Зборувањето сам со себе на глас вака од страна ми изгледа многу налудничаво но веројатно самите личности го прават несвесно и не се во состојба да се контролираат. Кога сме кај смеењето додека сме сами, кое некои го спомнале, сметам дека е многу по природна појава во момент кога на ум ќе ни падне некоја смешна случка. Баш ова ми се случи скоро во автобус, надвор видов нешто кое ме подсети на еден многу смешен виц што во моментот не можев да се воздржам па се направив дека разговарам на тел. за да се насмеам на раат а да не ме прогласат за психо.
Ми текна на нешто кога ја видов темава . На глас да зборам не, обично си размислувам во себе, обично кога ќе згрешам, па си се критикувам сама себе. Дедо ми покоен отишол на лекар.... Му рекол на докторот дека на неколку пати му се случило да си промрмори со себе на глас. Докторов му вратил : "Друг пат со таа будала да не разговараш". Многу се смеев кога ми кажуваше. Беше доста паметен човек, далеку од забеганост. Но ете се случува. Ми се случило да промрморам на некој друг што е далеку за да не влезам во конфликт, да не ме чуе нормално. Инаку низ неколку земји каде што бев последни 2/3год. за жал сретнав многууу луѓе што си збореа сами со себе, се гледаше дека имаат психички проблем, страв да го фати човек.
@ceca-1 @Neophodna не... Беа улични луѓе што скоро се загубиле. Тоа го приметила и другарка што живее во истата земја. Ги има и кај нас, но многу помалце. И јас на слушаклки збора.
Јас си зборувам сама со себе кога нема со кого да зборувам, кога сум изнервирана, кога сум станала тој ден на десна нога и само зброувам никој не може тогаш да ме прекине дури и и на час ми се има слуќенно да зборувам и ме бркале наставниците ради тоа.. еднашка ми се случи така наставничката ме примети дека зборувам ама не знаеше дека зборувам сама со себе и оваа ме избрка и јас и викам дее човек не може да си ја олесни душата на раат тогаш наставничката полуде малце повеќе од што требаше и ме однесе кај психологот со сила и незнам зошто цело време употребувам И
Многу често ми се случува.Живеам сама ,така да не ми е проблем кога сум дома. Напротив,ми помага често.Дури и навика ми е. Можда и луда сум.
Има разлика од тоа 1) да си збораш сам со себе, и 2) да мислиш дека збораш со некој кога уствари збораш сам со себе.
Мислам дека од сега ќе почнам по две кафиња да варам...за мене и за мене Во последно време зборам сама со себе, се карам, правам фаци, се лупам по глава...велат дека будалиот прави моабет сам со себе...ама нели е исто, а зборам сама во себе тивко или сама со себе гласно А тек кога ќе забрљам нешто, лелелелеееееееееееееееееее....партал се правам
Не само што зборувам сама со себе , понекогаш знаеме и да се скараме . Се шегувам . Знам да си брмчам понекогаш , да се испцујам ако сум ук**ала нешто , ама ми поминува .
Ми е чудно бидејќи се случува да го слушнам татко ми како си зборува самиот со себе(и некако ми станува непријатно) многу често почна да се случува така како да си кажува нешто... Дали ова е проблем што мислите (тој многу тешко се отвара или пак има некоја мака), не знам што да мислам...
Ако си блиска со татко ти , разговарај со него , прашај го дали нешто го мачи и дали би сакал да сподели со тебе . Инаку , сите понекогаш си " брмчиме " со себе си ( мене најчесто ми се случува кога сум многу , мноогу лута и нервозна , најчесто на сама себе ) и мислам дека понњкогаш и не е така лошо сам себе да се испцуеш на пример , особено ако си направила нешто а последицата е лоша , многу лоша .
Понекогаш ми треба совет од експерт, па морам да си направам муабет сама со себе Шала на страна, се случува понекогаш да си кажам некој збор ,,сама на себе'', обично кога сум под влијание на силни емоции и кога сум сосема сама. Но, мислам дека не е страшно ако човек е свесен дека не зборува со некој друг во моментот
Чето зборувам самата со себе, но само ако сум сама дома. Доколку има уште некој присутен си зборувам ама во себе. Порано често ми се дешаваше и на улица да се занесам и да си шепотам , сега и да се занесам имам мадка па не се примеќа.