Ехе, цело време си зборам. Си стварам секакви ситуации во глава и ќе си речам ама не, не вака, поарно онака да направиш или така да речеш или па си замислувам сценарио некое кај што сум јас главен лик па си зборам со одредена личност и тука скроз цел муабет го имам испланирано. Дури некогаш несвесно ко што си размислувам, на глас ќе се насмеам или изустам по некој збор од што сум толку внесена. Ама тоа по дома само, надвор не. Си давам и совети ама ретко кога ги послушувам.
Да, зборувам и моите многу ме караа поради тоа. Постојано ми велеа 'Само будалите сами зборуваат'. Арно, ама науката кажува друго. Читав дека тоа значело дека имаме висока интелигенција.
Ми се има случено. Особено кога сум на шопинг и во глава си размислувам што да купам. Или некакви дилеми ако во глава решавам сама со себе за било што. Еднаш во дм така гледав нијанси на кармини и ја у себе си зборам ама несвесно ми дојде на глас да си кажувам не таа нијанса ти е поубава од оваа, таа земи си ја и забележав една жена до мене чудно ме погледна. Несвесно скроз ми се дешава.
Ми се случува,последниве години.Премногу стрес,многу обврски,а прилично сум одговорна да одговорам на сите нив.Рој мисли имам во секој момент,па некогаш знаат експлозивно да скокнат како пуканки од апарат .
Внатрешниот говор - оној што се одвива во нашата глава без знаење на другиот, може некогаш ќе ги помине внатрешните контроли на мозокот и ќе излезе од устата, ќе го кажеме гласно. Тогаш станува надворешен говор. Немора да се каже вербално, со гласовниот апарат, може да се каже и невербално, со телото, лицето во вид на гест, мимика, став, движење. Сте виделе некогаш некој си мисли нешто во себе и му се читаат мислите на лицето преку мимиката - ги движи веѓите, устата, прави гримаси. . Тоа е толку универзално за сите луѓе, што сите го прават независно од културата и расат на која припаѓаат или јазикот кој го зборуваат. Дури и кај приматите постои, така што најверојатно е и генетски одредено. Нема човек што не го прави тоа или што толку успешно, во секој момент, може да ги контролира своите реакции до степен да не го издадат што мисли во себе. Гледајте ги луѓето кога зборуваат по телефон, некогаш се однесуваат исто како да се лице в лице со соговорникот, иако знаат дека тој не може да ги види, може само да ги чуе. Некогаш слабата контрола е заради тоа што мозокот прави паралелно еден куп работи и е проптеретен и неможе истовремено добро да води сметка за околината и да анализира дали е прикладна реакцијата на ситуацијата. Некогаш тоа е заради силни емоции кои ги чуствува во моментот и го преземаат кормилото врз телото. Во психологијата има цели правци и теории за оваа област. Денес е доста популарен тој дел од психологијата што се занимава со комуникација. Има и доста литература и експерти за таа област, за говор, внатрешен говор, говор на телото и итн. Според една теорија (на Виготски) внатрешниот говор е продукт на когнитивниот развој на детето. Тој сметал дека надворешниот говор и интерперсоналните дијалози (разговорот со другите луѓе) постепено станува внатрешен говор и интраперсонален дијалог кај детето, благодарение на неговиот когнитивен развој. Процесот го нарекол интерналзација на говорот или грубо преведено повнатрешнување на говорот. Поддршка за неговата теорија нашол во оној феномен кога малите деца си играат или изведуваат некоја когнитивна активност и си зборуваат гласно што прават: - ова вака сега, ова така сега. Овој говор се нарекува егоцентричен говор или приватен говор и го сметал за транзиторна фаза во процесот на интернализација, за преод меѓу двата вида дијалози. Виготски сметал дека основната улога на егоцентричниот говор во развојот на детето е во тоа да му помогне да научи како да го регулира своето однесување и своите мисли. Подоцна според понови емпириски студии ова негово сфаќање за улогата на егоцентричниот говор се преиспитува и се открива дека егоцентричниот/приватниот говор кај детето има повеќе функции во развојот на детето, а не само саморегулаторна, како на пр. вежбање социјални интеракции, вежбање говор и изговор, учење на јазикот, играње улоги и преправање. Истотака новите сознанија велат дека егоцентричниот говор не се губи, како што сметал Виготски, откако процесот на интернализација ќе заврши, туку дека овој говор си останува и кај возрасните и си има саморегулаторна и мотвациона улога. Убаво е ова да се знае и да се има во предвид кога се обраќаме на некој друг. Особено на децата. Она што е надворешен дијалог со возрасниот, после станува внатрешен дијалог на детето. Она што негуваме - расте.
kolku detalno i opsirno davas objasnuvanje ne samo na ovaa tema,nego i na mnogu drugi na forumot,respect and bravissimo
Фала ти. Се трудам да објаснам иако може преопширно четиво е ова за еден формат како што е форумов, ама го правам тоа зошто сакам да оставам информација која ќе има едукативна вредност. Некои сознанија стварно не се познати, особено на пошироката популација и особено на помладите. Бар од областа на психологијата можам да споделам. Кој сака да дознае, ќе може да прочита некогаш.