Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    6.178
    Пол:
    Женски
    Да знам кои се правилата ама секое дете не е исто. Со внук ми муабет се правеше на таа возраст, сам си кажа што сака за 2 роденден декорација и поклони, мојот е малку побавен во моторика мислам. Исто како на Bella многу е активен, најинтересно периодот му е качувањето секаде и мислам дека премногу е концентриран на физичко развивање, премногу енергија има и само трчи, ништо не прави со одење. Внук ми не е толку активен и никогаш немал желба да се качува по кревети и маси, ама па говорот на 2ипол години му е како на 4. Знае да брои до 20, ја знае азбуката, знае 7-8 бои да каже и точно ги препознава и приказни долги раскажува, буквално си збори како возрасен нормално со некои прифатливи грешки во изговор.
    Затоа сметам дека секое дете е различно и не може вака точно да се одреди колку збора, во просек е ова.
    За стимулација имаш право, помага многу тоа. Од дете што фрлаше и кинеше книги сега ги знае повеќето што ги има. Преку ноќ му се роди желбата за сликовници и мислам тоа најмногу помогна во развивање на говорот. Прво тој со прсчето покажуваше на нешто па јас го кажував со збор што е, па после почнав да го прашувам каде е тоа и тоа, за 2-3 дена знаеше да покаже во 5 книги 90% од предметите. Сега веќе почна да кажува и тој со збор. Пример јас ќе кажам кој е ова, тој “бамби”. Ова се се случи последниот месец, значи многу бргу напредува и затоа мислам дека треба да се даде време до 2ипол години. По моја претпоставка штом ова го научи за еден месец мислам дека до следниот ќе почне и со реченици од 2-3 збора.
     
    На JoyJoy, KuklickaSk, Lavender13 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    20.332
    Пол:
    Женски
    Е син ми така цело време вика ‘бууу’ на работи што бучат, блендер, фен, правосмукалка и сл. Не знам дали ова се рачуна за збор.
     
    На KuklickaSk, Anturium, Lavender13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AleksandraV93

    AleksandraV93 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некоја мајка се соочила со кандида која прави чести воспаленија на ушињата и пречи говорот да се развива, плус нервоза и вриштење кај детето? Терапија дали сте примале и како било после тоа? Фала
     
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    5.513
    се рачуна за збор, се што е кажано со значење а да не повторување откако вие ќе кажете се брои за збор. Ау за куче ако кажува кога ќе види куче се рачуна за збор исто. брм, бу, оп и други звуци се зборови исто како и ономпатопеи. се рачунаат и како различни зборови ако користи ба за балон и ба за баба на пример.
    Нормално е првите зборчиња да доаѓаат и да си одат, да ги кажуваат неколку дена па после да престанат. ако барем 4 пати го кажал со значење (не како повторување) се смета за кажан збор.
    Според CDC 3 збора до 15 месеци, 10 до 18 месеци, 50 до 24 месеци се сметаат за минимална граница. Помалце од тоа се сметање за каснење. Каснење во говор е многу често и најчесто децата сами го надраснуваат а доколку не има потреба од работа со логопед. Колку порано се почне со работа толку побрзо ќе се надмине доцнењето. Според ова што го пишуваш вие не доцните. Знам дека во овој момент 50 ти се чинат многу ама има периоди што се викаат експлозија на зборови и буквално преку ноќ се случуваат.
    Обично после првите 50 зборчиња доаѓаат и првите поврзувања на две зборчиња (пример мама дај, тато земи, ајде ам ам и сл). На околу 100 зборови доаѓа експлозија на зборови кога почнуваат забрзано да учат нови зборови секојден и тоа по 2, 3 па и повеќе дневно.

