Зборување сам со себе-еден вид олеснителна околност кажувај си кажувај си..такааа терај и ќе се олесниш коќе се си изнакажиш Има едно најдов на нет: Има 4 степени на лудило 1.Зборуваш сам со себе 2.Се караш сам со себе 3.Се губиш во караницата сам со себа 4.Не си збораш повеќе пааа,има моменти кога онака ќе ми текни да зборам со мене(моменти на нервозна јас)
хахах да!! понекогаш ми се случува да си зборувам самата со себе,дијалози си правам,преправам се дека глумам,пробувам да зборувам англиски со британски акцент,може да звучи лудо ама мене баш ми е интересно
Почесто зборувам во себе со саати но се случува и да пцујам да ветувам нешто да си кажувам како ке се одмаздам на некого за нешто аххаха
Хм.. многу често, особено кога сум нервозна си викам сама на себе, денеска брат ми влезе во собата и ми вели со кого зборуваше, и јас сама
Ми се случува да зборувам сама со себе и мислам дека тука нема ништо чудно.Особено го правам ова кога сум нервозна или бесна и се критикувам и карам себеси.
Е добро де, и јас тоа го правам. Понекогаш дури се обидувам да размислувам на англиски( добро ми оди).
Единствено кога сум тажна, ама онака ептен даун и сум потполно сама ми се има случено да шепотам на глас и на тој начин си водам монолог, т.е дијалог со себе. Јас тоа си го викам консултација со моето второ јас или со експертот
Единствено кога сум тажна, ама онака ептен даун и сум потполно сама ми се има случено да шепотам на глас и на тој начин си водам монолог, т.е дијалог со себе. Јас тоа си го викам консултација со моето второ јас или со експертот
Мислам дека е нормално од лутина, бес, среќа, од некоја емоција да сме потикнати и да си прозбориме сами на себе. Учење лекции, вежбање јазик, тоа е веќе друго, не влегува во оваа категорија. Но, тоа што ме зачудува е што се повеќе гледам познаници кои се скроз нормални, а по улица си брборат, шепотат нешто...
Зборам сама со "себе". Го сакам звукот на мојот глас, нема да се извинувам за тоа. Кога зборам со "себе" сум исклучиво дома и сама, на тој начин најчесто барам решение за некој проблем, или се тешам себе си.
Ехеее некогаш несвесно, ама понекогашш, си застанувам пред огледало и почнувам на аглиски да си зборам колку сум убава, кај ќе идам, па ако видам некој што ќе му кажам, абе филмови хахахх
Дајте ми огледало и let the movie begin! 80% од разговорите што ги водам ги водам со себе. 40% од нив се пред огледало, а другите 40% се кога отсутно гледам во телевизорот, демек се социјализирам со моите или на досаден час на училиште.
Да понекогаш,а во последно време зачестив И секогаш го правам на друг јазик,да не изгледна ептен налудничево