваше косата а јас сум природно костенливо светла коса. Наместо коприва сега како исплакнувач за коса користам мешавина од вода со јаболков оцет и етерично масло од лаванда.
Јас од ноември почнав секој ден да пијам чај од коприва слушнав дека бил добар за регулација на хормони и приметив дека и косата ми се згусна од него.
За здрава коса и кожа: Од евтини состојки направете силен домашен напиток Земајте по една супена лажица од напитокот три пати во денот пред јадење, со тоа што најдобро е да користите дрвена лажица. Комбинацијата од пристапни состојки делува поволно на здравјето на косата и кожата. Состојки: 200 мл. масло од ленено семе три мали главици кромид четири лимони со средна големина 1 кг. природен мед Подготовка: Ставете лимон и кромид во блендер ( два излупени и два неизлупени лимони). Додадете масло и мед. Миксајте се додека не се создаде компактна смеса, а потоа пресипете во стаклена тегла и добро затворете ја. Истата чувајте ја во ладилник. Земајте по една супена лажица напиток три пати дневно пред јадење, со тоа што најдобро е да користите дрвена лажица.