Мислам дека ретко да има човек што воопшто не си зборува сам со себе. Јас веќе тоа почнав да го правам автоматски. Најчесто кога сум нервозна, а исто така кога ќе видам нешто што ќе ми се допадни многу. Понекогаш и намерно зборувам, само гледам да не биди толку гласно за да не ме чуја некој.
Често кога сум сама знам да си зборувам со самата себеси. Не знам, така кога си ги кажувам проблемите, со тоа не дека ги решавам далеку од тоа, туку некако ми олеснува отколку да ги чувам во мене.
Кога сум нервозна и лута на некој и треба да му кажам нешто е тогаш дури да го сретнам ми се случува сама да си зборам чат пат, си раскажувам вака ќе речам, така ќе речам ..Се отепувам од правење муабет сама со себе..
Самата за себе си сметам дека сум си најдобар пријател. Ако понекогаш ми треба нешто или имам нешто да се искажам, ќе го кажам на глас. Потоа ќе си најдам решение. Секогаш ми успева тоа и ретко да зажалам. Не е никаква лудост, иако мене дома ми се смеат. Мислам дека секој си има потреба да зборува со некоја паметна личност барем еднаш дневно нели?
Ми се случува, особено кога сум под стрес. На некој начин ми олеснува откако ке си го завршам монологот.
Си зборувам сама со себе кога сум сама дома, така ќе си пуштам музика и ќе си зборувам вечер јако ќе си поминам, вака ќе направам, така ќе направам, а си зборувам и кога сум тажна т.е. сама се тешам. Си зборувам и кога гледам филм а не зборувам како да зборувам на филмот демек "Не оди таму" туку си велам не треба да оди што е глупа јас да си бев ќе знаев шо да праам
Само кога ќе се акнам од врата или од маса, што често се случува, знам да опцуjам на глас, а така сите разговори со самата себе сега за сега ми се во главата. Дури и помала кога бев додека играв сама, сите сценарија од играта ми беа во мислите. Моите дома исто така никогаш не сум ги затекнала да водат такви монолози.
Мислите и чувствата тешко се доведуваат во хармонија.Секој има потреба да го преиспита своето јас.А тоа значи дека водењето монолог спонтано се случува.