    Е сега, не сум ни логопоед ни стручно лице него некој што превише се замарал со развој на децата и ова ми е од истражување што сум читала (ама релевентни потврдени извори)
    Моето искуство беше вака: Бебе Б прво зборче на 9 месеци, до годинка имаше 7-8, до 15 имаше 30тина и веќе неколку фрази од 2 зборчиња на кои остана долго време додека не му се зголеми вокабуларот. На 18 имаше 50тина по кои почна забрзано да додава по 20тина месечно. Пред секоја мини експолозија имаше период на стагнација кога ништо ново не кажуваше. Некаде на 22 стигна до 100тина збора и престанав да бројам зашто почна да кажува нови секојдневно некогаш и по 10 нови, не можев да добројам
    Бебе А прво зборче на 11 месеци, на 12 имаше 2-3, на 15 15тина. Значи беше поназад од брат му и тоа доста. на 17 прв пат почна да врзува и неговиот развој на говор беше полинеарен без тие стагнации што ги имаше другиот. на 22 месеци некаде го надмина брат му и во број на зборови и на 23 веќе почна доста реченици да кажува. И тоа буквално преку ноќ се случи. Од еднаш отвара уста и искача реченица од 5-6 збора и јас останувам запрепастена :D. Сега се 2 години и 2 месеци, двајцата зборат со кратки реченици, и се менуваат периодично кој повеќе збори. Е сега, знам дека не доцнеле можеби биле во некој просек и не напредни ама сакам да ти кажам дека и кога се идентични близнаци не се развиваат со исто темпо, и ако едно дете доцнело со говор може да претекне дете што било напредно.
    На крај на денот до 2 години многу побитна е невербалната комуникација и рецептивниот говор. Ако знае да ти покаже што сака со гестови, ако имитира по тебе движења, ако разбира и извршува наредби и да нема говор воопшто не е загрижувачки. Меѓутоа има показатели кои може да предвидат како ќе се развива говорот. На пример еден од најбитни показатели од невербална комуникација е покажување со прсте (да побара нешто ама и да покаже нешто што му е интересно) Децата што порано почнуваат да покажуваат со прсте порано и прозборуваат. За задоцнето се смета ако нема показен гест до 18 месеци. Исто и со имитирање, прво на акции со предмети, после на движења а најпосле на звуци. Ако ги имате сите овие, нема потреба да се грижиш.
     
    На JoyJoy, Carolin., PoisonGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    20.332
    Пол:
    Женски
    Секогаш знаеш убаво да објасниш и да ми расчистиш некои дилеми. Фала ти! ‘Бу’ кажува сам кога и да слушне дека нешто бучи, за кокошката никој не му кажал ‘коко’, јас цело време викам како вика кокошката, кокодак и он веројатно од таму си го извади тоа ‘коко’ и еден ден почна да го кажува и да ја бара, а воопшто ја немав спомнато. Сите овие работи што и ги наброи на Лаванда ги прави. Невербалната комуникација му е супер, одамна покажува со прсте кога нешто сака или кога сака негде да оди. Треба да почнам и јас со броење на зборчиња, чисто за да имам некоја си претстава до кај сме. Пред малку зборев со сестра ми на видео повик, а он си играше. Она неколку пати му рече кај си тета, ај на тета и по некое време дојде и се појави пред камера и рече теета. :) Она се прерадува, ама јас не мислам дека е со значење, не ми изгледаше така. Ќе видиме како ќе течат работите. Можно е малку да касни, ќе го следам во наредниве месеци па ако има потреба дефинитивно ќе се консулирам со логопед.
     
    На JoyJoy, Cosmic Girl, le.soleil и 2 други им се допаѓа ова.
  6. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    5.513
    Да бе не е со значење, мисли си :D
    На добар пат сте, ќе видиш за кратко кога ќе почне да те шокира со зборчиња и ќе се чудиш од кај ги знае:D
    Еве ќе прикачам една книга со супер совети како да се потикне говор кај дечиња. Еден од советите што ги читав а никогаш не успеав да ги практикувам е да не ги давам со прашања што е ова што е она или ај кажи ова кажи она. Ги удавив децата не е ни чудно што ме игнорираа.
     

