само кога сум нерозна зборам сама со себе или пак кога ке направам некоја глупост се смеам и зборувам
Мислам дека нема некој што не зборува сам со себе..кога е нервозен,радосен,кога му е досадно..итн. Јас си зборувам само по дома
Одамна си немам. Да си се смешкаш, кикотиш, па и да си заплачеш...еее времиња беа тоа... Сега сама сум само во ве-це, а таму нешто не ми е до муабет
Epa vaka kako i sekoj normalen coek nekogas doaga do takov moment...jas go narekuvam moment na ludilo moj predlog e toa deka e najdobro da si go pravis samo koga si doma... a veke toa na ulica ne e vo red bidejki nekoj ke si misli deka si lud/a xd haha pozz <3
Кај мене тоа е веќе секојдневна појава,ми се случува некогаш и на улица кога сум многу изнервирана од дома и од ред други работи што ми се наталожиле веќе подолго време,па затоа морам да одам малку на свеж воздух да се издувам што се вика,но тогаш секогаш гледам малку да се контролирам,но тоа не секогаш ми успева! Инаку,моите дома така правеа,баба ми покојна и дедо ми покоен,исто и вујко ми,па јас од нив се научив и јас исто на таков начин да си ги олеснувам маките! Не знам дали е тоа нормално или,пак,е патолошка појава,но мене барем така ми е многу полесно отколку да ставам и потиснувам се во мене!
Читам по темава сите пишувате, кога сум нервозен, кога имам проблем, кога сум среќен кога ова кога она... Некои пишуваат и не поминува ден без да си прозборам со себе... а мене дополнително ме фаќа паника и нервоза. Кај мене па, не поминува минута без барем да си прокоментирам самата на себе нешто. Со себе зборувам секојдневно, за се и сешто, во секакви ситуации и во секаква ментална и емоционална состојба. Веќе престанав и да размислувам во себе, затоа што сите мисли што ми поминуваат ги кажувам гласно, значи гласно размислувам. И ете... не знам како да си помогнам на себе. Дома веќе ме научија, кога мајка ми ќе слушне како си зборам не се чуди веќе, затоа што е навикната на таа моја состојба, а тоа воопшто не го сфаќа сериозно туку како минлива фаза. Не можам на никој да објаснам. Кога одам по улица исто знам нешто да си кажам, но тогаш е тивко. Значи јас веќе не можам без да си зборувам со себе, премногу ми пречи тоа и не знам што да правам. Веќе една година си мислам дека ми имаат вградено чипови за следење, дека ме снимаат со камери каде и да одам што и правам тие знаат ! А кои се тоа тие !? Појма немам. Само знам дека јас повеќе не можам тоа да го издржам. Едноставно не можам да се опуштам и да го живеам животот како секој, туку цело време сум под притисок, дури и кога заспивам, кога се бањам, кога мијам заби, кога сум излезена, кога сум со другарки, кога сум сама - буквално секогаш. Не можам да бидам своја и не можам да се опуштам. Не си дозволувам да направам некое глупо движење затоа што мислам дека се гледаат! Се надевам дека ќе го надминам ова лудило.
Си зборам, се карам, совети си делам, си се смеам да, и тоа на глас само гледам тоа да биде по дома Некогаш и надвор од дома ама почнав да внимавам на тоа А и во себе скоро секогаш си зборувам, или си замислам некој па му зборам и често размислувам и си замислувам нешта Размислувам поинаку, сама си зборам па за сестра му сум лудача Мислам дека зборувањето сама со себе не ми е проблем си се навикнам
Одамна си разговарам сама со себе,ретко на глас.Најчесто во ситуации кога сум деструктивно настроена спрема самата себе па си мавам една серија критики упатени спрема самата себе.Некогаш па како совет да ми дава внатрешниот глас,или онака некои рандом разговори.Пффф дури замислете мојот внатрешен глас има и име не го крстив јас сам така се претстави.Се извинувам ако звучам како луда,сепак свесна сум дека се е само дел од мојата психа и фантазија.
3а мене човек што си збори сам со себе не е болен, напротив, тој што не си праи муабет со себеси некако ми е сумљив .
Нема ништо ненормално во тоа. Ако разбирате англиски прочитајте го текстов од Психцентрал World of psychology: Разговарањето со себе знак на нормалност! На тој начин многу луѓе си ги средуваат емоциите и мислите во врска со некој изминат настан, или се подготвуваат за некој иден настан (на пр. презентацијата што треба да ја одржат - пожелно пред огледало). На една осамена баба лекарот и советуваше за подобро психичко расположение да прави муабет барем со верверичките или кучето. Проблемот настанува кога луѓето не умеат да се контролираат во склад со околината што ги опкружува, на пр. во автобус да почнат сериозно да зборуваат сами со себе, или навистина да поверуваат дека имаат некаков соговорник (кој на пр. ги наведува на нешто деструктивно) иако околу нив никој не им обрнува внимание.
Зборувањето сам со себе не е нешто непознато и лудо..Мислам дека е ок, тоа да го правиш кога имаш излив на емоции. Јас мислам дека во моето опкружување не постои некој кој би ме сватил како личност, и да ги открие сите мои предности. Многу луѓе мислат дека сум неспособна за нешто што можам да го направам, па поради тоа се нервирам и си зборувам сама со себе..Едноставно тоа мене ме опушта и знам дека јас самата себе си се сфаќам, затоа што другите, па и најблиските мислат дека сум комплексна личност :/