Ве читам и само сакам да кажам дека секое дете си има свое темпо. До две и пол години јас не би кревала паника за ( не ) зборување. Можеби вака велам зошто имам дете кое е зборлесто. Секој ден нешто ново учиме. Незнам колку има удел ама јас нон стоп му зборам, и сите дома. Многу му пеам и вака, и за успивање секогаш песна. Знам и песнички на тел да му пуштам, не претерувам се разбира, ама не е исклучен скроз од екрани. Сметам дека уз песни, читање приказни децата упиваат. Моето е 16 месеци и кажува мама, тата, баба, деде, дада, тете, тота ( лопта ), абда (јаболка) , дува ( кога го прашувам што прави ветерот ), нона ( кучето дона на комшиите ), дуна( дуња комшиката), нана( кога му се спие), сусе ( цуце), сисе (цице), ауто, и некогаш поврзува ауто одее кога ќе помине кола на улица, и паде (паѓање), бум бум, ода(вода), дај, да, не не, оче (сака), чао, рупа (дупка)... Можеби има уште ама сега не ми иди што се друго кажува. Животни кажува како викаат. По ова што изнапишав, сакав само да се сослушам дека сме на добар пат. Ќе зборуваат и вашите и има реченици да врзуваат кога ќе почнат. Внука од брачеда до две години ни мама ни тата. После муабет ни правеше по втората годинка. Така да не паничете пред време.
Штом почнува да користи зборови, ќе се случи и експлозија на зборови без гајле. Ако сакаш да го стимулираш читај му секој ден детски сликовници. Таму има зборови што не се користат во секојдневие (пример колку пати дневно го користите зборот жирафа по дома на пример или гитара?). Исто така песничките кои ги пеете нека бидат само на мајчин јазик сега за сега, има време за учење англиски (тоа го успорува прозборувањето зашто детето треба да направи разлика меѓу два јазика).
Дома зборуваме на македонски, ама во градинка е 8+ часови дневно изложен на друг јазик, мислам дека и тоа има голем ефект секако.
Да тоа секако има влијание. Ама дома исклучиво македонски, таму исклучиво друг јазик. Да не му се мешаат јазиците кој за каде е. Иако ако почнало да зборува ќе се пушти, му треба време да сфати како да ги користи и двата јазика паралелно.
Вашето дете реално учи два јазика истовремено. Истото се случува и со дечињата кои се во семејства со мешани мајчини јазици - на пр. мама зборува еден јазик а кога го чува некој друг му зборува на друг јазик. Говорот кај нив може да доцни со развојот во смисла да почне подоцна од очекуваната возраст, но кога ќе почне тоа дете ќе почне да зборува и на двата јазика. И ќе ги научи двата јазика течно. Во секој случај ова се примери каде природно е детето изложено на различни јазици и тоа така мора да биде. Детето живее во странство или во семејство со мешани националности. Друг случај е сосема кога родителите немаат потреба да го изложуваат детето на двата јазика, ама мислат дека така тоа ќе е понапредно па предвреме го изложуваат на туѓ јазик со песни, цртани и разни видеа или му зборуваат намерно. Тоа е форсирање на некој начин. Треба да му се дозволи да научи мајчин јазик, па за англиски на пр. ќе учи потоа.
Мајки повторно јас дали некој добил дијагноза кај детенце развојна дифузија, денес прв пат е однесен на преглед кај проф Владимир трајковски и тој дади мислење за оваа дијагноза , ве молам за искуства
И моето учи два јазика одеднаш. Српски и македонски. Ама пак е подруго од што се доста слични јазици и реално немаме проблем за сега. Си изговара повеќе на српски што е и очекувано, сите во околина и дома му зборат српски, само јас македонски. Ама кога се доста различни јазици е доста поинку и сигурно збунувачки за децата. Ама какви се сунѓерчиња, не сумњам дека се ќе пребродат.
Не сум пишувала досега ама и мојата до две ипол години не зборуваше убаво, со оглед на тоа дека македонскиот само од мене го слушаше и татко и кога ќе си дојдеше од работа. Тргна во градинка и буквално како да ја фрливме во оган, не знаеше македонски многу, а англиски нула знаење. Имаше период тогаш на плачки, ме фати паника се спакував и во Македонија. Бевме на прегледи ми викаат здраво, право детето е. Седевме месец ипол повее луѓе, баби, дедовци, тетки како се врстивме веќе се зборуваше. Покрај македонскиот, еве веќе си збпрувс англиски баш добро, и тоа не само зборчиња туку целосни реченици кажува.
мајки на 1 годишни деца (1година и 1недела е дете), што прават вашите деца? не знам дали е во ред или дополнително треба да се работи -кажува мама -покажува со прст што сака -покажува со прст во сликовница на прашање кај е бубамара -на прашање што прави колата,мачето,лавот дава ономатопеја за сите предмети/животни -си гуга, пее и комуницира со сите -на прашања кај е он,мама и тато не покажува сите во албуми -распознава кое куче е кое и покажува со прст -на прашање колку години има, покажува 1 со рачето и знае да дува свеќички
фала мајки, немам баш едногодишни деца во близина да прашам а вообичаено родителите на постарите не се сеќаваат баш на овие детали. морам да напоменам дека читаме сликовници нонстоп, дури досадна сум, а има некои интерактивни кај што чукаш на тапани, дуваш свеќи и слично со сензори
Супер е за возраста детенцето, не мора да го тераш со сила за ништо, малечко е, 5 минути е максимум за нешто што им задржува внимание, на таа возраст. Носење надвор на прошетки е најдоброто нешто, интеракција, качување, комуникација со деца и сл. Дома треба и само да покаже интерес спрема нешто, ако е со сила може само револт и контра ефект да направиш.
Јас првпат ја слушам оваа дијагноза. Дали ви објасни нешто повеќе,што да работите кои знаци ги има приметено кај детето
секако дека не го форсирам, сакам да кажам дека ми се прва алатка за стимулација (многу почесто тоа отколку пример количка иницирам). знам дека вниманието им е кратко, јас сум среќна ако успееме да раскажеме по 1-2 реченици за секоја страна. Качување тешко се уште, ама очекувам во наредни месеци
Razvojno docnenje so govor I razbiranje , razbira nekoi raboti no nekoi seuste ne , zborovi ne kazuva ,preporaka supplementi I logoped , ama neznam dali nekoj ke se nafati na nasata vozrast 1 God I 8 mes
Прашајте во Гаспар, од најмала возраст работат со деца. Син ми е 5г и оди за поправка на Р, ама баш гледам дечиња од година ипол нагоре. Колку порано се почне, подобро е за детето.