    Прикачени фајлови:

    На JoyJoy, Cosmic Girl, kozuf и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    4.527
    Леле фала ти премногу!! По напишаново син ми е скроз ок, покажува со прсте и прави звук кога сака нешто, некогаш и намерно пробувам демек не сум сфатила, па ако ми покажува кон играчката, јас викам што сакаш, вода? И ми вика не не не и покажува повторно кон играчката.
    Песнички му пеам, секоја недела менуваме фаворит, пример сега е фаворит "if you're happy and you know it". Пред тоа беше "itsy bitsy spider". Е сеа кога сака да му ја пеам песната, ми шлапа со рачињата. Ако ја почнам погрешната песна ме прекинува и вика не не, и шлапа со рачињата.
    Затоа и велам, имаме супер невербална комуникација, дури и се мислам дека тоа е дел од "проблемот". Ќе испадне ова ко црногорскиот виц, детето што не прозборило до 4 год пошо немал замерки до тогаш.:D
    Се обидувам да стимулирам, еве не го прашувам Што е ова, што е она, ако покажува кон нешто му го давам и 5 пати повторувам што е. Знам дека треба многу работа, искрено до сега не се загрижував многу, ама се видов со пријателка викендов и нејзиново збореше сто на саат, таа и ми го посади црвот со некои коментари и толку треба.
     
    На JoyJoy, Carolin., Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  8. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    5.513
    И јас истото го викав, со прсте, со пантомима некој збор ќе уфрлеа и цел муабет ќе направеа невербално, плус јас со нив по цел ден одма ги разбирав што сакаат и се зезав дека немаат мотивација да се "пуштат". Пример за нож викаа а а а (зашто ги карав кога фаќаат нож) и едниот ми вика мама а а а, покажува накај портокалот и со раче ми покажува како да сече и тоа му значеше мамо излупи ми портокал :D
    Не споредувај со други деца, ниту пак слушај коментари. Штом имате невербална комуникација ќе дојде и говорот. И 16 месеци е премногу мал, повеќето од децата имаат имаат speach explosion меѓу 18 и 24 месеци.
     
    На Carolin., PoisonGirl, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  9. MamaMara

    MamaMara Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2022
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Vasilka, ama ne e vo Aerodrom tuku vo Kisela Voda.
     
  10. Beti2023

    Beti2023 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки ,би ве замолила за искуства , имам детенце 20 месеци и премногу грижи за него , сеуште нема кажано ни еден збор , наредби може да кажам скоро и да не разбира . За дај може понекогаш ако му е кеиф да ни подаде тоа што му е во рачето . За ајде да се бањаме знае точно каде да не однесе . Контакт со очи има супер , следи кој каде оди што прави , сака да си игра со деца , количка да вози, ама дефинитивно имам чуство како да заостанува со развој и многу ретко покажува кон нешто , најчесто нас не води ако не можи да дофати нешто ама ретко покажува кога го прашувам . Каде сте биле за почеток кога имавте сомнение дека нешто не е во ред . Дали првен проценка кај дефектолог , дали кај детски невролог , се јавив и ме стави во список на чекање кај владимир трајковски , помагајте со искуства
     
  11. AleksandraV93

    AleksandraV93 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Од искуство, детето се носи прво на педијатар, после тоа на орл специјалист мора да се провери дали е се во ред со слухот како најбитно, доколку има некаков проблем со слухот се решава прво тој органски проблем, се носи на развојна проценка да се види до каде сте, па потоа по препорака нивна или на Др. стручен за тоа се носи на дефектолог и/или логопед во зависност од тоа каква е ситуацијата. Моето дете е 26месеца, истите симптоми ги има како вашето детенце, кај нас се појави намален слух поради течност во средно уво и сега се наваму повторливи отити (инфекции на ушите). Ти го кажувам ова зошто ако се работи за таква состојба тоа не предизвикува болка и не можеш да го приметиш кај детето. Прво направете ги овие работи па ќе ве насочуваат. Ние бевме на орл кај Оливер Зографски во Велес и во Воена Болница кај Никица Атанасова, бевме на проценка во Калинка и на преглед кај Др. Олга Јотовска ти ја препорачувам одма нејзе, за што и да е проблематиката да ве насочуваат правилно и да се направат правилните испитувања. Поздрав
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. UNA MUNA

    UNA MUNA Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Јас можам да го споделам моето искуство за кое се надевам дека ќе ти помогне.
    Исто имаме детенце малку поголемо,2 години и 3 месеци ,ништо ни зборуваше ни покажуваше,а на име се вртеше тој кога ќе посака. Инаку разбираше буквално се што му зборувавме и извршуваше наредби.
    Најпрвин го однесов на педијатар и специјалист за слух,а потоа и на дефектолог. Сите овие процени беа во ред.
    Кога бевме на второ мислење исто кај дефектолог во Скопје, е тогаш ми почна голготата. Ми кажа дека е аутист,дека нема фина моторика дека има потреба од сензорна соба и што уште не. Може и ќе ја објавам со име и презиме, затоа што подоцна читав дека таква дијагноза НИКАКО не дава дефектолог на прв преглед. Ги измалтретирав скоро сите мајки овде со слични проблеми, и по соберени искуства заминавме кај детски невролог, Д-р. Дума.
    Прекрасна препорака за него, доктор на место што се вели. Убаво прашуваше,набљудуваше,и на крај ми кажа дека детето нема аутизам,дека говорот како говор може да дојде и подоцна и под итно да исклучиме екрани. Е важно е да напоменам дека кај моето дете имаше неразбирлив говор, брбори постојано, и ономатопеја. Екрани скроз забранивме 3 месеци,значи никако не гледаше,и сега исто со консултација на докторов воведовме песнички на македонски. Ни рече дека преку песна многу чесно децата се пуштаат со говор. Така и беше. Сега е 2 години и 7 месеци,повтара зборови,ги пее песничките,покажува и бара што сака,буквално се разбира. Нема чист говор,можеби ке има потреба и од логопед,ама по 3 и пол години.
    Она што не советуваше докторот освен забрана за екрани се и играчки за стимулација, сортери,овошја за сечење, риби на магнет,песок со форми и сл.
    Ни рече дека е пожелно и посета на дефектолог, само ако детето соработува. Нашето не сакаше за воља на вистината и оставивме по 3 години пак.
    Се надевам дека ти помогна моето искуство,особено да внимаваш и каде го носиш на процена,а и да побараш друго мислење. Дури кога докторот ни кажа негово мислење и насоки дома се опуштивме,а и дете си прозборе.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AleksandraV93

    AleksandraV93 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Кај нас е 2 и 3 месеца и исто така не се врти кога како или надвор повеќе дома послабо, наредби не извршува баш се ама по нешто знае да направе, не покажува така за рче не носе до кај што сака или ни носи нас нешто што сака да јаде или книга да му покажувам да читаме, постојано брбори нешто има неразбирлив говор така ама ретко знае и да повтори по нешто, никаде не рекоа такво нешто посебно не дефектолог боже сачувај. Го носев јас кај Олга Јотовска и она рече дека не е аутизам или нешто генетско, дека доцни со говорот и тие некои фрустрации што ги има оти не може да се искаже си го прават своето, понервозен и така мн нема фокус, вниманието пократко му се задржува ама се заигрува коцки реде и тн, фина и груба моторика развиени за возраста, правевме само некои испитувања и се покажа кандида поради многу антибиотици оти он мн испи заради тоа што го имаме па и проблемот со честите отитит и течноста во увцата а со тоа и намален слух, јас затоа реков и слухот да се провере доколку не е. И јас сум извадена од памет свашта нешто читам а што повеќе читаш повеќе се плашиш и нема крај. Инаку и кај нас се екраните изгасени и само песнички на македонски пуштаме.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Beti2023

    Beti2023 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Да едно од мислите ми беше и за кај доктор Дума , кај нас педијатарот можам да кажам најдобриот во градот упорно ми дава совети дека е мал , дека рано е да се оди било каде , но , мислам колку по рано толку подобро за него ако треба на нешто повеќе да се работи.Читав доста за тој доктор и некако мислите ми се за од кај него да почнам , затоа што колку што разбрав првен невролог треба да даде мислење и потоа се друго .
     
    Последна измена: 20 септември 2024
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Beti2023

    Beti2023 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Комплетно ве разбирам , дали на приватно работи докторката олга , екрани не пуштаме веќе долг период , книги читаме , има денови кога си мислам дека ќе помине , потоа пак ќе прочитам нешто и пак во круг со неубави мисли и секирации ,
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AleksandraV93

    AleksandraV93 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Др.Олга работи како консултант во Калинка, треба во Калинка да се јавете и да ви закажат кај нејзе термин, околу 1 час не задржа, ама многу се чека за кај нејзе барем 2 недели оти има мн пациенти а мислам дека само два дена оде во Калинка. Ти сега веќе опушти се детето е вака како кажуваш супер, ние ќе стискаме заби додека пуште говор, знам маки невидени се и секирации.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AleksandraV93

    AleksandraV93 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Извини сум те помешала со другата членка, да во ист кош сме.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.867
    Допаѓања:
    18.023
    Пол:
    Женски

    Јас дојдов да прашувам за зборењево, вие веќе сте ми ги решиле дилемите. :D
    Мојов одамна покажува со прсте што сака,а кога не го разбирав ко помал што сака знаеше и да го каже зборот натоа што го сака ама само тогаш еднаш или два пати и толку. На пр. Седиме во двор и на масата, кафе,сок(чај ама ние му цикаме сок дека е:rofl: ), вода, јадење баба му го држеше а он се тегли по нешто и јас го прашувам "ти се јаде? Ти се пие? Сакаш да си играш?" И он пак се тегли повторувам "што сакаш?" И извика "сок" јас: "сок сакаш?" "Да" се напи и тоа беше. А сега оди и го зема шишето сам. Ако е празно ми го дава да му ставам. Вчера се смеевме многу, беа на шетање баба му и дедо му и му купиле чинивче и шишенце и стоеја на масата во дневна. Вечерта го зема чинивчето оди во кујна кај шпоретот вика адеее и прави мњам мњам со устата. Му се јадело на господинот :rofl:

    Со ножот ме потсети, за во штекери и канта да не чепка знае дека не смее и сега оди на кај нив и вика "не не не" :rofl:
     
    На lackygirl и le.soleil им се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.696
    Пол:
    Женски
    Ако ја видел тета на пр. и рекол тета, тоа е збор со значење.
    Имитацијата на животни како ав-ав и сл. се ономатопеи и се дел од говорот и треба да ги има. Нормално е да не ги повторува нон-стоп зошто се заситуваат од истите звуци, сигурно ќе сакаат некој нов да слушнат и да научат. Ако било кучето интересно еден период, после ќе е кравата или нешто што видело подоцна.
    Зборувањето додека си игра на глас е исто говор. Може да е неразбирлив ама е говор. Негде на форумов имам објаснувано за интризичен говор (внатрешен говор) и дека пред да се појави тој, децата зборуваат на глас и додека си играат или се активни си ги раскажуваат своите мисли и постапки. Понатаму низ когнитивниот и говорниот развој тој говор се повнатрешнува (станува интризичен). Но тоа доаѓа подоцна, рано ви е за тоа :)
    Овде негде беше -
    https://forum.femina.mk/threads/Зборување-сам-со-себе.17253/page-10#post-5877132
    Еве еден фин натпис на македонски од логопед, колку за референца што кога
    https://deca.mk/ne-komunitsira-so-d...a-ke-go-prashaat-neshto-kako-da-mu-pomogneme/
     
    На KuklickaSk, kozuf, Lavender13 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    12.161
    Пол:
    Женски
    @Lavender13 мало е, треба околу 1 година и 6 месеци да кажува два збора целно, да речиме: ајде одиме, сакам јадам, а дека толку мало ќе кажува 5 зборови нема шанси.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.